Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави првите судиски двојки кои ќе ја делат правдата на Европското првенство за жени 2026, а меѓу нив повторно се најдоа и македонските арбитри Даниело Божиновски и Виктор Начевски. Континенталниот шампионат ќе се одржи од 3 до 20 декември во Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција, а во моментов ЕХФ номинираше 16 судиски двојки за завршниот турнир. Пред почетокот на првенството, сите избрани ...

Германската тренерска легенда Јирген Клоп е на чекор од преземање на германската фудбалска репрезентација. Според најновите информации, искусниот стратег ја прифатил понудата да стане нов селектор на „панцирите“, а останува да бидат договорени и последните детали пред официјалното потпишување на договорот. Наводно, двете страни веќе постигнале начелен договор, додека во тек е финализирањето на условите од соработката. По нивното усогласување, ...

Еден од најголемите фудбалери во историјата на Алжир, Ријад Марез, официјално стави крај на својата репрезентативна кариера по елиминацијата на неговата селекција од Швајцарија на Светското првенство. Со ова завршува едно незаборавно поглавје кое траеше 12 години, период во кој Марез настапи на 119 натпревари во националниот дрес, постигна 40 голови и запиша 45 асистенции, оставајќи длабока трага во алжирскиот фудбал. Триесет и петгодишниот ...

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска организираше свечен прием за најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, која испиша историја со својот настап на главниот турнир на Вимблдон. Ристовски истакна дека успехот на Ѓорческа претставува гордост не само за македонскиот тенис, туку и за целиот македонски спорт, нагласувајќи дека таа со својата посветеност, труд и истрајност покажала дека македонските спортисти можат достојно да се ...

Елиминацијата на Хрватска од Португалија во шеснаесетфиналето на Светското првенство и понатаму предизвикува бурни реакции во фудбалската јавност. Еден од оние што јавно застана во одбрана на „коцкестите“ е легендарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ, кој смета дека поништениот гол во судиското продолжение не требало да биде поништен. Хрватска беше поразена со 2-1, а во последните секунди од натпреварот Јошко Гвардиол ја испрати топката ...

Екипата на Брегалница обезбеди промоција во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), но може да остане без услугите на првиот стрелец Костадин Капсаров. 20-годишното десно крило беше најефикасен играч на штипјани во ВМФЛ. Со вкупно 14 постигнати гола, тој се истакна во дресот на „сините“ и ја одбележа сезоната како еден од најдобрите стрелци во второлигашкото друштво. Сепак, може да дојде до разделба на Капсаров и Брегалница. Играчот е на ...

Екипата на Пелистер испадна во понизок ранг, а повеќе играчи почнаа да си бараат нови клубови. Еден од нив е и крилото Петар Петковски. 29-годишното лево крило во ПМФЛ оваа сезона одигра 22 натпревари за Пелистер, на кои успеа да постигне пет гола со уште една асистенција зад своето име. Откако битолчани испаднаа по баражот со Шкендија Арачиново, Петковски ќе има нов клуб. Петар Петковски мина една сезона во Битола, а зад себе има кариера со ...

КК Пелистер ја информира јавноста дека изврши промени во раководечката структура на клубот за сезоната 2026/27. На позицијата извршен директор на клубот на истек од договорот заминува Филип Ивановски, на кого клубот му е благодарен на преданоста и професионалноста. На негово место е назначен Предраг Созовски, кошаркарски работник, тренер и спортски работник кој цел живот е во кошаркарскиот спорт. Тој целосно ќе се посвети на својата нова ...

Еден од најконтроверзните моменти на натпреварот меѓу Португалија и Хрватска доби и официјална потврда од самиот актер. Напаѓачот на Хрватска, Игор Матановиќ, призна дека имал минимален контакт со топката непосредно пред акцијата од која Јошко Гвардиол постигна погодок за 2-2, кој подоцна беше поништен по интервенција на ВАР. Во 12. минута од судиското продолжение, Хрватите накратко се израдуваа на израмнување и можност за продолженија. ...

Германската фудбалска репрезентација ќе добие нов селектор по разочарувачката елиминација во шеснаестинафиналето на Светското првенство, каде Парагвај беше подобар ривал. Иако Јулијан Нагелсман имаше договор со Германската фудбалска федерација до 2028 година, германските медиуми тврдат дека неговата мисија е завршена. Според „Билд“, веќе е постигнат договор за разделба, а официјалната потврда се очекува во наредниот период. Во германската ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Чешка, Мирослав Коубек, поднесе оставка на 29 јуни 2026 година по неуспехот на Светското првенство во 2026 година. Чешката фудбалска асоцијација го прифати неговото повлекување по елиминацијата на тимот уште во групната фаза на Мундијалот. Чешка заврши на последното место во групата А на Мундијалот, со само еден освоен бод (ремизираше 1-1 со Јужна Африка, а претрпе порази од Јужна Кореја со 1-2 и од ...

Обрад Марковски го заврши настапот на Македонија Опен во второто коло. Македонскиот тенисер денеска во продолжението загуби во комплетирањето на мечот со Владислав Орлов од Украина со 2-0 (6-3 6-2). Мечот вчера беше прекинат поради стемнување при резултат 1-0 во сетови и 2-2 во гемови. Заедно со денешното продолжение мечот траеше 100 минути. Орлов, кој победи во четвртфиналето по одморот ќе игра против Петар Јовановиќ. Од македонските ...

ФИФА стави крај на дилемите околу поништениот гол на Хрватска во драматичниот финиш од осминафиналниот дуел со Португалија и објасни зошто погодокот на Јошко Гвардиол не беше признат. Во 103. минута од натпреварот мрежата на Португалците ја затресе Јошко Гвардиол, ама по ВАР реакција голот беше поништен. <<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Погледнете како „ЕКГ на топката“ ја елиминира Хрватска од СП! <<< - ПОВРЗАНО - Дали е ова најава ...

Елиминацијата на Хрватска од Светското првенство најверојатно стави крај на репрезентативната кариера на Лука Модриќ, кој со солзи во очите го напушти теренот по драматичниот пораз од Португалија (2-1). По последниот судиски свиреж следуваа емотивни сцени. Модриќ не можеше да ги сокрие солзите, а меѓу првите кои му пријдоа беше неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо. Двајцата се прегрнаа, а Португалецот имаше само ...

Фудбалската репрезентација на Хрватска беше елиминирана од Светското првенство по огромна драма против Португалија (2-1). Пресметката од шеснаестинафиналето во Торонто кулминираше длабоко во судиското продолжение кога беше поништен голот на Јошко Гвардиол. Иако навидум изгледаше дека офсајдот е чист, стана јасно дека спорниот момент е дали Игор Матановиќ игра со топката или не. Доколку немаше допир, додавањето кон Марио Пашалиќ ќе беше чисто, ...

Максималната Македонија веќе го завери првото место во претквалификациската група за Европското првенство во 2029 година, откако дома убедливо славеше со Ирска. По убедливиот триумф над Ирска, нашиот најдобар кошаркар Андреј Јакимовски не го криеше задоволството од прикажаната игра, но порача дека работата сè уште не е завршена. „Ова беше убедлива победа за нас, ја заслуживме и неа и пласманот во наредниот циклус. Сакаме да победиме и на ...

Репрезентацијата на Швајцарија се пласира во осминафиналето на Светското првенство, откако во шеснаестинафиналната пресметка го совлада Алжир со 2-0 (1-0) „БЦ Плејс“ во Ванкувер. Швајцарците одиграа зрел и дисциплиниран натпревар, ги искористија грешките на противникот и сосема заслужено обезбедија место меѓу 16. најдобри селекции на мундијалот. Европската селекција поведе уште во 10. минута. Мензамби испрати одлична топка до Брајан Емболо, ...

Хрватскиот репрезентативец Лука Вушковиќ е на чекор од трансфер во Брајтон, откако англискиот премиерлигаш постигнал конечен договор со Тотенхем за неговиот ангажман. Според информациите на Фабрицио Романо, трансферот е вреден речиси 60 милиони евра. Брајтон веднаш ќе исплати околу 53 милиони евра фиксно обештетување, а договорот вклучува и бонуси, како и процент од евентуална идна продажба. Младиот стопер важи за еден од најголемите хрватски ...

Капитеност на Атлетико Мадрид, Коке, официјално го продолжи својот договор до 30 јуни 2027 година, одбивајќи богата понуда од МЛС-лигата за да остане во својот матичен клуб. Ова продолжување се активираше автоматски преку клаузула во неговиот претходен договор, откако тој го исполни потребниот број на одиграни натпревари изминатата сезона. Шпанскиот играч за врска имаше сериозна финансиска понуда од американскиот клуб Атланта Јунајтед, но по ...

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо не можеше да ги сокрие емоциите по драматичната победа на Португалија над Хрватска со 2-1 во шеснаесетфиналето на Светското првенство. По последниот судиски свиреж, капитенот на Португалија се појави на теренот во дресот на својот поранешен соиграч Диого Жота, по што беше совладан од емоции и заплака. Денешниот ден има особено болно значење за португалскиот фудбал, бидејќи се навршува точно една година ...

Репрезентацијата на Хрватска прослави продолженија, но ВАР ја скрати радоста и го поништи голот во самиот финиш за реми со Португалија, па така пиринејската селекција со победа од 2-1 оди во осминафиналето на СП 2026. Во 102. минута Хрватска успеа да ја испрати топката во мрежата преку Јошко Гвардиол, но по детална ВАР-проверка беше утврдено дека Марио Пашалиќ се наоѓал во офсајд во почетокот на акцијата. Благодарение на сензорот во топката ...

Репрезентацијата на Португалија се пласираше во осминафиналето на Светското првенство, откако во драматичен натпревар во Торонто ја совлада Хрватска со 2-1. Победничкиот гол падна длабоко во судиското продолжение, а Хрватите останаа без можност да изборат продолженија по интервенција на ВАР. Во следната фаза Португалците ги очекува нов голем предизвик, бидејќи ќе се сретнат со селекцијата на Шпанија. Португалија беше подобар противник во ...

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо успеа да ја прекине црната низа и го постигна првиот гол во нокаут-фазата на Светските првенства. Португалците добија пенал во дуелот со Хрватите во второто полувреме, а одговорноста ја презеде ѕвездата кој го измами Ливаковиќ. На 41 година, Кристијано Роналдо го даде првиот гол во нокаут-фазата и стана највозрасниот стрелец во историјата на оваа фаза на Мундијалите. Португалскиот фудбалер ...

Словенечкиот ракометен репрезентативец, Блаж Јанц, потпиша нов договор со Барселона, кој има важност до 30 јуни 2030 година. Иако неговиот претходен договор со каталонскиот гигант истекуваше во летото 2028 година, клубот и играчот се договорија за продолжување на соработката за уште две дополнителни сезони. Со овој нов потпис, универзалецоt кој пристигна во тимот во 2020 година, се очекува да заокружи цела деценија во дресот на „блауграна“ ...

Аргентинската репрезентација пристигна во Мајами, каде в сабота ќе го одигра натпреварот од шеснаестинафиналето на Светското првенство против Зеленортските Острови, а интересна сцена се случи уште на аеродромот. Иако е најголемата ѕвезда на турнирот и веќе со години настапува за Интер Мајами, Лионел Меси не доби никакви привилегии при влезот во државата. Аргентинецот беше подложен на детална безбедносна проверка, а камерите го снимија како ...

Дојде време и за најголемото дерби од шеснаесетинафиналето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Лука Модриќ или Кристијано Роналдо? Еден од нив уште во раната елиминациона фаза ќе се прости од големата сцена. Португалија и Хрватска во Торонто ќе се борат за пласман во осминафиналето, а познати се стартните состави на двете селекции. Роберто Мартинез ќе се потпре на проверени сили, додека Златко Далиќ одново шанса му даде на ...

Репрезентацијата на Шпанија без поголеми проблеми обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство, откако во шеснаесетфиналето ја совлада Австрија со 3-0. „Фуријата“ доминираше во текот на целиот натпревар, создаде голем број можности и заслужено стигна до победата. Особено расположен беше младиот Ламин Јамал, кој постојано создаваше проблеми за австриската одбрана и беше еден од најдобрите поединци на теренот. Шпанците поведоа во ...

УЕФА и официјално ја потврди финансиската казна за Вардар. Македонскиот клуб ќе треба да плати 250.000 евра поради неправилности во финансиското известување, а воедно доби и сериозно предупредување дека евентуален идентичен прекршок во наредните три сезони може да резултира со исклучување од европските натпреварувања. Според одлуката на Првиот совет на Телото за финансиска контрола на клубовите (CFCB), Вардар пријавил нецелосен опфат на ...

Новиот македонски второлигаш Камјани продолжува да го засилува ростерот за претстојната сезона, а најново име во тимот е Арбин Курти. Младиот фудбалер во Камјани пристигнува со богато искуство во младинските категории, откако претходно беше дел од Вардар, Работнички и Шкендија, а настапуваше и за младинските тимови на албански Билис и косовски Гњилане. Од клубот изразија задоволство од ангажманот на Курти, истакнувајќи дека веруваат оти со ...

Екипата на Брегалница обезбеди промоција во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и веќе почна да го склопува тимот. Ново име меѓу штипските „сини“ во елитното друштво ќе биде стоперот Дарко Стојанов. Искусниот 36-годишен Стојанов четврти пат во кариерата ќе се врати во родниот Штип и во клубот каде важи за играч со статус со над 100 настапи. Поточно, стоперот за клубот од градот под Исарот има одиграно 131 натпревар, со 12 гола, а ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.69
17%
1013
weather icon

Белград

37ᴼ / 36ᴼ
3.58
30%
1014
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
1.22
23%
1014
weather icon

Софија

34ᴼ / 34ᴼ
4.77
21%
1015
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
4.19
20%
1014
weather icon

Љубљана

37ᴼ / 35ᴼ
1.79
39%
1014
weather icon

Атина

34ᴼ / 33ᴼ
8.49
31%
1012
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
6.38
18%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
4.17
19%
1013
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 34ᴼ
3.58
32%
1015
weather icon

Будимпешта

40ᴼ / 38ᴼ
3.13
21%
1014
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 31ᴼ
6.55
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7618

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Бакар

13.37

Платина

56295.96

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Калај

55.95

Алуминиум

3.23

Сребро

1954.91

Родиум

269262.50

Иридиум

252383.36

Паладиум

43242.75

Рутениум

53852.50

Злато

133030.14