
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Дигиталната еволуција го промени начинот на кој луѓето се информираат и комуницираат. Главниот извор на информации најпрвин беа весниците, потоа телевизијата, последниве десетина години интернет порталите, а сега оваа улога веќе им припаѓа на социјалните мрежи. Социјалните мрежи станаа неразделен дел од секојдневниот живот на сите нас, а во последниве години сведоци сме на појавувањето на сѐ поголем број на така наречени инфлуенсери, односно ...
Со еден месец доцнење, OpenAI ќе ја отвори ChatGPT продавницата следната недела. Првичната идеја беше оваа продавница да биде официјално достапна од ноември. Сепак, ноември беше прилично бурен месец за OpenAI, па доцнењето можеби е и разбирливо. GPT Store беше најавена на OpenAI DevDay. Продавницата на која ќе бидат достапни различни прилагодени модели на GPT ќе им овозможи на „GPT builders“ да ги споделат и да заработат од јавните GPTs. GPTs се ...
Во потег кој требаше да дојде и порано, LastPass ја зголеми минималната должина на мастер лозинката. Отсега минималната должина на мастер лозинката на сите корисници ќе биде барем 12 карактери. Подолгите лозинки секако се во насока за поголема заштита на корисничките профили и за подобра безбедност онлајн. Промените доаѓаат дури една година по кошмарната 2022 за LastPass. Во 2022 година напаѓачи успеаја да украдат податоци од корисниците. Овие ...
2023 година беше година полна со пријатни изненадувања, како во поглед на ААА изданијата, така и во поглед на помалите инди наслови. Нема никакво сомневање дека ќе се продолжи со исто темпо и во 2024 година. Во чест на тоа, ова се игрите со кои би можеле да навлезете во новата година. Се потрудивме да извлечеме интересни и крајно забавни игри кои припаѓаат на најразлични жанрови! Среќни празници! Jagged Alliance 3 – Адреналинска акција, по трет ...
Некои игри храбро жонглираат елементи од повеќе жанрови. Astronimo e една од таквите игри. Сами или со вашите пријатели, ќе можете да навлезете во уникатен платформер каде решавате загатки така што градите работи користејќи најразлични алатки. Ново, но сепак познато искуство По одреден ЕА период на Steam, Coatsink, во соработка со Thunderful, неодамна ја исфрлија целосната верзија на играта. Се чини дека играта е на добар пат, иако, мора да ...
Почетокот на годината е одличен за крипто ентузијастите и инвеститорите во крипто валути. Најголемата крипто-валута биткоин за првпат по април 2022 година надмина 45000 долари. Во декември биткоин имаше вредност помеѓу 41000 и 43000 долари, а на почетокот на 2024 година наеднаш достигна 45922 американски долари. Во моментов цената е малку падната и вредноста на биткоин е 45351 долари. Почетокот на 2023 година биткоин го дочека со вредност која ...
На неодамнешниот WebSummit, македонскиот стартап Feedlink, развиен од тимот на EmbedSocial, гордо ја претстави својата најнова палета на функционалности. Растејќи и поддржувајќи заедница од преку 10.000 корисници, Feedlink продолжува со својата мисија да нуди пристапна и сеопфатна алатка за сопственици на мали бизниси и креатори. “Нашата цел е да ги опремиме сопствениците на мали бизниси со сè што им е потребно за нивните секојдневни обврски,” ...
Им благодарам на Гоблин Друштвени Игри, Адриан, Иво, Виктор, Мето, Емил, Јован, Ивана, Дино, Филип, Владе. Благодарение на вас овој текст е подобар. Новогодишните и Божиќните празници се период во кој семејството е дома и поминува повеќе време заедно. Друштвените игри се одлична активност за сите, и најважно период кога семејството и пријателите може да ги остават телефоните, конзолите и компјутерите настрана и да уживаат во „аналогна“ забава. ...
Со гордост ви ја претставуваме Growth Labs Academy – академија за секој чија желба е да изгради кариера во индустријата на технологијата. Дигиталните врати на нашата академија се ширум отворени, одбележувајќи го првиот чекор од возбудливото едукативно патување за сите оние кои се желни да учат и сакаат да вложат во својата иднина. Посветивме многу време и труд во градење на едукативна програма која не само што ќе изобилува со добро разработени ...
Сервисот за текст пораки на Apple, iMessage наскоро би можел да постане уште еден од „кор“ сервисите во Европа. Google и дел од европските оператори притискаат iMessage да биде додаден на листата со што текст пораките (chat) би биле комплетно компатибилни помеѓу конкурентските платформи. Петицијата до Европската комисија покрај неименуван заменик претседател на Google ја потпишаа и извршните директори на Vodafone, Deutsche Telekom, Telefónica и ...
Знаете дека сајбер напаѓачите претеруваат кога Steam наместо во гејминг вестите се појавува во вестите за онлајн напади и безбедносни пропусти. Најголемата онлајн продавница со фокус на видеоигри Steam, објави дека откако дел од профилите на девелоперите беа искористени за напади ќе ја зголеми безбедноста. Valve веќе ги контактираше развивачите на видеоигри чии профили се украдени и беа под контрола на напаѓачите. За жал проблемот е поголем од ...
Како што онлајн пазарањето и дигитализацијата се развива и станува позастапена, сѐ повеќе луѓе се потпираат најпрво на Google за добивање мислење за услугата или производот. Пропорционално на зголемената употреба на сервисите на Google, порасна и влијанието на рецензиите на Google. Тие служат како клучен извор на информации при креирањето на став за одредена туристичка атракција, угостителски објект или пак некоја друга услуга. На интернетот не ...
Во својот обид да креира некаква рамка за видеоигри Кина успешно ги уништува компаниите кои имаат некаква допирна точка со нивниот развој. За само неколку часа по објавувањето на новите правила за онлајн видеоигри во Кина, акциите на кинескиот гигант Tencent паднаа за 43 милијарди долари. Цената на сите кинески компании поврзани со видеоигри заедно падна за над 80 милијарди долари. Покрај Tencent, жртви на предлог мерките се и NetEase и Bilibili ...
Во 2018 година, играта на Empyrean, House Flipper успеа да ги импресионира гејмерите со тоа што понуди богати можности за градење, проширување, уредување или чистење куќи. Играта беше до тој степен забавна, да сеуште „седи“ на 95% позитивни рецензии на Steam. Охрабрени од успехот, развојното студио издаде седум додатоци за играта, но, таквото нешто не беше доволно за гејмерите кои, со текот на времето, стануваа се погласни и погласни и бараа ...
Ако крајот на минатата година беше како од соништата за OpenAI и Microsoft и нивната вештачка интелигенција, крајот на оваа година може да го прогласиме за кошмар. Започна со промената на врвот на OpenAI и сагата со отпуштањето и враќањето на Сем Алтман, а ќе заврши со прва тужба од издавач за неовластено користење на текстови за тренирање. New York Times до Судот во Њујорк поднесе тужба во која тврдат дека OpenAI користел милиони нивни написи ...
Новата година е за два дена, а сѐ уште немате никаква идеја за подарок за гикот во вашиот живот? Не грижете се IT.mk и овој пат има решение за вас. Добредојдовте во нашиот водич за подароци за гикови, во кој нема да ви понудиме само насоки, туку и вистински подароци кои може да ги пронајдете на нашиот маркет… Генерално нема гик кој нема да се израдува на нов уред, софтвер, видеоигра, стрип… едноставно тоа е посилно од сите нас. Одбравме неколку ...
ЧАО забавна, луда, турбулентна, небезбедна и каква уште не 2023! Се чини дека три работи ја одбележаа годината во ИТ индустријата: Старите викаат како ќе почне годината, така ќе тера до крај. Ако судиме според хакерскиот напад на ФЗО во февруари, навистина е така. Цела година алармот за сајбер напади беше пуштен на најјако. Од друга страна, паралелно ечеше и алармот дека AI е тука да нѝ ја земе работата и да нѐ истисне од еден куп сфери. За ...
Atomic Heart е една од подобрите игри кои излегоа годинава и успеа да го привлече вниманието на гејмерите со уникатниот утописки свет, солидните акциони елементи и невообичаената приказна. Тоа се три работи кои ја красат играта и поради кои би требало, доколку сеуште не сте, да го проверите насловот на студиото Mundfish. Но, доколку барате дополнителни причини зошто сега е одлично време да ја проверите играта, подготвивме уште три други. ...
Една од подобрите акциони roguelike платформери конечно излезе од раниот пристап на Steam. И е подобaр од кога и да е, факт со кој се сложуваат 90% од играчите на Steam. Со толку висок број на позитивни рецензии, безбедно е да се каже дека чедото на Angry Mob Games е вистински успех. Дружејќи се и ние со играта со денови, не би можеле повеќе да се сложиме со ваквото мислење. Предизвикувачка, но крајно забавна формула Традиционално за игрите кои ...
Нешто повеќе од година дена како чедото на CABO Studio е дел од раната програма на Steam. За тоа време, оваа пукачка игра има забележано значителен напредок, до таа мера да моментно има 88% позитивни рецензии на платформата на Valve. ZERO Sievert се величи до небо како еден од подобрите extraction shooter-и, со одлични пукачки механики во комплексен PvE свет и предизвикувачки елементи кои потсетуваат на Escape from Tarkov. Предизвикот е во ...
Safety Check е алатка на Google Chrome која треба да ја зголеми безбедноста на корисниците на прелистувачот. Една од функционалностите кои ги овозможува е следење на состојбата со компромитираните лозинки и известување ако некоја од лозинките кои ги користиме се појави на оваа листа. Функционалноста Safety Check е достапна на Google Chrome од декември 2020 година. Алатката ги проверува лозинките на корисниците и ако не се доволно сложени или ако ...
Hoyo Tech, македонска софтверска компанија специјализирана за автоматизација на паметни домови, се здоби со признание од Deloitte. Ова е втора компанија годинава која се кити со признание од Deloitte, по Adeva која доби признание Fastest 500 in North America. За Hoyo Tech, ова е втор пат да се најде на една ваква листа. Во 2022-ра година, компанијата беше идентификувана како компанија која треба да се следи (Companies to watch) на листа од ...
По поразот од Apple, Epic Games успеа да освои една судскa битка. Поротата одлучи дека Google ја злоупотребил својата положба и од Google Play и Google Play Billing креирал монопол. Поротата дојде до поинаков заклучок од судијата, кој во 2021 година одлучи против Epic Games во спорот со Apple. Одлуката ја донесоа по помалку од четири часа работа. Засега не е јасно што значи оваа победа. Конечната пресуда и мерките ќе ги донесе судијата. Судска ...
Компанијата Synami чии софтверски производи веќе 20 години освојуваат пазари на светско ниво, неодамна го комплетираше своето ребрендирање што опфати промена во визуелниот идентитет, како и редефинирање на мисијата, визијaта и компаниските вредности. Synami, изминативе три години е дел од приватната инвестициска група Hut4 Capital, и преку ребрендирањето отвора ново поглавје во веќе успешно етаблираната приказна. Оваа промена е чекор што ќе го ...
Adobe и Figma го откажаа своето планира спојување. Причина за стопирање на купувањето е неможноста да се добие дозвола од антимонополските агенции во Обединетото Кралство и Европа. Доколку се реализираше, 20 милијарди долари ќе беа во врвот на потрошени финансии за купување на стартап. „Adobe и Figma се согласија да ја прекинат трансакцијата врз основа на заедничка проценка дека не постои јасен пат за добивање на потребните регулаторни ...
Нашиот најнов гивавеј одлично се вклопува во пресрет на новогодишните празници. Како што можеби знаете, Lake е феноменална и крајно релаксирача игра, една од подобрите walking симулатори, со богата приказна и убава графика која одлично ги прикажува осумдесетите години на минатиот век. Во Lake, вие играте со четириесет годишната Мередит и започнувате да разнесувате пошта во едно мало, тивко гратче. Ваша задача ќе биде да одлучите со кого ќе ...
АЖУРИРАНО НА 20.12.2023: Организаторот го има откажано настанот. Крајот на годината доаѓа, а периодот на забава само што започна! Како загревање за Новогодишната ноќ, во Младинскиот културен центар ќе се одржи голема предновогодишна забава со домашна музика наменета примарно за ИТ секторот, под името „Ај Ти на журка во МКЦ“. Вечерта на 23-ти декември, МКЦ ќе се претвори во целовечерен подиум на кој гостите ќе имаат можност да ги слушнат ...
Одредени инвазии воошто не се лоши, особено кога се случуваат во индустријата со игрите. Па така, издавачите ININ ослободија врз Xbox популацијата, не една, не три, туку шест добро-познати класични игри од едно далечно време. Доколку имате Xbox, подгответе се на носталгична инвазија од следниве наслови: Pocky & Rocky: Reshrined, Panorama Cotton, Cotton 100%, Clockwork Aquario, ULTRACORE и Irem Collection 1. За Irem Collection 1 пишувавме ...
Ова е пeриодот од годината во кој најчесто со одбираат најдобрите, најзабавните, најмоќните, најпопуларните, најуспешните… Сепак популарниот магазин Inverse креираше листа на најголеми промашување во 2023 година. Веројатно листата не може да биде комплетна без отпуштањата во ИТ-секторот, кои иако со помал интензитет продолжија и оваа година, а секако мора да има простор за Елон Маск и промената од Twitter во X. На листата на Inverse има 11 ...
Ако имате веб-страница или сте дел од SEO индустријата, тогаш веќе сте свесни за промените на Google алгоритмите кои во последно време се случуваат почесто од што бевме навикнати. Целта на пребарувачите, или во овој случај на Google конкретно, е да се понудат најдобри, најкорисни и најквалитетни резултати за внесеното пребарување. Од една страна, ако сте креирале содржини за да адресирате болни точки и проблеми на вашата целна публика, како и да ...