Google Drive воведува нов десктоп UI и дополнителни функции како преглед на синхронизацијата, Gemini картички во Gmail и споделување календари на Android. Google воведува нов обединет кориснички интерфејс (UI) за својот десктоп-клиент — Google Drive за десктоп. Овој интернет гигант наведува дека ажурираниот UI им го олеснува на корисниците управувањето со нивните Drive фајлови од едно место. Google Drive за десктоп беше претставен во 2021 ...

Цените за Google Pixel 10 остануваат исти како кај претходниот модел, додека новите Pixel Buds 2a доаѓаат со повисока цена од 149 евра. Доверлив извор ги откри цените на претстојната Google Pixel 10 серија во Европа, што сугерира дека новите генерации на уреди нема да бидат ниту поскапи — ниту поевтини — во споредба со претходните. Роланд Квандт од порталот WinFuture наведува дека Google Pixel 10 серијата ќе ги задржи цените на моделите Pixel ...

Дојде време Huawei Pura 80 серијата да го подигне сидрото и од домашното пристаниште да тргне кон светот — Европа, Латинска Америка, Азија и други региони. Huawei минатиот месец ја претстави својата Pura 80 серија во Кина, а сега е подготвен да ги пласира моделите Pura 80, 80 Pro и 80 Ultra и на меѓународните пазари. Тоа се водечките Huawei телефони за 2025 година, при што Pura 80 Ultra особено се истакнува благодарение на променливите телефото ...

Излегоа информации за боите на iPhone 17 Air: црна, сребрена, светлозлатна и речиси бела светлосина, па се надеваме дека никој нема да има забелешки за овој избор на компанијата Apple. Протечените информации за боите на iPhone 17 Air откриваат дека новиот Apple телефон ќе биде достапен во четири дискретни и елегантни нијанси: црна, сребрена, светлозлатна и светлосина. Според инсајдери, светлосината ќе биде исклучително бледа, до тој степен што ...

Galaxy AI функциите на Samsung традиционално беа бесплатни за користење, но никој не знаеше до кога и кои точно. Сега, сепак, некои работи се појасни. Покрај Galaxy AI, Samsung во голема мера се потпира и на Google за функциите со вештачка интелигенција преку апликацијата Gemini, но тоа не значи нужно дека целосно ѝ ја препушта контролата над својата иднина во областа на вештачката интелигенција. Функциите Galaxy AI на Samsung традиционално беа ...

Дански истражувачи понудија решение за еден од најголемите предизвици на современата нанотехнологија: како да се водат звучни бранови – фонони – низ микрочипови, речиси без загуба на енергија. Кога тапанар удира по тапанот, ја придвижува мембраната која вибрира, а тие вибрации содржат сигнал што можеме да го дешифрираме како музика. Сигналот исчезнува штом мембраната ќе престане да вибрира. Замислете сега мембрана од тапан што е ултра тенка, ...

Gemini може да генерира видео во формат 16:9 од обична фотографија, што не е идеално за споделување на социјалните мрежи, но како почеток и ова е добар чекор. Почнувајќи од вчера, Google воведува функција за претворање слики во видеа во својата Gemini апликација. Оваа опција користи модел Veo 3, кој минатата недела стана пошироко достапен за корисниците со AI Pro претплата, откако претходно беше достапен исклучиво за корисниците на AI Ultra ...

Најголемиот напредок е забележан кај камерите, каде што Galaxy Z Fold7 добива главен сензор од 200 MP – огромен скок од 50 MP кај Fold6. Samsung пред два дена го претстави Galaxy Z Fold7 – премиум преклоплив телефон што носи значајни унапредувања во хардверот и дизајнот во споредба со минатогодишниот модел Galaxy Z Fold6. Љубителите на преклопливи телефони со нетрпение сакаат да дознаат што е ново, што е подобрено и дали вреди да се направи ...

Apple планира динамичен почеток на 2026 година. Новиот извештај на Bloomberg открива дека компанијата работи на надградби за различни модели на iPhone, iPad и Mac кои се предвидени за првата половина од 2026 година. Но, можеби највозбудлива вест за многумина е тоа што Apple планира да претстави нов надворешен монитор за Mac следната година. Еве што, според Bloomberg, е во подготовка за првата половина од 2026: Марк Гурман објаснува дека Apple ...

Во изминатите години се етаблираа веќе добро познатите имиња меѓу музичките стриминг сервиси, но за добар дел од нив е потребна месечна претплата. Наспроти нив, постојат и алтернативи кои исто така овозможуваат уживање во музика бесплатно, а една од нив е токму SimpMusic. Станува збор за апликација за Android паметни телефони (iOS верзија е во подготовка), која се потпира на API-и од трети страни за да овозможи пристап до разновидна музичка ...

Корисниците на мобилната апликација мБанка на Комерцијална банка можат да испраќаат пари директно и веднаш од платежната сметка – на Visa дебитна картичка. Воведена е новата услуга Visa Direct. Сега и во земјава е овозможен целосно дигитален трансфер на средства од денарска сметка на Visa дебитна картичка, независно од банката која ја издала. Средствата пристигнуваат за само неколку секунди и веднаш се достапни за користење. Новата дигитална ...

Финалето на FIFA Club World Cup 2025TM носи спектакуларен судир помеѓу два европски фаворити – Пари Сен Жермен и Челзи. Натпреварот ќе се игра во недела, 13 јули, на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, а вниманието на целиот фудбалски свет ќе биде насочено кон овој дуел, кој веќе влегува во историјата како средба помеѓу два тима чие соперништво, стилови на игра и амбиции гарантираат неизвесно финале. ПСЖ стигна до финалето со доминантна победа од ...

Од Samsung најавуваат дека тројно-преклопниот уред на компанијата ќе дебитира подоцна оваа година, но не откри конкретен датум. Бројни извештаи и гласини укажуваат дека Samsung ќе го лансира својот прв тројно-преклопен телефон подоцна оваа година. Мнозина очекуваа дека Samsung ќе го претстави овој уред заедно со Galaxy Z Fold 7 и Flip 7 на вчерашниот настанот Unpacked во Њујорк. Сепак, тоа не се случи, бидејќи компанијата дури ни не го спомена ...

Iute Pay Македонија, дел од естонската групација Иуте, официјално доби лиценца од Народната Банка на Република Северна Македонија за издавање електронски пари и давање платежни услуги. Со оваа лиценца Иуте Македонија го заокружува еко-системот на финансиски услуги, откако по кредитирањето како примарна дејност, од неодамна е присутна и на осигурително-брокерскиот пазар, со започнување на работата на Iute Safe. Отсега корисниците ќе имаат ...

Google ја лансираше официјалната апликација Maps за избрани Garmin паметни часовници. Апликацијата нуди навигација со turn-by-turn упатства, придружени со вибрации, и работи паралелно со следење на спортските активности. Како што пренесува порталот 9to5Google, официјалната апликација Google Maps отсега е достапна за преземање на одредени модели, носејќи една од најпопуларните навигациски платформи директно на зглобот. Новата апликација, која е ...

Американската телевизиска куќа HBO долго време го нарекуваше својот стриминг сервис HBO Max, а во еден период тој беше преименуван само во Max, но тој ребрендинг не се покажа како успешен. Затоа, од сега HBO Max повторно го добива своето старо име. Сервисот за стриминг на видео содржини на барање, HBO Max, беше лансиран под тоа име во 2020 година, како дел од американската ТВ-куќа HBO, и оттогаш постојано минува низ одредени промени. Една од нив ...

Comet го воведува AI асистентот во прелистувачот и има за цел да го редефинира начинот на пребарување на интернет користејќи ја технологијата на Perplexity. Стартапот Perplexity официјално го претстави својот прв веб прелистувач базиран на вештачка интелигенција под името Comet, со што директно ја предизвикува доминацијата на Google пребарувањето и Chrome прелистувачот. Новата платформа комбинира напредна вештачка интелигенција со функции на ...

Производството на флексибилни OLED екрани за првиот флексибилен iPhone на Apple веќе започнало, пред очекуваното лансирање следната година, објавува јужнокорејскиот ETNews. Samsung Display ги произведува првите екрани за флексибилниот iPhone и воспоставува производствена линија посветена на новиот Apple уред во својата фабрика A3 во Асан, провинцијата Чунгчонгнам-до. Производната линија ќе изработува екрани исклучиво за флексибилниот iPhone, а ...

Сега можете да го повикате Circle to Search дури и кога сте заглавени на ниво во мобилни игри, што многу корисници ќе го оценат како особено корисно. Како дел од лансирањето на Galaxy Fold7 и Flip7, Google најави унапредена верзија на Circle to Search, која сега е достапна на 300 милиони Android уреди, со функции наменети за сите. Втората голема надградба од Google денес е Gemini за Wear OS. Во јануари, Google започна да одговара на визуелни ...

Со огромна гордост и емоција ја претставуваме официјалната химна на Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, насловена „Together We Shine“, со што симболично започнува финалното одбројување до настанот што ќе ја испише новата страница на спортската историја на нашата татковина. Химната не е само песна – таа претставува енергија, визија и повик до цела Европа. „Together We Shine“ е музичка прослава на заедништвото, младешката ...

OpenAI е на чекор до објавување на веб-прелистувач кој ќе го движи вештачка интелигенција и кој ќе претставува силна конкуренција на доминантниот Google Chrome. Прелистувачот треба да биде лансиран во наредните неколку недели, изјавиле три лица вклучени во проектот за Reuters, а целта му е да ја искористи вештачката интелигенција за фундаментално да го промени начинот на кој корисниците го пребаруваат интернетот. Со тоа, OpenAI ќе добие ...

Нов третман против меланом, базиран на вирусот на херпес, покажува ветувачки резултати, бидејќи кај некои пациенти туморите дури целосно исчезнуваат. Повеќе од столетие откако лекарите првпат забележаа дека вирусните инфекции понекогаш можат да го запрат растот на ракот, науката конечно би можела да го претвори ова откритие во сигурно оружје. Друг вирус, дизајниран за убивање на клетки на рак, “RP1”, наскоро може да биде одобрен за употреба во ...

И покрај историскиот чекор што го направи земјата со изборот на првата жена-претседател, податоците покажуваат дека жените и понатаму се недоволно застапени во политичкото одлучување – особено на извршните и локалните нивоа. Во пресрет на локалните избори кога се спремаат листите за градоначалници и советнички листи, Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA ги анaлизираше достапните историски податоци за застапеноста на жените во ...

iOS 26 беше најавен пред речиси еден месец, но постои една промена поврзана со повиците и пораките која досега ни промакна. Како што пренесе германскиот технолошки сајт Heise минатиот месец, Apple во iOS 26 воведе нови API-и кои им овозможуваат на развојните тимови поддршка за извршување мобилни телефонски повици и испраќање и примање на SMS/MMS/RCS пораки преку апликации од трети страни – но оваа функционалност ќе можат да ја користат само ...

Galaxy Watch8 и Galaxy Watch8 Classic го спојуваат препознатливиот дизајн со нови персонализирани здравствени увиди, мотивирајќи ги корисниците кон поздрав животен стил Samsung Electronics денес ги претстави Galaxy Watch8 и Galaxy Watch8 Classic, применувајќи го препознатливиот визуелен идентитет на целата Galaxy Watch линија. Надоградувајќи се на темелите на перничестиот дизајнот на Galaxy Watch Ultra, оваа серија се одликува со најтенкиот и ...

Компактен по големина, но моќен по способност – Galaxy Z Flip7 го редефинира искуството со флип телефоните. Samsung Electronics денес го претстави Galaxy Z Flip7, најкомпактниот AI мобилен телефон за мултимодалната ера, кој работи со новиот FlexWindow. Доволно мал за да се стави во џеб, но доволно моќен за да обезбеди најкорисна помош, тој ги комбинира Galaxy AI со новиот FlexWindow од крај до крај, врвна камера и ултра-компактен и иконичен ...

Откако вчера беше официјално објавено дека Џеф Вилијамс ќе ја напушти својата позиција како главен оперативен директор на Apple подоцна годинава, најверојатно Извршниот директор Тим Кук ќе ја преземе раководната улога врз дизајн тимот на компанијата. Во моментов, Вилијамс ги надгледува дизајнерските напори на Apple, но кога ќе замине, од компанијата велат дека дизајнерскиот тим ќе „премине на поднесување извештај директно до Кук“. Вилијамс е ...

Се појави ново hands-on видео кое нуди одличен увид во исклучително тенкиот модел iPhone 17 Air во црна завршница. До официјалната премиера на серијата iPhone 17 остануваат уште два месеца, но додека чекаме, се појави ново hands-on видео кое нуди одличен увид во исклучително тенкиот iPhone 17 Air модел во црна завршница. Во последните неколку недели, дојавувачот Мајин Бу споделуваше разни hands-on снимки и фотографии од dummy модели од серијата ...

Најнапредната серија Galaxy Z досега, која беспрекорно ги спојува прецизниот инженеринг и моќната интелигенција за подобрување на секојдневните интеракции – сè во својот најтенок и најлесен дизајн досега Samsung Electronics денес го претстави Galaxy Z Fold7, уред кој ги комбинира најдобрите аспекти на Galaxy дизајнот, камерата и AI иновацијата во најтенкиот и најлесниот Galaxy Z Fold модел досега. Тој го нуди премиум искуството и перформансите ...

Во светот на мобилните уреди, новата серија S25 на Samsung ја поставува новата парадигма на перформанси и технологија. Samsung Galaxy S25 е вистински лидер во светот на мобилната технологија, со неверојатни карактеристики кои го прават идеален избор за секој современ корисник. Овој уред е опремен со најновиот Google Gemini Advanced за вештачка интелигенција, која се прилагодува на вашите навики и предвидува ваши потреби. Со супер резолуција на ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1020
weather icon

Белград

5ᴼ / 2ᴼ
2.06
87%
1017
weather icon

Загреб

6ᴼ / 2ᴼ
0.51
82%
1016
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
0.0
30%
1022
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.31
70%
1020
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
0.24
92%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
3.13
86%
1015
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1017
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
71%
1018
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
86%
1017
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
82%
1019
Currency

61.6038

Currency

52.8195

Currency

70.9415

Currency

34.3723

Currency

37.6973

Currency

66.7175

Currency

7.41854

Currency

0.64939

Currency

0.35195

Currency

0.52596

Currency

1.26247

Currency

0.6008