Нападот со дрон врз бродови за складирање гас во египетското медитеранско пристаниште Дамиета укажа на можноста за отворање нов фронт во војната меѓу САД и Иран, зголемувајќи ги стравувањата дека пловидбата низ Суецкиот Канал би можела да биде загрозена. Суецкиот Канал претставува последната преостаната безбедна извозна рута за саудиската нафта, пренесува Бета. Египетската влада денеска соопшти дека прелиминарната истрага покажала оти ...

Во СВР Велес утрово околу 08:20 часот било пријавено дека на експресниот пат на делницата од Градско кон Прилеп, во близина на Градско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната А.Д. од Битола и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(48) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило ...

Како одговор на зголемениот број вооружени напади, училишта во три држави во САД воведуваат употреба на дронови опремени со бибер-спреј што ќе бидат во постојана состојба на подготвеност и ќе се активираат на повик. Производителот Mithril Defense наведува дека нивните дронови можат да достигнат брзина до 100 километри на час и да пробијат стакла на прозорците. Според тврдењата на компанијата, тие можат да го достигнат напаѓачот во рок од ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши годинава нема да присуствува на централната прослава на Денот на Републиката – Илинден на Мечкин Камен во Крушево, каде што би требало да одржи говор, бидејќи ќе учествува на Светската конференција на претседатели на парламенти во Каиро, Египет. Според државниот протокол, кој ротира секоја година, Гаши годинава требаше да се обрати во Крушево по повод 2 Август. Наместо него, на прославата ќе зборува ...

Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, повторно даде едночасовна пауза на собраниската седница на која треба да се поставуваат пратенички прашања, откако претходно пратеничката Илире Даути повторно побара збор за процедурална забелешка. Бендевска констатираше дека Даути веќе трипати го прекршила членот 98 од Деловникот, потсетувајќи ја дека процедуралната забелешка служи исклучиво за укажување на начинот на водење на седницата, а ...

Според податоци што ги објави Евростат Македонија минатата година имала најнизок животен стандард меѓу европските земји. Индексот на Македонија изнесува 49,7, при што просекот на Европската Унија е поставен на 100. Тоа значи дека реалната потрошувачка по жител во земјата е на околу половина од просекот на ЕУ, што го позиционира македонскиот животен стандард на последното место во споредбата. Податоците покажуваат дека пред Македонија се ...

Двајца од седумте пациенти хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со потврдена западнонилска треска се во критична состојба и се на механичка вентилација, информираше директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана. Станува збор за пациенти на возраст од 76 и 66 години, кои се лекуваат на Одделот за интензивна нега. Дополнително, за уште тројца пациенти примени со дијагноза акутно воспаление на мозокот и мозочната обвивка се чекаат ...

Претседателот на Основниот суд Струга, Вулнет Винца, кој беше претседател на кривичниот совет што одлучи да му го врати пасошот на битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски, од денеска веќе не е судија поради исполнување на условите за старосна пензија. Судскиот совет го отфрли неговото барање за продолжување на вршењето на судиската функција поради ненавремено доставување на потребната изјава. ...

Двајца пациенти на возраст од 76 и 66 години од седумте хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со западнонилска треска се во критична состојба и се на механичка вентилација на одделот за интензивно лекување – изјави попладнево директорот на Клиниката, Фадил Цана, кој рече дека дополнително за уште тројца пациенти, кои се примени со дијагноза акутно заболување на мозокот и мозочната обвивка, во текот на денот се чекаат ...

Ако барате повеќе начини да му ги дадете вашите тешко заработени пари на Илон Маск, тогаш обидете се на неговата социјална мрежа X која официјално лансираше нова банкарска услуга, неинспиративно наречена X Money. Достапна е за корисниците на Premium и Premium Plus, кои веќе плаќаат до 40 долари месечно. Услугата им овозможува на корисниците да ги чуваат своите пари на штедна сметка и да подигаат готовина од банкомати користејќи физичка ...

Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и Казнено-поправната установа „Затвор“ – Струмица потпишаа меморандум за меѓусебна соработка, со кој ќе се зајакне координацијата меѓу двете институции преку ангажман на осудени лица во општокорисна работа. Договорот го потпишаа директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, и директорот на КПУ „Затвор“ – Струмица, Зоран Ристов. На потпишувањето присуствуваше и директорот на Подружницата за ...

Лице, родено и израснато во Германија, a со македонско потекло, осудено на повеќегодишна затворска казна поради измами, немаше успех со својата тужба против депортација. Управниот суд во Аугсбург одлучи дека лицето може да биде депортирано во Северна Македонија, иако е родено и израснато во Германија. Според податоците на службата за странци, неговата земја на потекло е С. Македонија. Тужителот во 2019 година се приклучил на странска ...

Терористичкиот напад што во саботата вечерта (25.07) го погоди Кристофер Стрит Деј (ЦСД) во Берлин ги засили стравовите и загриженоста од нови напади на исламисти. До неделата навечер, кога безбедносните сили го лоцираа 21-годишниот Абдул Б. и тој беше убиен, повеќето медиуми и одговорните политичари зборуваа за „осомничен сторител“ и „наводни мотиви“. Оттогаш е јасно: повторно исламист изврши вакво злосторство – радикализиран муслиман ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека парламентарните избори ќе бидат распишани кога надлежните институции ќе оценат дека се исполнети сите уставни и законски услови, нагласувајќи дека веднаш ќе го признае евентуалниот изборен пораз доколку граѓаните одлучат така, но истовремено ја повика опозицијата уште отсега јавно да се изјасни дали ќе ги прифати резултатите доколку тие не одат во нејзина корист. Одговарајќи на ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања нагласи дека народот овие две години, со ВМРО-ОКГ на власт, е на раб на егзистенција, сè е поскапено, а платите се најниски во Европа. Филипче посочи дека, во услови на секојдневни ценовни шокови, власта не презема никакви мерки, ниту, пак, има најави дека ќе преземе нешто за заштита на стандардот на граѓаните. „Нема најави за зголемување на стандардот, нема ...

Вишото јавно обвинителство во Битола, со кое раководи Пецо Везироски, дало позитивно мислење за враќање на пасошот на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски, кој веднаш потоа ја напуштил земјава, објави Левица. Според партијата, Везироски е истиот виш јавен обвинител против кого пратеничката Јована Мојсоска веќе поднела претставка до Советот на јавни обвинители, бидејќи не постапувал во предметот за дивоградбата во Струга. Од Левица тврдат ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху призна дека поддршката за Израел и за неговата влада меѓу американската јавност е намалена, оценувајќи дека главна причина за тоа е влијанието и манипулацијата преку социјалните мрежи, но истовремено порача дека оваа тенденција го загрижува бидејќи двопартиската поддршка од Вашингтон е темел на израелската национална безбедност. – Постои директна врска меѓу ширењето на социјалните мрежи и падот на ...

Нема да дозволиме ниеден негативен ефект врз животната средина за да се градат дата-центри. Нема да се сечат дрвја, ниту ќе се дозволат какви било други штетни влијанија врз природата – водата, воздухот, за да добиеме некаков бенефит. Мислам дека тоа беа глуви, назадни зборови и желби на одредени поединци да создадат еден вид лажна хистерија – рече денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Се размислува, информира ...

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на собраниската седница посветена на пратенички прашања во одговор до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека во време кога тој бил министер за здравство, имало извештаи за бактериолошки неисправна вода во неколку градови во 2019, но тој, како што рече, тогаш не презел ништо. Премиерот нагласи дека Обвинителството треба да се позанимава со овие случаи. Одговарајќи му на Филипче, кој постави ...

Адвокатот на битолскиот бизнисмен Борче Марковски, Марјан Николоски, изјави за Телма дека неговиот клиент не е во бегство, туку отпатувал во Србија поради деловни обврски поврзани со фирма што ја поседува во таа земја. Марковски, кој е почесен конзул на Белорусија во Македонија, вчера ја напуштил државата откако Основниот суд во Струга му го вратил пасошот, кој претходно му бил одземен како мерка на претпазливост. Тој е меѓу осумтемина ...

Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека институциите нема да дозволат водата во Гостивар повторно да се користи за пиење и подготовка на храна сѐ додека не се добијат три последователни исправни резултати од анализите. Тој посочи дека секојдневно се земаат мостри од повеќе локации и оти не може да се прогнозира кога ограничувањата ќе бидат укинати. „Сакаме да бидеме максимално сигурни пред да дозволиме водата да се употребува за ...

На денешната седница за пратенички прашања, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побара од премиерот Христијан Мицкоски кој ќе одговара за загадена вода за пиење, со која се соочува пола држава, предупредувајќи дека станува збор за сериозен проблем што директно го загрозува здравјето на граѓаните и за што Владата не само што молчи, туку нема ниту транспарентност, ниту одговорност. „Водата е загадена во пола држава: во Гостивар, во Валандово, ...

Барањето за укинување на дополнителните мерки за претпазливост кон бизнисменот Борче Марковски изречени при определувањето на гаранцијата поднесено е до Основниот суд во Струга од страна на одбраната на сопственикот на „Марковски Компани“, кој е обвинет за злоупотреби околу тендерот за дислокација на погонските станици од рудникот Осломеј во рудниците во Битола, вреден 1,7 милиони евра. Како што велат од Јавното обвинителство, надлежниот ...

Пратеничката Илире Даути од Албанска лига не сака да се тргне од говорницата додека премиерот Христијан Мицкоски не ѝ одговори на пратеничко прашање од претходната седница и со тоа ја блокира седницата за пратенички прашања. Претседателот на Собранието Африм Гаши, за да ја смири ситуацијата објави половина час пауза. Со ова продолжуваат блокадите на седниците од страна на опозициските пратеници од албанскиот политички блок. Даути инсистира ...

Најдоброоценетата судијка Тања Милева, која беше предложена од членката на Судскиот совет Антоанета Димовска, доби само два гласа, а Зоран Герасимовски предложен од Ивица Николовски доби девет гласа Треба да го одбереме судијата кој на последното оценување добил најмногу поени бидејќи на тој начин избираме судија чиј професионален квалитет е објективно утврден – рече членката на Советот, Сузана Јошевска-Анастасовска, но тој став не доби ...

Под влијание на топол бран до крајот на следната седмица во земјата ќе преовладува сончево и многу топло време, со постепен пораст на дневните температури. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, особено високи температури се очекуваат од среда, кога во одделни делови од државата максималната дневна температура ќе надмине 40 Целзиусови степени. Под влијание на топол бран до крајот на следната седмица во земјата ќе ...

Зголемени контроли на увозот на овошје и зеленчук ќе започнат од понеделник, изјави бугарскиот министер за земјоделство Пламен Абровски. Според него, властите не можат да го ограничат увозот, но можат да го контролираат. „Ќе има многу големи проверки на границата со Северна Македонија и Турција. Ќе има патроли на границата со Грција кои ќе ги запираат сите камиони“, објасни министерот за БТВ Контролите ќе имаат за цел и регулирање на цените. ...

Веднаш откако нова министерка за образование стана Весна Јаневска во 2024 година, МОН склучи 16 договори за набавка на учебници во вкупна вредност од околу 3,2 милиони евра, по пат на преговари без објавување на оглас. Но, според БЈН, веќе во следната 2025 година, Министерството спроведе отворена тендерска постапка за печатење и дистрибуција на учебници за основно и средно образование, во чии рамки склучи 2-годишна рамковна спогодба со ...

Грција, Италија и централна Европа се соочуваат со зголемен ризик од пожари во наредните недели, додека пожарите продолжуваат да беснеат во Шпанија и Франција. Предупредувањето го издаде шефот на Центарот за координација на реагирање во вонредни ситуации на ЕУ, Марија Цубер. Според неа, тековниот топлотен бран најавува исклучително тешки денови. Ризикот веќе се движи кон Грција и централна Европа, а ќе стигне и до Италија на почетокот на ...

Судот мора јавно да соопшти кој судија ја донел одлуката за враќање на пасошот и да го објави целосното образложение врз кое се темели таа одлука… Особено загрижува што позитивно мислење за враќањето на пасошот дало Вишото јавно обвинителство во Битола, со кое раководи Пецо Везироски, велат од Левица. „360 Степени“ вчера објави дека битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски, бил задржан на граничниот ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53