Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Денес е доволно само да го извадиме паметниот телефон од џеб за да направиме фотографии и видеа со професионален квалитет. Во срцето на таа револуција се наоѓа Galaxy технологијата на камерата, која веќе петнаесет години им овозможува на корисниците секој момент да го забележат на едноставен и сигурен начин без потреба од класичен фотоапарат. Од самиот почеток, Samsung Electronics е пионер во развојот на мобилните камери. Уште во 2010 година, ...
OpenAI официјално лансираше нови интеграции кои овозможуваат управување со други апликации директно од ChatGPT – па така можете да направите плејлиста во Spotify или да пребарувате недвижности на Zillow, без да го напуштите четботот. Ова е слично на „мини“ апликациите кои платформи како Telegram и Discord ги вградија во своите системи, или на екстензиите што овозможуваат контрола на музички плеери преку Dynamic Island на iPhone — но со ...
На 22 октомври во хотел „Александар Палас“ ќе се одржи гламурозната церемонија на доделување на престижните признанија Македонската бизнис заедница се подготвува за својот најважен и најпрестижен настан. На 22 октомври 2025 година, во хотел „Александар Палас“, ќе се одржи гламурозната церемонија на доделување на престижните награди „Бизнис Лидер“, вечер на прославување на извонредноста и успехот на најуспешните во македонскиот деловен свет. ...
OpenAI и AMD ги здружуваат силите во повеќегодишен договор вреден повеќе милијарди долари за изградба на AI центри и развој на чипови од новата генерација OpenAI и AMD склучија стратешки договор вреден повеќе милијарди за соработка во развојот на AI чипови. Во понеделник, OpenAI потпиша повеќегодишен договор со компанијата Advanced Micro Devices (AMD), со што продолжува инвестициониот бран насочен кон обезбедување огромна компјутерска моќ ...
Honor Magic 8 Pro со Snapdragon 8 Elite Gen 5 чипсет постигна најдобри Geekbench резултати досега, со 20 проценти подобри перформанси од својот претходник. Новите Honor Magic 8 Pro се појавија во базата на Geekbench тестови и веднаш привлече внимание со резултати кои ги надминуваат сите досегашни Android телефони. Иако компанијата претходно ги објави главните технички карактеристики на уредот, најновите податоци јасно покажуваат колкав ...
Глобалните испораки на паметни часовници во периодот од април до јуни, односно во второто тримесечје (Q2 2025), пораснаа за 8% во однос на истиот период минатата година – достигнувајќи 34,4 милиони примероци. Според податоците на Counterpoint Research, Huawei забележал раст од 53%, со околу 7,2 милиони испорачани единици, со што за првпат го зазеде водечкото место со 21% глобален пазарен удел. Цените на Huawei се клучна причина за нивната ...
Телескопот James Webb откри блескави новородени ѕвезди и космичка прашина во најголемиот молекуларен облак на Млечниот пат, познат како Стрелец B2, пишува порталот Live Science. Овој регион, во кој се формираат млади ѕвезди, се наоѓа само неколку стотини светлосни години од супермасивната црна дупка во центарот на нашата галаксија. Снимките се направени со инструментите “MIRI” и “NIRCam” на телескопот James Webb, кои го набљудуваат ...
Комерцијална банка известува дека од 07.10.2025 година се овозможени девизни СЕПА кредитни трансфери за физички и правни лица, кои може да се реализираат во експозитурите и филијалите на Банката или електронски преку новиот портал за Интернет банка https://online.kb.mk/. Важни напомени за девизните СЕПА кредитни трансфери: Електронски налози за девизните СЕПА кредитни трансфери не се достапни на стариот портал banka.com.mk, туку само на ...
Microsoft Teams воведува надградба што ќе овозможи отворање на каналите во посебни прозорци. Оваа функционалност, која веќе постои за разговорите (chat), треба значително да ја подобри продуктивноста и да го олесни работењето. Откако корисниците се навикнаа на можноста за „искачање“ на разговорите во посебни прозорци, Microsoft конечно одлучи истата функција да ја воведе и за каналите. Како што пренесува TechRadar, оваа надградба треба ...
Во една неодамнешна подкаст-емисија гостуваше шефот на Tesla и xAI, кој се осврна на тоа дека Wikipedia денес е место на судир меѓу уредниците и често не нуди точни информации. Неговиот Grok, смета тој, може да го поправи тоа. Местото каде што целиот свет треба да оди по актуелни, сеопфатни и точни енциклопедиски податоци треба да биде Wikipedia — децентрализирана интернет-енциклопедија што ја уредуваат волонтери. Меѓутоа, иако тоа можеби ...
Од утре (7 октомври), НЛБ Банка официјално започнува со плаќања преку СЕПА – Единствениот европски платен простор, овозможувајќи им на своите клиенти, физички и правни лица, побрзи меѓународни трансфери во евра со сите земји членки на СЕПА, со значајно пониски надоместоци. Откако кон крајот на мај годинава, НЛБ Банка ја достави апликацијата до Европскиот платен совет за членство во СЕПА (SEPA – Single Euro Payments Area), со што стана и ...
Во пресрет на еден од најпрестижните адвертајзинг фестивали во регионот Golden Drum, со поддршка и партнерство на Македонски Телеком во Македонија се организираше натпревар за млади креативци на тема „Сруши ги предрасудите“. Како победничко решение беше избрана креативата на Ведран Шурбановски со креативата “Што ќе кажат комшиите?”, а Симона Симоновска со “No thinking, no prejudices!” и Дејвид Трајановиќ со “Running out of Time?” ги освоија ...
One UI 8.5 се базира на Android 16 QPR2 и воведува бројни нови функции, побрзи ажурирања и подобра интеграција со Trunk Stable моделот на Google. Samsung се подготвува да го објави One UI 8.5, интерфејс кој ќе се заснова на Android 16 QPR2 и ќе донесе бројни новитети на Galaxy уредите. Иако до премиерата на серијата Galaxy S26 остануваат повеќе од три месеци, раните тест-датотеки веќе откриваат што се подготвува во лабораториите на Samsung. ...
Со старт на кампања за подигнување на јавната свест за суштинската важност на знаењето и незаменливата улога на наставниците во општеството, Министерството за образование и наука го одбележува 5 Октомври – Светскиот ден на учителите. Почетокот на кампањата насловена „Магијата е во знаењето“ беше означен со две тематски панел дискусии посветени на институционалниот пристап кон образованието, статусот на наставниците, нивните предизвици и ...
Продажбата во Македонија започнува од 20 октомври Телеком го проширува своето семејство уреди со вештачка интелигенција (AI уреди) со нов модел, AI-phone Pro кој ќе биде достапен од 20 октомври во Македонија. Моделот Pro, има моќна поддршка од вештачка интелигенција со помошникот Perplexity и интеграција на Picsart во камерата. Покрај тоа, тој се одликува со подобар хардвер, проширени функции и висока Еко-оценка. Со AI-phone Pro, AI-phone и ...
Креаторите на ChatGPT и легендарниот дизајнер на Apple развиваат таинствен AI уред, но се соочуваат со одредени технички предизвици кои би можеле да го одложат неговото лансирање. Проектот со работно име „io“, зад кој стојат Сем Алтман од OpenAI и Џони Ајв, поранешен главен дизајнер на Apple, се соочува со сериозни технички потешкотии при развојот на новиот, мистериозен хардверски производ заснован на вештачка интелигенција. Според ...
Google воведува нов AI режим во пребарувачот Google Search, кој им овозможува на корисниците да пребаруваат и купуваат со помош на визуелни прикази и гласовни команди, потпомогнати од вештачка интелигенција. Компанијата најави целосно нова функција во рамките на Google Search – AI Mode, која им овозможува на корисниците да истражуваат, пребаруваат и купуваат преку комбинација на слики, глас и текст. Оваа иновација ги користи напредните ...
Bloomberg открива дека Џон Тернус, шефот на одделот за хардвер во Apple е главен кандидат за наследник на Тим Кук, со три клучни предности. По повеќе од 14 години на чело на компанијата, Тим Кук, кој сега има 64 години, се приближува до моментот кога ќе ја напушти раководната позиција. Иако претходно изјави дека планира да остане во Apple уште неколку години, медиумите сè почесто шпекулираат за неговиот наследник. Според пишувањата на Марк ...
Светски и регионални лидери ќе гостуваат на 8. Регионална конференција за е-трговија, која ќе се одржи на 4 ноември во Националната опера и балет во Скопје, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. За помалку од еден месец, на 4 ноември во Националната опера и балет во Скопје ќе се одржи 8. регионална конференција за е-трговија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Оваа година конференцијата доаѓа ...
Популарната социјална мрежа Snapchat објави дека наскоро ќе започне со наплата за складирање на фотографии и видеа, што предизвика незадоволство кај корисниците. Оваа популарна апликација им овозможува на корисниците да ги зачувуваат и складираат претходно објавените содржини преку функцијата „Memories“, која беше воведена во 2016 година. Според податоците на компанијата, корисниците досега зачувале повеќе од трилион спомени. Според новите ...
Биткоин постави нов светски рекорд – првпат во историјата ја надмина границата од 125.000 долари, отворајќи ново поглавје во дигиталната економија. На 5 октомври 2025 година, Биткоин достигна нов историски максимум, надминувајќи ја вредноста од 125.000 долари и дополнително ја зацврсти својата позиција како најважен дигитален имот на глобалниот пазар на криптовалути. Овој рекорд претставува силен раст од речиси 2,7% во однос на претходниот ...
Во 2007 година, нешто необично се случи над источниот Атлантски Океан. Според сателитите што ја следат Земјата, во гравитациското поле на нашата планета се појави аномалија со континентални пропорции, која подоцна се врати во нормала, пишува Science Alert. Овој необичен настан, незабележлив за луѓето на површината, беше откриен неодамна во податоците собрани од сателитите за следење на гравитацијата.Новата анализа сугерира дека причината била ...
Останува уште малку време до затворањето на пријавите за NLB Podgorica Millennium Run, маратонски спектакл кој од 7 до 9 ноември ќе го претвори главниот град на Црна Гора во спортски епицентар на регионот. И оваа година, во организација на Multisport академијата Mayer, нè очекува вистинско спортско доживување кое ќе ги собере и професионалците и рекреативците од повеќе од 40 земји во светот. Затоа не ја пропуштајте шансата да си обезбедите ...
Huawei се подготвува да го лансира својот нов преклопен телефон nova Flip S, а според информациите што протекоа на кинеската платформа Weibo, уредот би можел да донесе и нов Kirin 8030 чипсет. Според наводите на типстерите, во игра се две опции – Kirin 8020, кој веќе го придвижува моделот Huawei nova 14 Ultra, или целосно новиот Kirin 8030, кој треба да понуди подобрени перформанси. Дизајнот на новиот nova Flip S модел, како што се наведува, ...
По успехот на апликацијата Sora на OpenAI, Google тестира редизајн на Gemini, кој го заменува chatbot интерфејсот со визуелен фид со предлози, со цел поголема ангажираност на корисниците. Откако OpenAI со својата апликација Sora постигна огромен успех, изгледа дека и Google не сака да заостанува. Според пишувањето на порталот TechCrunch, технолошкиот гигант експериментира со нов, визуелно побогат интерфејс за својата апликација Gemini AI, ...
Најдобриот македонски атлетичар првпат во својата кариера победи во престижната маратонска трка пред домашната публика Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски триумфираше во машка конкуренција на 21. издание на Виз Ер Скопскиот маратон 2025, со што првпат во својата кариера победи во престижната маратонска трка пред домашната публика. Ивановски, кој повеќе пати претходно беше најдобар македонски маратонец во Скопје, годинава во ...
Со одлични дискусии, инспиративни панели и презентација на научни трудови, викендов заврши шеснаесеттото Стручно советување со меѓународно учество „Подекс–Повекс 25“, во организација на Здружението на рударски и геолошки инженери на Република Македонија. Настанот ги обедини водечките експерти од земјата и регионот, кои преку панел дискусии и научни трудови отворија суштински теми за иднината на индустријата. „Рударството е клучна компонента ...
Android 16 им овозможува на корисниците целосна персонализација на иконите на апликациите, со пет различни форми на располагање. Дознај кога оваа функција ќе пристигне на твојот уред и како да ја користиш. Android 16 ја воведува долгоочекуваната функција – целосна персонализација на иконите на апликациите на твојот телефон. Нема повеќе потреба од дополнителни launcher апликации или платени теми – сега можеш да го обликуваш изгледот на ...
Кинезите развија иновативен електролит со структура јадро–обвивка и составија прототип на батерија што користи водород како носител на полнење Новиот композитен хидрид покажува добри својства на спроводливост на хидридни јони на собна температура, со одлична топлинска и електрохемиска стабилност (DICP). Кинеските истражувачи од Институтот за хемиска физика во Далиен (DICP), кој работи под покровителство на Кинеската академија на науките, ја ...
Со iOS 26, Apple за првпат ја донесува апликацијата Preview на iPhone позната од Mac компјутерите. Погледнете кои функции ги нуди – од брз преглед на PDF документи и слики, до скенирање и потпишување документи. Со ажурирањето iOS 26, кое веќе пристигна на милиони iPhone уреди, Apple воведе низа нови опции и визуелни промени. Меѓу нив е и Preview, апликација што за првпат се појавува на iPhone, иако на macOS постои веќе со децении. Preview ...