
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Револуционерен нов хемиски реактор на собна температура ја претвора отпадната вода во амонијак и чиста вода, нудејќи одржлива алтернатива на енергетски интензивните конвенционални методи. Новиот пристап за производство на амонијак користи еколошка техника која ја претвора отпадната вода во амонијак и безопасни нуспроизводи. Новиот метод, развиен од Фенг-Јанг Чен и неговиот тим од Универзитетот Рајс во САД, користи хемиски реактор со повеќе ...
Минатата година во Европската унија се произведени 48,3 милиони тони компири, а најмногу во Германија каде се произведени 11,6 милиони тони компир или 24 отсто од вкупното производство во ЕУ. Втор по големина производител на компир во ЕУ минатата година беше Франција со учество од 17,9 отсто, а трета Холандија со 13,4 отсто. Трите земји споменати минатата година сочинуваа мнозинство, поточно 55,4 отсто од вкупното производство на компир во ...
И покрај економското забавување, германскиот пазар на труд продолжува да доживува голем недостиг на работна сила. Германија има речиси 800.000 слободни работни места во различни сектори, а ова се најдобро платените работни места во Германија, пишува tportal. Порталот Amberstudent објави листа на најдобро платени работни места во Германија како водич за странски студенти. Списокот ги содржи платите на високообразованите професионалци со ...
Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија избувна минатиот викенд, исфрлајќи високи фонтани од лава и големи црни облаци од пепел и чад. Тоа е најголемиот активен вулкан на европско тло и еден од најактивните во светот, а последниве пет години минува низ особено активен период. За жителите во околните населени места честите ерупции значат секојдневна битка со слоеви црн пепел што густо ги покриваат улиците, автомобилите, терасите и ...
Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва на полноќ ќе поевтинат бензините и дизелот. Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.85%. Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 1.00, односно 1.50 денари. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 79.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини ...
Овогодинешниот Меѓународен ден на младите се слави под темата „Младински дигитални патишта за одржлив развој“, која нагласува дека младите кои користат дигитални алатки можат да придонесат во постигнување на Целите за одржлив развој (ЦОР). Ширум светот, младите со нивните стартапи нудат иновативни идеи и влијателни решенија, притоа се пример за тоа како дигиталните технологии можат да ги унапредат ЦОР. Преку проектот ЕУ за економски раст (EU4EG) ...
Дизни планира да инвестира најмалку пет милијарди долари (4,5 милијарди евра) во производство во Обединетото Кралство и континентална Европа во следните пет години. Со актуелниот успех на Дедпул и Вулверин на кино благајните, еден од продукциските потенцијали се гледа во филмовите за суперхерои. „Се чини дека жанрот има многу живот во него“, изјави за Financial Times шефот на компанијата за EMEA Јан Копен. Deadpool & Wolverine, во продукција ...
Изненадување за сите кои живеат во Лондон, но овојпат главниот град на Велика Британија не се најде во топ 10, туку го зазеде 13-тото место на таа листа. Онлајн базата на податоци Numbeo во својот индекс на трошоците на животот, што го објавува на секои шест месеци, откри дека швајцарскиот град Женева има највисок резултат на вкупните трошоци на живот за првата половина од оваа година. Цирих е на второто место, додека Њујорк е на третото, ...
Платформата за ментално здравје, Разговор.мк, нуди бесплатна психолошка поддршка за пожарникарите, волонтерите вклучени во пожарите и луѓето погодени од пожарите низ Македонија. “Го разбираме огромниот стрес и каква физичка и емоционална штета може да донесат овие предизвикувачки околности. Сите погодени од пожарите, вклучени волонтери и пожарникари несомнено се соочуваат со интензивен стрес периодов и сакаме да се погрижиме да ја добијат ...
Кога луѓето велат дека патувањето е празник за сетилата, тие обично мислат на очите, ушите и непцето. Обично се заборава фактот дека на одредени дестинации може да уживате и во сетилото за мирис. Сега некои туристи не потсетуваат на нив. Но, дискусијата на еден онлајн форум ги става работите во перспектива, при што учесниците ги споделуваат своите предлози за најдобрите миризливи дестинации во светот: од ски-центар што мириса на Божиќ до шкотски ...
На 6 август Кина влезе во трката на мега соѕвездија. Кинеската ракета Long March 6A успешно ги испорача првите 18 сателити од планираното мега соѕвездие Qianfan во ниската орбита на Земјата, но не долго потоа горната фаза на ракетата се распадна и создаде облак од отпад што сега орбитира околу нашата планета и претставува закана. Американската вселенска команда (USSPACECOM) потврди дека ракетата Long March 6A се распаднала по лансирањето, што ...
Џиновски 3Д печатач направи речиси 100 планирани домови за населба во Џорџтаун, Тексас, за помалку од две години. Reuters пишува дека куќите, кои се дел од населбата Wolf Ranch, се направени со помош на огромен 3D печатач наречен Vulcan, кој е широк 13,7 метри и тежок 4,75 тони. Проектот е дел од заедничкиот проект на компанијата ICON, која е заинтересирана за градба со помош на 3Д принтери и градежната компанија Lennar. Изградбата започна во ...
Вода постои на Месечината, а научниците сега потврдија каде би можело да се крие голема количина од неа. Откриено е дека минералот во лунарната почва кој беше собран со мисијата Chang-5 и пренесен на Земјата содржи големо количество вода, дури 41% од неговата тежина. Сличен е на минералот новограбеновит, кој неодамна беше откриен во базалтните карпи на полуостровот Камчатка. И двете форми, онаа од Месечината и онаа од Земјата, имаат хемиска ...
Интервју со Панче Гелевски, директор за продажба и маркетинг во Реплек, компанија која во последниве години доби сосема нов лик преку јасен развоен план на менаџментот, иновациите во портфолиото на производи, како и на вложувањата во технолошкиот напредок и во развојот на вработените! Новинар – Верица Јорданова Реплек во изминатите години покажува нова енергија и промени кои на компанијата и дадоа сосема нов лик. Која е вашата визија? Да, точно ...
Кога на нас ќе падне капка вода, веднаш можеме да ја откриеме, како и да ја почувствуваме насоката во која се лизга на нашата кожа. Сега и роботите ќе ја имаат оваа способност благодарение на е-кожата развиена од научниците од кинескиот универзитет Донгхуа и Националниот универзитет во Сингапур. Тие развија нова електронска кожа (e-skin) која исто така може да воочи информации поврзани со лизгање на течности на предмети. Оваа е-кожа, претставена ...
И додека нивните телефони стануваат се поголеми, Apple одлучи да ги намали компјутерите во најмала можна мера. Така, најновата верзија на Mac mini компјутерот ќе биде најмалиот десктоп компјутер на Apple досега. Новиот модел, кој треба да биде претставен до крајот на оваа година, треба да претрпи редизајн – и надворешно и внатрешно. Според информациите до кои дојде Bloomberg, новиот Mac mini ќе биде со големина на сет-топ уред на Apple TV, но и ...
Калциум карбонат (CaCO3) е калциумова сол на јаглеродна киселина и најраспространето калциумско соединение во природата бидејќи се појавува како калцит во различни форми на варовник, мермер и креда. Во форма на варовник го има во сите делови на светот, често во километарски наслаги формирани од остатоци од морски школки и полжави. По кварцот (SiO2), тој е втор најзастапен минерал во земјината кора. Истражувачи предводени од тим од Универзитетот ...
Олимпијадата е причина да зборуваме повеќе за спортот додека трае. Така и со менување на нашите навики, зборуваме за нив, сакаме да ги смениме, но најчесто остануваме само на зборови. Но и во нашиот случај да не остане недокажано еве 5 причини зошто да спортуваме и зошто да бидеме физички активни посебно во младоста. 1. Здравје Сé повеќе забележуваме дека нашата младина е недоволно активна, има прекумерна телесна тежина и поминува премногу време ...
Водечкиот телекомуникациски и медиумски провајдер во Југоисточна Европа – Јунајтед Груп, со задоволство објави дека го постигна следниот чекор во консолидирање на сите „директно до дома“ (DTH) услуги низ регионот. Групацијата Еутелсат е избрана како единствен иден сателитски оператор во оваа консолидација. Оваа транзиција кон „директно до дома“ платформата од следната генерација, вклучува еден оператор и два сателити на две орбитални позиции, ...
Се укинува пролетниот распуст за основното и средното образование, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање на настан во општина Гази Баба. Министерството за образование и наука (МОН) во јули испрати прашалник до наставниците, родителите и до учениците, да кажат мислења во врска со оваа тема, по што следува одлуката за укинување. „Финалните одговори на родителите и повозрасните ученици ...
На брегот на реката Сена во Париз беше претставена најголемата мобилна пловечка соларна централа во светот. Станува збор за најсовремена фотоволтаична инсталација која е изнајмена специјално за Олимписките и Параолимписките игри во Париз и е на компанијата EDF ENR, ќерка на познатата енергетска компанија EDF. Задачата на оваа електрана е да го трансформира начинот на кој зелената енергија се користи за големи настани. Сместена на централниот и ...
Многу се зборува за негативните последици од социјалните мрежи врз децата, младите и постарите лица. Корисниците на платформите како TikTok често ги земаат своите телефони само за да гледаат нешто, а потоа го поминуваат следниот час или два фокусирани на екраните и постојано прелистувачи низ објавите, фотографиите и видеата. Ваквите мрежи не само што создаваат зависност, туку предизвикуваат и проблеми со менталното здравје на нивните корисници. ...
Aмериканскиот технолошки гигант Intel објави дека ќе укине речиси 18.000 работни места и ќе ги намали капиталните трошоци за да ги стабилизира операциите од своите загуби од чиповите. „Ми требаат помалку луѓе во седиштето и повеќе луѓе на терен со клиенти“, рече извршниот директор на компанијата, Пет Гелсингер. Заклучно со 29 јуни, Intel имаше 116.500 вработени, без поединечни подружници. Компанијата најави и дека следната година ќе ги намали ...
Чамците и бродовите на кои се рпават забави се популарни и постојано се објавуваат на социјалните мрежи, а се повеќе луѓе бараат да ги купат. Сепак, овие луксузни чамци се поскапи отколку што може да си дозволи просечен човек. Една компанија по име DDD Manufaktúra има за цел да ги направи ваквите производи подостапни за просечниот човек, а еве и како. Portless Catamaran е електричен чамец за надувување, кој се напојува со електричен вонбродски ...
‘Рчењето е честа проблематика, која повремено погодува речиси половина од сите возрасни лица, а 25% редовно. Тоа не само што ги вознемирува тие кои го делат креветот или просторот за живеење, туку може значително да влијае на квалитетот на сонот и на целокупното здравје. Решавајќи го овој сеприсутен проблем, технолошки стартап воведе иновативно решение – активната перница HOOTI, дизајнирана да се бори против ‘рчењето без да го наруши спиењето. ...
И покрај значителниот технолошки напредок, можностите за мобилност за слепите и лицата со оштетен вид остануваат ограничени на традиционалниот стап и кучиња-водичи. Стапот им обезбедува основна форма на навигација, додека кучињата-водичи нудат подинамична помош, но имаат значителни трошоци и логистички предизвици. Обуката и чувањето на куче-водич може да чини од 30.000 до 60.000 долари, а со само 28.000 кучиња-водичи достапни на глобално ниво, ...
Истражувањето кое го спроведе британскиот сајт Cable, а резултатите ги објави порталот Landgeist, се занимава со прашањето која земја во Европа има најдобра интернет конекција. Кога станува збор за земјите на Балканскиот Полуостров, со брзина на интернет конекција од 97,9 Mbps, Северна Македонија е на прво место. Според брзината на интернетот, ние сме подобри од Словенија (97 Mbps), Србија (60,5 Mbps), Грција (53,9 Mbps), Црна Гора (49,5 Mbps), ...
Паметните телефони станаа дел од нашето секојдневие, но сепак има и такви кои преферираат „глупави“ телефони, односно телефони со физичка тастатура. Овие телефони се погодни пред сè за деца и постари лица, а од слична причина тие се лесни за користење и тешко е да се скршат доколку некој навистина не се обиде да ги скрши намерно. Со оваа тема се занимаваше специјализираниот сајт Android Central, кој го избра најдобриот „глупав“ телефон. Тие го ...
Турција го блокираше пристапот до платформата Инстаграм, без да ја прецизираат причината или времетраењето на забраната, поради што мобилната апликација на платформата стана недостапна. Овој потег следува после коментарите на турскиот претставник за комуникации Фахретин Алтун во средата, кој ја критикуваше платформата за, како што ја нарече, нејзината одлука да ги блокира објавите за сочувство поради убиството на Исмаил Ханија, клучен функционер ...
Трошоците на животот во јули годинава, во однос на јули лани, бележат зголемување за 3.0 %, а цените на мало за 3.9 %, соопшти Државниот завод за статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули во однос на јуни 2024 година, изнесува 0.7 %. Цените на мало, пак, во јули во споредба со претходниот месец забележал раст од 1.5%. Зголемувањето на инфлацијата е резултат на растото на трошоците на животот во групите: ...