Со примена на нтелектуалните активности како што се учење странски јазици, читање, пишување се намалува можноста од добивање деменција за речиси 40 отсто, покажува ново истражување на американски научници. Со ова многу луѓе би можеле да го одложат, па дури и спречат развојот на оваа болест. Според нив демeнцијата се смета за една од најголемите здравствени закани во светот, а бројот на заболени би можел да се зголеми, и до 2050 година да ...

Сојузот на синдикати денеска напладне ќе ја реализира втората од најавените три блокади барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 6.000 денари. По блокирањето на влезовите на македонското Собрание во понеделникот, денеска ќе биде блокирана Стопанската комора во центарот на Скопје. Блокадата на Комората е поради, како што велат од ССМ, тоа што работодавачите не сакаат да ги зголемат платите на работниците ...

Во Белград е уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Скопје и избега со татко му. -На 11.02.2026 од страна на надлежните служби во Србија известени сме дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, ...

Слабости во пописот на побарувањата и обврските, неправилности во остварувањето на приходите, давање попусти и подароци, исплаќани надоместоци без законска основа, плаќање данок на додадена вредност за услуги поврзани со основната дејност и слабости во спроведувањето и реализацијата на јавните набавки, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во ревизорскиот извештај за Државниот архив на Република Северна Македонија. Во извештајот ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природа со отпад од член 230 од Кривичниот законик. Во периодот од 28.02.2025 до 09.07.2025 година, обвинетите незаконски оставале, собирале и управувале со опасен отпад што содржи супстанции кои имаат својство на експлозивност, запаливост, ...

Посебен режим на сообраќај во Скопје. -Денеска (12.02.2026) со почеток од 12.00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Стопанска Комора на Р.С. Македонија на ул.„Димитрие Чуповски “ и ул.„Даме Груев“ и сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на ...

Со одлуката на Владата, донесена во вторникот, се овозможи конечно решавање на деценискиот проблем со паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза”, рече денеска министерот за здравство Азир Алиу. Се создаде правна основа за потпишување договор со Градот Скопје. Договорот ќе биде склучен на 15 години, со закупнина во висина од 10 отсто од вкупно остварениот промет, а Градот Скопје ќе почне со проектирање и изградба на катни гаражи и ...

При денешното положување заклетва на министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за правда Акан Ѓурлек во Меџлисот, пратениците физички се пресметаа. Инцидентот се случи кога пратениците од најголемата опозициска партија Републиканска народна партија (ЦХП), која не се согласува со именувањето на Ѓурлек, ја зазедоа парламентарната говорница. Пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) се обидоа да ги ...

Американската скијачка Линдзи Вон објави вечерва дека успешно е оперирана по трет пат откако имаше тежок пад во спустот на Зимските олимписки игри кои се одржуваат во Милано и Кортина. Четириесетиедногодишната Вон ја илустрираше објавата на Инстаграм со фотографии од болничкиот кревет со кренат палец. „Денеска ја имав третата операција и беше успешна. Иако закрепнувањето е бавно, напредувам и знам дека ќе бидам добро“, порача Вон. View this ...

Собранието, денеска, во рамките на 84. седница ги донесе законот за дополнување на Законот за здравствената заштита и законот за ратификација на дополнителниот протокол кон Конвенцијата за договорот за меѓународен патен превоз на стоки (CMR) за електронски товарен лист, усвоен во Женева на 20 февруари 2008 година. Со законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, кој се носеше по скратена постапка, се укинува дискреционото право ...

Во синокешната сообраќајка на влез во Скопје меѓи камион и БМВ се запалиле и двете возила. -На 10.02.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје- Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(25) од с.Бујковци, скопско и товарно возило „мерцедес” со полуприколка со неготински регистарски ознаки, ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против М.С. на работно место советник за управни работи за Штип во Одделението за управни работи Штип при Одделот за граѓански работи, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „проневера во служба” по член 354 став 1 од Кривичниот законик. -Пријавениот М.С. во ...

Дел од осомничените полицајци за Пулс, против кои ОЈО ГОКК водеше истрага и излезе со обвинение, го тужеле Министерството за внатрешни работи затоа што по отворањето на истрагата, не ги суспендирало, туку им го ставило во мирување работниот однос, со што им предизвикало штета ставајќи ги во ситуација во која не добивале плати, ниту придонеси – здравствено и пензиско осигурување во услови кога сеуште немало поднесено обвинение ниту правосилна ...

Претседателот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски, во изјава за медиумите денеска истакна дека тие го поддржуваат новиот закон за заштита од пушење, но, како што рече, треба да се најдат начини и мерки да не предизвика намалување на бројот на работници во овој сектор. – Ние како синдикат имаме забелешки и ќе ги доставиме. Очекуваме и угостителите, Комората на угостителите, односно на работодавачите, да ги даде своите забелешки. Нашите забелешки се ...

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија“, каде што поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, заедно со уште двајца онколози, е обвинет за несовесно лекување пациенти. На рочиштето словенечкото вешто лице Маја Равник сведочеше за медицинските наоди и за терапиите дадени на повеќе пациенти. Вештакот посочи дека кај една пациентка биле заведени три дијагнози, со ...

Во вооружен напад во средното училиште во градот Тамблер Риџ, во Британска Колумбија, во Канада, убиени се десет лица, вклучувајќи го и напаѓачот, објавија властите. Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без знаци на живот во куќа во близина на училиштето. Полицијата верува дека двата ...

На патниот правец Куманово – Скопје кај клучка Хиподром воведена е девијација поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.Се бележат слаби врнежи од снег на Попова Шапка кои што не се задржуваат на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100м. Стража до 80м. и Крушево до 30 м. Интензитетот на ...

Македонски државјанин од Скопје, кој во моментов живее и работи во Германија, е опериран со хируршкиот роботски систем da Vinci на Клиниката за кардиохирургија во Центарот за срце во Дуизбург, Германија. Операцијата ја извел тим предводен од доктор Едис Љајиќ, кардиохирург, специјализиран за минимално инвазивна кардиохирургија и раководител на секторот за роботска кардиохирургија, кој исто така е по потекло од Македонија. – Јас и мојот тим од ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека во согласност со член 62, став 3 од новиот Закон за инспекцискиот надзор, кој е во сила од 1 јануари 2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата. – Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени, ќе се реализира ...

Вчера лишени од слобода седум возачи поради управување возило без возачка дозвола, од нив двајца малолетници -Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. Од нив двајца во Скопје и по еден во Гевгелија, Богданци, Гостивар, Тетово и Битола. Возачот во Гостивар е малолетник, како и еден од возачите во Скопје, кој ...

Лишен од слобода албански државјанин поради давање поткуп, следува соодветна пријава На 10.02.2026 во 20:25 часот на Граничен премин Блато, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ го лишија од слобода Б.Ц.(33) од Република Албанија поради сомнение дека сторил кривично дело „давање поткуп“ по член 358 од Кривичниот законик. Имено, при пасошка контрола при излез од државата, тој во неговата патна ...

Кривична пријава заработил стружанец, кој бил фатен со хашиш. -СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.П.(42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. При излез од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и ...

Француското правосудство обелодени уште еден случај на педофилија и бара сведоци по обвинението против 79-годишен маж кој силувал повеќе од 89 малолетни лица. Обвинетиот е приведен во 2024 и е осомничен дека извршил силувања и агресија врз малолетни лица во периодот од 1967 до 2022 година. Случајот го истражува Обвинителството во Гренобл. Наводните злосторства се извршени во Германија, Швајцарија, Мароко, Нигерија, Алжир, Филипините, Индија, ...

Во кругот на ТППЕ – Кочани пристигна чешката донација, десеттонска цистерна „тетра“ со погон на шест тркала и висока клиренс пумпа за вода со јачина од 760 кпс. На настанот, на кој присуствуваа и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, градоначалникот Грозданов упати благодарност до Чешката Република за силната поддршка на Кочани. „Особено сме благодарни што оваа ...

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, попладнево, во процедурална забелешка информира дека нивната пратеничка група нема да учествува во работата на собраниската седница. Ова следеше откако пред паузата тој побара дневниот ред да се дополни со Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата што од партијата денеска повторно го поднесоа, но претседателот на Собранието Африм Гаши му одговори дека ...

Врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот Аптамил, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со ...

Европската пракса е доколку нечие домашно милениче биде затечено надвор без присуство на неговиот сопственик, лицето кое го одгледува да биде казнето заради тоа. Наспроти тоа, во Македонија многу често домашните миленици откако ќе поминат некое време во домот, сопствениците ги напуштаат и ги оставаат на улица. Најсерозен проблем се уличните кучиња, кои потоа некотрнлирано се размножуваат, па формираат и глутници за време на периодот на ...

Чести промени на терапијата без медицинско објаснување, давање лекови кои меѓусебно го поништуваат дејството и аплицирање хемотерапија во терминална фаза, која наместо да помогне, го скратувала животот на пациентите, се дел од заклучоците што денеска ги презентираше вештото лице Маја Равник од Медицинскиот факултет во Марибор, Словенија, на рочиштето за случајот „Онкологија“ во Основниот кривичен суд Скопје. Вештачењето е изработено врз ...

Триесет години по атентатот на првиот претседател на самостојна Македонија Киро Глиговор се бараат одговори на четири клучни прашања: кои беа причините и мотивите за атентатот, кои се можните нарачатели и извршители, дали можеше и зошто не беше превениран атентатот и зошто државните органи во изминатите три децении не дадоа одговор на овие прашања. Дел од учесниците на денешната научна и стручна конференција „Триесет години од атентатот врз ...

Гислејн Максвел, поранешна соработничка на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, откако одби да одговори на прашања во конгресната истрага, посочи дека доколку американскиот претседател Доналд Трамп ја заврши нејзината затворска казна, таа би била подготвена да сведочи дека тој и поранешниот претседател Бил Клинтон не направиле ништо лошо кога станува збор за нивните контакти со Епстин. Комитетот за надзор на Претставничкиот дом побара ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1020
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
65%
1019
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
91%
1020
weather icon

Софија

9ᴼ / 4ᴼ
2.06
52%
1022
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.79
84%
1022
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
1.03
97%
1021
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
0.45
84%
1018
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
82%
1017
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
90%
1023
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
0.89
75%
1021
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
76%
1022
Currency

61.6317

Currency

52.2468

Currency

70.8901

Currency

37.2337

Currency

38.0009

Currency

66.9833

Currency

7.64915

Currency

0.69108

Currency

0.32886

Currency

0.52469

Currency

1.1677

Currency

0.56122

Злато

166450.52

Цинк

3.30

Бакар

12.11

Сребро

2840.84

Рутениум

56199.51

Алуминиум

3.56

Паладиум

49802.34

Кобалт

45.39

Платина

66744.95

Родиум

319899.93

Калај

47.92

Иридиум

253540.09