Новооткриениот астероид 2026 JH2 денес ќе помине многу блиску до Земјата, а преминувањето ќе може да се гледа во живо преку интернет благодарение на Virtual Telescope Project. Се проценува дека астероидот, кој беше откриен на 10 мај како дел од астрономската програма Mount Lemmon Survey во Аризона, САД, е со дијаметар помеѓу 16 и 35 метри, што е приближно со големина на возрасен син кит или фудбалско игралиште. Астероидот ќе биде најблиску до ...

Арсенал го победи Барнли со 1:0 на „Емирати“ во 37-то коло од Премиер лигата и се приближи на чекор до освојување на англиското првенство. „Топџиите“ би можеле да го завршат своето 22-годишно чекање за титулата вечерва ако Манчестер Сити не го победи Борнмут. Тимот на Микел Артета тргна кон решителна победа од првата минута и го наметна својот ритам пред домашните навивачи. Каи Хаверц ја имаше првата голема шанса во 14-тата минута, кога ...

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во понеделникот ја критикуваше Европската Унија за, како што рече, недоволно користење на своето дипломатско влијание за да помогне во прекинувањето на руската инвазија на Украина. „Мислам дека воената поддршка што ја обезбедивме досега е апсолутно исправна работа. Исто така, мислам дека е исправно да направиме многу повеќе за да создадеме ефект на одвраќање, заедно со нашата поддршка за Украина. ...

Има еден мал град во САД кој тајно го контролира речиси целиот светски интернет. Не е некое големо, впечатливо место, туку тивко мало гратче за кое повеќето луѓе никогаш не слушнале. Скоро сè што се испраќа онлајн поминува низ него. Вашите TikTok-ови, YouTube видеа, дури и вашите нарачки за храна доцна навечер – сè прво се поврзува низ оваа точка пред да стигне до вас. Однадвор, зградата изгледа сосема обично. Нема прозорци, нема реклами, ...

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран за правни и меѓународни работи, Казем Гарибабади, презентираше извештај за преговорите со САД и предлозите на Иран до Парламентарниот комитет за национална безбедност. Во извештајот, меѓу другото, се дискутираше за укинување на санкциите, поморската блокада на САД и повлекувањето на американските сили од регионот, според иранските државни новински агенции ИРНА и ИСНА. Според извештајот цитиран ...

Microsoft воведе промени во Windows 11 во новата верзија на Windows Insider Preview што носи повеќе опции за таскбарот и менито Start, вклучувајќи функции што недостасуваа откако системот беше лансиран во 2021 година. Новата тест верзија овозможува таскбарот во Windows 11 да се позиционира по кој било раб на екранот, вклучувајќи ја левата и десната страна, што беше достапно во Windows 10 и претходните верзии, но недостасуваше по ...

FOX Sports, американскиот телевизиски канал на англиски јазик за Светското првенство, се подготвува за почетокот на Светското првенство, а како дел од тоа, го ангажираа легендарниот Златан Ибрахимовиќ како стручен коментатор. Ибрахимовиќ ќе биде студиски аналитичар, а FOX Sports објави и официјална промотивна реклама во која глуми Златан. Во својот препознатлив, самоуверен стил, Златан стои во елегантен сив костум, ја мести вратоврската, а ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 9:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Александар Урдаревски лоцирани кон приклучокот на обиколницата во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари, како и корисниците од улицата Козле од бр. 114 до бр. 124, општина Карпош; – во периодот од 9:15 до 15:15 часот, корисниците од улицата Самоилова, улицата Јоаким Крчовски, Музеј на современа Уметност – ...

Јувентус и Милан изминатиов период толку киксираа губејќи бодови што се доведоа до ситуација во послендото коло да им зависи пласманот во Лигата на шампионите, каде многу извесно е дека „Старата дама“ нема да игра. Јувентус и викендов продолжи да губи бодови отако загуби со 2:0 дома од Фиорентина, но Милан успеа да победи со 2:1 на гости кај Џеноа и да остане меѓу првите четири. Во последното коло Милан игра дома со Каљари и сам си ја решава ...

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, потврди дека ќе остане на клупата на мадридскиот клуб и следната сезона. Аргентинецот има важечки договор со клубот до 30 јуни 2027 година. „Да бидам искрен, веќе размислувам за следната сезона. Размислувам за себе. Ќе останам, но размислувам како да пристапам кон новата сезона“, рече Симеоне. Аргентинскиот стручњак со тоа ги отстрани сите сомнежи за својата иднина и потврди дека ќе го продолжи својот ...

Средновековен бележник, за која се верува дека му припаѓала на локален трговец, била пронајдена речиси недопрена, како влажна грутка земја, во тоалет во германскиот град Падерборн. На прв поглед, предметот што бил извлечен изгледал сосем незабележително, грутка влажна земја. Археолозите го опишаа мирисот како „прилично непријатен“, но кога го отстраниле одбивниот надворешен слој, откриле вистинско богатство. Додека го чистеле предметот, ...

За прв пат во историјата, играчите на Елверсберг изборија пласман во Бундеслигата, откако го декласираа Минстер со 3:0 во натпреварот од последното 34. коло од 2.Бундеслига. Елверсберг го обезбеди второто место на табелата зад Шалке 04. Клубот, основан во 1907 година, е од градот Шпизен-Елверсберг, кој има само 13.000 жители, и игра на стадион кој собира 10.000 навивачи, што го прави еден од најмалите клубови што некогаш играле во ...

Финалето во Купот на Македонија се игра в среда, а билети се веќе продажба. За прв пат во финалниот меч ќе се соочат екипите на Силекс и Шкендија, кои досега имаат играно вкупно 12 финалиња, секој по 6, но никогаш не се начекале еден против друг, па судбината конечно ги спои оваа сезона. Силекс досега има 3 куп титули (1994, 1997 и 2021), додека Шкендија има 2 (2016 и 2018). Финалето е закажано за среда од 20:00 часот на Националната арена ...

За прв пат во историјата, играчите на Елверсберг изборија пласман во Бундеслигата, откако го декласираа Минстер со 3:0 во натпреварот од последното 34. коло од 2.Бундеслига. Елверсберг го обезбеди второто место на табелата зад Шалке 04. Клубот, основан во 1907 година, е од градот Шпизен-Елверсберг, кој има само 13.000 жители, и игра на стадион кој собира 10.000 навивачи, што го прави еден од најмалите клубови што некогаш играле во ...

Мажите треба да консумираат приближно 3,7 литри течности дневно, додека жените имаат потреба од 2,8 литри. Сепак, можеби ќе треба да го зголемите внесот на вода ако се обидувате да ослабете, особено затоа што е важно да ги надоместите течностите што ги губите за време на вежбањето. Покрај физичката активност, вашите потреби за течности зависат и од вашата клима, медицинска историја и исхрана. Како водата може да го поддржи слабеењето? Пиењето ...

Panini треската околу самолепливите сликички за Светското првенство ја тресе и Македонија во последните денови, а директорката за лиценцирање на италијанската компанија, Елизабета Мусини, раскажа неколку интересни анегдоти. Италијанскиот производител Panini од Модена со децении стана симбол на Светските првенства. Panini порано имаше ексклузивни лиценцирани права за Европското и Светското првенство, но неодамна се соочи со големи предизвици. ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одржа работна средба на која присуствуваа копретседателите на ВЛЕН, Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговараше за темата со употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит, соопшти владината прес-служба. На средбата беше нагласено дека само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија кои ќе значат напредок, меѓусебна доверба и заедничко чекорење кон ...

Помфритот од рерна може да бидат супер крцкав како да сте го испржиле во фритеза, пробајте ги овие неколку трикови! Помфритот од рерна е секогаш поздрава и полесна опција. Нема потреба од многу масло, нема пржење, нема силен мирис во домот и нема прскање масло низ кујната. Но, повеќето луѓе велат дека помфритот од рерна нема ист вкус како пржениот во длабоко масло. Со неколку важни чекори и трикови, можете да направите совршен помфрит ...

Ако ја кликнавте оваа статија, сигурно сакате да дознаете точна бројка за тоа колку треба да трае една партија секс. Да бидеме начисто од старт, ни науката не може да го потврди тоа со точност. Во едно истражување спроведено во 2005 година на 500 хетеросексуални двојки било откриено дека сексуалниот чин, од пенетрација до интравагинална ејакулација, траел од 33 секунди до 44 минути. Разликата во времетраење е толку голема, што не може да се ...

Уште еден доказ дека „промакедонската“ партија на Мицкоски, во која половина имаат бугарски пасоши, всушност не сака да биде македонска, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Реакцијата на лидерот на СДСМ доаѓа откако денеска во Собрание не помина предлог-законот министрите да имаат само македонско државјанство. „Може целата Влада да биде составена од бугарски државјани, ама не може малцинствата да влезат во Уставот. Доста е со вашите лаги. ...

Речиси секому се случило да остане без здив при качување по скали. Тоа е честа појава кај луѓе од сите возрасти и нивоа на физичка подготвеност, но често е причина за загриженост. Лекарите истакнуваат дека иако останувањето без здив често е нормална реакција, понекогаш може да укажува на здравствен проблем или едноставно да биде мотивација за подобрување на вашата физичка подготвеност. Чувството на останување без здив по искачувањето по скали ...

Новиот тренер на Еурофарм Пелистер, легендарниот Лино Червар, го издвои својот поранешен играч како најдобар кого некогаш го тренирал, но и како еден од најголемите во историјата на ракометот. Червар, човекот кој ги освои најголемите трофеи со Хрватска и со години беше симбол на врвниот ракомет, немаше никакви дилеми кога зборуваше за легендата на македонскиот ракомет. „За мене, Кирил Лазаров е најголемиот играч на сите времиња“, рече Червар, ...

Ѕвездата на Интер, Маркус Турам, му се потсмеваше на градскиот ривал Милан со два транспарента за време на парадата за освојувањето на титулата. На еден транспарент беше прикажан стаорец во црвено-црна боја, а на другиот порака поврзана со минатите препукувања. Интери во неделата со своите навивач парадираше низ улиците на Милано славејќи го Скудетото и Копа Италија, по последниот домашен натпревар од сезоната против Верона. Играчите и ...

Секој ден носи различни потреби - утринска свежина, нежна нега, чист дом и мали моменти што ја прават рутината полесна и попријатна. Токму затоа, dm е место каде што секојдневното купување станува едноставно, практично и достапно. Со широка понуда на производи за лична нега, хигиена и домаќинство, dm им овозможува на купувачите да пронајдат сè што им е потребно на едно место, секогаш со одличен квалитет и по секогаш поволни цени. Она што го ...

Осумнаесетгодишна девојка пријавила дека била нападната со остар предмет пред дискотека во Скопје. Според информациите на МВР, вчера во 20:00 часот во СВР Скопје, 18-годишната Т.Р. од Скопје пријавила дека околу 3:00 часот пред дискотека на подрачјето на Карпош во Скопје била физички нападната од едно лице, кое употребило остар предмет и ѝ нанело повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Осумнаесетгодишна девојка пријавила ...

Враќањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид е договорено, објавува најпознатиот светски инсајдер Фабрицио Романо. „Сите услови се усно договорени меѓу Жозе Мурињо и Реал Мадрид, сè што останува е да се потпишат сите документи. Планиран е почетен двегодишен договор, а Мурињо ќе отпатува во Мадрид по натпреварот Реал - Билбао. Специјалниот се враќа“, вели Романо. Португалскиот стручњак е единствениот преостанат кандидат за клупата на „Кралскиот ...

Времето во следните денови ќе биде променливо облачно, а утре, во петок и за викендот ќе има невреме, информира УХМР. До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Утре, во петок и за време на викендот ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 литри на метар квадратен), грмежи и засилен ветер (над 70 километри на час), локално во форма на невреме. Во среда и во следните ...

Многу жени над 40 години вежбаат редовно, јадат храна богата со протеини, а сепак имаат тешкотии при губењето на тежината. Причината често лежи во хормоналните промени што доаѓаат со перименопаузата, што може да го направи интензивниот тренинг поголем товар за телото. Јаглехидратите по вежбањето играат важна улога во овој процес. Со почетокот на перименопаузата, периодот што претходи на менопаузата, женското тело претрпува големи хормонални ...

Прочитајте го неделниот хороскоп од 18 до 24 мај 2026 година и дознајте што ви кажуваат ѕвездите кога станува збор за љубовта, работата и здравјето. ОВЕН Неделниот хороскоп од 18 до 24 мај 2026 година вели дека влегувате во период на неверојатна ментална острина. На работа, ќе забележите превид што сите други го пропуштиле, а кој ви носи неочекувана предност кај вашите претпоставени. Финансиите се подобруваат преку отплата на стар долг или ...

Познатиот британски општ лекар, д-р Амир Кан, предупреди дека еден многу често користен додаток во исхраната никогаш не треба да се зема со чај или кафе и објасни како времето од денот може да има клучно влијание врз неговата ефикасност. Тој нагласи дека земањето додатоци во вистинското време од денот обезбедува нивна најдобра апсорпција и искористеност во телото. „Кога станува збор за додатоци во исхраната, времето од денот е клучно. Тоа во ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
96%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
65%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.89
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35