Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Ова е зоната каде што сте „повеќе од пријатели, но сè уште не сте пар“, каде што постои состанување, но „етикетата“ ја нема, а прашањето „каде води ова?“ изгледа како забранета мисла. Ако често се наоѓате во такви „речиси врски“, можеби не е виновен само начинот на кој ги избирате партнерите, туку и вашиот знак. Пет хороскопски знаци кои се кралеви на вакви врски: 1. Близнаци – мајстори за „нека оди се по својот тек“ Близнаците лесно се ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши со честитка по повод Денот на независноста на Република Косово. „Овој празник е момент на размислување и национална гордост, кој ги отелотворува жртвувањето, посветеноста и визијата за слобода и градење на државата. Независноста на Косово претставува триумф на слободната волја на граѓаните да изградат демократска, праведна и европски ориентирана држава. Република Северна Македонија и Република Косово ...
Европскиот советодавен комитет за климатски промени (ESABCC) предупреди дека Европа мора да се подготви за глобално затоплување од 2,8 до 3,3 степени Целзиусови до крајот на векот, посочувајќи дека континентот веќе ја плаќа цената на „недоволната подготовка“. Членот на одборот и генерален директор на Кралскиот холандски метеоролошки институт (KNMI), Мартен ван Алст, оцени дека прилагодувањето кон поекстремни температури не е „ракетна наука“ и ...
Ужасни вести ни доаѓаат од хокеарски натпревар од Соединетите Американски Држави. Според американските медиуми, на хокеарскиот натпревар во Род Ајленд се случила страшна пукотница во која три лица ги загубиле животите, а неколку лица биле хоспитализирани. Натпреварот се одржал во Потакет, Род Ајленд, а се натпреварувале две средни училишта. Инцидентот се случил на трибините за време на натпреварот кога таткото на еден од играчите дошол ...
На 28 ноември 2026 година, Скопје ќе биде дел од концертен проект што обединува две од најконзистентните и највлијателни музички имиња на регионалната поп-сцена, Тони Цетински и Нина Бадриќ. Настанот кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ е најавен како гала-концепт што ги става во фокус музиката, интерпретацијата и зрелата сценска енергија. Скопје одамна не бил домаќин на концерт во кој самото присуство на артистите е доволно за да ...
„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една опиена власт од луксуз, приватен бизнис и тендери“, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Додека, како што вели, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека владата одбива 600 евра минимална плата и им крати 40 милиони евра на земјоделците, премиерот се луксузира врз грбот на народот. „Исто како Груевски, тој купуваше ...
Управата за јавни приходи информира дека завршија активностите за регистрацијата и доброволна дерегистрацијата на даночните обврзници за целите на данок на додадена вредност (ДДВ). Рокот за поднесување на пријавите за регистрација и дерегистрација беше до 15 – ти јануари 2026 година. Врз основа на поднесените барања за регистрација за ДДВ, во текот на месец јануари 2026, Управата за јавни приходи изврши регистрација на 1.199 даночни обврзници ...
Јужниот остров на Нов Зеланд е погоден од обилни дождови, што доведе до поплави, затворање на патишта и мостови, додека силната бура што претходно предизвика уништување во Велингтон се движеше кон југ, соопшти Метеоролошката служба. Како што е наведено, институтот предупреди дека системот со низок притисок во близина на источниот брег може да донесе понатамошни обилни дождови, брзо зголемување на реките и потоците, лизгање на земјиштето, како ...
Зимските олимписки игри во Милано и Кортина донесоа низа неверојатни моменти, а еден од најголемите се случи во понеделникот, во женскиот монобоб. Американката Елана Мејерс Тејлор го освои златниот медал, со што се запиша во историјата како најтрофејна зимска олимпијка во историјата на американската репрезентација, но и како најстарата Американка со злато на Зимските олимписки игри. Четириесет и едногодишната Мејерс Тејлор победи со вкупно ...
Една песна, два препознатливи гласа, речиси две децении подоцна повторно на иста сцена. Концертот на Весна Писаровиќ на 28 март во Филхармонија во Скопје добива посебна димензија, и тоа по нејзина лична желба – специјален гостин ќе биде Владо Јаневски. Поводот е нивното долгогодишно пријателство, но и дуетот „Љубав је религија“, снимен пред речиси дваесет години – песна што остави длабока трага и кај македонската и кај хрватската публика. ...
Министерството за локална самоуправа објави Јавен повик за финансирање на предлог-проекти насочени кон намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година, по одделни мерки и активности за поттикнување рамномерен регионален развој. Целта на повикот е доделување средства на проекти кои ќе придонесат кон намалување на разликите во степенот на развиеност меѓу регионите, ...
Македонската банкарска асоцијација информира дека согласно Законот за платежни услуги и платни системи, со кој во националното законодавство е транспонирана Директивата (ЕУ) 2015/2366 за платежни услуги на внатрешниот пазар (PSD2), од 1 март 2026 година започнува примената на засилена автентикација на корисниците (Strong Customer Authentication – SCA) при извршување одредени платежни трансакции. Засилената автентикација ќе се применува кај ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека во текот на ноќта Русија извршила масовен комбиниран напад дизајниран да предизвика максимална штета на украинскиот енергетски сектор. „Тоа беше комбиниран напад, специјално дизајниран да го оштети нашиот енергетски сектор што е можно повеќе. Користени се речиси 400 дронови и 29 ракети од различни видови, вклучувајќи и балистички. Значителен број беа соборени, но, за жал, имаше и ...
Фудбалската Лига на шампионите влегува во втората фаза. Според новиот формат, осумте првопласирани екипи од лигашката фаза директно одат во осминафиналето, каде што ќе им се придружат осумте екипи што ќе изборат место во плејофот. Денес се закажани четири натпревари. Галатасарај – Јувентус (18:45 часот) Првиот термин вечерва го носи натпреварот помеѓу Галатасарај и Јувентус во Истанбул. Тоа ќе биде седмиот натпревар на овие клубови во Лигата ...
Ретроградната положба на планетите во 2026 година носи турбуленции и промени во плановите. Дознајте кој знак треба да биде особено внимателен и како да го преживее хаосот. Ако ви се чини дека технологијата овие денови откажува, а комуникацијата со најблиските се соочува со ѕид од тишина, не го замислувате тоа. Во текот на следните седум дена, ретроградната положба го презема небото, носејќи енергија што ќе ги тестира границите на вашето ...
„55 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери, молчи и Државната комисија за спречување на корупција. Нема одговори за 161 тендер за една фрима, 51 тендер преку општините за друга, 74 тендери за трета, нема одговори за 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, за тендерот од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта“, велат од СДСМ. „Милионски тендери добиваат едни исти фирми блиски до власта а ...
Научници од Санкт Петербург развија уред за брзо откривање на клеточни оштетувања што го забрзуваат стареењето и предизвикуваат рак и други болести. Уредот е 1,5 до 2 пати попрецизен од претходно достапните аналитички алатки и поставува основа за развој на брзи тестови од следната генерација, според податоците од Руската научна фондација (RSF). Пушењето, консумирањето алкохол, загадувањето на воздухот, хроничните болести и голем број други ...
Поминаа речиси три години откако Еден Азар, по турбулентен период во Реал Мадрид обележан со повреди, одлучи да ја заврши кариерата. Белгиецот вели дека денес се чувствува повеќе како таксист отколку како фудбалер. „Мојот живот е доста едноставен. Татко сум на пет деца, во моментов сум повеќе таксист отколку фудбалер, но тоа е во ред. Останавме да живееме во Мадрид. Ја донесов одлуката поради семејството, децата, времето и храната. Животот ...
Раководителите на најголемите британски банки го одржаа првиот состанок за воспоставување локален систем за плаќање, познат како „DeliveryCo“, за да се намали зависноста од американските платни мрежи Visa и Mastercard, објави Гардијан. Причината е загриженоста дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ги затвори услугите на овие компании, што би ја загрозило британската економија, според официјалните лица. Средбата ја водеше ...
„Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во Тетово. Филипче ја составил, потпишал и одобрил техничката спецификација, но доколку постапувал согласно закон и доколку не го интересирале провизии, трагедијата можела да биде спречена“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Модуларната болница во Тетово била изградена без исполнување на минимум стандарди. ...
Жизел Пелико (73), Французинка која преживеала бројни силувања додека била без свест, објави мемоари во кои ги опишува траумите што ги претрпела и причините зошто решила да јавно да проговори. Книгата „Химна на животот“, објавена во вторник, го следи случајот од 2024 година што ја направи Пелико глобален симбол на борбата против сексуалното насилство и ја поттикна Франција да ги реформира законите за силување, објави Ројтерс. Објаснувајќи ...
Барселона претрпе уште еден удар, доживеа пораз во Џирона (2:1) и го загуби првото место во Примера. По поразот Каталонците повторно се жалат на судењето, го вперија прстото во главниот судија Сезар Сото Градо. Ханси Флик, верува дека, на голот за победа на Џирона му претходел чист фаул врз Жил Кунде. Сепак, судијата Сото Градо го призна голот, а ВАР дури и не го повика да ја провери ситуацијата. -„Зошто ВАР не интервенираше? Не знам тоа. ...
Во 08:00 часот се укинати забраните за тешките товарни возила на планинскиот премин Стража и на крак Маврово – Дебар, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Текстот Укината забраната за камиони на планинскиот премин Стража и на крак Маврово – Дебар е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве ...
Полската армија ги крена борбени авиони, а властите во Полска привремено ги затворија аеродромите во Жешов и Лублин поради масовниот напад на Русија врз Украина, објавија денес полските власти. Оперативната команда на вооружените сили нагласи дека овие акции се од превентивен карактер и имаат за цел обезбедување на воздушниот простор, објавува полската ТВН24. Поради воената операција, аеродромите во Жешово и Лублин беа привремено затворени, ...
Во пукање на младински хокеарски натпревар во Потакет, во американската држава Род Ајленд, синоќа беа убиени две лица, а тројца други беа ранети, соопшти полицијата. Еден од загинатите е напаѓачот, кој си го одзеде животот по нападот. Според информации од два извори од полицијата, се чини дека напаѓачот пукал во членовите на своето семејство, пишува Си-ен-ен. Пукањето се случило на трибините зад една од клупите на играчите, на средина од ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден; · во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров; · во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан ...
Велика Британија би можела да воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години уште оваа година, следејќи го примерот на Австралија и затворајќи ја дупката во законот што ги остави чет-ботовите со вештачка интелигенција надвор од безбедносните правила. Австралија стана првата земја во светот што ги забрани социјалните медиуми за деца под 16 години во декември, блокирајќи ги од платформи како што се TikTok, YouTube, Instagram и ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег. Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на ...
Претставници на Украина и Русија ќе се сретнат во Женева денес и утре на нова рунда мировни преговори со посредство на САД, за кои Кремљ вели дека ќе се фокусираат на најгорливото прашање од војната, судбината на украинската територија окупирана од Русија. Американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз Москва и Киев да постигнат договор за завршување на најголемата војна во Европа од 1945 година, а украинскиот претседател Володимир ...
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер ...