Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Групата „Тост сендвич“ своевремено беше популарна група, а во неа членуваа Владо Јаневски, Томе- Кубата, Агим Јонуз, Роберт Саздов и Петар Атанасов. Групата подоцна се распадна и секој си го фати својот пат. Но, оваа група последнив период е актуелна, бидејќи за само неколку месеци починаа тројца тогашни членови. Минатата година во октомври почина Томе -Кубата од Битола, кој е првиот пејач на групата. Тој почина по долго и тешко боледување. ...
Дистрибутерот за Левис, бизнисменот Марјан Јованов, алијас Мане Левис, вчера бил пронајден мртов во базенот во дворот на неговата куќа во населбата Карпош во Скопје. На пошироката јавност, Јованов ѝ беше познат и по неговата наводна вмешаност во случајот на СЈО, „Шпански скали“, каде првоосомничен беше Миле Јанакиески. Подоцна Јованов беше ослободен од вина. За смртта на Јованов Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 28 јуни 2026 ...
Повеќе од пет колапси на јавни места, главно од постари лица, се евидентирани утрово, изјави за МИА, доктор Ана Џарева од Брза помош – Скопје. Таа потврди дека има зголемен број повици во Брза помош – Скопје поради високите температури, а се јавувале и барале помош и совети и помлади лица. – Претежно лицата се жалат на болки во градите, но, има и такви кои чувствуваат вртоглавици и имаат други симптоми – појасни докторката. Таа информираше и ...
Десет дена по донесувањето на одлуката на Советот на општината Штип за продажба на мнозинскиот пакет акции од 51 отсто на ФК „Брегалница“ во износ од 150.000 евра, се’ уште нема информации дека купопродажбата е финиширана. На Македонска берза, каде треба да се изврши продажбата, до денеска не се објавени акциите на АД „Брегалница 2008“ на продажба. Шпекулациите се се’ погласни, како се приближува периодот на подготовки на фудбалските екипи, а ...
Драмски театар Скопје се простува од Сашо Миленковски (1963–2026), еден од најзначајните македонски режисери, драматурзи и театарски творци, чија уметност остави длабок белег во современиот македонски театар. Роден во Битола во 1963 година, Миленковски припаѓаше на генерацијата режисери кои во почетокот на деведесеттите години внесоа нова естетика, современ театарски јазик и силен творечки импулс во македонската театарска уметност. Својата ...
Наградата која ја доделува фестивалот „Преку езерото”, а го носи името на актерот-институција, Мето Јовановски, за 2026 година заминува во рацете на уметник кој со години го освојуваше Њујорк, за сега да го доживее најголемиот емотивен триумф – признанието од сопствениот дом. Тони Наумовски вечи дека првата мисла кога дознал дека е лауреат наградата почувствувал изненадување, но и огромна чест и задоволство. -Секое призание значи, исполнува, ...
Последите податоци од Еуростат според кои основната потрошувачка кошничка во државава е најевтина во Европа ги демантираат сите кои не сакаат државава да успее, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Откако минатата недела имаше средби со претставници на ланците маркети, а најави разговори и со производителите и добавувачите со цел да се постигне поевтинување на основните производи по нивниот раст во изминатиот период Мицкоски ...
Од 10 до 12 јули, живописниот Галичник повторно ќе биде домаќин на една од најпрепознатливите и најавтентични културни манифестации во Македонија – „Галичка свадба“. Илјадници посетители од земјава и странство и годинава ќе имаат можност да бидат дел од единственото доживување што го нуди оваа вековна традиција, исполнета со свадбарски обичаи, автентични носии, изворни песни и ора кои претставуваат живо сведоштво за богатото културно ...
Александар Пендароски и Мартина Михајлова се годинашните младенци на традиционалната Галичка свадба, која ќе се одржи од 10–12 јули во Галичник. Мартина е докторка од Свети Николе, а Александар е од Скопје и работи опратива на Меѓународниот аеродром-Скопје. Тие ќе ја продолжат семејната традиција, бидејќи пред 35 години татко му и мајка му на Александар биле зет и невеста на Галичка свадба. Оттаму и среќата на Александар е голема, бидејќи ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени во однос на изминатата недела, соопшти РКЕ. Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,50 ден/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,50 ден/литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за ...
Еден час сон на температури над 40 степени Целзиусови се претвори во борба за живот за 82-годишната Бети-Лу Самер од Аризона. Нејзиното семејство ги сподели ужасните детали од несреќата за да предупреди на смртоносните опасности од топлотен удар и изложеност на сонце, особено за постарите лица. На почетокот на јуни, 82-годишната Бети-Лу Самер отишла во локалниот базен во нејзината населба во Сан Тан Вали, во близина на Феникс, Аризона, за да ...
Високите температури носат зголемен ризик од дехидрација, а експертите предупредуваат дека симптомите на недостаток на течности не се секогаш толку очигледни. Иако жедта е првиот знак дека на организмот му недостига течност, дехидрација може да се појави и од замор, главоболка, вртоглавица, па дури и промени во расположението. Таа настанува кога телото губи повеќе течности отколку што внесува. На тоа можат да влијаат зголемено потење, престој ...
Нови неколку сообраќајни камери од минатата недела се поставени кај Дебрца, а наскоро се очекува нивна постепена инсталација во Охрид во рамките на системот „Безбеден град“. Ова го соопшти Александар Велјановски од ВМРО ДПМНЕ, кој соопшти податок дека до моментот кога започна целата примена на системот, на 1 февруари 2026 година, дневниот број на прекршоци се стабилизираше на околу 500 до 600, што претставува намалување од над 99% во споредба ...
Обвинителството побара притвор за мажот, кој се сомничи дека си ја убил сопругата, чие тело беше пронајдено кај селото Летевци, откако претходно ја пријавил за исчезната. Донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишникот за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Според првичните информации, мажот ја задавил сопругата, го скри телото, ја ...
Извесно е дека со владината реконструкција вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ Демократската партија на Србите си заминува и ова министерство го презема кадар на ВРЕДИ. Пред заминувањето, Стоиљковиќ вели дека остава средно министерство, со намалени непродуктивни трошоци или како што пишува „за коруптивни цели“, додека вишокот вработени целосно е прераспределен. „Буџетот на МОЗ во 2021 година, изнесувал ...
Комбајн, кој жнеел жито во близина на селото Алакинци, светиниколско, закачил паднати жици за струја, по што настанал пожар и изгорело житото. СВР Штип соопшти дека пожарот е пријавен вчера во 13:40 часот по што полициски службеници излегле на местото. -При тоа било констатирано дека Ј.С.(57) од село Горобинци, светиниколско, додека работел со комбајн закачил жици кои паднале во нивата и го предизвикале пожарот. Екипа на Територијалната ...
Никакво друго решение, освен поништување на концесиите за рудникот Иловица – Штука е прифатливо за еколошките здруженија и движења во југоисточните регион на државата и пошироко, по судската одлука, со која се враќа спојувањето на концесиите. Се работи за концесии за експлоатација на минерална суровина во Општина Босилово и Општина Ново Село. На заедничкиот состанок во саботата, 27-ми јуни, екологистите од сите девет организации и движења ...
Под мотото „Отворив очиња – видов ден, синоќа во Велес за првпат се одржа дефилето на бебиња во колички, нивните мајки и трудници, во организација на ЈЗУ Општа болница Велес. Настанот беше инициран од здравствените работници од Гинеколошко-акушерското одделение, со поддршка од Општина Велес. Дефилето симболично го претстави патувањето од бременоста, преку породувањето, до првата прегратка и првите моменти на родителството. По прошетката низ ...
Ноќеска неколку минути после полноќ бил почувствиван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар. -Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0, соопшти Сеизмолошката опсерваторија. Според досегашните податоци со ...
Вечерва по кусо боледување на една од скопските клиники на 66 години од најлошата болест почина еден од напознатите македонски пејачи Владо Јаневски. Има издадено 6 студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“, „Еден бакнеж“ и други. Пред да започне соло кариера Владо бил дел од повеќе бендови како „ Тост ...
Во денешното издание на емисијата „Стадион“ гостуваат тројцата пратеници од Штип – Борислав Крмов од Левица, Благој Бочварски од СДСМ и Душко Иванов од ВМРО-ДПМНЕ. Само неколку дена по одбележувањето на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, кој годинава се одржа под мотото „Македонија забрзува“, во студиото на „Стадион“ се отвора дебата за тоа дали земјата навистина се движи во вистинска насока. Додека владејачката партија тврди дека Македонија забрзува, ...
Трајче Грозданов ја тера 101-та година, здрава храна и без нервози, е неговиот рецепт за долговечност. Цели 72 години е во брак со неговата сопруга Загорка, која е влезена во 94-та година од животот. МИА ги фотографираше во нивниот дом во Росоман. – Се школував за авиомеханичар во Рајловац, Босна и Херцеговина. Во животот многу се движев, бев автомеханичар и по цел работен ден поправав комбајни и други земјоделски машини, во земјоделска ...
Болницата „Пирогов“ од Софија, Бугарија беше меѓу првите странски болници кои ги профатија најтешко повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ од Кочани. Тимот на професорката Маја Аргирова се соочи со сериозен предизвик – да ги одржи во живот млади од кои неколку деца, а потоа и да им го врати изгледот, со оглед на тоа дека им беа зафатени главно главата, вратот и рацете. Од овој аспект на поминати повеќе од година и пол, професорката ...
Сообраќајот на патниот правец Прилеп–Градско, кај селото Ореовец, од 17:55 часот е во целосен прекин за сите видови возила. Прекинот, како што информира ЈП „Македонијапат“, е поради превртено товарно моторно возило и истурен песок на коловозот, што го оневозможува одвивањето на сообраќајот. Според неофицијални информации им жртви. Сообраќајот на патниот правец Прилеп–Градско, кај селото Ореовец, од 17:55 часот е во целосен прекин за сите ...
Полицијата уапси петмина членови на две семејства, кои живееле во иста куќа во Тетово и се степале меѓу себе. -На 25.06.2026 полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода А.И.(51), Ф.И.(25), Б.И.(21), Ш.И.(38) и Ш.И.(42), сите од Тетово, членови на две семејства кои живеат во иста куќа, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Имено, според пријавеното, околу 21:30 часот настанала вербална, а потоа и ...
Најмалку 55 лица се удавија во Франција додека се обидуваа да се разладат од рекордните горештини – изјави министерката за спорт Марина Ферари за радиодифузерот Франсинфо. Властите стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми во наредните денови бидејќи 61 департман е под црвена тревога поради екстремните температури, а уште 25 се под портокалова тревога. Според Метео-Франс, температурите денеска во различни делови на земјата ќе се ...
Како генерален спонзор на „Охридско лето“, А1 Македонија годинава одлучи поддршката на културата да ја преточи во трајна вредност, музичко дело што останува достапно за јавноста и по завршувањето на фестивалот. Преку новиот аранжман, една од најпрепознатливите песни од македонското музичко наследство добива современ музички израз, кој ја поврзува традицијата со денешната публика и отвора нов простор за нејзино доживување. „Во А1 веруваме дека ...
Од 1 јули до 31 август се воведува забрана за движење во шумите и шумските подрачја. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кое управуваат. – Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите – ЈП „Национални ...
Европската комисија работи на план што би им овозможил на земјите-кандидатки за членство во ЕУ пристап до одредени економски придобивки и пред формалниот влез во Унијата, изјавија неколку официјални претставници, објави денеска бриселскиот Политико. Предлогот се заснова на концептот на „постепена интеграција“, според кој, земјите-кандидатки би добиле поголем пристап до програмите на ЕУ, финансирањето, трговските олеснувања и делови од ...
Музичко-сценски перформанс во кој ќе бидат вклучени над 120 македонски уметници ќе биде организиран по повод одбележувањето на 35 години независност на Македонија. Тој, како што е предвидено, треба да се одржи на отворено во 14-15 градови во Македонија, а низ уметничка перспектива ќе бидат прикажани сите моменти кои не направиле горди, среќни, кои не обединуваат или, како што велат организаторите, се она што било важно во изминатите 35 години ...