Машката јуниорска репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое се одржува во Ријека и Опатија. И покрај тоа што нашите кошаркари во најголемиот дел од натпреварот ја имаа резултатската контрола, селекцијата на Босна и Херцеговина со подобар финиш стигна до пресврт и победа. Македонија одигра одлично прво полувреме и на паузата замина со предност од 46-41, која можеше да биде и ...
Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години го претрпе третиот пораз во исто толку натпревари на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое се одржува во Ријека и Опатија. Вчера потлекнавме во последната четвртина против Босна и Херцеговина, во петокот загубивме од Грузија, а денеска немавме никаква шанса за позитивен резултат во соочувањето со Унгарија. Бевме надиграни во првата четвртина со 21:6, па иако во преостанатиот дел бевме ...

