Неколку члена група упаднала во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци
16-09-2023 РЕГИОН

Навивачи, од навивачката група "Комити"  од Скопје упаднале во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци и предизвикале инцидент - велат наши извори.

 

Од СВР Велес на нашето прашање одговорија дека на 14 септември во 01.15 часот во ОВР Кавадарци чувар на спортската сала „Јасмин“ пријавил дека неколку лица фрлале со метални  и други тврди предмети и ја оштетиле влезната врата. Увид извршила екипа од ОВР Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Од полицијата не потврдија дали се работи за претставници на навивачка група.   Она што не официјално го дознаваме е дека пред упадот во салата кружеле низ Кавадарци, барајќи навивачи од навивачката група "Лозари". Откако дознале дека дел од навивачите се во  спортската сала  стигнале таму. Нападнале млади момчиња од "Лозари", а биле палени  и бакли.  Навивачите од Скопје биле над дваесет  и дошле со неколку  автомобили.

 

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев вели дека во ваквото дивеење нема ништо спортско. Бара надлежните институции да го расчистат овој случај и лицата кои дивееа во Кавадарци да добијат заслужени казни.

 

А.Д



Share

Додади коментар