Европската компанија Helsing, позната по испорака на борбени дронови за Украина и со производствени капацитети во Германија, Велика Британија и Франција, ја претстави својата AI платформа Lura и подводниот надзорен дрон SG-1 Fathom. Lura е софтверска платформа и напреден систем на вештачка интелигенција за откривање закани во подводна средина. Базирана на голем акустички модел, сличен на моделите за обработка на природен јазик, Lura има ...

Meta префрла 90% од проценките за безбедносни ризици на вештачка интелигенција, заменувајќи го човечкиот надзор. Експертите предупредуваат дека ВИ има проблеми со препознавање на посложени закани. Може ли да се има доверба во платформите на Meta кога ВИ ја презема контролата? Во јануари 2025 година, Марк Цукерберг најави пресврт во политиката на Meta за содржина. Компанијата ги укина програмите за проверка на факти, премина на систем „Community ...

Корисниците на Android сега можат да отвораат Office документи без најава на Microsoft сметка. Microsoft конечно им овозможи на корисниците на Android нешто што корисниците на iPhone веќе извесно време го имаат — можноста да отворат споделени Office фајлови (Word, Excel, PowerPoint) без потреба од најава на Microsoft сметка. Оваа функционалност беше достапна на iOS уште претходно годинава, а сега конечно пристигнува и на Android уредите. Новата ...

Како што објавија Каја Јуриеф и Кали Хуанг од The Information во април, компанијата Meta работи на долгоочекуваната Instagram апликација за iPad уредите. Оваа информација денес ја потврди и Марк Гурман од Bloomberg во својот билтен Power On. Гурман наведува дека вработените во Meta „активно ја тестираат“ Instagram апликацијата за iPad и очекува таа да биде објавена до крајот на годината, доколку не дојде до неочекувани одложувања. Meta нуди ...

Кинески астрономи открија бинарен ѕвезден систем каков што досега не бил забележан во вселената. Во тишината на карстните планини во кинеската провинција Гуижу, џиновска радио-антена улови редок и откривачки сигнал од вселената – пулсар чие зрачење повремено го засенува неговата ѕвездена сопатничка. Откритието, направено со помош на кинескиот Сферичен радио-телескоп (FAST) со апертура од петстотини метри, носи клучни сознанија за тоа како се ...

Истражување на британскиот Guardian открива дека повеќе од половина од најпопуларните видеа на TikTok што нудат совети за ментално здравје содржат дезинформации. Сè повеќе луѓе се обраќаат кон социјалните мрежи во потрага по поддршка за менталното здравје, но истражувањата покажуваат дека многу инфлуенсери шират дезинформации, вклучувајќи злоупотреба на терапевтски јазик, брзи решенија и лажни тврдења. Лицата кои бараат помош се соочуваат со ...

Американскиот стартап InventWood, кој настанал како спиноф на Универзитетот во Мериленд, е подготвен да започне сериско производство на супердрво (SuperWood), кое има цврстина и јачина 10 пати поголема од онаа на челикот. Ова супердрво е отпорно на оган, временски услови и штетници, а првпат беше демонстрирано во 2018 година во труд објавен во научното списание Nature. Оттогаш, тимот го усовршил процесот на производство така што материјалот сега ...

Huawei со овој развој продолжува да ги заобиколува западните технолошки бариери и гради сопствен пат кон напредната полупроводничка технологија. Компанијата започна со развој на вистинска 5-нанометарска производна линија без користење на EUV (екстремно ултравиолетова) литографија — технологија патентирана од холандската компанија ASML, чии машини се под забрана за извоз во Кина. Според тајванскиот портал UDN, кинескиот технолошки гигант користи ...

Во ширењето на габите на големи растојанија може да помогнат и екстремни временски настани како суши, поплави и топлотни бранови. Габите кои предизвикуваат инфекции, одговорни за околу 2,5 милиони смртни случаи годишно, значително ќе се прошират во нови региони со загревањето на планетата, предвидува ново истражување. Тим научници од Универзитетот во Манчестер користел компјутерски симулации и прогнози за да ја мапира потенцијалната иднина на ...

Новата Metalens технологија би можела значително да го намали исечокот на екранот и да ја зголеми корисната површина за приказ во однос на големината на уредот. Apple планира да воведе напредна технологија наречена Metalens во сите модели од iPhone 17 серијата, што ќе овозможи значително намалување на Face ID сензорот, а со тоа и намалување на Dynamic Island исечокот на екранот. Dynamic Island првпат беше претставен во 2022 година кај iPhone 14 ...

Со намера да ги „натера“ купувачите да земат некој од поскапите модели на iPhone, Apple одлучи основниот модел на iPhone 17 да го задржи досегашниот A18 чип и 8 GB RAM меморија. Според најновите неофицијални информации, iPhone 17 ќе има поголем екран од 6,3 инчи, со што ќе се изедначи по големина со Pro моделот. Сепак, „под хаубата“ нема да има промени, што веројатно ќе ги разочара потенцијалните купувачи. Имено, според аналитичарот Џеф Пу од GF ...

Револуционерно откритие од Њујорк го менува начинот на кој го сфаќаме просторот, времето и електромагнетните бранови – невозможното стана реалност Научници од истражувачкиот центар при Градскиот универзитет во Њујорк (CUNY ASRC) го потврдија постоењето на временски рефлексии – феномен кој досега постоеше само теоретски и звучеше како научна фантастика. Откритието не само што ја потврдува повеќедецениската хипотеза, туку и отвора врата за ...

Google минатата недела без големи најави ја објави новата апликација Google AI Edge Gallery, која им овозможува на корисниците да преземаат и извршуваат различни AI модели директно на своите паметни телефони, без потреба од интернет конекција или надворешни сервиси. Google се реши за неконвенционален пристап при лансирањето – наместо со големи промоции, апликацијата беше „прокриумчарена“ во јавноста преку развојни канали на GitHub. Hugging Face ...

Со iOS 26, macOS 26, tvOS 26 и watchOS 26, Apple планира да претстави нов дизајн за кој се вели дека е инспириран од visionOS, најновиот оперативен систем за Apple Vision Pro. Со WWDC 2025 конференцијата која се приближува, решивме да погледнеме поблиску кон visionOS и некои од дизајнерските елементи кои Apple можеби ќе ги преземе, врз основа на моментните гласини и протечени информации. Транспарентност Внатре во Apple, проектот за редизајн на ...

DeepSeek без голема помпа ја објави новата верзија на својот AI модел за резонирање, кој по квалитет се приближува до OpenAI моделот o4-mini. Овој потег дополнително ја зацврстува позицијата на Кина во AI трката, и покрај американските рестрикции. Кинескиот AI стартап DeepSeek, кој претходно годинава ги вознемири пазарите со објавување на бесплатниот, отворен модел R1, тивко ја објави неговата надградена верзија, без никакво официјално ...

Opera го објави својот нов веб-прелистувач Opera Neon, силно поврзан со агенти за вештачка интелигенција кој ќе им помага на корисниците во секојдневната работа и пребарување Имено, Opera Neon доаѓа со три копчиња на страничната лента: Chat, Do и Make. Chat претставува основен интерфејс на четбот преку кој можете да пребарувате на интернет, да добивате одговори на вашите прашања и да барате повеќе информации за веб-страниците што ги разгледувате ...

Половина век по првото слетување на човекот на површината на Месечината, експертите за вселенски комуникации се подготвуваат да создадат најдобра можена видео репортажа за овој епски момент. ESA и Германскиот вселенски центар (DLR) спроведоа симулирано движење по Месечината со реалистично зајдисонце во објектот LUNA во Германија. Вселенските агенции ќе ги користат снимките од пробата како референтни материјали за идни операции на површината на ...

Компанијата од Суботица, ElevenEs претстави нова LFP батерија за електрични возила – Edge574 Blade Cell, која овозможува полнење до 80% за само 12 минути и има животен век од 500.000 километри. Во екот на глобалната трка за побрзи, поиздржливи и поефикасни батерии за електрични возила (EV), српската компанија ElevenEs од Суботица направи значаен исчекор. Нивната најнова батерија Edge574 Blade Cell, базирана на LFP (литиум-железо-фосфат) ...

Истражување во САД покажува дека корисниците се сè понезадоволни од мобилните телефони – и, верувале или не, најголемиот проблем е батеријата. И покрај сè поголемите вложувања на производителите на паметни телефони во функции базирани на вештачка интелигенција, корисниците не се импресионирани. Според Американскиот индекс на задоволство на потрошувачите (ACSI) за 2025 година, задоволството на корисниците со паметните телефони паднало на најниско ...

Од компанијата откриваат дека успеале да решат долготрајни инженерски предизвици во изработката на паметни телефони. Samsung неодамна официјално го претстави најновиот член на Galaxy S25 серијата – ултра-тенкиот Galaxy S25 Edge. Уредот веќе е достапен во повеќе региони, привлекувајќи ги корисниците со своето тенко куќиште со дебелина од само 5,8 мн. Сега Samsung ги обелодени и иновациите што биле користени за постигнување на овој дизајн. Според ...

Кинеската компанија CATL ја изработи технологијата, а Changan Automobile ги произведе првите илјада автомобили кои поддржуваат брза замена на батерии на специјални станици, какви што до крајот на годината би можело да има дури илјада низ цела земја. Познатиот кинески производител на батериски технологии CATL кон крајот на минатата година претстави нови стандардизирани батерии од серијата Choco-Swap, со кои сака да постави темели за нова ...

Шведски научници дизајнираа засилувач што може да пренесува десет пати повеќе информации во секунда отколку сегашните оптички системи. Шведски истражувачи осмислија оптички појачувач кој ја зголемува за десет пати количината на податоци што можеме да ги пренесуваме преку оптички влакна. Клучната иновација на инженерите од Универзитетот Чалмерс се крие во исклучително широката пропусност на појачувачот: тој може да работи во опсег на бранови ...

Samsung планира наследникот на сегашниот A56 телефон да добие нов Exynos 1680 чип со кодно име Terra. Во март, Samsung го претстави Galaxy A56 со сопствениот Exynos 1580 чипсет, а сега пристигнуваат првите информации за неговиот наследник, Galaxy A57, кој најверојатно ќе биде лансиран во текот на 2026 година и ќе користи новиот Exynos 1680. Според првичните информации, Exynos 1680 ја носи моделската ознака S5E8865 и внатрешното име Terra. Иако ...

WhatsApp наскоро ќе добие опција за одјава, која ќе им овозможи на корисниците привремено да престанат да ја користат апликацијата без трајно бришење на профилот или деинсталација. WhatsApp работи на опција што ќе им овозможи на корисниците да се одјават од апликацијата без потреба од бришење на сметката или целосна деинсталација. Новата опција за одјава е откриена во најновата бета верзија на WhatsApp за Android, во делот за поставки, но засега ...

Apple за првпат го освои првото место на глобалниот пазар на паметни телефони во првиот квартал од годината. Досега тоа со години по ред му успеваше на Samsung. Обично, честа да биде лидер во првиот квартал му припаѓа на Самсунг, кој во јануари ја лансира својата Galaxy S серија, но овој пат беше поинаку – iPhone 16, лансиран во март по цена од 599 долари, ја смени играта. Apple конечно победи во првиот квартал Успехот на Епл донесе 19% глобален ...

Јапонските медиуми наведуваат дека одлуката за препуштање на производството на мобилни телефони на надворешни производители не е привремена, туку претставува дел од долгорочната стратегија на Sony за оптимизирање на трошоците. Се чини дека Sony целосно престанал со сопственото производство на мобилни телефони, вклучително и на своите најскапи модели. Според пишувањата на јапонските медиуми, на списокот на производи што се изработуваат во ...

Flow TV е новата AI платформа на Google за бесплатен стриминг на видеа генерирани со текстуални инструкции. Без реклами, без профил – само чиста дигитална имагинација. Замислете телевизиски канал што не емитува содржина создадена од луѓе, туку соништа – и тоа такви што ги осмислува вештачка интелигенција. Тоа е Flow TV, најновата експериментална платформа на Google која ја користи моќта на своите AI модели за да создава бескрајни видеа од ...

Револуционерно откритие на научниците од NASA покажува дека сончевиот соларен ветер игра клучна улога во создавањето вода на површината на Месечината – што би можело суштински да го промени начинот на кој ги планираме идните мисии и користењето на лунарните ресурси. Долго време постоеше мистерија околу присуството на вода на Месечината. Сувата, безживотна површина без атмосфера не изгледаше како место каде што водата би можела да опстане. ...

Корисниците на Google Workspace ќе забележат значително поголема активност на Gemini во сумирањето на нивните е-пораки. Gmail сега автоматски креира кратки прегледи за сложени низи, кои се појавуваат над самите електронски пораки. Кратките прегледи на мејловите креирани со помош на вештачка интелигенција се достапни за корисниците на Google Workspace уште од минатата година, но досега мораа рачно да се активираат. Наместо тоа, AI технологијата ...

Американското Министерство за енергетика (DOE) објави планови за изградба на нов суперкомпјутер наречен Doudna, кој ќе биде сместен во Националната лабораторија Лоренс Беркли во Калифорнија. Новиот систем ќе биде оперативен во текот на 2026 година и се очекува да овозможи повеќе од десеткратно зголемена брзина во однос на моментално најмоќниот систем на лабораторијата. Doudna ќе го замени Perlmutter Суперкомпјутерот е именуван по биохемичарката ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
6.17
56%
1016
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
4.12
87%
1014
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
68%
1015
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.6
39%
1013
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.89
29%
1010
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.51
86%
1016
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
2.68
33%
1009
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
88%
1013
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
68%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
2.68
35%
1011
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
61%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
6.17
100%
1011
Currency

61.535

Currency

52.8878

Currency

70.8243

Currency

34.4868

Currency

38.3402

Currency

65.6433

Currency

7.40778

Currency

0.65395

Currency

0.35531

Currency

0.52466

Currency

1.28467

Currency

0.59997