Бизнисите нема да се затворат, бидејќи со законот за заштита од пушењето не се забранува пушење цигари. Тие луѓе кои пушат може да пушат во одредени простории, како што се тераси отворени од три страни. Значи кафичите и локалите можат да креираат таков тип инфраструктура, ако им е битно за бизнисот, рече денеска министерот за здравство Азир Алиу. Вториот момент, како што појасни, е што даваме субвенции за тутунот, имаме извоз на тутунот. – Од ...

Здравствените работници и студентите на медицина и стоматологија ќе може да се пријават и бесплатно да се вакцинираат со вакцина против хепатитис Б, кои Министерството за здравство му ги донира на Институтот за јавно здравје. Двете институции денеска потпишаа договори за донација на 7.500 вакцини, со кои ќе бидат опфатени 2.500 здравствени работници. Министерството за здравство донира и кутии за авионски и бродски транспорт на биолошки ...

Сите забелешки за акцискиот план за малцинствата, кои не се тенденциозни и се објективно применливи, ќе бидат прифатени, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Муцунски информира дека има пристигнато забелешки од здруженија на малцинствата во земјата и од страна на Бугарија и дека во моментот се анализираат сите забелешки, а ќе бидат имплементирани оние предлози што се насочени кон подобрување на ...

МВР го пронајде лицето што вчера ја скршило вратата на бугарската амбасада. -Денеска (12.01.2026) во 12:40 часот на ул. „Кирил и Методиј” во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода Ш.А.(54) од Скопје, затоа што вчера (11.01.2026) го оштети стаклото на влезната врата на амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Веднаш по добиената пријава, беа преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и ...

Бугарскиот премиер во оставка Росен Жељазков го врати неисполнетиот истражувачки мандат за формирање влада како кандидат за премиер на ГЕРБ-СДФ веднаш откако го доби од претседателот Румен Радев. Во петокот, претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, изјави дека ќе го вратат мандатот. Денешниот мандат беше првиот што го даде претседателот. Според Уставот, шефот на државата треба да му предаде втор мандат за формирање влада на кандидат за премиер ...

„Опен ал“ (OpenAI) најави нова функција наречена „ЧЕТ- ЏПТ- Здравје“ (ChatGPT Health), која ќе им овозможи на корисниците посебен простор за разговори поврзани со здравјето и благосостојбата. Според податоците на „Опен ал“, повеќе од 230 милиони луѓе неделно го користат „ЧЕТ-ГПТ“ за прашања поврзани со медицински теми. Со новата функција, ваквите разговори ќе бидат одвоени од стандардните сесии, а целта е подобра приватност и заштита на ...

Пред девет години, анонимен автор на Јутјуб објави видео со наслов „Камин- 10 часа“ (Fireplace 10 hours). Станува збор за десет часа непрекината снимка од пламен во камин, проследена со звукот на пукање на дрвата, без нарација или музика. Овој видеозапис и денес останува единствената содржина на тој канал, но сепак, токму тој донел заработка од меѓу 1 и 1,2 милиони долари од реклами во период од речиси една деценија. Каналот во моментов има ...

Научниците успеаја првпат „да подмладат“ човекови јајце-клетки. Тоа би можело значително да ја зголеми стапката на успех на ин-витро оплодувањето (ИВФ) кај повозрасни жени, покажаа најновите резултати од истражувањето. Експериментот посочува дека дефектите поврзани со возраста, коишто предизвикуваат генетски грешки кај ембрионите, можат да се намалат со додавање на протеин Шугошин 1) во јајце-клетките. Во испитувањата врз јајце-клетки ...

Ирската ѕвезда Џеси Бакли доби „Златен глобус“ за најдобра женска улога за нејзината улога на Агнес Хатавеј – Ана, сопругата на Вилијам Шекспир, во „Хамнет“. Истовремено, Стивен Грејм, Овен Купер и Ерин Доерти ја почнаа својата победничка низа на мини серијата „Адолесценција“ (Adolescence), бидејќи сите тие обезбедија награди. Грејм ја има најдобрата машка улога во мини серија, Купер – најдобрата споредна машка улога, а Доерти најдобрата ...

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML 2.9. – Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, ...

Сите патни правци се проодни. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ...

Министерството за здравство соопшти дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде сите заинтересирани граѓани и организации можат да учествуваат во јавната расправа пред неговото усвојување. -Со овој закон отвораме суштинско прашање што директно го засега здравјето и иднината на нашите деца и младите. Фактите се јасни и неспорни – тутунот и никотинот остануваат водечка причина ...

Запленети 5050 штеки цигари и електронски цигари на ГП Стар Дојран, лишен од слобода српски државјанин -На 11.01.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и припадник на Фронтекс, го лишија од слобода М.Г.(56) од Р.Србија, кој управувал товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитц“ ...

Според првите неофицијални резултати од повторените избори во четирите општини, и преборените 96,44% гласовите, како што соопшто Државната изборна комисија (ДИК), коалицијата АКИ освои две општини, а по една освоија и ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците. Невзат Бејта од ВЛЕН не успеа да добие нов мандат во Гостивар откако загуби за повеќе од половина гласови од Валбон Лимани од коалицијата АКИ, кој го замени Арбен Таравари кога ...

Бугарскиот амбасадор во Македонија, Жељазко Радуков по денешниот нападот врз бугарската амбасада во Скопје за Бугарската национална телевизија (БНТ) вели дека сторителот е забележан од безбедносните камери. Според изјавата на амбасадорот, се гледа како се приближува човек до влезната врата на амбасадата и со тежок, остар предмет го крши стаклото на влезната врата и се одалечува. -Тоа е армирано стакло, витрина на влезната врата. Таа е двојно ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. -Осомничениот 41-годишник од Велес со непријавено престојувалиште во Скопје, при вршење семејно насилство, со умисла телесно ја повредил неговата вонбрачна партнерка. Додека оштетената ја подготвувала да ја однесе во градинка нивната ќерка, тој најпрво започнал ...

Основното јавно обвинителство Куманово ќе поведе истражна постапка и ќе предложи мерка притвор за 2 лица за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 2 во врска со став 1, а едниот од нив е осомничен и за кривично дело – Уцена согласно став 259 од Кривичниот законик. -Првоосомничениот, спротивно на јасно изразена волја, извршил полови дејствија врз малолетна девојка во липковско, а ја принудил на полови дејствија и со ...

Од утре, недела 11 јануари ќе може да се скија на Попова Шапка, соопштија денес од управата на тетовскиот скијачки центар. По обилните врнежи од снег деновиве, имаше доволна снежна покривка за да се подготват скијачките патеки. -Официјално се отвора зимската сезона 2026, ски-лифтовите ќе бидат во функција од 08:45 до 15:00 часот. Сите оние кои сè уште зеле сезонски билети, ќе можат да ги земат директно на билетарата на Попова Шапка, соопшти ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека уште две лица се осомничени дека му помогнале по извршувањето на кривичното ...

Со раст на профитабилноста, силни позиции на пазарите и континуиран раст на продажните резултати, „Реплек АД Скопје“ ја заврши 2025 година. Компанијата оствари видливо унапредување на профитабилноста генерирајќи профит од 5 милиони евра, односно раст за 39% во однос на 2024 година. Нето профитната маргина се зголеми од 11,5% на 15%, што ја потврдува способноста на компанијата да генерира одржлива вредност и повисока ефикасност во работењето, ...

Сопствениците на популарниот бар „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Жак и Џесика Морети, денеска се појавија за првпат пред истражен судија во Сион како осомничени во врска со пожарот од 1 јануари во кој загинаа 40 лица, меѓу кои 21 лице под 18 години. Тие ги дадоа своите искази во канцеларијата на Министерството за правда на Кантонот Вале, во придружба на тројца адвокати. Иако се соочија со голем број новинари, кои ги чекаа пред зградата, ...

По шест и пол часа испрашување на сопствениците на барот „Ле Констелејшн“ во Кранс-Монтана, на Жак Морети му е одреден притвор, додека неговата сопруга Џесика со солзи во очите понуди извинување. Пред новинарите Џесика Морети рече: „Моите мисли секогаш се со жртвите и луѓето што се борат денес. Ова е незамислива трагедија“, рече таа низ солзи. „Никогаш не можевме да замислиме нешто вакво. Се случи во нашиот бар и сакам да се извинам.“ На ...

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, е добитник на Audience Choice Prize на Cinema Eye Honors, една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм. Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ победи во конкуренција со документарни филмови од Бразил, Канада, Палестина, Гана, САД, Данска ...

Левица е за укинување на т.н. Пржинска влада и непотребните дополнителни заменици-министри со право на вето, сметајќи дека истата нема смисла и се претвори во алатка за меѓупартиско пазарење, се наведува во соопштението од Левица, што ви го пренесуваме во целост: -Техничката влада функционира како фасада и привид на фер, демократски избори и плурализам, зад кој продолжува суштинската политичка нееднаквост, селективноста и цензура. Затоа, ...

Зграда од 690 квадратни метри во Албанија проценета на 10 милиони евра е веројатно највредниот имот што го пријавил градоначалникот на Струга и сопственик на градежната компанија „Трим и Лум“, Менди Ќура. Анкетниот лист објавен од Државната комисија за спречување на корупција содржи и неколку станови во Скопје и Струга. Осум станбени згради се во Струга, а по еден има во Карпош – Скопје од 90 квадрати и еден во Центар од 48 квадрати. Вкупна ...

Традиционалниот Вевчански карневал, една од најстарите живи карневалски манифестации на Балканот, ќе се одржи на 12 и 13 јануари со централна карневалска поворка на 13 јануари од 13 часот кога во центарот на Вевчани ќе се сретнат карневалците од двете маала. Ова беше најавено денеска на прес-конференција во Скопје по повод годинешното издание на „Вевчански карневал 2026“, кое традиционално се одржува на празникот Свети Василиј Велики. ...

На шест часа, почнувајќи од 17 часот по македонско време (18 часот по локално време) грчките земјоделци и денеска ќе го блокираат граничниот премини Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција, јави на дописничката на МИА од Атина. Блокадата се очекува да трае до полноќ по грчко, 23 часот по македонско време и како и досега ќе се однесува на сите видови возила: товарни, автомобили и автобуси. Грчките земјоделци и вчера попладне, во ...

Тинејџер од Куманово монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка, полицијата го приведе и ќе му поднесе пријава. – Вчера во 15:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 16-годишник од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на социјални мрежи објавувал монтирани слики со експлицитна содржина од малолетничка, соопшти полицијата. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на ...

СДСМ никогаш не го проблематизира проектот „Сејф сити” од аспект на безбедноста, туку се отвора друго сериозно и суштинско прашање – кој, како и со каква контрола располага со податоците за движењето на граѓаните и возилата. Ова го кажа претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешниот брифинг со новинари, кој изнесе став дека клучната дилема не е безбедноста, туку заштитата на демократијата, приватноста и спречувањето на можни злоупотреби. ...

На ГП Ники (ГП Меџитлија) има забрана за движење на товарни возила, која ќе трае до 10 јануари, до 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
75%
1026
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Загреб

12ᴼ / 6ᴼ
2.06
62%
1025
weather icon

Софија

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
67%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.8
82%
1030
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
0.51
81%
1024
weather icon

Атина

10ᴼ / 7ᴼ
2.24
72%
1027
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1025
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
76%
1025
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
2.06
84%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
0.89
67%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 3ᴼ
6.69
69%
1029
Currency

61.6417

Currency

52.2331

Currency

70.469

Currency

37.1461

Currency

38.1829

Currency

67.493

Currency

7.63486

Currency

0.67946

Currency

0.33454

Currency

0.52478

Currency

1.18966

Currency

0.57406

Алуминиум

3.15

Злато

166739.88

Родиум

380986.35

Иридиум

212342.22

Сребро

2882.64

Платина

75972.21

Цинк

3.34

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Калај

53.83

Бакар

12.31

Паладиум

57839.19