Големата прослава на Шпанија по освојувањето на титулата светски шампион беше засенета од грдите сцени што следеа по последниот свиреж на судијата против Аргентина, Н1.ба. Леандро Паредес повторно беше во центарот на вниманието, а ново видео што се појави на социјалните мрежи покажува дека конфликтот не започнал со Гави, како што првично се веруваше, туку со Ерик Гарсија. Ново видео снимено од трибините покажува дека Паредес претходно му се ...

Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси им кажал на своите соиграчи дека финалето на Светското првенство во 2026 година против Шпанија (0:1 по продолженија) е неговиот последен натпревар за репрезентацијата, објави новинарот Хернан Кастиљо. Меси играше на своето шесто Светско првенство. Триесет и деветгодишниот Аргентинец постигна осум гола и имаше четири асистенции на осум натпревари на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Yo todavía sigo pensando ...

Од синоќа по 19 часот, по краткото но силно невреме со пороен дожд и силен ветер што го зафати Делчево и регионот, градот остана без струја, но со многу последици, кои се санираа до доцна во ноќта. Од станбена зграда на кејот на реката Брегалница, во центарот на Делчево на улицата одлета лимен покрив, при што за среќа, немаше повредени луѓе. На терен излегоа пожарникарите, кои го санираа делот од покривот, кој остана на зградата. Поради ...

Десетици повеќегодишни дрвја на десеттина локации низ Стар Дојран синоќа беа откорнати при силното невреме со поројни дождови, силен ветер, грмежи и град кои го зафатија овој дел од општината. Паднати јавори и борови, багреми и црници, оштетија настрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, како и кровот на еден од дуќаните на градскиот пазар, информираа општинските власти. Според информациите од Доброволното противпожарно друштво ...

Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на Загадување на вода за пиење. -Осомничените соизвршители, во својство В.Д. директорка на ЈП “Комуналец” – Гостивар, технички раководител на Сектор за технички работи и раководител на Одделението за водовод, канализација и градежни работи во јавното ...

Откако Трамп и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ѝ го врачија трофејот на Шпанија, американскиот претседател им се приближи на играчите за да им честита, а потоа остана на сцената за време на прославата на титулата, пренесува Б92. Снимката, која набрзо стана вирална, го прикажува Инфантино како се обидува да го натера Трамп да се тргне настрана и да им го отстапи центарот на вниманието на фудбалерите. Сепак, американскиот претседател ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,88 проценти во однос на претходната одлука од 13 јули 2026 година. Новите цени, како што соопштија од РКЕ, ќе важат од 21 јули 2026 година од 00:01 часот. Најголемо поскапување ќе има кај дизелот, чија цена се зголемува за шест денари по литар и од ноќеска ...

Кривична пријава е поднесена против двајца скопјани за сторено кривично дело „полов напад и силување“, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – СВР – Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.М.(41) и Ј.Р.(34), двајцатa од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ...

За надминување на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, каде што е прогласена локална епидемија, Владата од денеска обезбедува по 50.000 литри вода за пиење дневно за населението, а Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ги заврши анализите, кои во текот на денот ќе ги предаде на Јавното обвинителство. Дистрибуцијата на водата се реализира преку Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР). Директорот на институцијата, Ивица ...

Две поскапувања на комуналните услуги изгласа мнозинството на Советот на Општина Штип. Услугата за собирање смет поскапува за 35 отсто, а за двојно се зголемува цената на услугата за пристап и користење на комуналната инфраструктура на гробиштата и придружните објекти за операторите на погребни услуги. Образложението е дека ЈП „Исар“ нема финансиска исплатливост. По седницата реагираа советниците од СДСМ. -Пред само неколку седници, членовите ...

Чекај, и ова го направи со вештачка интелигенција?! Сега имаш можност да откриеш што навистина може вештачката интелигенција! Канал 77 на 3ти и 4ти септември те носи на AI TECH SUMMIT во Белград, еден од најголемите AI настани во регионот. Сакаш да слушнеш светски експерти и да учиш од нив? Сакаш да бидеш дел од иднината? Заследи го Канал77 на Инстаграм, најди ја AI TECH SUMMIT објавата и пријави се. Следната голема AI приказна може да почне ...

Денес се очекуваат резултати од земање примероци и конференција на Обвинителството. Обвинителството сè уште нема официјални информации во врска со сомнителниот случај на контаминација на водата во Гостивар, додека денес се очекува да се одржи прес-конференција на која ќе можат да се објават резултатите од земените примероци од надлежните институции. Ова го изјави градоначалникот на Гостивар, кој нагласи дека локалните власти чекаат официјални ...

Директорите на Ј.П. Комуналец се суспендирани, се чекаат конечните резултати од анализите Градоначалникот на општина Гостивар објави дека по состанокот со директорот и одговорните лица во Јавното претпријатие, одлучено е дека оние кои имаат улога во управувањето со претпријатието, засега, нема да ги извршуваат своите должности. Тој нагласи дека се очекува конечните резултати од анализите да бидат објавени во текот на денот, додека апелираше ...

Проблеми со водата во Гостивар не стивнуват, а денес се уапсени директорката на Комуналното претпријатије,која велеше дека водата е чиста, техничкиот директор и раководителот за водоснабдување. Гостиварската телевизија Глоби информира дека пред малку полицијата ги уапси директорката на Комуналец, Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на водоснабдувањето Вадедин Дервиши, соопшти телевизијата. Проблеми со водата во ...

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси ги искажа впечатоците по поразот (0:1) од Шпанија ноќеска во финалето на Светското првенство 2026. – Тажен сум, но разбирам дека дадовме сè од себе. Шпанија беше подобра, да бидам искрен. Го загубивме натпреварот и го прифаќаме тоа. Тоа не значи дека ќе заборавиме сè што направивме претходно, па затоа би сакал да им се заблагодарам на моите луѓе, моите играчи и мојата земја, ...

Ламин Јамал беше една од најголемите ѕвезди на овогодинешното Светско првенство, но друг член на неговото семејство стана омилен кај навивачите и публиката ширум светот – неговиот помлад брат Кејн. Тригодишното момче беше во центарот на вниманието речиси секој пат кога Ламин Јамал славеше победа, а фотографиите по победата на Шпанија на Светското првенство во 2026 година станаа вирални. Емотивни прегратки, насмевки и заедничка прослава на ...

Кандидатот на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар потрфли, а од СДС нема барање на одговорност за овој скандал кој ја потресе државата – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ што ви го пренесуваме во целост. -СДС и Филипче не можат да го вперуваат прстот кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што кадарот кој тие со Ахмети и Таравари го промовираа и поддржаа на изборите, потфрли. Но, едно работа е многу важна. Овој случај ќе добие правен ...

Веќе неколку дена гори Градската депонија во Кочани, за што општината оцени дека е намерно запалена и е дело на несовесни граѓани. Екипи на КЈП „Водовод“ и од општината се на терен на локализирање и гаснење на пожарот. Во меѓувреме, отпадот се носи во Виница. Изутрината заседаваа Штабот за заштита и спасување при Општина Кочани и Локалниот совет за превенција. Единствена точка на дневен ред беше заштита и превенција од пожари – со посебен ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против службено лице вработено на Меѓународниот универзитет во Тетово, кое извршувало работни задачи како административен службеник – виш соработник за логистика и теренско работење, поради постоење основи на сомнение дека сторило кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 и „Фалсификување исправа“ од член 378 од ...

Телефонскиот број на Дежурната амбуланта во Клиничката болница во Штип треба да го знаете доколку имате потреба од итна интервенција. Од денеска почнаа работите на реконструкција на просторот на самиот главен влез во болницата, каде работи Дежурната амбуланта. Како што подолго време се најавува, овој дел од болницата ќе прерасне во Ургентен цената. -Поради реконструкција и изведување на градежни активности во делот од ЈЗУ Клиничка болница ...

Во Гостивар се очекуваат резултатите од анализите на надлежните институции за причината и појавата на зголемен број на заболени со стомачни тегоби. Од синоќа преку владините служби почна дистрибуција на вода за пиење, а кон акцијата се приклучуваат и поединци и компании. Според Ивица Томовски, директор на СОЗР, на дневно ниво во Гостивар ќе се делат по 50 илјади литри пакувана вода. Епидемиолозите вчера пријавија епидемија поради зголемениот ...

Од денеска до 23 јули во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти МВР. Посебниот режим на сообраќајот ќе се применува во поширокото централно подрачје на Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски ...

Три лица кои вчера беа пријавени за исчезнати, се пронајдени починати синоќа во превртено возило „Мерцедес” на патот ГП Блаце – Скопје, соопшти МВР. – На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот ГП Блаце – Скопје има превртено возило „мерцедес” со германски национални ознаки. Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот и е утврдено дека во возилото има три починати лица (едно машко и две женски ...

Тоше Проески отсекогаш бил најголемиот музички идол на младиот пејач Васил Ангелов. Токму затоа, последната епизода од неговиот авторски проект „Under 2 Minutes“ ја посветува на легендарниот македонски пејач, претставувајќи ја песната „Јас не сум виновен“ во сосема ново, современо музичко издание. Станува збор за несекојдневен концепт во кој Васил Ангелов, преку внимателно вклопување на оригиналните вокали на Тоше Проески, создава симболичен ...

Аргентинскиот фудбалер Кристијан Ромеро се најде во центарот на вниманието по церемонијата на доделување медали по финалето на Светското првенство во Њујорк. Видео кое брзо се прошири на интернет го прикажува одбранбениот играч како поминува покрај американскиот претседател Доналд Трамп без да се ракува додека го прима сребрениот медал, што предизвика бројни реакции. Целиот настан беше само еден во низата непријатни моменти за Трамп на ...

Капитенот на Шпанија го прими трофејот од претседателот на САД, Доналд Трамп, и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, но не одлучи веднаш да го подигне. Видеото од церемонијата покажува како во еден момент Родри го погали Трамп и го замоли да се тргне настрана. Rodri educadamente convidando Trump a se retirar pra levantar do troféu Ainda esperou sair de perto KKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKK pic.twitter.com/wtiXXZqzDR — ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во ...

Шпанската репрезентација го освои Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико. Во финалето, Шпанија ноќва ја победи Аргентина со 1:0 по продолженија. Феран Торес го постигна единствениот гол во 106. минута, по асистенција на Нико Вилијамс. Двајцата играчи влегоа како резерва за време на натпреварот. По основните 90 минути резултатот беше нерешен 0:0. Шпанија доминираше во текот на сите 120 минути и сосема заслужено го освои ...

Шпанија и Аргентина ќе играат во финалето на Светското првенство во фудбал во 2026 година. Натпреварот ќе се одржи на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, Њу Џерси, САД. Почетокот ќе биде во 21 часот по македонско време. Шпанија заврши прва во Групата Х со 7 бода. Во првото коло од групната фаза, тимот на Луис де ла Фуенте ремизираше 0:0 со Зелено’ртски Острови, потоа самоуверено ја победи Саудиска Арабија со 4:0 во второто коло, а потоа го ...

Заради зголемениот број на заболени со стомачни тегоби, епидемиолозите од Центарот за јавно здравје пријавија епидемија. Во изјавата која ја дадоа попладнево во тетовскиот центар ги наведоа и причините за овој чекор. Засега не се знае што ја предизвика заразата во Гостивар. – Поради зголемениот број на заболени со гастроентеритис и надминување на лимитот на неделно ниво, Центарот за јавно здравје Тетово, Одделение за епидемиологија Гостивар, ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53