Apple развива повеќе производи за паметниот дом, а меѓу нив и iPad со „роботска рака“ Откако во последните години се обиде да го прошири своето делување надвор од традиционалните рамки, Apple сè повеќе се насочува кон пазарот на уреди за паметен дом. Според долгогодишниот аналитичар на Apple, Марк Гурман, компанијата подготвува повеќе нови производи наменети за паметниот дом, а првите би можеле да се појават кон крајот на 2025 и почетокот на ...

Во првите 24 часа по официјалното стартување, над 2500 граѓани ја симнаа апликацијата Avant2Go, со што јасно го потврдија големиот интерес за оваа нова, одржлива и практична услуга за споделено електрично возење. Вчера (27.05) официјално беше означен почетокот на работата на Avant2Go, првата услуга за споделување 100% електрични возила во Македонија. Официјалното отворање се одржа во ресторан ПАРК (Рагуза Груп), каде што почесни гости, ...

Повторното лансирање на најголемата и најмоќна ракета во светот, Starship на SpaceX, која полета од базата Starbase во Тексас, повторно заврши со експлозија. Двете претходни лансирања на Starship завршија со експлозија на горната фаза над Карибите, но при најновото лансирање проблемите се појавија брзо – по само шест минути лет. Овој пат експлодираше првата фаза, наречена Super Heavy booster, така што планираното слетување во Мексиканскиот залив ...

Нови правила на Европската унија за продажба на телефони: задолжителна налепница со информации за батеријата, издржливоста и можноста за поправка Европската унија воведува нови правила за мобилните телефони – почнувајќи од 20 јуни 2025 година, сите телефони што се продаваат во ЕУ ќе мора да имаат задолжителна енергетска ознака на пакувањето, слична на оние што веќе се користат за апарати за домаќинство. Оваа енергетска ознака ќе ги оценува ...

Утрово центарот на Скопје осамна во невообичаено издание. Додека градот се буди и го следи својот вообичаен ритам, нешто изненадувачко се подготвува на улицата „Македонија“, на потегот од Рекорд кон плоштадот „Македонија“. Улицата, барем денеска, доби ново име – улица „Bestie“. Минувачите во центарот на градот утрово ги дочека виолетова улична табла со новото име на улицата и гламурозно добредојде со необичен виолетов килим. Долж улицата, ...

И покрај големиот број пушачи ширум светот, очигледен е падот на популарноста на класичните цигари. Имајќи го предвид сè поголемото знаење за штетните ефектиод пушењето, многу луѓе бараат начини да се ослободат од оваа навика и да го подобрат квалитетот на својот живот. Најдобрата опција е да се престане со употреба на тутун и никотински производи, но за оние кои не сакаат да престанат, алтернативните опции што ги задоволуваат потребите за ...

Компанијата OnePlus најави дека ѝ се приклучува на сѐ поприсутниот тренд на воведување вештачка интелигенција. Иако претходно се зборуваше за неколку AI функции, сега е најавен многу поширок пакет функционалности и хардверска интеграција под новиот бренд OnePlus AI. Новите функции ќе дебитираат на претстојниот смартфон OnePlus 13s, кој ќе има специјално копче на страната наречено Plus Key. Ова копче го заменува култниот Alert слајдер на OnePlus ...

Иако Apple со години ја избегнува „трката за мегапиксели“, тестирањето на 200 MP сензор на iPhone најавува можна промена на стратегијата Apple е познат по тоа што не придава големо значење на бројот на мегапиксели кога станува збор за камерата на iPhone уредите. Дури со моделите iPhone 14 Pro главниот сензор за првпат беше унапреден на 48 мегапиксели. Меѓутоа, според најновите информации од кинеската платформа Weibo, Apple сега тестира камера со ...

Вселенска компанија тврди дека нејзината нова ракета ќе може да пренесе 100 тони товар на кое било место на Земјата за 90 минути. Американската вселенска компанија Rocket Lab објави дека наскоро ќе ја лансира Neutron — својата нова, повеќекратно употреблива ракета со среден дострел, за Истражувачката лабораторија на Военото воздухопловство на САД (AFRL). Ракетата ќе се користи за мисијата Rocket Cargo, која поддржува транспорт на товар од точка ...

Се тестираат шест електрични SUV-возила NIO ES8 кои користат Mobileye Drive систем со технологија од 4. ниво. Проектот вреден 2,2 милиони евра ќе трае до крајот на годината. Во понеделникот во Германија официјално започна пилот-верзијата на проектот KIRA, кој за првпат вклучува автономни возила во системот на јавен превоз. Тестирањето се спроведува во градовите Ланген и Еглсбах, во метрополитенската регија Рајн-Мајн, каде што избрани корисници ...

Веројатно ви е познато дека, доколку сакате да избегнете дехидратација, мора да пиете вода пред да почувствувате жед, но тоа е прилично тешко да се знае доколку не користите некој уред за носење, што ќе ве потсети на тоа. Но, таков уред мора да се купи посебно ако сакате да се заштитите од дехидратација, па професорот Тарек Ал-Нафури и неговите колеги од Универзитетот за наука и технологија крал Абдула (KAUST) во Саудиска Арабија ја проучувале ...

Официјалната WhatsApp апликација сега е достапна и за iPad, објави денес Meta. Поддршката за iPad пристигнува повеќе од 15 години по лансирањето на оваа услуга за размена на пораки. Во септември, Meta започна со бета тестирање на WhatsApp за iPad преку TestFlight. Корисниците ја добиваат истата апликација како на смартфоните, сега прилагодена за поголемиот екран на iPad уредите WhatsApp им овозможува на корисниците на оваа енкриптирана чет ...

Microsoft Smart App Control користи вештачка интелигенција за да ги блокира заканите пред да се активираат Microsoft претстави нова безбедносна функција за Windows 11 под името Smart App Control, со цел да ја унапреди заштитата на системот и да го намали оптоварувањето на процесорот што традиционалниот антивирусен софтвер најчесто го предизвикува. Некаде во минатото, користењето на вградениот Windows антивирус не беше добра препорака, бидејќи ...

Притисокот расте да се обезбеди „законски пристап“ до end-to-end шифрираните пораки и резервни податоци, и покрај сериозните критики за флагрантно загрозување на приватноста. ФБИ потврди дека сака „законски пристап“ до целосно шифрирани податоци, вклучувајќи end-to-end шифрирани пораки и резервни податоци (backup) на iPhone и Android уреди. Според нив, пристапот до дигитални докази е клучен за борба против криминалот и заштита на жртвите. ...

Honor Pad 10 пристигнува на пазарот како нов таблет од средна класа, кој нуди голем 12,1-инчен екран со 2.5K резолуција, Snapdragon 7 Gen 3 и батерија од 10.100 mAh. Honor, заедно со Honor 400 и Honor 400 Pro смартфоните, оваа недела го претстави и новиот таблет под името Honor Pad 10. Станува збор за таблет од средна класа со голем 12,1-инчен LCD екран со резолуција од 2.560 x 1.600 (2.5K) и фреквенција на освежување од 120 Hz. Таблетот го ...

И покрај своите минијатурни димензии, оваа реплика на Macintosh целосно поддржува модерни USB тастатури и глувчиња. Иако сè уште е рано за размислување за божиќни подароци, љубителите на ретро технологијата и Apple имаат нешто ново што можат да го додадат на својата листа на желби – целосно функционална реплика на оригиналниот Macintosh, висока само 6 сантиметри. Станува збор за мини-компјутерот Pico-mac-nano, зад кој стои 1-Bit Rainbow, ...

Иуте стартуваше со првото издание на спортската недела, со широка партнерска понуда и специјални попусти со ограничено времетраење, кои важат како за онлајн така и за физичко купување во партнерската мрежа. Одлична можност за дополнителна заштеда, попусти на веќе намалените цени и користење на придобивките од иновативниот и флексибилен модел на плаќање на рати на Иуте “Купи сега, плати подоцна”, како наједноставен и најсигурен начин за купување ...

Водич за матуранти кои знаат што сакаат Поминаа сите тестови, сите стресови околу матурската вечер, фотографирањата и прашањата „а што понатаму?“. Официјално завршува едно поглавје, но она што следи е уште поважно – самостојност. Моментот кога ќе почнете да носите одлуки за себе, за своето време, за своите пари – е почеток на зрелоста. И колку и да изгледа предизвикувачки, таа самостојност може да започне со еден едноставен, но значаен чекор, а ...

Европскиот Младински Олимписки Фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, кој ќе се одржи од 20 до 26 јули во Скопје и Куманово, претставува најголемиот спортски настан што досега се организирал во нашата земја. За успешно спроведување на овој значаен фестивал, потребна е поддршка од голем број млади луѓе кои ќе се вклучат како волонтери и ќе станат дел од тимот што ќе го претстави Скопје и Македонија пред илјадници учесници и гости од цела Европа. Во таа ...

Компанијата Google претстави низа новитети кои треба да го олеснат веб-пребарувањето и да овозможат подобри резултати во пребарувањето на интернет Начинот на кој пребаруваме информации на интернет брзо се менува, а тоа го знаат и во компанијата Google, која својот бизнис го изгради токму врз основа на интернет-пребарувањето. Но, и на компанијата ѝ е јасно дека иднината значи сè помалку класично „гуглање“, а сè повеќе разговор со вештачка ...

Magic8, Magic8 Pro и новиот Magic8 Mini се очекуваат во октомври со моќни процесори и нешто помали екрани од нивните претходници. Honor во моментов работи на новата серија телефони Magic8, а според најновите гласини од Кина, се очекува таа да вклучува три модели: Magic8, Magic8 Pro и целосно новата верзија Magic8 Mini. Magic8 Mini ќе има екран со дијагонала од 6.3 инчи и ќе користи најновиот MediaTek Dimensity 9500 процесор. Стандардниот Magic8 ...

Гуангжоу, Кина, мај 2025 година — Асоцијацијата за е-трговија на С. Македонија (АЕТСМ) и Кинеската комора за е-трговија (CECC) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се поставуваат основите за заедничка соработка и развој на партнерства во областа на е-трговијата и дигиталната економија. Потпишувањето претставува значаен чекор напред во насока на унапредување на прекуграничната е-трговија, размена на знаења и информации, и градење на ...

За да ја разбереме природата на светлината, мора да се потсетиме на една од најважните теории во модерната физика. Секој пат кога гледаме низ телескоп кон далечни галаксии, гледаме во далечното минато. На фотоните им се потребни илјадници и илјадници години за да патуваат до Земјата, но едно прашање останува – зарем светлината не се заморува на толку долго патување? За да одговориме на ова прашање, треба да разбереме како се однесува. ...

Vidda, подбренд на Hisense, го издаде својот најнов паметен проектор, M2 Pro, кој располага со импресивна технологија. Тоа е првиот 4K триколорен ласерски проектор со оптички зум од 1,3k, што значи дека добивате вистински 4K слики без вообичаеното поместување на пикселите или губење на квалитетот. Со цена од околу 635 долари, сега е достапен за претходна нарачка на JD.com. M2 Pro е изграден околу објектив со оптички зум Hubble, кој има сооднос ...

Микропластиката и нанопластиката сами по себе се штетни не само за животната средина, туку и за здравјето на луѓето. Нанопластичните честички, со големина помала од еден микрометар, предизвикуваат сè поголема загриженост поради можните негативни ефекти врз здравјето на луѓето и животната средина. Истражувањето објавено во „Journal of Nanobiotechnology“ покажа дека овие честички можат да го променат однесувањето на бактеријата Ешерихија коли, ...

Samsung Galaxy Z Fold 7 се појави на првата протечена фотографија. Новиот модел носи потенки рамки, поголеми димензии и Snapdragon 8 Elite чипсет, а се очекува да биде лансиран во првата половина на јули. Samsung се подготвува за лансирање на својата следна генерација на телефони на преклоп, а меѓу најочекуваните модели се Galaxy Z Fold 7, Galaxy Z Flip 7 и Galaxy Z Flip 7 FE. Премиерата е закажана за јули, а непосредно пред настанот во јавноста ...

Од сега сè е во рацете на вештачката интелигенција на Google, а класичната SEO стратегија за пребарување повеќе не важи. Google SEO (Search Engine Optimization) всушност претставува сет на правила што се применуваат при креирање на веб-презентации, страници и поединечни содржини, со цел вашиот сајт и содржина да се рангираат што подобро и да се прикажат на врвот на Google пребарувањето. Сите оние правила што со години ја заокупираа вниманието и ...

Десет нови средни училишта ќе имаат можност да имплементираат програма за унапредување на капацитетите за грижа на менталното здравје на нивните ученици, во рамки на кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“ што ја спроведува граѓанската организација Младите можат. Станува збор за сеопфатна програма која вклучува обука на класните раководители за третирање на менталното здравје на класните часови, спроведување неформални активности на оваа тема ...

Шпаркасе Банка АД Скопје со голема гордост се приклучува на одбележувањето на значајниот јубилеј на својата матична групација – Штаермеркише Шпаркасе, која овој мај 2025 година слави 200 години постоење. Овој јубилеј е симбол на довербата, стабилноста и континуираната поддршка што оваа реномирана банкарска институција веќе два века ја пружа на речиси 3 милиони клиенти, преку 195 експозитури и деловни згради во целата групација. Под мотото ...

Компанијата Virgin Galactic тврди дека е на добар пат следната година да започне летови во вселената со новата генерација на вселенско летало, а продажбата на билети ќе започне на почетокот од 2026 година. Се очекува дека билетот за лет во вселената ќе чини околу 600.000 долари или повеќе, додека претходно цената изнесуваше 450.000 долари. Virgin Galactic ги заврши суборбиталните летови со вселенското летало VSS Unity во јуни минатата година за ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
6.17
56%
1016
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
4.12
87%
1014
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
68%
1015
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.6
39%
1013
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.89
29%
1010
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.51
86%
1016
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
2.68
33%
1009
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
88%
1013
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
68%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
2.68
35%
1011
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
61%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
6.17
100%
1011
Currency

61.535

Currency

52.8878

Currency

70.8243

Currency

34.4868

Currency

38.3402

Currency

65.6433

Currency

7.40778

Currency

0.65395

Currency

0.35531

Currency

0.52466

Currency

1.28467

Currency

0.59997