Кому му пречеше паркот за миленици во Кавадарци?
21-09-2023 РЕГИОН

 

Страшна глетка утринава е регистрирана во паркот за миленици,  кој неодамна беше отворен во градскиот парк во Кавадарци. Опремата поставена во паркот е целосно уништена. Тука се поставува прашањето кој го уништи паркот и со која цел? Кој се реши да посегне по јавен објект? Ова покажува дека сеуште има луѓе-нелуѓе на кои им пречи урбаното живеење.

 

Додека општината инвестира во секој агол од градот, со цел да се подигне урбаното живеење, некој решил да уништува. До кога фрустрациите и комплексите ќе се лечат по урбаната опрема и јавните објекти?  До каде ќе се стигне со ваков начин на однесување?

Паркот беше наменет за љубителите на домашни миленици и целта беше да се отвори простор каде може да се шетаат и рекреираат милениците.

 

Овој вандалски чин е пријавен во полициска станица Кавадарци и се работи на откривање на сторителите.

 

 



Share

Додади коментар