Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски денеска од Мечкин Камен, на одбележувањето на 2 Август – Илинден, порача дека најголемиот предизвик со кој се соочува државата денес е демографската состојба, оценувајќи дека современото „востание“ не е со оружје, туку преку создавање семејства, воспитување деца и обезбедување иднина за младите во Македонија. Во обраќањето во Крушево, каде ја предводеше собраниската делегација на државното ...
Европската фудбалска унија УЕФА му постави ултиматум на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Или тој доброволно ќе поднесе оставка, или 55 европски федерации ќе покренат гласање за недоверба и ќе се обидат да го сменат од функцијата. Според ексклузивни информации од британскиот весник „The Telegraph“, сите членки на УЕФА се подготвени да гласаат против Инфантино ако тој одбие да поднесе оставка. УЕФА може да побара вонреден конгрес на ФИФА ...
Новак Ѓоковиќ го избра црногорското приморје како место за одмор и семејно уживање, далеку од тениските терени и секојдневниот притисок што го носи професионалниот спорт. Познатиот тенисер престојува во Портонови со сопругата Јелена и нивните деца Стефан и Тара, а во овој луксузен комплекс поседува и сопствен апартман. Посебно внимание кај минувачите предизвика моментот кога Ѓоковиќ лично застана зад управувачот на својот глисер и ја презеде ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Крушево порача дека вредноста на сеќавањето на Илинден е во градењето подобра иднина за граѓаните. Филипче, по повод 2 Август – Илинден, оддаде почит на хероите на Илинденското востание и Крушевската Република, посочувајќи дека нивната борба била за слобода, правда и право на народот сам да ја одлучува својата судбина. „Денес, повеќе од еден век подоцна, имаме должност да го продолжиме токму тој пат. ...
Галатасарај наводно подготвува понуда за Кевин Де Брујне, кој не е задоволен од својот статус во Наполи. Белгискиот репрезентативец пристигна во Италија од Манчестер Сити како слободен играч, но првата сезона на стадионот „Диего Армандо Марадона“ му беше тешка и обележана со повреда која го оддалечи од теренот речиси четири месеци, пишува „Goal.com“. Турскиот клуб подготвува финансиски богата понуда за да го реализира трансферот на Де Брујне ...
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен државјанин на Македонија со регулиран престој во Хрватска, под сомнение дека предизвикал пожар во местото Седрамиќ, во близина на Дрниш, при палење хартиени вреќи од цемент по завршување на градежни работи. Според Полициската управа Шибенско-книнска, со криминалистичката истрага е утврдено дека мажот во четврток попладне, по изведување градежни работи во дворот на куќа, запалил ...
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на 55. Семакедонска средба што традиционално се одржа во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, испраќајќи порака за единство, зачувување на традицијата и зацврстување на врските со македонските иселеници. Манифестацијата, која традиционално ја организираат Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот ...
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека секоја генерација има свој Илинден, со сопствена мисија и одговорност, а задачата на денешната генерација е да ја зачува државата силна, да ја направи просперитетна и праведна. Во обраќањето во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, Мицкоски истакна дека почитта кон илинденците и асномците не треба да биде само сеќавање на минатото, туку и потсетување ...
Пари Сен Жермен постигна принципиелен договор за платата со крилниот напаѓач на Ајакс, Мика Годтс, но трансферот не е завршен бидејќи двата клуба сè уште не се договориле за обештетувањето. Според „Goal.com“, Ајакс бара околу 60 милиони евра за 21-годишниот белгиски фудбалер, што е главната пречка во преговорите. Иако техничкиот директор на холандскиот клуб, Жорди Кројф, не е заинтересиран за продажба на еден од најважните играчи на тимот, ...
Најмалку три лица загинаа, а две се повредени во пукање во градот Твин Фолс, во американската сојузна држава Ајдахо, соопшти локалната полиција. Инцидентот се случил во саботата во близина на ресторанот „In-N-Out“, на булеварот Блу Лејкс Норт. Полицијата реагирала околу 14:30 часот по локално време, по пријави за пукање во реонот на ресторанот. Началникот на полицијата во Твин Фолс, Метју Хикс, изјави дека осомничениот напаѓач бил убиен за ...
Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна, а надлежните здравствени институции продолжуваат со континуирано следење, информира Министерството за здравство. Во текот на 1 август се регистрирани 57 први прегледи на пациенти, што е намалување за три случаи во однос на претходниот ден, кога биле евидентирани 60 прегледи. Во изминатото деноноќие нема регистрирани нови хоспитализации. Според податоците на Министерството, заклучно со 1 ...
Менаџерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, вели дека од Ришарлисон зависи дали ќе остане во клубот. Искусниот Бразилец, кој е во клубот од Северен Лондон четири години, беше стрелец на победничкиот гол во предсезонскиот натпревар со Челзи (2:1). На прашањето каков е статусот на 29-годишниот напаѓач во клубот, Де Зерби по натпреварот рече: „Не знам, не го разбирам најдобро, понекогаш вели дека сака да остане, а потоа вели дека сака да си оди. ...
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи прифатил компромисен договор за отворање на Ормутскиот теснец, што било една од причините американскиот претседател Доналд Трамп да ја стави на чекање воената операција против Иран, објави израелскиот Канал 12, повикувајќи се на два дипломатски извори запознаени со текот на преговорите. Според извештаите, предлогот предвидува бродовите кои влегуваат во Персискиот Залив преку Ормутскиот ...
Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска порача дека Илинден е ден за потсетување на борбата на повеќе генерации за создавање самостојна македонска држава, нагласувајќи дека постои долг кон историската вистина и кон асномската генерација која, како што рече, „со крв извојува слобода и македонска република“. Во обраќањето на централното чествување на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, што под нејзино ...
Рома се обидува да го формира најсилниот можен тим за Лигата на шампионите, а во текот на викендот го официјализираше третиот трансфер во тековниот преоден рок. „Волчицата“, го претстави грчкиот репрезентативец Константинос Кулиеракис, кој пристигна од германски Волфсбург и синоќа потпиша петгодишен договор. Германскиот клуб инкасира 16,5 милиони од овој трансфер, а може да смета на уште 1,5 милиони како бонус и уште 20 проценти од следниот ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 2 Август – Илинден во Смилево, Демир Хисар. Во состав на владината делегација беа заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, и заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јакимоски. Делегацијата положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на повеќе локации во Смилево, оддавајќи им ...
Голем пожар избувна во логистичкиот центар на компанијата Wildberries во населбата Новосемејкино во руската Самарска област, откако објектот бил погоден во напад со беспилотно летало, соопшти компанијата. Според првичните информации, нема повредени лица. Од Wildberries потврдиле дека пожарот бил предизвикан од напад со дрон, а на терен се појавиле големи облаци густ чад. На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа како дел од ...
Барселона сè уште бара замена за Роберт Левандовски, а потенцијално решение може да биде напаѓачот на Бенфика, Вангелис Павлидис. Шпанските медиуми блиски до Барселона објавуваат дека клубот е сериозно заинтересиран грчкиот репрезентативец. Тој имаше одлична сезона со 30 гола и шест асистенции во 53 натпревари. Сепак, Бенфика нема намера да го продаде освен ако не добие понуда „што не се одбива“. Се наведува дека веќе побарале од Јувентус ...
Во италијанскиот парламент денеска беше претставен предлог-закон со кој се бара забрана на традиционалните туристички кочии со коњска запрега, познати како „ботичели“ (botticelle). Иницијативата, зад која стојат неколку опозициски партии, предвидува укинување на одредбата од Законот за безбедност во сообраќајот што во моментов дозволува користење на возила влечени од животни, објави „Еуроњуз“ (Euronews). Со предложените измени се бара ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце порача дека Македонија низ историјата победувала тогаш кога била обединета околу голема цел, а не кога била поделена. Во обраќањето по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, Мицкоски нагласи дека постојат вредности кои се поголеми од секоја политичка партија, функција или мандат, а тоа, како што рече, се татковината и обврската кон идните генерации. ...
Сагата околу трансферот на Јан Диоманде во Реал продолжува. РБ Лајпциг сè уште не е подготвен да одговори на најновата понуда на Реал, и како последица на тоа, Реал Мадрид нема контрапонуда на која може да одговори, објавува германски „Скај Спорт“. Според овој извор, но и според инсајдерот Флоријан Плетенбург, договор меѓу клубовите околу трансферот на крилниот напаѓач се уште нема. Да ве потсетиме, Јан Диоманде не беше ниту на клупата на РБ ...
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Илинден не е само датум во календарот, туку завет и карактер, кој ја симболизира борбата за слобода, државност и достоинство. Во обраќањето од Пелинце по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, Мицкоски истакна дека денеска се одбележува споменот на генерации кои, како што рече, се воделе од идеали, жртви и соништа за слободна Македонија. „Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои ...
Тринаесет лица загинаа при пад на туристички авион за време на панорамски лет над светски познатите линии во Назка, едно од најпосетуваните археолошки локалитети во Перу. Според локалните власти, во авионот имало 11 патници и двајца пилоти, а леталото се урнало во поле во близина на градот Назка. Нема преживеани. A small tourist plane crashed on Saturday while conducting a sightseeing flight over Peru’s famous Nazca Lines, killing all 13 ...
Роберт Левандовски ги постигна своите први два гола во МЛС лигата и го предводеше Чикаго Фајер до победа од 2-1 над Шарлот. Полскиот напаѓач пристигна во Чикаго од Барселона ова лето, а на своето деби пред домашните навивачи веднаш покажа зошто е доведен. Шарлот прв поведе со голот на Пеп Биел, кој постигна гол по асистенција од Идан Токломти. Левандовски израмни во 20-та минута со спектакуларен удар од далечина, а во 68-та минута го ...
Три години по периодот на сериозни удари врз проиранските вооружени групи, сојузниците на Техеран повторно го зајакнуваат своето присуство на Блискиот Исток, со што Иран го обновува своето регионално влијание во конфронтацијата со САД и Израел. Таканаречената „Оска на отпорот“, мрежа на вооружени групи поддржани од Исламската Република, значително ослабе по израелската воена реакција на нападот на Хамас во 2023 година и последователните ...
Струмичките пожарникари утринава извлекоа мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“. Спасувачката акција започнала околу 5:15 часот, кога екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица добила повик и веднаш се упатила кон местото на несреќата. Пожарникарите употребиле специјална спасувачка опрема и успеале безбедно да ги извлечат двете лица од провалијата. По интервенцијата, ...
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, беше крајно незадоволен од пристапот на своите играчи во второто полувреме од пријателскиот натпревар против Фиорентина, кој заврши 2-2. Португалецот остро го критикуваше тимот за опуштеноста што доведе до нерешен резултат, пишува „goal.com“. Реал влезе во вториот дел со предност од 2:1, а претходно пропушти неколку шанси што можеа да го решат натпреварот порано. Сепак, во продолжението од натпреварот, ...
Ѕвездите за денес носат силни емоции, важни одлуки и можност за нови почетоци. Некои хороскопски знаци ќе се соочат со болката од минатото и ќе ја претворат во лична сила, додека други ќе добијат шанса да ги подобрат љубовните односи, кариерата или сопствената самодоверба. Овен Време е да расчистите со луѓето кои повеќе не носат позитивна енергија во вашиот живот. Направете простор за оние што вистински ве исполнуваат. Во љубовта покажете ...
Криминалната мрежа „Фокстрот“, која шведските и европските безбедносни служби ја поврзуваат со серија убиства и напади, разви модел во кој тинејџери се регрутираат преку интернет и се користат како извршители на нарачани ликвидации, пишува Би-би-си. Според анализи на европските истражители, мрежата од 2022 година се поврзува со околу 35 убиства, како и со повеќе напади и обиди за напади врз израелски цели во Европа. Еден од случаите што го ...
Илинден е најсилниот симбол на македонската борба за слобода и сопствена држава. Во него се испреплетуваат идеалите на илинденците од 1903 година и делото на генерацијата што преку АСНОМ ги постави темелите на современата македонска државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Тој е сведоштво за истрајноста, пожртвуваноста и непоколебливата волја на народот да живее достоинствено и слободно. Крушевската Република остави порака што и денес има силно ...