Остра осуда од здружението „Шепи“ на вандалскиот чин за уништување на паркот за миленици
21-09-2023 РЕГИОН

Во еден од своите говори, познатиот индиски адвокат и предводник на антинационалистичкото движење во Индија, Махатма Ганди ќе рече:
-"Големината на еден народ и една нација и нејзиниот морален напредок, може да се процени според начинот на кој ги третира животните".

 

Градот Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев, советот на општина Кавадарци, ја покажаа својата големина на дело, свесни дека општеството им припаѓа на сите живи суштества и спремни за позитивни промени и активности, кои треба во иднина да придонесат за намалување на бројот на бездомните животни.


Паркот за миленици, на кого му фалеа уште неколку финеси за да почне активно да функционира,беше дел од тој проект и истовремено требаше да им помогне на граѓаните да ги анимираат своите миленици.

Меѓутоа, НЕКОЈ се осудил да го уништи!

 

Најостро го осудуваме овој вандалски чин и бараме пронаоѓање на злосторникот, кој би требало да сноси одговорност за своите дела!
Истовремено сакаме да потенцираме дека ваквите индивидуални дејствија не смеат да ја променат сликата за нашиот град и нашите сограѓани, кои воглавно покажуваат голема свесност и емпатија - стои во реакцијата од здружението „Шепи“.

 

 



Share

Додади коментар