Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Селекторот Гоце Седловски ни риба ни девојка, вели екс селектерот на фудбалската репрезентација по избор на Седлоски за нов селектор. Тој на својот Фејсбук, по само неколку часа од промоцијата на Седлоски, напиша: -Несериозен пристап на раководството на ФФМ заедно со УО најпрво со селекторот Благоја Милевски, а сега и со изборот на новиот селектор Гоце Седловски за клучните натпревари за пласман на Светско првенство кој претставува национално ...
По обвинувањата на екс селекторот Игор Ангеловски, кој не е задоволен од изборот на Седлоски за нов селектор на Фудбалската репрезентација, се јави Горан Пандев. Пандев луто му врати на Ангеловски и на Инстаграм на неговиот профил напиша: -Се јави големиот селектор, големиот „патриот“. Не дочека ни шест часа да почне да плука . Замислениот Наполеон. Експертот кој во последните години во ниеден клуб не се задржа повеке од 2-3 месеца . Шарлатан ...
За оние, кои преферираат парадокс, кои бараат, но не разговараат кога ги повикуваме на дијалог, ќе повторам: оваа Влада нема да подлегне на уцени и од друга страна не можеме да бидеме пристрасни кон една општествена група на сметка на останатите, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница осврнувајќи се на протестите на земјоделците. Мицотакис изрази надеж дека протестите ќе се смират и потсети дека во ...
На 26 декември, Скопје станува сцена на ексклузивен музички спектакал. Во Арена „Борис Трајковски”, пред домашната публика ќе настапи светски познатиот турски ДЈ и подуцент Mahmut Orhan, носејќи уникатно арена-искуство што ги спојува софистицираниот електронски звук и пулсирачката енергија на најдобрите светски клубови во рамки на настанот именуван како „Mahmut Orhan – The Arena Experience”, во организација на Music Rituals. Препознатлив по ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против В.Б. во својство на извршен член на Одбор на директори на Друштво за спортски дејности Кошаркарски Клуб Куманово 2009 АД Куманово поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353 став 4 и 5 в.в со ст.1 од КЗ на Република Северна Македонија. -Пријавениот В.Б., во ...
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска во своето годишно обраќање пред пратениците во Собранието нагласи дека една од најважните работи за враќање на општествената доверба е потребата за право и непристрасна и навремена правда. Таа посочи дека проектот Безбеден град покажал дека навиките се менуваат тогаш кога правилата важат подеднакво за сите, без врски и протекции. -Но, потенцирам, нужен е системски пристап кон решавањето на ...
Кривични пријави против претседателот и секретарот на Општинскиот фудбалски сојуз Охрид за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама“ -СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ц.М.(47) и Н.Ц.(39), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама“. Првопријавениот, во својство на претседател, а второпријавениот во својство на секретар на Општински фудбалски сојуз ...
Семејствата на загинатите од пожарот во дискотеката Пулс бараат дополнителна токсиколошка анализа, откако ИРЛ објави сторија во која се вели дека според обдукциските наоди на жртвите, ниту една од 50-те жртви од пожарот во кочанскиот див ноќен клуб „Пулс“, кај кои како причина за смрт е утврдено задушување со јаглерод моноксид, немале ни приближно фатални нивоа за да умрат од тоа. „Разликата меѓу јаглерод моноксид (CO) и водороден цијанид ...
Кому му одговара да бидеме надвор од ЕУ, ако не на третите сили? Кој отвора влијание за трети сили? Зарем е можно тоа да биде земја – членка на ЕУ и наш прв сосед? Како ЕУ претендира да биде геополитичка Унија, а притоа да ја држи нашата земја и Западниот Балкан во геополитички вакуум? Македонските евроинтеграции се школски пример за последиците од занемарување од процедурата како гаранција за демократијата, истакна претседателката Гордана ...
На сите мали потрошувачи им се дава сигнал да одат на слободниот пазар на електрична енергија каде ќе си обезбедат 30 – 40 отсто пониски цени од оние на ЕСМ. Целта ни е да ги намалуваме количините на електрична енергија што ги обезбедува ЕСМ и ЕСМ што е можно повеќе да биде активна на слободниот пазар, рече денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. Според него, ЕСМ треба да биде многу поактивна на ...
Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. -Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на ...
Полски и сојузнички авиони утрово полетаа за да го заштитат полскиот воздушен простор откако Русија изврши воздушни напади врз западна Украина, во близина на полската граница. Борбените авиони беа мобилизирани, а копнениот систем за воздушна одбрана и радарскиот систем за извидување беа ставени во состојба на висока готовност, објави полската армија на платформата Икс. Полската армија посочи дека преземените мерки се превентивни и имаат за ...
Во МКЦ, на местото каде што 1983 година се одржа првиот настап на „Меморија“, вчера се отвори изложба насловена како „Времеплов, од црно-бело во боја“, на која низ фотографии е објснета приказната на оваа култна група. Но, пред изложбата се одржа прес на кој освен деталите за концертот, кој ќе се случи на 25 декември во 20 часот на истото место, се пјавија речиси сите пејачи и музичари кој поминале низ годините во „Меморија“. На пресот се ...
Американската агенција за храна и лекови (ФДА) ја одобри првата таблета за слабеење, Вегови (Wegovy), создадена од данската фармацевтска компанија Ново нордиск. Таблетата се зема еднаш дневно и, според производителот, нуди ист ефект како и неделна Вегови инјекција. За разлика од други слични лекови, кои првенствено се наменети за дијабетес тип 2, овој нов изум од самиот почеток е создаден исклучиво за слабеење. Земајќи ги предвид направените ...
Познатиот македонскиот музичар, автор и изведувач Јордан Митев неуморно работи веќе цели 20 години на својата професионална кариера. Благодарение на својот ангажман, но и неговата верна публика две децении изведува своја авторска музика и реди безвременски хитови, кои се составен дел од македонското музичко наследство. Зад себе остава година, во која неуморно секојдневно работеше дома, но и во светот за сите наши вистински љубители на ...
Музичкиот свет го загуби еден од своите најпрепознатливи гласови – Крис Риа. Британскиот кантавтор, најпознат по божиќниот хит “Driving Home for Christmas”, почина на 74-годишна возраст, опкружен со своето семејство, по кратка и сериозна болест, пренесува курир.рс. Во текот на својот живот се соочи со низа сериозни здравствени проблеми, но продолжи да се бори и, како што често велеше, не се плашеше од смртта. Неговата иконска песна “Driving ...
Повеќе граѓани на Кочани во изминатиот период биле жртви на измамници, кои изнудувале пари со веќе познатата тактика дека се службени лица кои сакаат да помогнат на нивни блиски кои се под кривичен прогон поради сторена сообраќајна несреќа со смртни последици. СВР Штип денеска информира дека се работи главно за повозрасни луѓе, кои биле доведени во заблуда од лицата кои им се јавиле по телефон, претставувајќи им се како службени лица, ...
Жителите на населбата Железничка во Штип синоќа по 23 часот сведочеа на силен пламен од отпадот каде се складираат и преработуваат секундарни суровини. Пожарот го локализираше Територијалната професионална противпожарна единица. Според информациите од штипската полиција, горел отпад, а бил зафатен и хангар. -На 22.12.2025 во 23:11 часот во СВР Штип е пријавено дека настанал пожар во објект на ул.„Железничка“ во Штип, сопственост на С.В.(49) ...
Најниската температура утрово е измерена во Берово -2 степени, а највисока во Гевгелија, Претор, Прилеп и Битола со 4 степени. Во Скопје на Зајчев Рид се измерени 2 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според УХМР, 0 степени измерени се во Крива Паланка, Тетово, Струмица, Mаврови Анови, 1 степен во Куманово, Виница, 2 степени во Штип, Велес, Кавадарци, Kрушево и 3 степени во Охрид и Демир Капија. Денеска времето ќе биде ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека со Обединетите Арапски Емирати се води активен дијалог помеѓу нашето и нивното министерство за постигнување два договори – договор за стратешко партнерство, кој ќе ги олесни меѓусебните инвестиции и договор за слободна трговија. Тој во синоќешното гостување во емисијата „360 степени“ на МТВ 1, говорејќи за активностите насочени кон зајакнување на економската и ...
Учениците ќе следат настава до крајот на месецов и потоа заминуваат на зимски распуст. Ќе нема порано распуштање поради загадувањето. Прашана дали поради загадениот воздух МОН размислува за предвремено завршување на првото полугодие од учебната 2025/2026, министерката Весна Јаневска денеска изјави дека остануваат уште малку денови до распустот. Како што рече, во овој момент немаат информации дека нивното здравје е загрозено и дека не е ...
„Инфлацијата во земјава е стабилизирана и инфлациските очекувања се закотвени, додека девизните резерви се на високо ниво и обезбедуваат силна гаранција за стабилноста на девизниот курс“, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостување во емисијата „24 анализа“. Гувернерот истакна дека трендовите кај инфлацијата во изминатите месеци укажуваат на јасна стабилизација, при што во два наврата е забележано и месечно намалување ...
Божиќната забава организирана од Синдикатот на автобуси и трамваи Хрватска – Загреб, одржана на 19 декември во Ругвица, ескалирал во доцните вечерни часови, а епилог биле сериозни повреди на членовите на ангажираниот бенд и полициска истрага. Снимките од прославата, на која присуствувале најмалку 460 гости, се прошири на социјалните мрежи со брзина на светлината. Видеата прикажуваат момент во кој еден од гостите се качува на масата, ги спушта ...
Кремљ денеска соопшти дека американските разузнавачки агенции грешат кога веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин сака да ја преземе цела Украина и делови од Европа што некогаш биле дел од поранешниот Советски Сојуз. Британските медиуми минатата недела објавија, повикувајќи се на шест неименувани извори, дека извештаите на американските разузнавачки служби продолжуваат да предупредуваат дека Путин не се откажал од својата цел да ја ...
Не само Словачка, туку и сите западни земји ќе ги обноват врските со Русија по завршувањето на конфликтот во Украина, изјави словачкиот претседател Петер Пелегрини за словачката телевизија TA3. „Мислам дека подоцна, кога ќе заврши војната и ќе се најде некаков повоен договор и гаранција за одржлив мир, ќе се обноват нормалните трговски односи и контакти со Руската Федерација. И тоа ќе го направи не само Словачка, туку и сите земји западно од ...
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс изјави дека е постигнат голем напредок во мировните преговори за Украина, но додаде дека сè уште не може со сигурност да каже дека е можно мирно решение, објави денеска британскиот сајт UnHerd. Во интервју за оваа веб-страница, Венс рече дека напредокот се состои во фактот дека сите прашања сега се дискутираат отворено. „Она што го видовме од украинската и руската страна во изминатите неколку недели е ...
Опозицијата денеска преку свои соопштенија и изјави се обидува да ја манипулира јавноста. Европската комисија нема донесено одлука за суспензија на средствата од ИПАРД III програмата, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). -На состаноците со претставниците на Европската комисија беше најавено преземање дополнителни контроли во делот на веќе завршените предмети. По завршувањето на проверките и контролите ...
Иако Штип во текот на годината важи за еден од почистите градови – токму благодарение на честите ветрови што го разнесуваат загадувањето – последните десет дена ситуацијата е поинаква. Штипјани деновиве дишат загаден воздух бидејќи ветерот го нема и се појави маглата во градот. Според податоците од мерната станица на лабораторијата АМБИКОН при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во овој период е забележано надминување на 24-часовните ...
Економско-социјалниот совет денеска не донесе одлука за зголемување на минималната плата. Од Владата велат дека не се против зголемување на минималната плата, но дека тоа треба да е економски оправдано. Економските параметри во моментот, како што велат од Владата, покажуваат дека нема потреба од такво нешто. Од Сојузот на синдикати остануваат на ставот за зголемување на минималната плата со оглед на тоа што секојдневно растат животните ...
Новата цена на струјата, која се очекува да стапи на сила од1 јануари 2026 година, ќе ја соопшти на утрешната прес конференција претседател на Рагулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски. ЕВН Хоум предложи цената на струјата да се зголеми за околу 6 отсто. Во истиот ден со соопштувањето на новата цена на струјата, Владата на редовна седница се очекува да прогласи кризна состојба на пазарот на струја. Одлуката се носи по ...