Првите пријави до ИЈЗ се доставени утрово, до денес се пријавени вкупно 140 заболени лица на пријава за заразна болест кои делумно се анкетирани, а дел се анкетираат во моментот од страна на епидемиолози од Гостивар и ИЈЗ. Се забележува пораст на стапката на заболени лица преку АЛЕРТ системот и надминување на трешхолдот на неделно ниво за територијата на Гостивар. Ова го истакна денеска за ситуацијата во Гостивар, д-р Драган Кочински, ...

Министерството за здравство соопшти дека надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар. Во тек се теренски увиди, епидемиолошки анкети и консолидација на пристигнатите пријави, по што Центарот за јавно здравје од Тетово како надлежен треба да донесе соодветна одлука, наведуваат до МЗ. -Во периодот од 18 јули во 08:00 часот ...

На 24 април 2026 година, на многумина им требаше многу сила и храброст да го почнат денот. Стартуваше судењето за трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани, во која беа изгубени 63 млади животи, а над 200 беа повредени. Родителите на починатите деца, во големата судница во скопско Идризово, веројатно за првпат се најдоа очи в очи со сопствениците на дискотеката и сите инволвирани. Повеќе од една година се чекаше судење, кое како што ...

Водата за пиење од гостиварскиот водовод е безбедна, последните резултати на анализите тоа го покажаа, велат од ЈКП „Комуналец“, кои управуваат со градскиот водовод во Гостивар. Првиот човек на претпријатието, Арта Асани во изјава за МИА потврдува дека вчера се направени вонредни контроли и одговорните зедоа мостри од водата. Таа смета дека водата не е загаден. – Се шират разни пропаганди кои со право ги вознемирија граѓаните. Ги уверуваме ...

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице за – Спречување службено лице во вршење службено дејствие, кривично дело санкционирано според член 382 став 3 од Кривичниот законик. -На 16 јули, на локалитетот “Камени Кукли” во селото Куклица, Кратово, осомничениот 41-годишен британски државјанин го спречил постапувањето на двајца даночни контролори кои вршеле службени дејствија на контрола во однос на претходно ...

Животниот стандард на граѓаните е целосно урнат за само две години владеење на ВМРО, нагласи членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски. Според податоците од Управата за јавни приходи, најголем дел од работниците дури 50%, земаат плата меѓу 24.000 и 36.000 денари што е под просечната плата во државата. На прес-конференција, Цветановски посочи дека официјалните податоци на УЈП за 2025 година всушност ја покажуваат вистинската ...

Кривична пријава за „несовесно работење во службата“. НККР Свети Николе поднесе кривична пријава до ОЈО Свети Николе против Д.П. (39) од Скопје за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по чл. 383-б ст.1 од Кривичниот законик. -Пријавената Д.П. во периодот од 18.11.2022 до 21.08.2024, во својство на одговорно лице-претседател на Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба. По добиено известување од Јавен обвинител од ОЈО Гостивар за спроведување на вонреден инспекциски надзор на пречистителна станица за вода во село Вруток, Општина Гостивар, за испитување на безбедноста и квалитетот на водата за пиење во овој ...

Деменцијата е седма водечка причина за смрт во светот и една од главните причини за инвалидитет кај постарите лица. Болеста влијае врз меморијата, размислувањето и способноста на луѓето да водат самостоен и нормален живот. СЗО препорачува да се сменат животните навики, со што, иако не постои лек за болеста, ризикот за нејзино појавување може да се намали до 45 отсто „Повеќе од 57 милиони луѓе ширум светот живеат со деменција, а секоја година ...

На апарати во критична сосотјба е седумгодишното девојче, кое е единственото преживеано од четиричленото семејство во Молдавија, чие возило се судрило со камион цистерна во Халкидики, Грција. Загинаа мајката, таткото и шестмесечното братче на девојчето, кое останува само, без никој во Хипократовата болница во Солун, да се бори за живот. Засега, според грчките медиуми, никој од родинините не се појавил во Солун, а неизвесно е дали воопшто е ...

Претседателот на Аргентина, Хавиер Милеи изјави дека нема да присуствува на финалето на Светското првенство поради суеверие, продолжувајќи ја традицијата која трае повеќе децении. Ова суеверие датира од Светското првенство во 1990 година, кога тогашниот претседател Карлос Менем ја посети фудбалската репрезентација на Аргентина кратко пред да претрпи шокантен пораз од Камерун (0-1) на отворањето на мундијалскиот турнир во Италија. Менем ...

Незаконска интервенција во водоводната мрежа во Гостивар Зголемениот број на пациенти со дигестивни проблеми Исправноста на водата за пиење во градскиот водовод во Гостивар, се проверува со вонредни контроли за да утврди дали има поврзаност со зголемениот број на пациенти со дигестивни проблеми. Во меѓувреме, од ОЈО на новинарско прашање одговорија дека за незаконска интервенција во водоводната мрежа, по наредба на јавен обвинител се ...

Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. -Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 21 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во ...

Со тек на времето се оптоваруваат оските на возилото Се препорачува ротација на гумите за сите сезони по приближно 10.000 до 15.000 изминати километри Гумите за сите сезони (All-weatheр) стануваат сè поголем тренд на возачите. Со нивно користење се намалува потребата за нивна замена двапати во годината. Заштедуваат време и пари за сезонска монтажа, со редовно одржување. Според производителите на гуми, редовната ротација на тркалата меѓу ...

Дрогата била сокриена во кеса под совозачкото место По десетминутна потера му бил пресечен патот и лицето е лишено од слобода Косовскиот државјанин Р.Е. е лишен од слобода, откако на граничниот премин Блаце, при царинска контрола, насилно и противзаконски го преминал преминот со автомобил во кој криумчарел дрога, при што го довел во опасност животот на царинскиот службеник кој го запрел за детална контрола. Против него е поднесена кривична ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека за прв пат ќе му додели прстени на победникот од финалето во недела помеѓу Шпанија и Аргентина во Ист Радерфорд, пренесува дневник.хр. Во американскиот спорт, вообичаено е тимовите што освојуваат шампионски титули да добиваат прстени за своите достигнувања. Сега, организацијата ФИФА, ја воведува оваа практика за Светското првенство во САД, Мексико и Канада. „Секој прстен ќе биде дел од ...

По години поминати во Лос Анџелес, каде што пишува, создава и соработува со врвни музички професионалци, Боби Андонов отвора ново поглавје во својата кариера со песната „Moment“, односно ново музичко издание на македонски јазик. Светски, а сепак наш – Боби е еден од оние артисти што со својот специфичен вокал, препознатлива боја на гласот, имиџ и музички сензибилитет одамна ги надмина локалните рамки. Неговиот музички пат го однесе до Лос ...

Финалето на Светското фудбалско првенство во кое в недела во Њу Џерси ќе играат Аргентина и Шпанија ќе биде само втор официјален натпревар меѓу двете репрезентации во историјата. Единствениот натпревар досега беше одигран во Бирмингем во групната фаза на Светското првенство во 1966 година, кога Аргентина победи со 2-1. Аргентинците и Шпанците одиграа 13 пријателски натпревари, на кои Аргентина победи шест пати, Шпанија пет пати, а два ...

Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија, кое ќе се игра во недела на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси. ФИФА избра еден од најискусните европски судии за одлучувачкиот натпревар на турнирот, а за 46-годишникот од Марибор тоа ќе биде најголемиот натпревар во неговата кариера, пренесува 24сата.хр. Винчиќ дознал за назначувањето од Пјерлуиџи Колина, раководител на судењето на ФИФА и ...

Тогашниот 20-годишен Меси, кој внимателно го бања бебето од само неколку месеци – Ламин Јамал Спојувањето на Меси и семејството Јамал било чиста случајност Кога фотографот Жоан Монфорт направи серија фотографии за добротворен календар во есента 2007 година во соблекувалната на стадионот „Камп Ноу“, тој веруваше во светлата иднина на младиот Лионел Меси, но не можеше да претпостави дека идниот лидер на шпанската репрезентација лежи во кадата ...

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвиненија против вкупно шест лица за повеќе дејствија на продолжени кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, Злоупотреба на лични податоци од член 149 и Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик. Против вкупно 33 лица е поднесен Предлог за издавање казнен налог до надлежен суд за кривично дело – Компјутерска измама од член 251-б став 1 во ...

Машко лице било измамено за сума од околу 28.700 евра од страна на лажен службеник во државна институција. Како што беше соопштено денеска, синоќа во 21:30 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, машко лице од Скопско пријавило дека во временскиот период од 12.11.2024 до 12.01.2025 од друго машко лице било измамено за сума од околу 28.700 евра. – Според пријавеното, пријавителот во занаетчиски дуќан во Скопје го запознал лицето, кое ...

По само пет месеци од изборот, уставниот судија Гоце Наумовски си поднесе оставка. Тој во фебруари дојде на местото на претходната уставна судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која си поднесе оставка лани во декември. При гласањето, Наумовски доби 63 гласа „за“ од парламентарното мнозинство и седум „против“. Но, од Уставниот суд велат дека оставка од Наумовски не е доставена. Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн! -До Судот, од страна ...

Условот за сместување и исхрана на студентите во државните студентски домови, така што се дефинира старосната граница Целта на измените на законот се обезбедување поголема правна сигурност, заштита, безбедност Собраниската комисија за образование, наука и спорт денеска на седница заклучи дека предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка, е прифатлив и го проследува на натамошно читање. ...

Криумчарење на две илјади парчиња вијали со медицински раствор „Гадонанс” Косовски државјанин, вработен како возач во косовска транспортна компанија вршел транспорт на алуминиумски профили на релација Турција – Косово Мобилен тим од Одделението за оперативни работи спречи обид за криумчарење на две илјади парчиња вијали со медицински раствор „Гадонанс”, кои косовски државјанин, возач на товарно моторно возило, сакал да ги криумчари криејќи ги ...

Судот го прифати предлогот на Основнотно јавно обвинителство Скопје и им определи 30-дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски, извршено на 21 март 2024 година во скопската населба Автокоманда. Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, притворот е поради постоење опасност од бегство и влијание врз сведоци. Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн! Основното јавно обвинителство Скопје вчера ...

Јавниот обвинител, кој го водеше предметот „Тотал“ против новинарот Драган Павловиќ – Латас се откажа од обвинителниот акт во целост, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје -Во конкретната постапка, која во овој суд се води од октомври 2017 – та година, обвинети се Д.П. – Л. како физичко лице, и три правни лица од Скопје, за кривичното дело Даночно затајување. Предметот неколку пати почнуваше од почеток заради промена на надлежноста на ...

Претрес во Струмица, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице. -На 14.07.2026 во 22:05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Љ.Ѓ.(48) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пакувања со кокаин, хероин и марихуана, 400 семки канабис, шприц исполнет со течност, дигитална вага со остатоци од прашкаста материја и други предмети. Известен е јавен обвинител од ...

Урсула фон дер Лајен, овој месец призна дека има нерешени „технички проблеми“ Романските власти ја обвинија жената дека нелегално престојувала во Шенген зоната EES ги помешала двете жени врз основа на нивните идентични скенирања на лицето Новиот дигитален граничен систем на Европската Унија требаше да го донесе патувањето во 21 век, но, за жал, го збунуваат идентични близнаци. Ова е најновиот во низата проблеми за проблематичниот нов систем ...

АХВ ќе продолжи со депопулација на животните во Македонска Каменица, Делчево и Свети Николе Во одгледувалиштата каде е потврдeнa болеста сипаници се спроведува попис на сите животни, убивање на сите овци и кози Забранет е превоз и транзит на овци и кози низ заштитната зона Од почетокот на месец јули 2026 година на територијата на Република Северна Македонија потврдени се вкупно 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози. Болеста е ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34