Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Збогувањето на египетскиот фудбалер Мохамед Салах со Ливерпул започнува во сабота со натпреварот од четвртфиналето на ФА Купот. ФА купот е натпреварувањето кое претставува негова најголема шанса за трофеј во неговата последна година на „Енфилд“. Салах минатата недела објави дека ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната, по девет години во клубот, каде што собори рекорди и се етаблираше како еден од најдобрите играчи во светот. ...
Денес не зборуваме само за еден инфраструктурен проект. Денес зборуваме за нешто многу поголемо – за поврзување, за стабилност и за иднината на двете држави во рамките на европското енергетско семејство, изјави премиерот, Христијан Мицкоски на поставувањето на камен темелник на 400 киловолтен далековод од ТС „Битола 2“. „Интерконективниот далекувод Битола–Елбасан не е обичен далекувод. Тој е симбол на една затворена празнина која со години ...
Францускиот претседател, Емануел Макрон, реагираше на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој коментираше за неговиот приватен живот за време на велигденскиот ручек во Белата куќа. Запрашан за зборовите на Трамп, Макрон рече дека нема да се вклучи во такви дискусии и дека таквите изјави се несоодветни. „Не сакам да навлегувам во тоа. Зборуваме за многу сериозни работи, зборуваме за војна. Зборуваме за мажи и жени кои се ...
Актерката Ејми Шумер стана ѕвезда на мрежата откако ослабе 22 кг, а потоа и поради разводот од Крис Фишер. Ејми во еден момент ги избриша сите свои стари фотографии на Инстаграм, оставајќи само нови, од кои некои се далеку попровокативни од старите што ги објави. Сега таа повторно се најави на оваа мрежа, во форма на атрактивна фотографија. Ејми направи селфи, а вниманието на јавноста го привлече нејзината видливо слаба фигура. Актерката ...
Добро рекол нашиот народ: кој лаже – тој краде. Зарем немате впечаток дека кога го кажувал ова, пред себе го имал ликот и делото на Христијан Мицкоски? Лажеше дека ќе го врати името, додека клечеше и молеше да се врати на власт. Лажеше дека со Европската Унија договорил нова преговарачка рамка. Лажеше дека со Брисел договорил уставни измени со одложено дејство. Лажеше дека веќе идната година ќе станеме членка на Унијата, само без право на ...
Маџид Мусави, командант на Воздухопловните сили на Револуционерната гарда, остро одговори на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран ќе биде „вратен во камено доба“, нагласувајќи дека Америка ги испраќа своите војници во смрт, а не ја загрозува цивилизацијата на Иран, која трае повеќе од 6.000 години. Мусави, во порака објавена во иранските медиуми, ја критикуваше реториката на Трамп како „холивудска илузија“ што има ...
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, со проценета бруто месечна плата од 1,5 милиони евра, и неговиот тренер, Шпанецот Луис Енрике (1 милион евра) се најплатенит меѓу играчите и тренерите во Лига 1 во 2026 година, објави „Лекип“. Меѓу играчите, 13 од највисоките плати во лигата ги исплаќа ПСЖ, од Дембеле до голманот на француската репрезентација Лукас Шевалие (500.000 евра бруто месечно). Бруто месечните плати од над еден милион евра ...
На 3 април 2026 година (петок), со почеток во 19:00 часот, во КСП Центар-Јадро ќе биде отворен настанот „Without Commercial Value“, сеќавање посветено на уметникот Мето Ангелов (1977–2025). Куратор е Ана Франговска, а свое обраќање ќе имаат. Владимир Јанчевски, Ѓорѓе Јовановиќ и Ана Франговска. „Настанот „Without Commercial Value“ претставува сеќавање посветено на уметникот Мето Ангелов, чија работа остави специфичен и препознатлив траг во ...
Министерството за одбрана денеска го објави новиот јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на македонската Армија. Општите услови (да се македонски државјани, да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност), посебните услови (да имаат завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници), како и сите останати детали се ...
Портпаролот на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан оцени дека изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за Иран се „луди“. Портпаролот Елиас Хазрати изјави за иранската државна телевизија дека изјавите на Трамп „го зајакнаа интегритетот на иранската нација“. „Трамп се вмеша во луди изјави“, рече портпаролот на иранскиот претседател. „Иран денес силно го контролира Ормускиот теснец“, додаде тој. Реагирајќи на говорот на ...
Пред натпреварите од плејофот за пласман на Светското првенство, во кои Босна и Херцеговина прво го елиминираше Велс, а потоа и Италија (двата натпревари по гол негатива, продолженија и пенали), Ермедин Демировиќ им даде големо ветување на навивачите на Штутгарт. Демировиќ изјави дека ќе ги почасти навивачите на својот клуб со пиво доколку неговата репрезентација се квалификува на Светското првенство. Првиот услов е исполнет – Босна и ...
Контроверзната актерка Меган Фокс неодамна предизвика возбуда кога се врати на социјалните мрежи и го одбележа тоа со особено провокативна објава, но се чини дека не планира да застане тука. Серија фотографии на кои таа позира во плисирано мини здолниште во комбинација со бел краток топ и чорапи до колена беше доволна за да ги „полуди“ луѓето во коментарите. Вистинскиот хаос започна кога таа го сврте задникот. „Двојно е задоволството да се ...
Општина Гази Баба додели 12 милиони денари директна финансиска поддршка за спортските клубови, спортисти и здруженија, објави градоначалникот Бобан Стефковски. „Денес не потпишавме само договори – денес вложивме во соништа, во идни шампиони и во иднината на Македонија. Општина Гази Баба со гордост доделува 12 милиони денари директна финансиска поддршка за спортските клубови, спортисти и здруженија. Зад секој млад талент стојат часови напорна ...
Паровите што се разведуваат во Бразил ќе можат да го делат старателството над своите домашни миленици според новиот закон усвоен од Конгресот. Пратениците гласаа вчера за да ја одобрат промената во законот како одраз на важноста што луѓето им ја придаваат на своите животни, објавува BBC. Според новите правила, ако парот не може да се согласи за домашното милениче за време на разводот, „судијата ќе наложи заедничко старателство и правична ...
Актерот Арон Тејлор-Џонсон некогаш беше прогласен за најубав маж според теоријата за златен пресек, а неговиот изглед често беше тема на дискусија кога стануваше збор за најзгодните мажи. Неговиот брак со Сем Тејлор-Џонсон, која е 23 години постара од него, исто така секогаш е во центарот на вниманието само поради таа разлика во годините, но сега дури и тоа е засенето од неговиот нов изглед, кој не им се допадна на сите. Арон се појави на ...
После 20 години направивме законски измени и за прв пат овозможиме полагање на стручни испити за капетан на брод и бродски екипаж, што е чекор понапред во професионализација на внатрешната пловидба и подигнување на нивото на безбедност во пловниот сообраќај, истакна денеска од Охрид, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. „Уште кога бев избран за министер за транспорт, се соочив со овој проблем и заеднички со ...
Светот моментално е во „мрачен час“ од историјата, изјави денес папата Лав Четиринаесетти, за време на мисата за мир во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан. Папата рече дека „во свет кој е растргнат меѓу силите што го уништуваат, постои нов народ, кој не е жртва, туку сведоци“, пренесува „Анса“. „Во овој мрачен час од историјата, бог со задоволство нè повика да го шириме мирисот на Христос таму каде што владее смрдеата на смртта. Да го ...
Елиминацијата на италијанската фудбалска репрезентација во плејофот за Светското првенство, по поразот од Босна и Херцеговина, е одраз на длабоката криза што со години го погодува италијанскиот фудбал. По катастрофата на националниот тим, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, се огласи и понуди свое решение за проблемот и предлог за целосно рестартирање на системот, пишува „Спортиталија“. „Како се чувствувам? Сè ми е јасно веќе ...
Куќа од 13. век во Диоклецијановата палата во Сплит, Хрватска, се продава за речиси 2 милиони евра, објави Индекс.хр. Хрватскиот портал пренесува дека станува збор за ексклузивен имот во Диоклецијановата палата. Во самиот центар на Сплит, во ѕидините на Диоклецијановата палата, се продава куќа од 13. век. Имотот е темелно реновиран, зачувувајќи ги оригиналните архитектонски елементи и има воспоставено туристичко изнајмување. Се простира на ...
Бурата „Ерминио“ погоди неколку делови од Грција, предизвикувајќи поплави и соборени дрвја, додека 50-годишен маж загина во градот Неа Макри. Според претседателот на синдикатот на пожарникари, Костас Цигас, противпожарната служба примила околу 400 повици само во регионот Атика, главно поради испумпување вода од поплавени згради и отстранување паднати дрвја, објави ЕРТ. Еден маж загина кога бил однесен од порој додека се обидувал да излезе ...
Новиот јавен обвинител, Савески, откако е дојден на функцијата, работи по нарачка на Христијан Мицкоски, нагласи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција. Димитријевиќ посочи дека премиерот Мицкоски врши сериозен упад во независноста на правосудниот систем и работата на обвинителството, поставувајќи луѓе блиски до власта. „Како што и претпоставувавме, Мицкоски и овој пат лаже, кога вели дека ...
Сосема неочекувано, денес од сигурни извори стигна веста дека откупната клаузула за Маркус Рашфорд повеќе не важи. Оваа вест ја прошири каталонскиот новинар Нил Сола, кој тврди дека Барселона и Манчестер Јунајтед имале договор дека до крајот на март ќе се знае дали ќе се активира откупната клаузула за Маркус Рашфорд. Барселона не го информираше Јунајтед дека ќе ги плати договорените 30.000.000 евра и сега останува сосема нејасно што ќе се ...
Во екот на подготовките за Велигден, кога многумина бараат идеи за најоригинален начин за украсување јајца, на социјалните мрежи се појави видео кое ги комбинира традицијата, креативноста и еколошката свест. Франа, авторка на исклучително популарниот кулинарски канал SOS Kuhinja/Kitchen, кој има повеќе од 370.000 следбеници на YouTube, објави детален водич за правење „мозаик јајца“ користејќи само природни состојки. Нејзиниот пристап ги ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во телевизиско обраќање во среда навечер изјави дека американската војска речиси ги постигнала своите цели во Иран, но не понуди јасна временска рамка за завршување на едномесечната војна и се закани дека ќе ја бомбардира земјата и ќе ја врати во „каменото доба“. Трамп нагласи дека Соединетите Американски Држави биле исклучително успешни во војната со Иран и рече дека целиот свет гледа и „не може да ...
Во пресрет на Светскиот ден на здравјето, Општина Центар на 6 април (понеделник) организира бесплатни здравствени консултации за граѓаните, кои ќе се одржат во Општинскиот младински центар „Матично“, во период од 09:00 до 15:00 часот. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика граѓаните да ја искористат можноста за бесплатни здравствени проверки и советувања со лекари. „Ги поканувам граѓаните да дојдат во Општинскиот ...
Кошаркарите на Денвер ја победија Јута на гостински терен со 130:117 и ја забележаа својата седма последователна победа во НБА лигата. Никола Јокиќ повторно блескаше во триумфот на Нагетс, за 33 минути запиша 15 поени, 17 скока и 12 асистенции за својот петти трипл-дабл во последните шест натпревари. Откако Јокиќ ги достигна овие бројки, тој официјално има трипл-дабл просек втора последователна сезона. Со тоа, тој му се придружи на ...
Австралиската актерка Ребел Вилсон сподели искрени мисли со обожавателите за својот изглед и борбата со тежината, признавајќи дека повремено користи лекови за слабеење за да ја одржи својата тежина. Таа го започна своето патување кон поздрав живот во 2020 година и редовно ги известува своите следбеници на социјалните медиуми за својот напредок. Патување кон здравјето инспирирано од желбата за мајчинство Вилсон претходно изјави дека е свесна ...
„Најголемо покачување на пензиите во изминатите 20 години– од септември 2024 до март 2026 пораст на пензиите номинално за 7000 денари или раст за 36%. Во 2022 година имало 335.743 пензионери, додека заклучно со февруари 2026 бројот се зголеми на 347.296. За период од нецели две години, од септември 2024 до март 2026 година вкупното покачување на пензиите изнесува 7000 денари на месечно ниво или вкупно линеарно зголемување од 36%“, се ...
Министерството за здравство на Иран соопшти дека Институтот Пастер во Техеран, истражувачка институција основана во 1920 година, бил сериозно оштетен во напад. Портпаролот на министерството, Хосеин Керманпур, во објава на X изјави дека цел на нападот бил институтот, кој го опиша како „вековен столб на глобалното здравје“. The aggression against Pasteur Institute of Iran—a century-old pillar of global health & member of International ...
Општина Илинден започна со реализација на еден од клучните инфраструктурни приоритети, целосна реконструкција на локалниот пат што ги поврзува населените места Мршевци и Дељадровци. Станува збор за значаен и стратешки проект кој директно ќе придонесе за подобрување на патната инфраструктура и квалитетот на живот на граѓаните. Увид на почетокот на градежните активности направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој ...