Од шести до деветти јуни 2024 година се одржа познатиот бренд фестивал- Оффест со многу музика од разни страни на светот. Четвртата, завршна, вечер на OFFest 2024, на 9 јуни, беше воедно и најбогата со концерни настапи. Имено, во Младинскиот културен центар, ги проследивме концертите на три извонредни европски состави: фуриозниот полски гудачки квинтет ВОЛОСИ (VOLOSI) со својот оригинален микс во кој се вкрстуваат влијанијата на рок, џез, етно, ...

Свечената сала на Офицерскиот дом- КИЦ Битола, место на рекорден број концерти на класична музика. Само оваа недела во репрезентативната концертна сала на Офицерскиот дом, на програмата се дури пет концерти на класична музика. На 12 јуни 2014 година, го најавуваат концертно танго доживување „Танго приказна“ со камерниот состав „Агогик“ и сценски настап на Владанка Колева и Онур Мок од ,,Центар 213“. Концертната турнеја ТАНГО ПРИКАЗНА има за цел ...

11.6.2024, Скопје На 11 јуни 2024 година, се одржа промоција и конференција за медиуми на која беа промовирани Модули за мировно образование во средното образование. Станува збор за материјал е резултат на повеќегодишната работа на Детската амбасада МЕЃАШИ и бројни организации, институции и индивидуи, како дел од заложбите за градење на мирот, ненасилство и унапредување на процесот на учење за мир. Модулите може да ги погледнете овде ...

На 14 јуни со почеток во 20:00 во Кафе Ли ќе биде промовирана книгата „Бајачките обреди како дел од македонската народна култура“ од м-р Ана-Марија Бранѓолица во издание на „Фуснота“. Промотор на книгата е Душко Крстевски. Главен уредник на книгата е Драгана Евтимова. Дизајн на корица изработи Мите Спасовски. Предмет на истражување во научниот труд на Ана-Марија Бранѓолица е феноменот на баењето, како интегрален дел од македонската народна ...

ЈОУ Културен и информативен центар Битола, во своето програмско делување , препознава и поддржува и алтернативни форми на уметничко изразување, особено поврзани со користење на новата технологија. Ни претставува особено задоволство да ја најавиме изложбата на Тони Соколовски , насловена како „ Ретроспектива на 3Д слики и 3Д изработки“, која ќе биде отворена наредниот Понеделник 03.06.2024, во Офицерскиот дом- КИЦ Битола, во 20.00 часот. Тони ...

10 јуни 2024 Општина Гевгелија ја посети амбасадорот на Јапонија во Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. При посетата, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, оствари работна средба со јапонскиот амбасадор, на којашто му изрази благодарност за досегашната поддршка и помош од страна на јапонскиот народ за општина Гевгелија. Сарамандов потенцираше дека таквата соработка, којашто постои од 1999 година, е мошне важна, затоа што се ...

Утрешниот втор ден (11 јуни 2024 година) од културно- уметничкото чествување на Спасовден 2024 година, како заштитник на градот Гевгелија, ќе продолжи со традиционалната манифестација на староградски песни и музика „Распеана чаршија“. Пред одржувањето на главниот концерт, којшто ќе започне во 19:00 часот, во манастирот „Св. Спас“, учесниците ќе продефилираат низ гевгелиските улици. Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, ...

Првата детска амбасада во светот Меѓаши ќе ја промовира публикацијата ,,Модули за мировно образование во средното образование”. Модулите за мировно образование се резултат на повеќегодишната работа на организацијата, пред и во рамките на програмата за Мировно образование, како дел од заложбите за градење на мирот и ненасилството како и унапредување на процесот на учење за мир. Нашата заложба е материјалот со понудените модули да претставува ...

Граѓанин на светот. Полн со приказни кои нема да ги слушнете на друго место. Човек кој треба да се доживее. Само во тој случај ќе можете вистински да го доловите неговиот шарм и ведрина, со кои пленува, и посебно неговата вљубеност во животот. Слаткоречив. Внимателен. Постојано расположен, расположен за “меурчиња” односно шампањско, за да го слави убавото чувство кое според него е императив во секој момент, доброто друштво и креатор на прекрасни ...

Работилницата за архивски пракси во филм „Замислување архиви“ ќе се одржи од 15 до 19 август 2024, за време на 15тото издание на Фестивалот на документарен филм „МакеДокс“ во Скопје. Работилницата има за цел да спои 4 внимателно избрани режисер(к)и или тимови режисер(к)и и монтажер(к)и. Главниот фокус на оваа работилница е идентификување на различни стратегии и можности за визуелно конципирање на архиви, проширувајќи го креативниот опсег на ...

Госпоѓа Васиа Трпеновска е лекар по природна медицина, што според дефиниција значи дека е лекар кој смета дека умот, телото и духот на пациентот го подобрува сопственото здравје и благосостојба. Фокусот е прво на превенцијата, а второ е лекувањето, вели холистичката медицина. Летото е можеби и најсоодветниот период за поголема превентивна грижа за сопственото здравје, но и од евентуалните последици од високите температури. Затоа, време е за ...

9 јуни 2024, Прилеп: Многу активности, промоции, презентации, претстави ќе бидат дел од програмата посветена на Горан Стефановски што ќе се реализира денеска во текот на цел ден во рамките на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“. Горан Стефановски годинава е Автор во фокус на фестивалот. Почнувајќи од 10 часот во киното „Мис Стон“, ќе биде изведена претставата „Јане Задрогаз“, а во неа играат учесниците на едукативните работилници во рамките на ...

„Македоника литера“ деновиве ја објави книгата „Фрагменти од писма што никогаш нема да бидат пратени“ од авторката Марина Димитриева–Ѓорѓиевска која содржи триесет кратки прозни текстови во кои доминантни теми се љубовта, чесноста, почитта, човекољубието, праведноста, женската вистина во општествените, партнерските и семејните односи. Секој текст е напишан како лична размисла која алудира на автореференцијалност, најмногу поради првото лице во ...

Преку рефлексија на достигнувањата на Младински образовен форум (МОФ), но и преку отворена дебата за иднината на образованието и улогата на младите во нашето општество, на 7 јуни 2024 година, Младинскиот образовен форум (МОФ) одбележа 25 години постоење. Конференцијата по повод јубилејот се одржа во „Станица 26“, ја отвори извршната директорката на Младински образовен форум – Теодора Столевска која во воведот посочи дека МОФ е заедница на млади ...

На 7 и 8 јуни 2024 година, во Македонскиот народен театар се одржува Фестивалот за класичен балет и модерен танц, во организација на Детскиот културен центар „Карпош“. Уметничката директорка на фестивалот е Маја Каревски. Награда за животно дело ѝ е доделена на професорката Елисавета Кушовска, а во нејзина чест, на неколку дела ќе играат нејзини некогашни ученици, а денешни солисти во Националната опера и балет. Втората фестивалска вечер ќе се ...

Оваа сабота, на 1 јуни, во Музејот на современата уметност ќе се одржи целодневен настан насловен „Поврзување низ слоеви и афекти“ во рамките на дванаесеттото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО. Целодневната интердисциплинарна програма е бесплатна и е наменета за целата публика! Програмата вклучува градска пешачка тура „МАПИРАЊЕ НА ЖЕНСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО „НАШИОТ ПАТ” со Ивана Драгшиќ во 13 часот, а во ...

На 8 јуни 2024 година во големата сала на Домот за култура “Трајко Прокопиев” во Куманово се одржа фестивалот “Распеано детство 2024”, со дваесеттина учесници од Македонија, но и гости од Србија и Бугарија. Директорот Драган Јаким откри дека фестивалот ќе биде снимен од професионална телевизиска екипа, ќе биде издадено фестивалско ЦД, носач на звук, и ќе биде достапен на јутјуб каналот на здружението “Ризница”, кое е организатор на фестивалот. ...

На 28 мај, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје се отвори интернационалната изложба „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“, организирана oд Институтот за меѓународни односи во културата (ИФА) и МСУ-Скопје, а курирана од Сузан Вајс, Инка Гресел и Јованка Попова. На официјалното отворање зборуваа кустосот Бојана Јанева, а по отворањето на изложбата следуваше диџеј сет со Нино Делиниколов. Уметници чии дела се ...

По првите две извонредно успешни фестивалски вечери, OFFest продолжува да го чекори своето 23. издание. Во рамките на третата вечер, во Националната опера и балет, вечерва 8 јуни 2024 година ќе настапи најголемиот фламенко гитарист денес, ВИСЕНТЕ АМИГО. Тој се смета за наследник на легендарниот композитор и фламенко гитарист Пако де Лусија. Со две Греми награди зад себе, придружуван од музичари од највисока класа, тој ќе го претстави своето ...

8 јуни 2024, Прилеп: Промената е најискрената потрага по сопствениот креативен потенцијал. Промената е и првата победа во битката со конформизмот, старите навики, инертните или наследени ситуации. Промената е во секој од нас, ние сме промената! Педесет и осум пати во овие педесет и девет години овде во Прилеп почнувал фестивал кој влијаел, влијае и ќе влијае на сите нас. Вечерва по педесет и осми пат почнуваме да го славиме театарот, уметноста ...

Наш специјален известувач од Атина Валентина Ѓоргиевска Парго Рекордна посетеност и динамични дискусии беше сликата на 29. Форум за електрична енергија кој се одржа во Атина на 5 и 6 јуни, во Виндам Гранд хотел, привлекувајќи значителен број присутни од целиот свет, а во организација на Energy community. Дводневниот настан се фокусираше на дискусии и дебати во врска со пазарите на електрична енергија на Енергетската заедница, кои можеа да се ...

На 26 јуни 2024 година со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се оджи Гала балетски концерт, во рамките на фестивалот „Скопско лето“ 2024. На концертот ќе настапат првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Олга Панго и Дејан Прошев, концерт мајстор е Климент Тодороски, а репетитори: Горан Божинов, Александра ...

На 31 ви Мај 2024 година во Скопје, 14-годишниот Христиан Ангел Јовановски е прогласен за Амбасадор на мирот и му е доделена Цветинова награда за мир. Господинот Живко Поповски – Цветин кој да доделува оваа награда кажа дека до сега Христиан е најмладиот добитник на оваа награда. Неодамна Христиан доби и една од четриесете честитки на кој има примерок од писмото што хуманиската Мајка Тереза му го испрати на Господинот Цветин каде што го ...

Скопје 27.05.2024 Вчера во Скопје, за време на одржувањето на Фолк фестивалот во Валандово, на кој беше еден од основачите, почина музикологот Костадин Костадиновски. Костадиновски освен што беше музиколог, беше и публицист, критичар и композитор кој остави неизбиришливи траги во македонската музичка историја. Творец е на шест фестивали, ко-основач на првиот фестивал на новосоздадени песни “Фолк фест Валандово“(1985), на првиот македонски ...

Во пресрет на 23. ОФФест (6-9 јуни), промоција на новото (51) издание на SJF Records, албумот „Нудист“ на ПИЈАН СЛАВЕЈ. Сабота, 1 јуни, 13 во Буква / Bookva Вториот студиски проект на ПИЈАН СЛАВЕЈ (Бранислав Николов – вокал и мини електрично пијано, Пеце Трајковски – гитара и синтисајзер, Гоце Јованоски – бас и Славчо Јовев – тапани) се состои од 4 композиции, во вкупно времетраење од 17 минути. Автор на текстовите е Бранислав Николов, а ...

02 Јуни 2024 Скопје На 31 ви Мај 2024 година во Скопје, 14-годишниот Христиан Ангел Јовановски е прогласен за Амбасадор на мирот и му е доделена Цветинова награда за мир. Господинот Живко Поповски – Цветин кој да доделува оваа награда кажа дека до сега Христиан е најмладиот добитник на оваа награда. Неодамна Христиан доби и една од четриесете честитки на кој има примерок од писмото што хуманиската Мајка Тереза му го испрати на Господинот ...

Денот на државноста на Хрватска е еден од најзначајните за хрватската понова историја. Традиционално оваа манифестација во Битола е во организација на Хрватскиот културен центар и Македонско -хрватското друштво „Марко Марулиќ“ – Битола, а оваа година повторно беше организирана во соработка со КИЦ.-Офицерскиот дом. Хрватскиот културен центар, покрај Денот на државноста го одбележа и јубилејот 30 години постоење. Препознатливиот далматински мелос, ...

Денот на државноста на Хрватска е еден од најзначајните за хрватската понова историја. Традиционално оваа манифестација во Битола е во организација на Хрватскиот културен центар и Македонско -хрватското друштво „Марко Марулиќ“ – Битола, а оваа година повторно беше организирана во соработка со КИЦ.-Офицерскиот дом. Хрватскиот културен центар, покрај Денот на државноста го одбележа и јубилејот 30 години постоење. Препознатливиот далматински мелос, ...

1 Јуни 2024 Со Одлука на Управниот одбор на НУМ „Струшки вечери на поезијата“, продолжен е рокот на Конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ 2024. Крајниот рок за пријавување е 14 јуни, 2024 година. Ги поттикнуваме младите автори дебитанти да се пријават на Конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ 2024, распишан од Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со Јуроп Хаус и со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во ...

НУМ „Струшки вечери на поезијата“ го објави КОНКУРСОТ за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 Јуни 2023 година до 31 Мај 2024 година. Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик (во книжен или електронски облик). На конкурсот може да биде пријавена и книга објавена двојазично, во ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
94%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / -3ᴼ
1.03
66%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.9
80%
1029
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
0.89
83%
1029
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
75%
1029
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
81%
1029
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
100%
1027
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
96%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
81%
1029
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Кобалт

58.42

Родиум

258009.74

Сребро

2128.87

Алуминиум

2.90

Иридиум

145787.60

Бакар

10.93

Паладиум

52470.02

Злато

139470.53

Цинк

3.03

Платина

61733.50

Калај

42.35

Рутениум

29192.88