Шпанските медиуми во последните два дена интензивно пишуваат за ситуацијата со Џуд Белингам, кој не е ниту сенка на фудбалерот кој минатата година му донесе трофеи на Кралскиот клуб. Младиот Англичанец (21) имаше кошмарен почеток на сезоната. Натпреварувачката година ја започна со повреда, се врати на терените, а потоа не постигна гол на девет натпревари. Неговото незадоволство е видливо на секој натпревар, а работите излегоа од контрола откако ...

Кинески научници дошле до големо откритие, а тоа е најмалото фосилизирано јајце од диносаурус досега пронајдено. Ова јајце е поврзано со нов вид диносаурус. Во 2021 година, истражувачите пронајдоа шест јајца од диносаурус што датираат од доцниот креда, пред околу 80 милиони години, на градилиште во Ганжу. Јајцата се откриени во добро сочувано гнездо, нудејќи вредни информации за однесувањето на изумрените видови. Иако Ганжу не им е познат на ...

Охридската полиција поднесе кривична пријава против Ш.К.(39) од Охрид поради измама. Тој, во повеќе наврати, во својот автосервис во Охрид, примал автомобили од граѓани од Охрид, на кои им барал и добивал одредена сума пари, ветувајќи им дека ќе ги отстрани дефектите и ќе изврши комплетен ремонт на нивните возила. „Пријавениот, не ги иззвршувал поправките во договорениот период, а дополнително ги вадел исправните делови од автомобилите и ги ...

Aнонимна претставка, во која се оспорува законитоста на именувањето на Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), стигнала до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Претседателката на комисијата, Татјана Димитровска, рече дека претставката се однесува на наводи за незаконско именување и оформен е предмет. Се посочува дека по обезбедените докази и изготвената документација, комисијата ќе донесе ...

Samsung би можел да претстави паметен телефон со троен преклоп во 2025 година, според упатени извори од Јужна Кореја. Се вели дека компанијата е подготвена со технологијата, а тоа важи и за синџирот на снабдување кој е подготвен за новиот производ. Нарачките за OLED екрани паднаа за повеќе од 10 отсто бидејќи побарувачката за моделите Galaxy Fold6 и Galaxy Z Flip6 не ги исполни очекувањата. Испораките на преклопливи OLED дисплеи, направени од ...

Кога зеленоокото чудовиште ќе се појави во вашиот живот, тоа може силно да се одрази на вашата врска и вашата психа. Доктор Роберт Л. Лехи во неговата книга „Лек за љубомора“ вели дека станува збор за нешто повеќе од тоа дека на едниот од вас „му шараат очите“ – почесто љубомората има врска со нашите карактерни особини. „За љумобора се потребни тројца“, вели тој. „Се случува кога едниот во врската се чувствува загрозен од трета страна. Или ...

Ако ја држите раката поставена погрешно додека мерите крвен притисок, може да ви биде дијагностициран висок крвен притисок, покажуваат истражувањата. Научниците открија дека положбата на рацете прави „огромна разлика“ за да се добијат точни резултати. Истражувачите во Соединетите Американски Држави открија дека кога раката стои свисната или без потпора, се преценува систолниот притисок (најгорниот број во отчитувањето на крвниот притисок) за 6,5 ...

Процесот на зголемување на мускулната маса зависи од многу фактори, од редовно вежбање до доволен одмор за телото. Сепак, еден од клучните елементи што често го запоставуваме е исхраната. Нашиот нутриционистички план му обезбедува на телото хранливи материи што му се потребни за регенерација и градење мускули. Во овој контекст, сувото овошје како сувите сливи може да биде од голема помош. Сувите сливи, иако најпознати по тоа што помагаат во ...

Сонцето е во квадрат со Плутон, на 22 октомври 2024 година, а три хороскопски знаци се ослободуваат од лошите навики и ја препознаваат важноста да се ослободат од нив и да продолжат понатаму. Хороскопот предвидува дека три знаци на Зодијакот ќе надминат некои многу специфични тешкотии на 22 октомври 2024 година и еднаш засекогаш ќе се ослободат од лошите навики. Овој вторник Биковите, Девицата и Рибите ќе ги остават маките во минатото. Ова не е ...

Преку статус на социјалните мрежи, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски реагираше за изјавата на бугарската министерка за транспорт, Красимира Стојанова дека тунелот од бугарска страна на Коридорот 8 ќе биде целосно завршен најдоцна до 2030 година. „Ја слушам министерката за транспорт на Бугарија. Нивните 2.7 километри од пругата за Коридорот 8, ќе ги доправеле “најдоцна до 2030”!?! Инаку сега сме 2024. Очигледно и на бугарската политика не им ...

Војниците на руските сили не се задоволни од начинот на кој тие се користат на фронтот, како и од пристапот на командантите кои не се грижат за преголемите загуби. Војниците од јуришната чета на 19-тиот тенковски полк, 25-та армија на руската армија, тврдат дека нивната команда планира да ги елиминира затоа што одбиле да ги следат, како што рече еден борец, несовесните наредби, што резултирало со големи жртви. Тие известуваат дека одбиваат да ...

Жозе Мурињо (61) од јули го води турски Фенербахче. Неговата цел е да го освои првенството на Турција, но во моментов на тимот не му оди најдобро. Фенер е четврти со 17 бодови, осум помалку од водечкиот Галатасарај. Во исто време има и помалку одиграна игра. Од Турција стигна веста дека Мурињо сè уште нема купено куќа во Истанбул. Тој се навикнува на животот во Турција и моментално живее во хотел. Мурињо престојува во луксузниот хотел Four ...

Работниците кои користат вештачка интелигенција (AI) можат да заштедат во просек по еден час дневно, според годишното истражување на Global Future Workforce. Како што е соопштено, истражувањето спроведено од компанијата Adecco Group за 2024 година опфатило 35.000 работници во 27 водечки економии, од кои дури една петтина тврдела дека вештачката интелигенција им заштедувала дури два часа дневно, додека пет проценти од нив рекле дека технологијата ...

СДСМ го поднесе Законот за зголемување на минималната плата во Собранието. Пратеничката Јованка Тренчевска рече дека со оваа мерка се предвидува минималната плата да се зголеми на 27.700 денари, односно 450 евра. „Ова не е само бројка, ова е чекор кон подобра иднина за секој работник, за секој кој се бори да обезбеди подобри услови за своето семејство“, изјави пратеничката Тренчевска. Како што рече, граѓаните секојдневно се соочуваат со се’ ...

Извештаите дека илјадници севернокорејски војници, наводно, наскоро ќе ѝ се придружат на Русија во војната во Украина, повторно ги поттикнаа разговорите за можно распоредување на европски трупи во Украина за да им помогнат на силите на Киев. Литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис изјави за Политико дека е време европските земји да ја преиспитаат идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за распоредување војници ...

Мажите кои јадат 10 порции домати неделно имаат 18 отсто помали шанси за рак на простата. Исхраната е многу важна за целокупното здравје, а тоа го вклучува и репродуктивното здравје на мажите. Прочитајте што треба да јадат и пијат мажите за здрав пенис и подобра ерекција. Спанаќ Спанаќот ја зголемува циркулацијата, најмногу поради тоа што е богат со магнезиум, минерал кој ги намалува воспалителните процеси во крвните садови. Со подобрување на ...

„Во однос на таканаречената воена соработка со Русија, мојата делегација не чувствува потреба да ги коментира овие неосновани стереотипни гласини“, изјави претставникот на Северна Кореја на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Овие тврдења на Сеул се „со цел да го нарушат имиџот“ на Северна Кореја и да ги „поткопаат легитимните, пријателски и кооперативни односи меѓу двете суверени држави“, додаде функционерот. Вчера, Јужна ...

Не мора рачно да ја префрлате секоја слика или апликација откако ќе купите нов телефон. Купивте нов Android телефон? Пред да можете навистина да уживате во вашиот нов уред, треба да знаете како да ги пренесете податоците од стариот на вашиот нов телефон. Постојат различни методи и апликации за пренос на податоци, но навистина нема потреба да изведувате дигитална гимнастика или да инсталирате било што - најлесниот начин го нуди самиот Android, ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи повтори дека Иран не сака да влезе во војна во регионот на Блискиот исток, но и истакна дека е подготвен и на такво сценарио. За време на посетата на Кувајт, Аракчи говореше за потенцијален напад на Израел на Иран и му се закани на Тел Авив: „Ќе пружиме одговор во случај на било каков напад на ционистите. Дадовме сè од себе да ја смалиме ескалацијата, но подготвени сме на сите сценарија и да се ...

Со оглед на тоа дека првиот трејлер излезе минатата година, фановите имаат причина да се надеваат дека новото продолжение на култната игра ќе ги оправда очекувањата, а се очекува да излезе наскоро. Шестиот дел од серијалот Grand Theft Auto се развива веќе неколку години. За тоа време, компанијата Rockstar Games доживеа одредени промени, вклучувајќи го и заминувањето на неколку познати програмери, што предизвика загриженост кај љубителите на ...

Компанијата Meta одлучи да ја врати технологијата за препознавање лица во своите апликации откако пред повеќе од три години го „исклучи“ овој систем на социјалната мрежа Facebook поради негативни реакции од јавноста. Компанијата на Марк Закерберг ќе почне да користи алатка за препознавање лица на Facebook и Instagram со цел да се бори против измамите и да им помогне на корисниците кои го изгубиле пристапот до нивните профили, се вели во ...

Семките од тиква се популарна закуска, особено во есенскиот период. Иако се најпопуларни во есенските месеци, овие семки може да се конзумираат во текот на целата година, што е особено добро бидејќи со нивното јадење му правите добро на целото тело. Група диететичари за порталот Eating Well издвои некои од најпознатите придобивки од овие вкусни и здрави семки. Заштита од воспаление Семките од тиква содржат лигнани, соединенија кои го промовираат ...

Бразилскиот фудбалер Нејмар повторно е во врска со Бруна Бјанкарди, девојката која ја изневери дури 92 пати. Бруна, која е манекенка и инфлуенсерка, се најде во тешка ситуација кога откри дека Нејмар ја изневерувал додека била бремена. Потоа, во октомври минатата година парот доби ќеркичка. Меѓутоа, неодамна објавија низа заеднички фотографии на друштвените мрежи, покажувајќи дека се повторно заедно. По сериозната повреда која Нејмар го оддалечи ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека не ја прифатил поканата на рускиот претседател Владимир Путин да ја посети Русија за време на самитот на БРИКС во Казан од 22 до 24 октомври. Кога станува збор за претставникот на Србија на самитот на БРИКС, Вучиќ рече дека разговарал со Путин и дека тоа е единствената причина зошто не сакал да се огласи додека не ѝ каже на личноста од која ја добил поканата – претседателот Путин. „Тоа е израз ...

Остеопорозата е заболување на коскеното ткиво при кое доаѓа до губење на органскиот и минералниот дел од коските што ги прави кршливи. Кога станува збор за оваа болест, жените се изложени на поголем ризик од мажите, особено по менопаузата поради падот на нивото на естроген. Експертите од порталот Health Shots издвоија осум рани показатели за остеопороза на кои треба да внимавате и доколку е потребно навреме да реагирате и да побарате лекарска ...

На европските берзи утринава најважните индекси осцилираат меѓу позитивна и негативна територија, додека инвеститорите ги следат засилените тензии на Блискиот Исток, што предизвикува раст на побарувачката за злато, чија цена достигна ново рекордно ниво. По двонеделен пораст, паневропскиот индекс Stoxx 600 беше околу 9:30 часот со благ плус од 0,04 отсто. Истовремено, франкфуртски DAX падна за 0,26 отсто, на 19.606 поени, а париски CAC за 0,16 ...

Поранешниот албански претседател Илир Мета е приведен во полиција под обвинение за корупција, соопшти неговиот портпарол и адвокат. Портпаролот на Мета, Теди Блуши, на прес-конференција рече дека апсењето е „непримерно“ и дека „сите патриотски и искрени Албанци ќе го осудат“. Блуши зборуваше за сликите на локалните медиуми на кои се гледа како маскираната локална полиција запира црн автомобил и наводно го изнесува Мета, кој даваше отпор при ...

Одбранбените сили на Израел (IDF) декласифицираа разузнавачки информации за финансиските центри на Хезболах. Израел ја прошири својата кампања против Хезболах во неделата вечерта, започнувајќи серија напади за да ја поткопа способноста на групата да ги финансира своите операции. „Израелските воздухопловни сили извршија серија прецизни напади врз финансиските упоришта на Хезболах“, изјави контраадмиралот Даниел Хагари, портпарол на IDF. ...

Бројот на деца родени во Италија се движи кон нов негативен рекорд во 2024 година, соопшти заводот за статистика на земјата, продолжувајќи го падот за 16 години и достигнувајќи ја најниската стапка на наталитет од обединувањето на Италија во 1861 година. Падот на наталитетот предизвикува тревога во земјата, но и покрај тоа што неколку влади го направија тоа приоритет, ниту една не успеа да го запре падот. Помеѓу јануари и јули се родени 4.600 ...

Денеска ќе имаме студено утро а преку денот ќе биде претежно сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 24°C. Во Скопје, утрото ќе биде студено, а преку денот сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 21°C. Во ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.0
93%
1025
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
0.0
100%
1024
weather icon

Загреб

1ᴼ / -3ᴼ
1.03
80%
1025
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1026
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.25
96%
1026
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 1ᴼ
0.81
98%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 7ᴼ
3.13
82%
1024
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1022
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1022
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
4.12
80%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
3.6
81%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
87%
1027
Currency

61.525

Currency

59.3727

Currency

73.6077

Currency

37.0288

Currency

40.8305

Currency

65.183

Currency

8.25985

Currency

0.6019

Currency

0.3825

Currency

0.52517

Currency

1.6635

Currency

0.68578

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71