Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тони марихуана и биомаса. Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на ...
Кај двајца припадници на професионалните војници кои се на обука во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес е дијагностицирана кожната болест „scabies“ (шуга), информираат попладнево со соопштение од Канцеларијата за воени односи со јавноста при Генералштабот на Армијата во соработка со Министерството за одбрана. Како превентивна мерка, сите новопримени професионални војници кои се обучуваат во Командата за обука и доктрини се пуштени ...
Косовската претседателка Вјоса Османи Садриу изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ја заслужува следната Нобелова награда за мир и дека таа ќе го номинира за неа. Таа ја даде изјавата како одговор на прашање од списанието „Њузвик“. Годишната Нобелова награда за мир е отворена само за одредени поединци, а рокот за номинирање е на крајот на јануари. Меѓу оние кои имаат право да номинираат кандидати се и шефови на држави, додека ...
Западноевропејците сè повеќе ја ценат европската автономија и вредноста на трансатлантските врски и немаат намера да се откажат од нив за да му угодат на Доналд Трамп, покажува анкета, што укажува дека мислењето за Соединетите Американски Држави паднало на најниско ниво во последната деценија откако ЈуГов (YouGov) започна да спроведува вакви анкети. Обидот на американскиот претседател да го преземе Гренланд силно ги сврти Европејците против ...
САД ги повика своите државјани веднаш да го напуштат Иран поради сериозни безбедносни ризици, тероризам, немири, киднапирање и притворања американски граѓани. Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така, се посочува дека граѓаните сами треба да си го организираат ...
Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип посети 30 средни училишта на територија на цела држава, со порака дека инвестицијата во знаењето е инвестиција во иднината на младите. Од УГД-Штип информираат дека учениците имаа можност директно да се запознаат со студиските програми, студентскиот живот и можностите што ги нуди еден современ, европски ориентиран универзитет. Посочуваат дека преку интерактивни работилници, отворени дискусии и ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи главната расправа за предметот против Раде Трајковски – Штекли и останатите обвинети за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. На денешното рочиште беа презентирани материјални докази, вклучувајќи записници за претрес, потврди за привремено одземени предмети и форензички вештачења за пронајдени наркотични супстанци и биолошки траги. Пред судот беа изведени докази ...
Изедначувањето на цигарите со алтернативните никотински производи во новиот законски предлог отвора дилеми за ефикасноста на таквиот пристап. Меѓународните примери укажуваат дека строгите рестрикции не секогаш ја намалуваат стапката на пушење – земјите што дозволиле употреба на помалку штетни алтернативи, како електронски цигари, никотински ќесички и вејпови, постигнале подобри резултати во намалувањето на пушење. Според дел од медицинските ...
Камерите кои ќе ловат прекршоци, вкупно 40 на број се исталираат на патот кон Охрид, а ќе бидат поставени и во градот и во соседна Струга. Системот „Безбеден град“ со инфраструктурата делумно е поставен и тоа четири камери се инсталирани на делницата од автопатот Охрид-Кичево, како и кај Ботун и Ново Села во Дебрца. Овие новоинсталирани камери засега не испраќаат казни, туку се во фаза на техничко тестирање и контрола на целокупната опрема. ...
Претседателот на Советот на општина Кочани Александар Андов истовремено е и директор на кочанското основно училиште „Никола Карев“. Две јавни општествени функции, кои истовремено се и во судир – директорот Андов одговара пред советникот Андов. Решението да се иззема во случаите кога Советот одлучува во врска со неговата работа како директор не е дозволиво, констатира Државната комисија за спречување на корупцијата, која посочува дека според ...
Агенцијата за катастар на недвижности го објави последниот квартален извештај за 2025 година за трговија со недвижнини во државата. Извештајот покажува дека во периодот од 1 октомври 2025 година до 31 декември 2025 година, во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 9.283 трансакции на недвижности. Споредбено со третиот квартал од 2025 година, во oвoj квартал има регистрирано 964 трансакции повеќе што укажува на раст на пазарот на ...
Швајцарските власти во Кран-Монтана затворија хотел со пет ѕвезди поради проблеми со противпожарна безбедност. Одлуката е донесена само неколку недели по смртоносниот пожар во бар во алпскиот ски-центар, при што загинаа 41 човек. Локалните власти посочија дека во август биле откриени проблеми со противпожарната безбедност во „Гранд хотел ду голф е Палас“ (Grand Hotel du Golf et Palace), што се наоѓа во близина на главната улица во ...
Рускиот генерал-полковник Владимир Алексеев денеска е хоспитализиран откако беше застрелан во Москва. Алексеев е прв заменик-началник на Главната дирекција за разузнавање на Генералштабот на руските вооружени сили. За време на бунтот на руската платеничка група Вагнер во јуни 2023 година, Алексеев беше еден од преговарачите со Евгениј Пригожин. Од почетокот на војната во Украина неколку високи руски воени функционери беа цел на атентати, за ...
Српската полиција вечера приведе уште едно лице осомничено во случајот со нападот врз семејната куќа на пејачот Здравко Чолиќ во Белград. Станува збор за М.А. (23), кој е осомничен дека му помагач во извршувањето на кривичното дело на С.М., кој беше уапсен вчера. Во вторникот утрото беше фрлена бомба врз куќата на Чолиќ на Дедиње во Белград. Немаше повредени во инцидентот, предизвикана беше само голема материјална штета. Српската полиција ...
Поранешниот српски премиер и актуелен претседател на владејачката Српската напредна партија (СНС) и советник на претседателот на државата, Милош Вучевиќ, зборувајќи за претстојните парламентарни избори во Србија, изјави дека очекува претседателот Александар Вучиќ да биде иден премиер. „Не можам да кажам дека во секое време се согласував со сите негови потези, но се покажа дека знае што прави. Ова покажува кој е вистински државник. Не е реално ...
На новите фотографии и видеа од сексуалниот престапник Џефри Епстајн, што ја шокираше светската јавност може да се видат деца. На две фотографии, Џефри Епштајн држи деца во раце, а едно од нив го гризе за задникот. Објавено е и видео на кое се гледа девојка со долга руса коса врзана во опавче одзади. Во друго видео се гледаат четири девојки, од кои две се голи и носат бокали со вода во луксузна, мермерна бања. Главниот обвинител рече дека ...
Истиот ден кога Јавното обвинителство соопшти дека работи на предмет по јавно искажаните закани и навреди на протестите во повеќе градови низ државата, стигна извинување од двајца најгласни граѓани на протестот во Битола. Рафет Бемишовски и Феим Мемишовски велат дека биле вознемирени од одземањето на возилата на нивни блиски луѓе од страна на полицијата и биле револтирани од постапките. Два дена припадници на ромската заедница протестираа и ...
ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти дека нивните екипи во текот на првиот месец од 2026 година подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. Отстранети се и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно ...
На 15 март, ден пред годишнината од трагедијата во Пулс, кочанскиот ПСК Осогово организира меморијален марш во чест на загинатата планинарка, Ивона Антова: „По повод една година од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животот го загуби нашата млада планинарка Ивона Антова, во нејзина чест и во спомен на 63-те прерано згаснати животи, Планинарско спортскиот клуб Осогово – Кочани на 15 март го организира првиот меморијален ...
ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи седница на Централниот комитет (ЦК), на која ќе се избираат нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата. Претседателот на партијата и премиер Христијан Мицскоски синоќа најави дека во овој мандат ВМРО-ДПМНЕ ќе има претседател, генерален секретар и членови на Извршниот комитет (ИК). Досегашните потпретседатели ќе бидат предложени за членови на ИК на партијата, а ќе има и нови имиња. Во интервју за ...
Се’ уште нема официјална информација од Обвинителството и МВР по синоќешната акција, во која како што се шпекулира се пронајдени меѓу 27 и 30 тони на марихуана. Доцна синоќа од кругот на Охис, каде се вршеа претресите излегоа шест камиони и шест комбиња. Дали ја носеа запленетата марихуана, ќе треба да соопштат од истрагата. Истрагата е насочена кон компанијата „Алфафарм“ ДОО Скопје, која работи две години година со лиценца за медицински ...
Без стекнато право на возачка дозвола или без да поседува важечки документ полицијата вчера евидентирала 11 возачи. Двајца од нив се малолетници. На сите ќе им бидат поднесени кривични пријави . Во продолжение соопштението од МВР: На 05.02.2026 во 16:00 часот на ул.„Таше Милошевски” во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Д.К.(27) од с.Јанковец, ресенско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле ...
Оглас за проджба на венчаница го насмеа цел Балкан. Една девојка го продава фустанот, а посебно внимание привлече начинот на кој беше напишан огласот – искрено, хумористично и без разубавување, со самоиронија што многумина ги насмеа. Девојката одлучи да ја раскаже приказната каква што е, без патетика и без криење, давајќи му на фустанот нова вредност преку хумор и отвореност. Огласот гласи вака: „Купено во наплив на емоции, носено затоа што ...
На 14 февруари, денот кога се слават и љубовта и виното, Скопје ќе има уште една причина за славење, а тоа е првиот солистички концерт на Сенидах. Таа вечер СЦ „Јане Сандански” ќе стане простор каде што емоцијата ќе се пие на голтки, а музиката ќе се чувствува без задршка, претворајќи се во интензивно доживување исполнето со блискост и заеднички моменти. Сенидах е артистка со идентитет што не се ограничува на граници. Родена во поранешна ...
ЉУБОЈНА, една од најавтентичните македонски музички групи, оваа година прославува 25 години постоење и ја започнува 2026-та со ново големо целовечерно концертно издание во Скопје за одбележување на четврт век творештво во својот препознатлив манир кој ја позиционира групата во еден од водечките музички брендови на Македонија. Јубилејниот концерт на Љубојна ќе се одржи на 29 март со почеток во 20:00 часот, во Големата сала на Филхармонија. ...
По десетината протести кои се случија изминатите два дена насочени кон доследната примена на новинте законски измени, следеа повеќе објаснувања за тоа како и зошто полицијата може да одземе возило. Првиот услов за одземање возило е доколку лице управува возило без стекнато право на возачка дозвола. Возењето без дозвола е кривично дело. Но, одземањето е привремено, додека затоа дали трајно ќе му биде одземено возилото на сопственикот, зависи ...
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека случајот со петте тони дрога кои завршиле во Србија, а според српското обвинителство потекнуваат од Македонија, е сериозен случај и оти очекува деновиве МВР да излезе со запленети десетици тони дрога за која е констатирано дека незаконски е пуштена во промет или незаконски складирана. – Тоа е еден сериозен случај. Тоа е еден проект кој во минатото го водеше претходната влада која ги доведе ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) презема соодветни мерки и активности на локации во Скопје и Струмица за опојна дрога. Од МВР најавуваат повеќе детали по завршувањето на активностите. Дел од медиумите веќе објавија дека станува збор за заплена на околу 30 тони марихуана, односно дека синоќа имало полициска опсада на ...
Кривични пријави за 11 возачи, управувале возило без положен возачки испит или со изречена забрана за возењe, информира МВР. Ова се возачите, кои добиле кривични: -На 04.02.2026 во 10:10 часот на автопатот Градско- Велес, кај клучка Караслари, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ф.Ј.(35) од Прилеп. При сообраќајна контрола, било сопрено патничко возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Ј. и покрај ...
Изминатата недела до Институот за јавно здравје (ИЈЗ) пријавено е едно починато лице од со грип. Се работи 62-годишен маж од Тетово кое било хоспитализирано на Инфективното одделение Клиничката болница од Тетово. „Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Лабораториски е потврдена Influenza А(H3)“, соопшти ИЈЗ. Охрид, Дебар и Гевгелија се градови со најолем број на ...