Францускиот парламент усвои закон со кој од јануари 2027 година ќе биде забранет пристапот до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години. Со тоа Франција станува првата европска земја што воведува целосна забрана за користење на тие платформи за деца, а сите корисници ќе мора да ја потврдат својата возраст. Одлуката е донесена поради зголемената загриженост за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје на децата, во период ...

Едно од најретките породувања некогаш регистрирани во светот се случи во Австралија, каде што 34-годишна жена роди идентични четворки, кои беа зачнати природно, по бременост што лекарите ја опишаа како екстремно ризична. Според Би-Би-Си, Џенитар На’амоана родила со царски рез на 14 јули, по 28 недели и четири дена бременост, четири девојчиња, кои потекнуваат од една оплодена јајце клетка која се разделила на четири ембриони. Тие се ...

На граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски” во вредност од 333 илјади денари, откако царинските службеници го открија при детална контрола на патничка на влез во државата. -Станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот канал. Патничката е селектирана за контрола од ...

Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8 часот утрово е измерен во Штип, каде наврнале 18 литри на квадратен метар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според измерените количини на дожд на дождомерните места на УХМР, во Куманово се наврнати 14 литри на квадратен метар, во Скопје-Петровец 11, во Струмица 10, а во Скопје-Зајчев Рид осум литри на квадратен метар. Во Берово се измерени седум литри на квадратен метар, по четири ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, смета дека претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, би бил соодветен кандидат за иден генерален секретар на Обединетите нации, објави американскиот весник „Њујорк пост“ повикувајќи се на извори блиски до Трамп. Според нујоршкиот весник, Трамп високо го оценил начинот на кој Инфантино го организирал Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико, а по завршувањето ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции. -Невремето предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР ...

По краткотрајното силно невреме проследено со ветер и интензивен дожд што го зафати Штип пред 18 часот, без покрив остана Клиничката болница во Штип. Делови од лимениот покрив завршија во дворот на болницата, при што, според очевидците, оштетија две возила. Но, по невремето делови од Ортопедското одделние и Интензивна нега се под вода. Дел од пацинетите во поплавените соби се евакуирани, а како што објасни д-р Билјана Ефтимова, доколку има ...

Девет повредени лица во невремето во Скопје се примени во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во Скопје, изјави за МИА директорот на Клиниката, проф. д-р Игор Мерџаноски. Од нив две се со потешки повреди – една жена со повреда на глава е на Неврохирургија, а друга е со скршена рака, додаде д-р Мерџаноски за МИА. Девет повредени лица во ...

Во Црна Гора има големо невреме кое во моментов се движи кон Македонија, информира вечерва Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Но, по Црна Гора невремето продолжи преку Албанија и Косово, по што се очекува да продолжи кон Македонија Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица зафати повеќе делови од државава попладне по 17 часот, предизвикувајќи штети во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Струмичко,. Во ...

Во невремето проследено со пороен дожд и силен ветер што го зафати Скопје попладне во 17 часот е предизвикана материјална штета, на улиците има паднати покриви и дрвја врз автомобили, паднати семафори. Дел од улиците се блокирани за сообраќај. Невреме во тој период го зафати и Куманово, каде исто така има паднати дрвја и бандери, а откорнати се и покривни конструкции на неколку локации. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека ...

Патник почина на лет на „Лауда Европа“ на аеродромот „Фрањо Туѓман“ во понеделник, непосредно пред полетувањето. И покрај обидите да се реанимира, патникот не можел да се спаси, а откако неговото тело било извадено од авионот, летот продолжил. Според информациите објавени од Index, на патникот му се слошило додека авионот таксирал, односно се движел по површината на аеродромот кон пистата. Екипажот во кабината веднаш почнал да му пружа помош, ...

По 30 дена затворски притвор добија тројцата осомничени Артан Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши од Гостивар, кои се на високи раководни функции во комуналното претпријатие во Гостивар. Оваа мерка им ја определи судијата на претходна постапка во Основниот суд во Гостивар, Ќирко Михајлоски на тројцата осомничени кои се товарат дека се виновни за епидемијата со труење во општина Гостивар, предизвикана од водата за пиење и за нелегално ...

Владата денеска донесе одлука за прогласување кризна состојба во општина Гостивар во рок од 30 дена. Одлуката е донесена на денешната 195. седница, на предлог на Управувачкиот комитет, во состав: министерот за одбрана – Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски, министерот за здравство – Сашо Клековски, министерот за транспорт – Александар ...

Дваесет и деветгодишната Кристијан Фејт Медисон, мајка на малолетен син, изврши самоубиство по постојана комуникација со „Чет-ГПТ“, поврзана со религијата. Таа во јуни, минатата година си го одзема животот фрлајќи се пред автомобил во утринските часови. Тужбата против компанијата „Опен-АИ“ е поднесена минатата година во јуни, од страна на нејзините родители. Во неа се наведува дека ВИ ги поддржувала нејзините религиозни заблуди, со што ја ...

За трите лица вработени на одговорни функции во ЈП „Комуналец“ осомничени за загадување на водата во гостиварскиот водовод ќе се бара притвор, а во зависност од новите докази, истрагата ќе се прошири. Ова беше кажано на денешниот двочасовниот брифинг во Основното јавно обвинителство во Гостивар. Пред судијата на претходна постапка, Ќирко Михајлоски осомничените од 12 часот даваат искази, по што ќе биде познато дали бидат определни мерки за ...

По вчерашното кратко, но интензивно невреме, проследено со силен ветер, без струја речиси 19 часа се кочанските села Соколарци, Спанчево, Жиганци, Подлог, Нивичани и уште неколку други. Поради тоа што нема струја, жителите во овој жежок дека се и без вода за пиење, бидејќи селските водоводи главно работат на струја. Според жителите, сијалиците светнале синоќа околу 22 часот, но околу полноќ повторно останале без струја и од тогаш досега ...

МВР информира за необична несреќа во Скопје. -На 20.07.2026 во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје, по што била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски” за укажување на лекарска помош. Исто така, граѓанин пријавил дека, додека ја барал чантата на повредената, пронашол експлозивна направа, која подоцна била подигната од ...

Вчера попладне во Кочани се случила сообраќајка, во која загинал велосипедист. -На 20.07.2026 околу 15:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат Кочани – Брана Гратче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода” со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ.(65) од Кочани. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал велосипедистот, а лекар од Итната ...

На лице место починал 65-годишен велосипедист од Кочани, откако се судрил со возило. Настанот се вчера попладне околу 15:30 часот, на локалниот пат Кочани – Брана Гратче. Се работи за планински пат, кој води до браната и често се користи од страна на рекреативците и граѓаните. МВР соопшти дека во ОВР Кочани е пријавена несреќата што се случила помеѓу патничко возило „шкода” со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Кочани и ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска беше во посета на Гостивар, од каде што порача дека во време кога институциите потфрлаат, СДСМ е меѓу граѓаните за да им помогне на оние на кои помошта сега им е најпотребна. Во изјавата за медиуми, Филипче нагласи дека она што денес се случува во Гостивар е последица на неодговорното управување на власта и на целосниот институционален хаос. „Очигледно е дека со оваа власт на Христијан ...

Зинедин Зидан стана нов селектор на француската репрезентација, објави инсајдер Фабрицио Романо. Според Романо, 54-годишниот фудбалски стручњак веќе потпишал долгорочен договор. Усен договор бил постигнат уште во ноември и никогаш не бил доведен во прашање, и покрај интересот за него од неколку клубови. Дидие Дешан беше на чело на француската репрезентација од 2012 година. Тој ја напушти функцијата по натпреварот за третото место против ...

Асани избра да се освежи со пакувана вода, не таа вода од водоводот за која тврдеше дека е исправна, а заболените заболеле од храна и од „вруќините“. Заедно со Асани пред судија на претходна постапка се изведени и двајца колеги на Асани. Тројца беа уапсени вчера попладне, откако Обвинителството ги доби резултатите од водата од водоводот, кои покажаа 50 пати повеќе од дозволеното присуство на фекални бактерии. Се испитуван нивната одговорност ...

Во Општата болница во Гостивар во изминатото деноноќие биле прегледани вкупно 198 пациенти, а еден пациент поради здравствената состојба бил упатен на лекување на Инфективната клиника во Скопје, информира директорот на Општата болница во Гостивар Емри Бајрами. Според Бајрами, на Инфективното одделение биле прегледани 111 пациенти, на Одделението за педијатрија 75, а во Ургентниот центар 12 пациенти. Бајрами изјави дека нема промени во ...

Дивиот приклучок поставен на гостиварскиот водоснабдителен систем не се наоѓал во заштитните санитарни зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата што ја имал Комуналец – Гостивар. За овој приклучок што е предмет на истрагата за загадувањето на водата во Гостивар, не е доставено барање до Министерството за животна средина и прострона планирање (МЖСПП). -Овој див приклучок воопшто не е во рамки на дозволата, ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил повеќе слабости и неправилности во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви при ревизијата на финансиските извештаи за 2024 година и ревизијата на усогласеноста со законската регулатива. Во ревизорскиот извештај се наведува дека е изразено мислење без резерва во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи, но мислење со резерва за усогласеноста со законите, ...

Случај за Гинис е регистриран вчера од полицијата во Делчево, кога бил сопрен и алкотестиран 26-годишен возач, кој во крвта имал рекордни 4,35 промили алкохол. – На 20.07.2026 во 15:05 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода А.Т.(26) од селото Митрашинци, беровско. При сообраќајна контрола на булевар „Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер“ со беровски регистарски ...

Поминаа седум дена од незаконското именување на заменик-директорот на Македонската радио-телевизија, а веќе седум дена продолжува молкот на Програмскиот совет на МРТ. Нема образложение. Нема одговор. Нема ниту обид да се оправда одлука која е спротивна на законот и на основните стандарди за управување со јавна институција, наведува ДУИ во соопштение, кое МИА го пренесува интегрално. Именуваното лице не ги исполнува законските услови за ...

Европската комисија ја одобри таблетата Вегови (Wegovy) од данската фармацевтска компанија Ново Нордиск за третман на дебелина. Откако лекот веќе е достапен во неколку земји надвор од Европската Унија, сега доби зелено светло и за европскиот пазар, пренесува тпортал.хр. Еве што е познато досега за новата терапија? Вегови во форма на таблети е достапен само со рецепт и е наменет за лица со дебелина, т.е. оние со индекс на телесна маса (ИТМ) од ...

По вчерашното приведување на директорката на гостиварски „Комуналец“ и нејзините двајца соработници, се очекува за нешто повеќе од еден час да бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар. Ова за Канал 77 го потврди портпаролката на Судот, судијката Драгослава Веселинова. Последната информација од Обвинителството е таа од вчера, дека осомничените се лишени од слобода, по што се очекува денеска „јавен обвинител ...

По повод петтиот роденден, Gold Felicia Bitola приреди роденденско кабаре – спектакуларен проект кој ја одбележува петгодишната успешна приказна на оваа препознатлива сцена. Ансамблот на Gold Felicia, заедно со продукциската куќа 77 Entertainment, создаде уникатно шоу инспирирано од легендарниот „Moulin Rouge“, претставено на големата сцена во Gold Felicia. Роденденското кабаре претставува нов сценски концепт кој ќе се изведува до крајот на ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58