
Скопје
2ᴼ /
2ᴼ



Следната генерација на iPad Pro уредите од Apple ќе биде опремена со две предни камери, според Марк Гурман од Bloomberg. Во неговиот вчерашен билтен Power On, Гурман наведува дека новите модели на iPad Pro со чипот M5 ќе имаат и портрет и пејзажна камера, овозможувајќи фотографирање и видеоповици без да се грижите за ориентацијата на уредот. Сегашните модели на iPad Pro со чипот M4 имаат само една предна камера, дизајнирана за користење во ...
Samsung, како најголем светски производител на Android уреди, спроведe анкета меѓу корисниците за евентуално преминување на исклучиво безжично полнење, но поголемиот дел од корисниците не се воодушевени од оваа идеја. Преку апликацијата Samsung Members, Samsung започна анкета со која ја испитува подготвеноста на корисниците на Android да прифатат телефони без USB-C приклучок, кои би се потпирале исклучиво на безжично полнење преку новата Qi2 ...
Новата опција во Windows 11 автоматски го вклучува режимот за заштеда на енергија земајќи го предвид степенот на оптовареност на системот, а не само преостанатиот капацитет на батеријата. Microsoft тестира нова системска опција во Windows 11 која би можела значително да го продолжи траењето на батеријата кај лаптоп компјутерите. Станува збор за „адаптивен режим на заштеда на енергија“ кој автоматски се активира или деактивира во зависност од ...
На свеченото отворање се обратија Спирос Капралос, Претседател на Европскиот олимписки комитет, кој ја истакна важноста на ЕМОФ како катализатор за развој на младинскиот спорт и зближување на културите и Претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова, која официјално го прогласи фестивалот за отворен. Со спектакуларна церемонија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, вечерва свечено беше отворен најголемиот ...
Google официјално го закажа својот Made by Google настан за 20 август во Њујорк, каде ќе ја претстави серијата Pixel 10, Pixel Watch 4 и нови функции базирани на вештачка интелигенција. Google официјално најави дека неговиот годишен настан „Made by Google“ ќе се одржи на 20 август во Њујорк, што претставува враќање во овој град по минатогодишната локација во Калифорнија. Оваа година, настанот се одржува порано од вообичаено, а очекувањата се ...
Научници од Кина развиле технологија која користи сончева енергија и месечева прашина за добивање кислород, вода и гориво – клучен чекор кон одржливи мисии на Месечината и живот надвор од Земјата. Во голем исчекор кон воспоставување постојано човечко присуство на Месечината, тим научници од Кинескиот универзитет во Хонг Конг (Шенжен), во соработка со други институции, развил метод кој користи сончева светлина и месечева прашина за добивање ...
Јутјуберот и дојавувач на тајни информации, Џон Просер, се најде на мета на тужба од Apple, бидејќи во серија видеа претходно оваа година ѝ ја прикажа на јавноста новата верзија на редизајнираниот iOS, до која наводно дошол на незаконски начин. Џон Просер е сопственик на YouTube каналот fpt. (Front Page Tech), на кој со години објавува технолошки вести, свои коментари, анализи и документарци, но веројатно е најпознат по тоа што повремено преку ...
Иако се очекуваше дека преклопниот iPhone на Apple ќе биде првиот телефон со екран без набор, изгледа дека Samsung ќе ја искористи таа технологија пред него во својот Galaxy Z Fold. Samsung би можел да го претекне Apple во трката за екрани што се виткаат без видлив набор. Според аналитичарот Минг-Чи Куо, кој се повикува на наводно доверливи извори, новата генерација на екрани без видлив набор првпат ќе биде претставена токму на Galaxy Z Fold 8, ...
Во недела, 20 јули, со почеток во 20:30 часот, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, свечено ќе биде отворен најголемиот мултиспортски настан што досега се одржал во Северна Македонија – Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025. Свечената церемонија ќе го означи почетокот на седумдневен спортски и културен спектакл (од 20 до 26 јули), кој ќе ги обедини младите спортисти од цела Европа во духот на фер-плеј, ...
OpenAI го претстави ChatGPT Agent – напреден дигитален асистент што може самостојно да извршува комплексни задачи. Еве што сè може да направи. Во кратко, но значајно обраќање во живо, OpenAI денес го претстави ChatGPT агентот – нова алатка што значително ги проширува можностите на претходната функција „Оператор“. Оваа надградба ветува интелигентен асистент способен да пребарува интернет, користи API-и, извршува код и управува со кориснички ...
Протечени рендери укажуваат на дизајнерски измени кај Galaxy Tab S11 Ultra и Galaxy S25 FE, вклучувајќи нова селфи камера и изменет држач за S Pen Љубителите на Samsung наскоро би можеле да добијат нови уреди, бидејќи протечени рендери откриваат интересни промени кај претстојните модели Galaxy Tab S11 Ultra и Galaxy S25 FE. Сликите беа споделени на мрежата X од познатиот инсајдер Evan Blass, при што се гледаат предната и задната страна на двата ...
Македонскиот олимписки комитет го промовираше националниот тим од 203 члена (181 спортист) за претстојниот Европски Младински Олимписки Фестивал, што од 20 до 26 јули ќе се одржи во Скопје, Куманово и Осиек Македонската спортска делегација ќе брои вкупно 203 члена, од кои 181 спортист на претстојниот Европски младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, кој ќе се одржи од 20 до 26 јули во Скопје, Куманово и Осиек. Нашите претставници ќе се ...
Најбрза мобилна и фиксна мрежа и најдобра мобилна мрежа Македонски Телеком повторно ја освои престижната Ookla® награда за најдобра мрежа на пазарот. Резултатите од мерењата покажаа најголема брзина на мобилната и на фиксната мрежа и најдобра мобилна мрежа во првата половина на 2025 година. Податоците покажуваат дека и мобилната и фиксната мрежа на Македонски Телеком се најбрзи на пазарот во споредба со конкуренцијата со резултат Speed ScoreTM ...
Кога е вистинското време да ги научиме децата да се однесуваат одговорно со парите? Одговорот е веднаш штом почнат да разбираат што значи „вредност“. Навиките што ги градиме во раното детство, остануваат со нас засекогаш, а финансиската писменост не е исклучок. Многу родители се прашуваат како да започнат со оваа тема, дали е доволно само да им се зборува за пари или треба да им се посочи и реален пример? Токму за оваа цел, Халкбанк го креираше ...
iPhone 17 серијата оваа есен ќе добие нов модел во понудата, како и неколку нови бои кои ќе донесат неопходно освежување во дизајнот. Во Apple дуваат нови ветрови и носат свежина во iPhone 17 линијата – и во дизајнот и во палетата на бои. Благодарение на новите рендери, сега имаме солидна претстава за тоа како ќе изгледаат овогодинешните модели. Како што се очекуваше, моделот Plus недостасува, бидејќи оваа година е заменет со новиот iPhone 17 ...
Проектот INVICTUS – европската платформа за тестирање на хиперсонични летала на иднината, е иницијатива на Европската вселенска агенција (ESA) и британската инженерска компанија Frazer-Nash, со цел во рок од една година да се изработи демонстрациско летало. ESA и Frazer-Nash ја започнаа истражувачката програма INVICTUS за развој на хиперсонични технологии што ќе можат да се применат на летала кои се „повторно употребливи и способни за ...
Треба да се напомене дека брзината сè уште не е независно потврдена, па постои можност официјално да биде поголема или помала. Иако многумина не би се согласиле, во Македонија немаме лоша брзина на интернет. Од година во година се повеќе домаќинства користат оптички интернет, а како што технологијата напредува, така растат и брзините. Меѓутоа, колку и да мислиме дека имаме брз интернет, научниците од Јапонија имаат побрз. Имено, објавија дека ...
25 години на пазарот: зајакнување на соработката и партнерството Македонски Телеком потпиша Меморандум за разбирање со Владата, со што се потврдува заедничката цел на двата најголеми акционери во компанијата за дигитална трансформација и просперитет на земјата. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски се сретна со Тимотеус Хетгес, Главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, Член на Управниот одбор на Дојче Телеком, ГИД за ...
Македонските корисници на Apple уредите наскоро ќе можат да ги користат своите телефони и часовници за брзо, безбедно и бесконтактно плаќање. Според локални извори и најави на социјалните мрежи, лансирањето на популарниот дигитален сервис Apple Pay се очекува оваа есен, што ќе претставува значаен чекор во модернизацијата на финансискиот екосистем кај нас. Apple Pay е глобално прифатено решение кое веќе се користи во голем број земји ширум ...
Семос Едукација и Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија (ИСОС) потпишаа Меморандум за стратешка соработка со цел унапредување на дигиталната писменост и професионалните компетенции на сметководителите во земјава. Со овој меморандум, двете институции се обврзуваат заеднички да работат на креирање и реализација на специјализирани едукативни програми и обуки насочени кон примена на најсовремени ...
Поради кражба на содржина и имитирање на познати креатори, Facebook санкционираше 500.000 профили и избриша 10 милиони лажни кориснички сметки. Ако ви се чини дека вашиот Facebook Feed сè почесто е преплавен со исти мимови, копирани видеа и профили кои се претставуваат како познати креатори — не сте единствени. Meta, компанијата која е сопственик на Facebook, конечно започнува посериозна борба со овој проблем. Во април 2025 година, Meta најави ...
Apple ќе влезе на пазарот на преклопни паметни телефони во 2026 година, а за тој клучен момент ќе користи дисплеи што ги развива Samsung Display. Apple конечно се подготвува да влезе на пазарот на флексибилни телефони – и тоа со стил – користејќи екран без набори кој го произведува Samsung Display. Според извештај на корејскиот весник JoongAng Daily, пренесен од CNET, масовното производство на овие флексибилни дисплеи ќе започне кон крајот на ...
Метеоритот, кој се смета за најголемиот „дел“ од Марс на Земјата, е продаден на аукција за 5,3 милиони долари, вклучувајќи даноци и други трошоци. Метеоритот е продаден на аукција организирана од аукциската куќа Sotheby’s во средата, и е познат под називот NWA 16788. Тежи 24,5 килограми и е масивен во споредба со повеќето марсовски метеорити, кои обично се само мали фрагменти. Метеоритите се остатоци од комети, астероиди или метеороиди кои ...
OnePlus на пазарот лансираше нов кабел за полнење, кој истовремено може да полни паметен телефон и паметен часовник. Полнењето се врши преку стандарден USB-C кабел, но во средината има додаток со pogo пинови. Овој додаток овозможува полнење на паметните часовници OnePlus Watch 2, Watch 2R и Watch 3. Доколку се полни само OnePlus телефон, силата на полнење достигнува 80W, а ако се полнат истовремено и двата уреди, телефонот ќе се полни со 67W, а ...
Малопродажниот лидер Нептун лансира нова атрактивна можност за сите купувачи: „Купи сега, плати подоцна“ – кампања која овозможува набавка на клима уред со 3 месеци одложено плаќање, а потоа отплата до 45 еднакви месечни рати со фиксен износ. Понудата е овозможена преку НЛБ Инстант Потрошувачки Кредит, без сложена процедура и со едноставна апликација директно во продажната мрежа на Нептун. Во првите 3 месеци, клиентот плаќа само камата, без ...
Apple ги надмина проблемите со производството на слојот отпорен на гребење и антирефлексија, кој сака да го користи кај одредени модели на iPhone 17. Сега изгледа дека iPhone 17 Pro и iPhone 17 Pro Max, сепак, би можеле да ја добијат оваа унапредена технологија. Сигурен извор за MacRumors изјавил дека снабдувачите на Apple успеале да постигнат доволно високо ниво на продукциски резултат за антирефлектирачкото стакло за да се поддржи масовно ...
Google планира да ги претстави своите најнови Pixel смартфони на настан што ќе се одржи во среда, на 20 август. Новите уреди на Google ќе бидат објавени само неколку недели пред да Apple да ги претстави најновите модели од iPhone 17 серијата. Се очекува новата серија да ја вклучува најновата верзија на преклопниот смартфон на Google – Pixel 10 Pro Fold. Во понудата ќе бидат и Pixel 10, Pixel 10 Pro и Pixel 10 Pro XL, со што Google ќе претстави ...
Gemini наскоро ќе стане достапен на сите паметни часовници кои имаат најмалку Wear OS 4, вклучувајќи ги и постарите Samsung паметни часовници со One UI Watch 8. AI асистентот на Google, Gemini, кој во април пристигна на Galaxy Watch 8, сега доаѓа и на постарите модели на Samsung часовници што користат Wear OS. Станува збор за претходно најавено проширување на достапноста на Gemini, кое вклучува поддршка за сите паметни часовници со Wear OS 4 или ...
Google Pixel 10 Pro Fold доаѓа со помоќна батерија и посветол екран, но според дизајнот и димензиите изгледа инфериорно во однос на потенкиот Galaxy Z Fold 7. Откако Samsung ги претстави своите нови телефони со преклопен екран — Galaxy Z Fold 7 и Z Flip 7 — вниманието брзо се пренасочи кон конкуренцијата, пред сè кон Google, чиј Pixel 10 Pro Fold се очекува во наредните месеци. Иако очекувањата се големи, првичните извештаи сугерираат дека ...
Apple на WWDC 2025 конференцијата најави дека функцијата Car Key во апликацијата Apple Wallet наскоро ќе биде достапна и за уште 13 автомобилски брендови. Apple продолжува со својата мисија да го замени физичкиот паричник со дигитален – овој пат со големо проширување на функцијата Car Key во рамки на апликацијата Wallet. Како што пренесува 9to5mac, компанијата откри дека 13 нови производители на автомобили ќе добијат поддршка за оваа функција со ...