Европската комисија го одреди 12 октомври 2025 како датум за постепено започнување со работа на новиот систем за влез и излез, кој ќе бара построги контроли на надворешните граници на Европската унија. Новиот европски систем за влез и излез EES (Entry/Exit System) донесува дигитализација и поголема безбедност на надворешните граници на ЕУ, со постепено заменување на печатите во пасошите за државјани на трети земји и олеснување на борбата против ...

NASA тестира технологија што им овозможува на сателитите за само неколку секунди самостојно да одлучат каде да вршат научни набљудувања. NASA неодамна демонстрираше како технологија базирана на вештачка интелигенција може да им помогне на сателитите во орбита да креираат попрецизни и повредни научни податоци. За првпат, оваа технологија му овозможи на сателит за набљудување на Земјата однапред да „види“ по својата орбита, брзо да ги обработи и ...

Нов бакарен слој во процесорот Exynos 2600 би можел значително да го подобри ладењето на процесорот пред излегувањето на серијата Galaxy S26. Оваа недела, Exynos 2600 постигна импресивни резултати на Geekbench и 3DMark тестовите, а извештаите од Јужна Кореја откриваат дека Самсунг развил нова техника за ладење со назив Heat Pass Block (HPB), која би можела поефикасно да го лади чипсетот за време на работа во споредба со досегашните решенија. ...

Meta ќе ги игнорира насоките на Европската комисија, уверена дека Европа тргнала по погрешен пат кога станува збор за вештачката интелигенција. Европската комисија издаде доброволни насоки за давателите на модели на вештачка интелигенција со општа намена. Компанијата Meta Platforms одби да ги потпише, тврдејќи дека тие воведуваат правна несигурност надвор од рамките на законот. Кодексот за практика за општа вештачка интелигенција (GPAI) се ...

Кога сме ненаспани, речиси е невозможно да ги држиме очите отворени и да останеме концентрирани. Ново истражување спроведено на вински мушички би можело да го објасни потеклото на таа неодолива потреба за спиење, давајќи ни подлабок увид во тоа зошто нашето тело мора да се одмора на клеточно ниво, пишува Science Alert Научниците од Универзитетот „Oxford“ во Велика Британија откриле дека митохондриите, ситните „електрани“ во нашите клетки, се ...

Се предвидува значително зголемување на цените на повеќето модели од серијата iPhone 17 во САД, што веројатно ќе се пренесе и на европскиот пазар. Apple со новата генерација iPhone би можел да ги зголеми цените на речиси сите модели во САД, освен на основниот iPhone 17. Ако се остварат прогнозите на аналитичарот на Jefferies, Едисон Ли, тоа ќе биде првото значајно поскапување на iPhone во САД од 2019 година. Според неговата прогноза, iPhone 17 ...

Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот од првите шест месеци од 2025 година изнесуваат 1.165 милиони денари, наспроти 721 милион денари на крајот од истиот период од минатата година Македонски Телеком ja заврши првата половина на 2025 година со финансиски раст и инвестиции во развојот на инфраструктурата што е клучно за дигиталната трансформација на општеството. Продолжува трендот на раст во сите сегменти, зголемување на бројот на ...

ChatGPT воведува Study Mode за кој тврди дека е помалку насочен кон давање одговори или извршување задачи наместо студентите, а повеќе кон помагање тие да „изградат длабоко разбирање“ на сложени теми. Овој нов начин на користење на ChatGPT не е сосема нов модел на јазичниот модел, туку серија „прилагодени системски инструкции напишани во соработка со наставници, научници и стручњаци по педагогија, со цел да се одрази основен сет од однесувања ...

Остануваат само уште шест недели до лансирањето на новите модели на iPhone, а гласините сè повеќе се засилуваат како што се приближува септември. Досега слушнавме доста информации за можните бои на iPhone 17 линијата, но денеска познатиот дојавувач Сони Диксон објави „лажни“ модели од iPhone 17 кои наводно ги прикажуваат нијансите што Apple ги избрал. Сликите на Диксон ги прикажуваат моделите iPhone 17 Pro во црна, бела, темно сина и портокалова ...

AI Mode на Google добива нови функционалности кои треба да им го олеснат на корисниците пребарувањето и добивањето на посакуваните одговори. Google ги прошири можностите за пребарување преку функцијата AI Mode, донесувајќи низа нови опции што ќе функционираат на различни типови уреди – од мобилни телефони до компјутери. Најинтересна новина е можноста за вчитување PDF-документи директно во AI Mode, каде што вештачката интелигенција ќе го ...

Огромен облак од гас и прав, широк 200 светлосни години, скриен во рамките на Млечниот Пат, би можел да биде клучот за разбирање на длабоките мистерии на настанувањето на ѕвездите и нивната еволуција. Во беспрецедентно откритие, астрономите го претставија постоењето на колосална структура позната како „Среден облак“ (Midpoint Cloud), џиновски молекуларен облак (GMC) кој се протега неверојатни 200 светлосни години. Ова откритие, направено со ...

Новиот состав на Galaxy S26 серијата откриен во кодот – Samsung воведува Edge и Pro модели, а ги укинува стандардниот и Plus Следната генерација на премиум телефони од Samsung, Galaxy S26 серијата, сè почесто се споменува во инсајдерските извештаи, а најновите информации укажуваат на радикални промени во стратегијата. Претходно се зборуваше дека Samsung ќе го укине моделот S26+ и ќе го замени со моделот S26 Edge. Сепак, најновите податоци ...

Adobe воведува нови AI алатки во Photoshop, вклучувајќи подобрено зголемување на слики, вклопување на објекти во сцена (Harmonize) и попрецизно отстранување на објекти. Овие функции се базирани на Firefly моделите и се достапни во бета верзија. Adobe продолжува да го унапредува Photoshop со интеграција на вештачка интелигенција, најавувајќи сет нови функции кои значително ќе ја олеснат обработката и уредувањето на слики. Преку своите Firefly AI ...

Во десеттата епизода на подкастот „Стартап Револуција“, Сашо Јовановски го носи своето прво целосно јавно интервју – и тоа не како класичен говорник, туку како еден од највлијателните, а најмалку експонирани лидери на претприемништвото во Македонија. Тешко е да се дефинира што е среќа во бизнисот – но ако постои личност која може да понуди искрен и автентичен одговор, тоа е Сашо Јовановски. Во десеттата епизода на подкастот „Стартап Револуција“, ...

YouTube преку вештачка интелигенција автоматски ќе ја проценува возраста на корисниците во САД и ќе применува ограничувања за оние помлади од 18 години. Новите мерки започнуваат од 13 август. YouTube од 13 август започнува со воведување на AI технологија за проценка на возраст на корисниците во Соединетите Американски Држави, со цел поголема заштита на малолетниците на платформата. Овој потег е дел од поширок глобален тренд за регулација на ...

Google го задржува четвртото место како најпродаван бренд во САД, но сè уште многу заостанува зад Apple, Samsung и дури и Motorola. Истражувачката фирма Canalys објави извештај за пазарот на паметни телефони во Соединетите Американски Држави за второто тромесечје од 2025 година. Според податоците, Google ја задржа позицијата како четвртиот најголем производител, но разликата во однос на водечките три бренда сè уште е многу голема. Во вториот ...

Нова батерија со цврсто јадро овозможува домет од 3.000 километри и полнење за само пет минути, што би можело да ги реши сите проблеми со дометот на електричните возила. Huawei има поднесено патент за нова solid-state батерија со цврсто јадро наменета за електрични возила, која би можела да обезбеди домет од дури 3.000 километри (околу 1.864 милји). Доколку се покаже дека спецификациите на батеријата се остварливи во реални услови на користење, ...

Со завршната церемонија на свеченото затворање што се одржа во неделата вечер, Скопје се збогуваше со Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025 – најголемиот спортски настан што некогаш се одржал во Македонија. Во текот на изминатата недела, главниот град пулсираше со младинска енергија, спортска страст и европски дух. Над 4.000 млади спортисти од 50 различни европски делегации пристигнаа во Македонија за да се натпреваруваат во ...

Од новата верзија на Samsung One UI 8 тивко е отстранета можноста за отклучување на bootloader-от, што разочара одреден дел од корисниците. One UI 8 на Samsung носи бројни подобрувања и веќе е достапен како стабилна верзија на Galaxy Z Flip 7 и Fold 7. Но, иако повеќето корисници ги поздравуваат новитетите – особено по лошото искуство со One UI 7 – дел од понапредните корисници беа непријатно изненадени: Samsung тивко ја отстрани можноста за ...

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат да откриваат нови, изненадувачки детали за неговото функционирање. Со години, преовладуваше мислењето дека допаминот, откако ќе се ослободи, полека се шири низ мозокот како хемиски мегафон, испраќајќи пораки до голем број клетки, пишува Science Alert. Сепак, најновото истражување ја разбива оваа класична слика. Се чини дека допаминот е способен и за нешто ...

Земјените тестови занемариле клучен физички фактор: песокот се однесува поцврсто на Земјата отколку во услови на послабата месечева гравитација, што довело до погрешни претпоставки за подвижноста на роверите Тим машински инженери од Универзитетот во Висконсин открил сериозна грешка во начинот на кој се тестираат вселенски возила на Земјата. Станува збор за грешка која со години доведувала до погрешни пресметки за однесувањето на роверите на ...

Побезбеден, посигурен и поприватен начин на плаќање со iPhone и Apple Watch Visa, светски лидер во платежните технологии, од денеска им овозможува на своите клиенти во Македонија пристап до Apple Pay – побезбеден, посигурен и поприватен начин на плаќање, кој им овозможува на корисниците да избегнат давање на својата картичка на други, допирање физички копчиња или размена на готовина — користејќи ја моќта на iPhone за заштита на секоја ...

Нови гласини откриваат детали за Samsung Galaxy S25 FE, кој треба да биде претставен во септември. Се очекуваат три бои, две мемориски варијанти и Exynos 2400 чипсет, како и седум години надградби. Samsung се подготвува оваа есен да го претстави новиот модел од својата популарна Fan Edition серија – Galaxy S25 FE. Според најновите информации што ги објави доверливиот типстер Арсен Лупен, уредот би требало да биде претставен во септември, а веќе ...

Истражувачи од Технолошкиот институт во Масачусетс (MIT) развијаa специјализиран 3D принтер кој користи остатоци од храна како суровина. Наречен FOODres AI Printer, овој 3D принтер може да ги трансформира секојдневните отпадоци од храна во корисни предмети. Според истражувачите, принтерот може да обработува различни видови отпад како лушпи од јајца, талог од кафе, кора од банана и стебленца од цвеќиња, и од нив да создава предмети како шолји за ...

Отворањето сметка на шалтер во банка со долги процедури и многу документи е минато. Халкбанк воведе иновативна, брза и безбедна можност за онлајн отворање платежна сметка и аплицирање за електронско и мобилно банкарство. Оваа опција е особено прилагодена на динамичниот животен стил на младите, кои сега со само неколку клика на мобилниот телефон, може да отворат сметка додека се во својот дом, на кафе со другарите или на кампување на планина. Со ...

Преклопните паметни телефони не се познати по својата издржливост, но тоа не може да се каже за Galaxy Z Fold 7, кој успешно го помина бруталниот тест на Зак Нелсон. Оние кои редовно го следат Зак Нелсон и неговите тестови за издржливост на You Tube каналот JerryRigEverything, знаат дека преклопните телефони обично не се покажуваат најдобро. Сепак, неодамна претставениот Galaxy Z Fold 7 пријатно изненади со својата издржливост и успешно ги ...

Компанијата Microsoft започна со тестирање на нов експериментален Copilot режим во својот прелистувач Edge. Станува збор за режим потпомогнат од вештачка интелигенција, кој му овозможува на Copilot да ги пребарува сите отворени јазичиња и да извршува задачи како што се резервации во ресторани, додека Copilot четботот се прикажува во ново јазиче. Copilot Mode претставува нешто помеѓу ограничената интеграција на Gemini што Google ја тестира во ...

За разлика од постоечките модели, паметниот часовник на Meta ќе биде фокусиран на виртуелната реалност и користењето во рамките на метаверзумот, а не на здравје и фитнес. Технолошкиот гигант Meta, познат по Facebook, сè повеќе излегува од рамките на софтверот и се проширува во областа на хардверот. По успехот со паметните очила, компанијата се подготвува да го лансира својот прв паметен часовник. За разлика од модели како Apple Watch или Garmin, ...

Подарок – пакетчињата кои содржат ранец, распоред на часови, мозгалка, Плазма бисквити и шишенце Роса ќе бидат дистрибуирани до сите основни училишта низ државата за да ги пречекаат првачињата на 1 септември Министерството за образование и наука и ЗЕЛС потпишаа Меморандум со социјално одговорните компании Бамби и Пивара Скопје, според кој над 21.000 првачиња кои ќе го започнат своето школување на 1 септември, ќе добијат подарок пакетчиња со ...

Новиот дизајн на главниот модул со камери кај iPhone 17 Pro веднаш открива дека станува збор за прототип, иако Apple се обидел да го сокрие со заштитна маска. Одбројувањето до претставувањето на серијата iPhone 17 е во тек, а овој пат се очекува најголемата промена во дизајнот уште од моделот iPhone X. Според извори, Apple по многу години планира да го измени изгледот на главниот модул со камери, што треба да биде визуелно највпечатливата ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
87%
1020
weather icon

Белград

6ᴼ / 2ᴼ
3.09
75%
1018
weather icon

Загреб

6ᴼ / 2ᴼ
0.51
82%
1016
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1023
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.66
71%
1020
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
91%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
4.47
91%
1015
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
1017
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
76%
1020
weather icon

Будимпешта

-1ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1018
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
87%
1019
Currency

61.6038

Currency

52.8195

Currency

70.9415

Currency

34.3723

Currency

37.6973

Currency

66.7175

Currency

7.41854

Currency

0.64939

Currency

0.35195

Currency

0.52596

Currency

1.26247

Currency

0.6008