Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
YouTube Premium добива важни подобрувања – од висококвалитетен звук во Music апликацијата, до побрзо гледање видеа и новата Jump ahead опција на паметни телевизори и конзоли. YouTube воведува низа нови функции за своите Premium корисници, кои треба да ја направат претплатата уште поатрактивна. Најзначајните промени вклучуваат висококвалитетен аудио во YouTube Music апликацијата, можност за гледање видеа до четири пати побрзо и опцијата Jump ...
Компанијата OpenAI најави „стратешко партнерство“ со производителот на AI чипови Nvidia со цел изградба и имплементација на AI дата-центри со моќ поголема од 10 гигавати. Станува збор за огромен проект во кој Nvidia ќе вложи до 100 милијарди долари, а за негово функционирање би можело да биде потребно астрономско количество електрична енергија. Како што пренесува Fortune, планираните дата-центри би трошеле енергија колку целиот град Њујорк. ...
Со големо задоволство Women in Tech Macedonia го најавува третото издание на WITCON-конференцијата за вештачка интелигенција, иновација и технологија. Топ 3-те теми што ја одбележаа 2025 година на една конференција во 2 дена Трета година по ред WITCON прераснува во платформа на спој помеѓу знаењето, искуството и талентот со зголемен број на посетители како и говорници на сцена. Токму затоа, оваа година очекувајте над 450 посетители, 65+ ...
Qualcomm неодамна го претстави својот нов флегшип чипсет Snapdragon 8 Elite Gen 5, а веќе е познато дека многу премиум смартфони ќе го користат. Првата таква серија е Xiaomi 17, но сега го гледаме и идниот OnePlus 15. Пред неговото официјално деби се појави видео на YouTube од корисникот Geekerwan, кој ја тестирал изведбата на телефонот. Според бенчмарк резултатите, Snapdragon 8 Elite Gen 5 го надминува Apple A19 Pro, кој се користи во iPhone ...
Фокусот на компанијата и понатаму е на развој на напредна и поумна верзија на Siri, која треба да се појави напролет следната година. Apple прилично задоцни со развојот на вештачката интелигенција во однос на конкуренцијата. Додека OpenAI, Microsoft, Google, Meta и други компании одамна претставија свои chatbot решенија базирани на AI, не постоеше некаква посебна алатка како Apple AI или слично. Сепак, според последните медиумски извештаи, ...
ChatGPT и останатите алатки за вештачка интелигенција овозможиле декодирање на делови од писмо, меѓутоа сега е невозможно да се пронајде Линда, која побарала одговор од оној што ќе го најде шишето со порака. Малте Бајер и неговото семејство од германскиот регион Шварцвалд во Германија го пронашле шишето и писмото украсено со цртежи од шарени риби, морски коњчиња и чамци додека шетале по плажата. „Успеав да разберам два збора – Англија и ...
Истражување спроведено на примерок од дури 15.000 телефони го открива брендот со најниска стапка на дефекти. Изненадувањето е на врвот на листата. Како што растат цените на паметните телефони, потрошувачите сакаат уред кој не е само брз и способен за квалитетни фотографии, туку и доволно издржлив за да трае со години без дефекти. Токму на тоа прашање одговори новата анализа на британската потрошувачка организација Which?, која обработи ...
Ултратенките смартфони стануваат сè по-популарни. Samsung ја започна оваа тенденција со лансирањето на Galaxy S25 Edge порано годинава, а неодамна се приклучи и Apple со новиот iPhone Air. Изгледа дека и Motorola не сака да остане зад конкуренцијата, бидејќи протечени информации укажуваат дека компанијата работи на сопствен тенок смартфон. Доверливиот извор на информации Еван Блас (@evleaks) на X/Twitter сподели фотографија од претстојниот ...
Компанијата Meta почна да ги префрла тинејџерите на Facebook и Messenger на посебни „тинејџерски профили“, кои имаат додадени родителски контроли и други заштити за помладите корисници. Ширењето на „тинејџерските профили“ доаѓа во момент кога компанијата тврди дека „стотици милиони“ тинејџери веќе користат профили на Instagram, Facebook и Messenger. Meta првпат воведе тинејџерски профили на Instagram пред една година, а почна да ги применува ...
Новата софтверска платформа на Apple комбинира елементи од tvOS и watchOS, носи виџети, поддршка за повеќе корисници и Siri контрола, а се очекува да пристигне во 2026 година. Apple развива сосема нова софтверска платформа која ќе ги покренува идните уреди на компанијата, вклучувајќи паметен домашен хаб планиран за 2026 и десктоп робот во 2027 година. Според Марк Гурман, новиот оперативен систем ќе ги обедини елементите на tvOS и watchOS, ...
Windows 11 24H2 и 25H2 носат целосно редизајниран Start мени со подобра прегледност, поголем приказ и интеграција на мобилни уреди. Со верзиите Windows 11 24H2 и 25H2, Microsoft воведува освежено Start мени кој сега функционира на сите уреди со единствена база на код. Новите функции се активираат преку enablement package, што овозможува премин на 25H2 надградба со брзо рестартирање, без целосна реинсталација на системот. Во поставките под ...
Новата функција во iOS 26 што користи вештачка интелигенција ја оптимизира потрошувачката на енергија и значително го продолжува траењето на батеријата. Apple пред една недела ја објави големата iOS 26 надградба за сите поддржани iPhone уреди ширум светот. Во јавноста компанијата ги нагласи главните новитети како целосно новиот кориснички интерфејс Liquid Glass, функцијата за преведување јазици во живо и подобрените визуелни интелигентни ...
YouTube додава копче за сокривање на завршните екрани, додека ја укинува опцијата „hover-to-subscribe“ за поедноставно искуство при гледање Многу корисници на YouTube со години се жалеа дека завршните екрани ги расипуваат последните моменти од видеото. Тие своеобразни слоеви со препораки за видеа или линкови кон канали често го прекриваат завршниот кадар кој гледачите сакаат да го видат до крај. Сега YouTube воведува ново копче кое овозможува ...
Новиот Honor 500 Pro модел наскоро ќе биде претставен со 6,6-инчен екран и батерија од 7000 mAh, заедно со напредни камери и нови функции. Серијата Honor 500 најверојатно ќе биде претставена до крајот на годината, а спецификации како екранот, батеријата и други детали веќе почнуваат да се појавуваат на интернет за стандардната и Pro варијантата. Honor 500 Pro – екран и батерија Според информациите објавени од типстерот @SmartPikachu на Weibo, ...
Според тврдењата на угледен извор, конзолата PlayStation 5 Pro на Sony би можела да ја добие својата прва хардверска ревизија пред крајот на септември. Сепак, малку е веројатно дека ова освежено издание ќе донесе некои поголеми редизајни или хардверски ажурирања. PS5 Pro беше лансиран во ноември 2024 година како водечка PlayStation конзола, а се истакнува со огромни подобрувања на перформансите во однос на основниот PS5 благодарение на ...
Дали некогаш сте размислувале да го претворите стариот Android таблет во импровизиран екран или мултимедијална единица за автомобил? Можеби ќе се изненадите кога ќе дознаете дека тоа не е толку комплицирано. Иако скоро секој современ автомобил има инфо-ентертејнмент или централен екран, тие често не нудат сите паметни функции веднаш. Некои производители, на пример, го заклучуваат навигацијата зад дополнителна наплата. Од друга страна, ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денес го посети основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром, каде што веќе се инсталирани и успешно функционираат современи системи за паметно мерење и управување со потрошувачката на електрична енергија – дел од иницијативата што започна со потпишаниот Меморандум за соработка со Македонски Телеком. На посетата присуствуваа министерката Сања Божиновска, главниот извршен ...
Практична работилница која ги обедини компаниите, младите и иновацијата Изминатата среда, на 24 септември, во Скопје се одржа уникатната практична работилница „Students got CHALLENGED“, во органзација на The Founder Games – првото регионално стартап шоу. Настанот ги обедини светот на компаниите, младите и иновацијата, нудејќи им на студентите можност директно да работат на реални предизвици на домашни познати брендови. Во соработка со ...
Во својот одговор до регулаторите на ЕУ, Apple истакнува дека Digital Markets Act (DMA) го забавува развојот и доведува до одложување на нови функции како iPhone Mirroring и AirPods Live Translation, со можност во иднина да биде погоден и хардверот. Европската унија моментно спроведува консултации за ефектите од законот Digital Markets Act (DMA), антимонополска регулатива која го принуди Apple да го отвори iOS за алтернативни продавници на ...
Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) официјално стана членка на CFE Tax Advisers Europe – најпрестижната европска организација која ги обединува националните здруженија на даночни советници и сметководствени професионалци. Со ова, ИСОС е единствената професионална организација на сметководителите од регионот на Западен Балкан која е дел од оваа европска мрежа. „Зачленувањето на ИСОС во CFE претставува значаен чекор ...
На 21 септември, 2025 година, се реализираше еко-проектот „Преку заедништво до почиста природа”, кој е дел од избраните иницијативи на еко-конкурсот „Заедно за зелени идеи”. Овој проект е реализиран од здружението „За Почиста Македонија“, а неговото успешно спроведување е со поддршка на компанијата dm drogerie markt. За време на еколошката акција се собраа повеќе од 400 стодваесет литарски кеси ѓубре што е нов рекорд за собран смет во ...
Новата функција за утрински известувања им овозможува на корисниците персонализирани информации врз основа на нивните интереси и активности OpenAI ја лансираше новата мобилна функција ChatGPT Pulse, која им овозможува на корисниците да го започнат денот со персонализирани информации, базирани на нивната активност и поврзани апликации како календар, е-пошта и контакти од Google. Функцијата е достапна засега само за Pro корисниците, со пошироко ...
Уште една победа за корисниците во Европската Унија се случи оваа недела, откако Microsoft се откажа од ограничувањата поврзани со програмата за продолжени безбедносни ажурирања (ESU) за својот оперативен систем Windows 10. Сепак, тоа го направи само во Европскиот економски простор (EEA), по приговорите од групата за застапување интереси. Законот на ЕУ за дигитални пазари (DMA) ги штити потрошувачите од незаконско групирање и ограничување на ...
Новата премиум серија на Xiaomi носи секундарни екрани кај Pro моделите и рекордни батерии до 7,500 mAh Xiaomi официјално ја лансираше својата нова генерација премиум смартфони – Xiaomi 17, 17 Pro и 17 Pro Max. Иако самиот настан за лансирање во Пекинг силно потсетуваше на презентација на Apple, уредите носат карактеристики што ги издвојуваат од конкуренцијата. Најголема иновација доаѓа кај Pro моделите, кои добиваат секундарен екран на ...
Руски биолошки истражувачки сателит со повеќе од 30 експерименти слета на 19 септември во степите на Оренбуршката област, по 30 дена поминати во орбитата на Земјата. Модулот за слетување Bion-M No. 2, наречен „Ноевата арка“ поради примероците што беа транспортирани во вселената, беше лансиран од космодромот Бајконур на 20 август со ракета Soyuz-2.1b. По лансирањето, леталото беше поставено во поларна орбита на околу 370 до 380 километри ...
Компанијата Vivo потврди дека OriginOS 6 ќе го замени FuntouchOS и ќе стане глобален софтверски стандард за сите нивни уреди Кинескиот производител на паметни телефони Vivo потврди дека нивниот нов систем OriginOS 6, базиран на Android 16, ќе биде достапен и за корисниците надвор од Кина. Со тоа, FuntouchOS заминува во историјата, а OriginOS станува глобален софтверски стандард за сите Vivo уреди. Компанијата го закажа глобалното ...
Откако се појавија тврдења за проблемот „scratchgate“ и ранливоста на алуминиумското куќиште на iPhone 17 Pro, Apple го објасни потеклото на трагите и истакна дека станува збор за нормално абење, а не фабрички дефект. Како и секоја нова премиера на Apple iPhone, така и лансирањето на iPhone 17 Pro не помина без контроверзи. Додека поевтиниот iPhone Air ги помина сите тестови на издржливост без проблеми, кај Pro моделот корисниците забележаа ...
AI.Weekend, одржан во рамките на Weekend.18, ја собра хрватската и светската AI сцена на две бини, потврдувајќи ја улогата на фестивалот како централeн хаб за размена на идеи, знаење и инспирација во регионот. Вештачката интелигенција повеќе не е само тренд, туку темел на трансформацијата, додека вистинскиот успех во AI бара комбинација од технологија, визија и етички пристап. Локалните иноватори и хрватската индустрија можат да играат ...
Најголемиот претприемачки настан во Македонија, Startup Weekend Skopje 2025, ќе се одржи од 31 октомври до 2 ноември. Оваа година, фокусот е на една од најбрзорастечките и најдинамични индустрии во светот на технологијата – Fintech. Startup Weekend Skopje е дел од глобалната мрежа на Techstars, поддржан од Google for Entrepreneurs и се организира во повеќе од 159 земји, низ кои поминале над 430,000 млади претприемачи. Локацијата на одржување ...
Google официјално го лансираше Search Live во САД, AI функција заснована на моделот Gemini, која им овозможува на корисниците преку камерата и гласот да добиваат информации во реално време директно од Google апликацијата. Google официјално го пушти Search Live во САД – нова AI функција што им овозможува на корисниците да добиваат информации во реално време користејќи го гласот и камерата на своите телефони. Функцијата, која досега беше ...