Германската влада го одобри планираното намалување на цените на гасот и електричната енергија по забрзана процедура, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, како дел од напорите за справување со зголемените сметки за енергија за домаќинствата и бизнисите. Шолц ова го соопшти за време на посетата на француската премиерка Елизабет Борн на Берлин, при што двете земји потпишаа заедничка декларација за зајакнување на посветеноста на ...

Дека квалитетната музика никогаш не губи од актуелност и нејзините вечно зелени песни секогаш со задоволство се прифатени од публиката, доказ ќе биде и unplugged концертот на петмината познати македонски кантавтори, што ќе се одржи на 6 декември во Скопје. Во интимниот амбиент на поткровјето на „Дневна соба“ (Public Room) повторно ќе прозвучат бевременските хитови на петтемина фантастични македонски музичари: Јаков Дренковски, Аљоша Симјановски, ...

Британски експерт изјави дека Путин би можел да падне од власт поради незадоволството од конфликтот во Украина, но дека во тој случај на власт ќе дојде „многу пострашна алтернатива“. Дописникот од Москва Овен Метјус рече дека рускиот претседател не може политички да преживее „воена катастрофа на терен“ – на пример, ако Кремљ биде принуден да ја врати земјата заземена од руските сили од 2014 година. Но, тој предупреди дека алтернативата За Путин, ...

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди северозападна Турција, соопшти Геолошкиот институт на САД (USGS), а според турските власти, 35 лица се повредени. Земјотресот бил на длабочина од десет километри и е регистриран во 04:08 часот по локално време (02:08 часот по средноевропско време) на околу 170 километри источно од Истанбул, најголемиот град во земјата, соопшти американскиот институт. Турските ...

Прорускиот гувернер на Крим, Михаил Развозаев, вечерва изјави дека беспилотни летала го напаѓаат градот Севастопол на Крим, а противвоздушната одбрана веќе соборила две летала. – Нашата противвоздушна одбрана работи токму сега. Во тек е напад со дрон. Според првичните информации, веќе се соборени два дрона. Сите сили и служби се во состојба на готовност – напиша Развозаев на Телеграм, пренесе агенцијата ТАСС. Тој додаде дека цивилните згради не ...

Иран почна да произведува збогатен ураниум со шеесет проценти чистота во својата подземна фабрика иФордо, покрај производството на тоа ниво на чистота што го врши во Нантанц од април 2021 година, потврди денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA). IAEA ќе го информира Иран за својата намера да ја зголеми фреквенцијата и интензитетот на активностите за верификација, рече генералниот директор на организацијата, во изјавата што ја ...

Оралната хигиена е поврзана со нашето целокупно здравје на многу различни начини. Иако не можеме автоматски да го поврземе здравјето на забите со кардиоваскуларното здравје, лошата орална хигиена е исто така поврзана со повисоки стапки на срцеви заболувања. Покрај тоа, состојбата на устата може да укаже на предупредувања за други здравствени проблеми, од тумори до хипертензија. Сувата уста е еден од првите симптоми на деменција. Експертите ...

Цинкот е минерал кој има многу придобивки за нашето здравје. Го зајакнува имунитетот, влијае на растот на косата и ноктите, но и на здравјето на кожата. Има важна улога во синтезата на ДНК и во заздравувањето на оштетените ткива, а има големо влијание и на сетилата за вкус и мирис. Цинкот може да се конзумира преку одредени намирници или во вид на суплементи, а го има и во многу препарати за обновување на кожата. Но, како да препознаете дека на ...

Шведска објави дека инцидентите на гасоводите „Северен тек“ биле саботажа. Северен тек бил подложен на груба саботажа, потврди обвинителството во соопштение за медиумите. На неколку туѓи предмети бил пронајден експлозив. Обвинителот на советот Матс Љунгквист во соопштение за медиумите наведува дека зад експлозиите на гасоводите Северен тек 1 и 2 во септември се крие груба саботажа: – За време на теренската истрага во Балтичкото море, извршена е ...

Цените на нафтата паднаа во четвртокот под влијание на низа пазарни фактори, предводени од слабата ликвидност и смирувањето на тензиите меѓу Русија и Западот, бидејќи стана јасно дека проектилот што падна врз Полска во вторникот вечерта не бил истрелан од Русија. Цените на американската сурова нафта WTI паднаа за околу пет отсто на 81,76 долари за барел, што е најниско во повеќе од месец и половина. Цените на нафтата брент паднаа за околу три ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг практично го нокаутира канадскиот премиер Џастин Трудо на самитот на Г20 на Бали. Камерите го снимија Кси како жестоко го критикува Канаѓанецот затоа што им пренесе на новинарите што рекле двајцата на билатералната средба, додека Трудо, кој само одмавна со главата, едвај успеа да изговори неколку зборови. Двајцата лидери се снимени во ходникот на конференциската сала. На видеото се гледа како Кси зборува ...

Шефот на британската разузнавачка служба Кен МекКалум рече дека протерувањето на 400 руски шпиони низ Европа и го нанесе „најзначајниот стратешки удар на Москва“ во поновата историја и го изненади рускиот претседател Владимир Путин. Тој истакна дека огромен број руски функционери се протерани од целиот свет, а од нив 600 од Европа, а повеќе од 400 од протераните се осомничени за шпионажа. МекКалум опиша како Британија користела „добро испробани ...

На вчерашната трибина „Заедно одлучуваме“ која се одржа во ООУ „Киро Глигоров“ во Капиштец, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги слушна предлозите, барањата но и поплаките од граѓаните во оваа населба. Речиси сите се однесуваа на проблемот со бучавата од околните кафе барови кој се провлекува години наназад. Градоначалникот Герасимовски по поплаките рече дека искрено и посветено ќе се заложи за изнаоѓање решение за овој ...

Републиканците подготвуваат реванш, демократите во паника – БАЈДЕН НЕМА ШАНСИ ПРОТИВ НЕГО! Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја објави својата кандидатура за претседателските избори што ќе се одржат во таа земја во 2024 година. Својата одлука да влезе во претседателската трка Трамп вчера пред телевизиските камери им ја соопшти на своите приврзаници на својот имот Мар-а-Лаго на Флорида, јавува Си-Ен-Ен. „За да ја направам Америка ...

На денешната седница на Собранието, на дневен ред се најде Предлог-законот за дополнување на Законот за платен промет предложен по скратена постапка, односно т.н. антипровизиски закон за намалување на екстрапрофитите на банките – поднесен од пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов. Премиерот Димитар Ковачевски претходно јавно истакна дека би поддржале закон, со коишто би се отстраниле манипулациите кои ги прават банките врз грбот ...

Студентите се обединија! УСС при Уким, ШТУЛ, ФОН, АМЕРИКАН, ФОП, УКЛО, УГД и движењето Студентски отпор обединето ќе ги бараат своите права! Оваа борба е заедничка и само сплотени и заедно ќе успееме да ги заштитиме нашите права и барања. Ве очекуваме во четврток, по повод Меѓународниот ден на студентите, со почеток во 17:30 часот, да излеземе сите заедно, сплотени на голем студентски марш, каде тргнувајќи од Влада па до МОН ќе го завршиме ...

Денес Советот на јавни обвинители го формализираше пионот на ДУИ, Ислам Абази, за нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Изборот за нов шеф на Вишото Јавно обвинителство Скопје беше одложен, а еден од кандидатите е досегашниот обвинител Мустафа Хајрулахи. Токму Хајрулахи, како шеф на ова обвинителство, го држеше предметот во фиока за првостепено осудените Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ повеќе од една ...

Почитувани студенти, По вечерашната средба во Собранието помеѓу премиерот, претставниците на студентските собранија, пратеници и министри, јавно соопштуваме дека не сме задоволни од крајниот исход и од одлуките кои се донесоа. Ние како студенти остануваме на нашите барања: 1. Издвојување на средства од буџетот за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк од 120 денари на 150 денари дневно; 2. Издвојување на средства од буџетот ...

Цените на нафтата паднаа на 95 долари на меѓународните пазари во понеделникот, под притисок на посилниот американски долар и порастот на бројот на нови инфекции со коронавирус во Кина, што ги уништи надежите за брзо повторно отворање на најголемиот увозник на сурова нафта во светот. Но, утрово цените на нафтата бележат поголем пад, па на лондонскиот пазар цената на барелот изнесува 92,64 долари. На американскиот пазар барелот се продаваше по ...

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска на самитот на Групата 20 (Г-20) во Индонезија ги повика најголемите светски економии да го засилат своето лидерство и да ја прекинат војната во неговата земја во согласност со мировниот план што тој го предложи. „Нема да чекаме Русија да ги зајакне своите сили. Убеден сум дека сега е моментот кога руската војна мора и може да се запре“, рече Зеленски во обраќањето преку видео врска до лидерите на ...

Нациите на ОН објавија публикација во која се наведува дека светската популација на овој ден ќе достигне осум милијарди луѓе. Светската популација продолжува да расте, но темпото на раст се намалува, наведуваат ОН. Најновите прогнози на светската организација покажуваат дека глобалното население би можело да порасне на околу 8,5 милијарди во 2030 година, на 9,7 милијарди во 2050 година и на 10,4 милијарди во 2100 година. ОН известуваат дека во ...

По усвојувањето на резолуцијата Русија да и плати репарации на Украина, Генералното собрание на Обединетите нации сега треба да ги повика САД да платат репарации на Кореја, Виетнам, Ирак, Југославија и други земји, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев. „Тие треба да ја усвојат истата препорака за плаќање на целосните репарации што САД им ги нанесоа на Кореја, Виетнам, Ирак, Југославија и многу други ...

Денеска во 16 часот движењето „Студентски отпор“ ќе протестира пред Собранието на Македонија под мотото „Стоп за уништување на студентскиот стандард“. Од таму велат дека и покрај најавите за повлекување на предлог-измените на законот за субвенциониран студентски оброк, студентскиот протест не се откажува. Студентскиот протест е индикативен дека нешто е гнило во општеството, а избликот на истиот е најискрен. Кризите во кои се наоѓа Македонија, ...

Инфекцијата со новиот коронавирус може да предизвика намалување на бројот на бактериски видови во цревата, што има ефект да го отвори патот за други потенцијално опасни микроби да се размножуваат и да предизвикаат други инфекции, покажуваат резултатите од новото американско истражување. Претходните студии открија врска помеѓу нарушување на цревниот микробиом и тешка форма на ковид-19. Новата студија, исто така, забележува дека непромислената ...

ИАКО овој зачин денес многу се користи во готвењето, неодамнешните истражувања покажаа не толку добри резултати за неговата консумација. Имено, во студија која траела дури десет години, научниците откриле 16 случаи на оштетување на црниот дроб поврзани со куркумата. Штетата била од умерена до тешка, па поради тоа пет лица се хоспитализирани, пренесува Eat This. Дополнително на оваа студија, забележани се неколку одделни случаи кај возрасни во ...

На 27-годишна девојка која престојувала во хотел во скопски Чаир синоќа ѝ се слошило поради што била повикана Инта помош која и укажала медицинска помош и ја транспортирала до Клиничкиот центар каде починала. Како што информираат од МВР, синоќа во 0:50 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека од хотел на улицата „Чаирска“ во Скопје за укажување лекарска помош била земена Р.Д.(27) која била пренесена во Комплексот ...

„Maxar Technologies“ на својот официјален Твитер профил објави нови сателитски снимки од мостот Антоновски. Имено, станува збор за клучен патен премин кој ги поврзува ослободениот град Херсон на југот на Украина и источниот брег на реките Дњепар, на кој се повлекле руските сили. На фотографиите се гледа дека делови од мостот целосно исчезнале. Multiple sections of the #Antonovskiy Bridge that crosses the Dnipro River near #Kherson, #Ukraine, ...

Со децении наназад студентот од Македонија е жртва на лошите политики и институционалната пасивност. Крајно време е да се спротиставиме на уништувањето на студентскиот стандард. Затоа, време е за студентски отпор! Нашите барања до надлежните институции се следни: 1. Повлекување на новите измени на законот за студентски субвенциониран оброк, и воведување на нашите предлог измени со кој се предвидува зголемување на оброкот од 120 на 150 денари. ...

Полициски службеници од ОВР Ресен на 11.11.2022 во атар на с.Болно на м.в.Речиште ресенско, одзеле возило „застава“ без регистарски таблички, управувано од Е. К.(34) од Ресен, натоварено со огревни дабови дрва без жиг и документација и возило „шкода фелиција“ без регистерски таблички, управувано од А. М. (19) од Ресен, исто така натоварено со огревни дабови дрва без жиг и документација. Од страна на вработените од ЈП„Национални шуми“ е извршено ...

Сите ноќни клубови во Обединетото Кралство би можеле да бидат затворени до 2030 година доколку местата продолжат да се затвораат со сегашната стапка. Ова го објави „Тајмс“, повикувајќи се на бројки на Асоцијацијата за ноќна индустрија (NTIA). Според NTIA, 123 ноќни клубови се затворени во деветмесечен период од декември минатата година до септември оваа година. Сега во земјата останаа само 1.068 ноќни клубови. „Бројките сугерираат дека ако ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1014
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
3.09
84%
1012
weather icon

Загреб

17ᴼ / 12ᴼ
0.51
78%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
77%
1013
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
7.25
72%
1011
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1013
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
2.06
54%
1009
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
88%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
88%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
85%
1007
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
1.54
88%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
83%
1010
Currency

61.54

Currency

52.7356

Currency

70.9968

Currency

34.4774

Currency

38.3591

Currency

65.8658

Currency

7.37457

Currency

0.66228

Currency

0.35925

Currency

0.52578

Currency

1.28226

Currency

0.59842