Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Јужнокорејскиот фудбалер Ли Канг Ин е нов играч на Атлетико Мадрид, соопшти шпанскиот клуб. Ли потпиша договор со Атлетико до 30 јуни 2031 година, а во мадридскиот клуб пристигнува од ПСЖ за сума од 35 милиони евра. „Овој талентиран играч за врска, кој игра со левата нога, може да настапува како офанзивен играч за врска или на која било крилна позиција. Се истакнува со одличен преглед на играта, врвна контрола на топката, како и со ...
Канзас Сити сака повторно да стане дом на НБА франшиза, откако последниот тим од најсилната кошаркарска лига во светот го напушти градот пред речиси 40 години. Градот во Мисури остана без НБА екипа во 1985 година, кога тогашните Канзас Сити Кингс се преселија во Сакраменто. Оттогаш, локалните власти и спортските организации неколкупати покажаа интерес за враќање на професионалната кошарка на највисоко ниво. Идејата повторно се актуализира во ...
Екипата на Струга Трим Лум ја оправда фаворитската улога и славеше триумф над Шкендија Арачиново со конечни 3-0 (2-0) во премиерното коло од Првата македонска лига Натпреварот започна со помирно темпо. Се играше малку внимателно на двете страни, а гостите беа тие што први се заканија, но без реализација во финишот. Оваа шанса малку како да ја разбуди Струга, па потоа тргна во поголема офанзива и неколку пати опасно продре кон противничкиот ...
Вардар со победа ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако пред својата публика ја совлада Брегалница со 2-0 и во добро расположение ќе патува на европскиот предизвик во Рига. По натпреварот, Димитар Тодоровски го истакна значењето на трите бода, особено пред гостувањето во Летонија. „Многу важна победа пред патувањето во Рига. Ова многу ни значи. Ги поправивме грешките, а имавме и повеќе свежи играчи и тоа мислам ...
Евролигашот Валенсија продолжува со реконструкцијата на тимот пред новата сезона, а најново засилување е американскиот кошаркар Мо Геј, кој доаѓа од системот на Чикаго Булс. Шпанскиот клуб и ова лето останува верен на својата препознатлива политика - наместо скапи ѕвезди, ангажира играчи кои можат да направат исчекор во кариерата. Иако минатата сезона стигна до фајнал-форот на Евролигата и остави одличен впечаток, Валенсија се раздели со ...
Македонскиот фудбалски првак Вардар ја отвори домашната сезона среде двата европски меча со Рига и тргна со триумф над штипска Брегалница (2-0) во рамки на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Очекувано, тимот на Кристијан Фабијани славеше над повратникот во елитата, кој се уште се бара и го склопува тимот за предизвикот кој следи. Заради европските обврски, Вардар го почна натпреварот со доста променети играчи во првиот тим во сите ...
Црногорскиот клупски фудбал продолжува да тоне на европската сцена. Со поразот на Сутјеска од 0-3 против белорускиот шампион МЛ Витебск, црногорските клубови ја продолжија црната серија - девет европски натпревари и девет порази. Особено загрижува фактот што сите екипи кои ги елиминираа црногорските претставници во првото квалификациско коло, веќе во следната рунда беа елиминирани без да постигнат ниту еден гол, и тоа против противници кои не ...
Вардар иако со комбиниран состав доминираше на стартот од натпреварот против Брегалница, а подобрата игра донесе резултат во 26. минута кога младиот Данев донесе радост на присутната публика на Градски. Искусниот Закариќ тргна во транзиција, освои простор и го проигра Спахиу кој беше десно, а овој со хируршки прецизен центаршут го пронајде Данев, кому не му беше тешко да ја погоди празната гостинска мрежа за 0-1. За младинскиот ...
Арсенал би можел да биде еден од главните актери во овој дел од летниот преоден рок. Англискиот шампион сериозно ја разгледува можноста да го доведе Винисиус Јуниор од Реал Мадрид, што би претставувало еден од најголемите трансфери во историјата на клубот. Интересот засега е во почетна фаза и нема конкретни преговори меѓу двата клуба, но раководството на „топџиите“ дало зелено светло да се испита можноста за ангажман на бразилската ѕвезда. ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ќе стартува од првата позиција на Големата награда на Унгарија, 11-та трка од сезоната во Формула 1, откако беше најбрз во квалификациите на патеката „Хунгароринг“. Британецот во самиот финиш на квалификациите му ја одзеде пол-позицијата на својот сонародник Луис Хамилтон, кој со Ферари беше на чекор до најдоброто стартно место. Норис до својата прва пол-позиција оваа сезона стигна со време од 1:17.207 ...
Ѕвездата на Њујорк Никс, Џејлен Брансон, се очекува да потпише нов максимален договор вреден меѓу 280 и 300 милиони долари. Ова доаѓа како директна награда од клубот откако неговата претходна жртва и финансиски попуст му донесоа шампионска титула на Њујорк. Брансон претходната година се договори со клубот и потпиша финансиски поскромен договор за му помогне на клубот да формираат шампионски тим. Прогнозите се дека следната година ќе добие ...
Искусниот десен бек, Кент Робин Тонесен, има сериозни здравствени проблеми, откако му беше дијагностициран херпес зостер (предизвикан од истиот вирус што ги предизвикува овчите сипаници) на лицето, кој го зафатил и неговото око. Флензбург, клубот за кој настапува норвешкиот ракометар, ја потврди оваа информација, но засега не може да прецизира кога искусниот бек повторно ќе се врати на теренот. Станува збор за офталмолошка форма на херпес ...
Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити продолжува да ја гради иднината на својот тим, откако го продолжи договорот со младиот дефанзивец Абдукодир Хусанов. Узбекистанскиот репрезентативец стави потпис на нова соработка со „граѓаните“ која ќе го задржи на „Етихад“ до летото 2031 година. Хусанов пристигна во Манчестер Сити од Ленс во јануари 2025 година и за кратко време успеа да ги убеди тренерот и раководството на клубот дека има квалитети за ...
Францускиот тенисер Кентин Халис го освои првиот АТП трофеј во својата кариера, откако во финалето на турнирот во Кицбил го совлада Казахстанецот Александар Бублик со 6-4 и 7-6/6. Мечот траеше еден час и 34 минути. Бублик (11. место на АТП листата) беше фаворит против Халис, кој пред турнирот беше 83. тенисер во светот, но Французинот одигра одличен натпревар и стигна до најголемиот успех во кариерата. Халис го освои првиот сет благодарение ...
Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски би можел наскоро да ја заврши својата епизода во Сараево и кариерата да ја продолжи во српската Суперлига. Според информациите од Србија, Нови Пазар покажува сериозен интерес за 34-годишниот македонски бек, кој би можел да пристигне во пакет со Адем Љајиќ. Локалните медиуми пренесуваат дека двајцата фудбалери веќе се во Нови Пазар, иако засега нема официјална потврда дека трансферите се договорени. ...
Арсенал не планира да застане по освоената титула во Премиер лигата и пласманот во финалето на Лигата на шампионите. Во Лондон веќе работат на дополнително засилување на составот, а прва желба е напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез. Шпанските медиуми пренесуваат дека „топчиите“ разгледуваат понуда вредна 100 милиони евра, во која би го вклучиле и шведскиот голгетер Виктор Ѓокереш. Планот е со ваков пакет да го убедат Атлетико да се ...
Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Шкендија Арачиново од првото коло во Првата македонска фудбалска лига нема да започне во првично предвидениот термин. Средбата во Струга требаше да стартува во 17:00 часот, но почетокот е поместен за најмалку половина час. Според информациите, причината е поврзана со продукцијата задолжена за реализација на натпреварот. Новиот термин за старт е 17:30 часот, но засега останува отворена можноста мечот ...
Македонскиот кошаркарски суперлигаш Пелистер со добро познато име во Битола ја започнува реконструкцијата на тимот. По заминувањето на речиси целиот ростер од минатата сезона, новото раководство на „зелено-белите“ го повлекоа првиот потег и го договорија првото засилување за новиот шампионат. Во Битола се враќа Благој Димитриев, кошаркар кој игра на крилните и високите позиции. Овој 26-годишен кошаркар доаѓа во Битола од Кавадарци, каде ...
Поранешниот англиски репрезентативец и фудбалер на Арсенал, Пол Мерсон, повторно отворено проговори за тешката борба со зависноста од коцкање, поради која во текот на животот загубил околу седум милиони фунти. Мерсон, кој 21 пат настапи за Англија, призна дека коцкањето му одзело практично сè што заработил во фудбалската кариера. Пари, куќа, автомобили, бракови, но, како што вели, најмногу самопочитта. „Тажно е тоа што се случи, но сфатив ...
Фудбалерките на ЖФК Скопје не успеаја да стигнат до позитивен резултат на квалификацискиот турнир во Лигата на шампионите. По поразот од ирски Атлоне, македонскиот шампион загуби и од грузиски Лусо со 0-2. Грузискиот претставник до предност стигна во 37. минута, кога Метонидѕе ја затресе мрежата на ЖФК Скопје и го постави резултатот со кој се замина на паузата. Во продолжението македонскиот тим се обиде да се врати во натпреварот, но Лусо ...
Челзи продолжува со засилувањето на стручниот штаб пред стартот на новата сезона, а ново име во лондонскиот клуб ќе биде Остин Мекфи, еден од најценетите европски стручњаци за прекини. Мекфи по пет години ја напушта Астон Вила и во Челзи ќе ја преземе улогата на тренер задолжен за прекините. Тој веќе се простил од фудбалерите и членовите на стручниот штаб на клубот од Бирмингем и наскоро треба да му се приклучи на новиот тим. Неговото ...
Петкратниот кошаркарски НБА шампион и актуелен вицепрвак, Сан Антонио Спарс, со одличен учинок од четири победи и само еден пораз заврши на делба од второто до четвртото место во штотуку завршената Летна НБА лига. Стручниот штаб на Спарси во Летната НБА Лига беше предводен од првиот асистент во клубот, поранешната долгогодишна НБА звезда Корлис Вилијамсон, кој десет години по ред е прв асистент во четири НБА клубови. Во тренерскиот тим важна ...
Македонскиот првак Вардар на отворањето на новата сезона во Првата лига ќе ја пречека Брегалница на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Меѓу двата европски дуели со Рига, вардарци максимално се фокусирани и на стартот на шампионатот во кој ќе бранат освоената титула лани. Играчот за врска Димитар Тодоровски вели дека Вардар има обврска да освои три бода на стартот, затоа што амбициите на клубот се да се бори и да ги освои двата ...
После две сезони минати во Втората лига, Брегалница се враќа на прволигашката сцена. Штипскиот тим минатата сезона дојде до Првата лига, благодарение на освоеното прво место ранг подоле, и еве ги штипските „сини“ назад во елитната конкуренција. Ждрепката сакаше првото коло да имаат тешка мисија. Гостуваат кај шампионот Вардар, во обидот да направат големо изненадување против еден од фаворитите за титула и во новата сезона. И покрај тоа што ја ...
Легендата на Реал Мадрид, Серхио Луљ, го продолжи договорот со шпанскиот кошаркарски гигант за уште една сезона, на големо задоволство на навивачите. За искусниот плејмејкер, сезоната 2026/27 ќе биде јубилејна, дури 20-та во дресот на „кралскиот клуб“, каде што настапува уште од 2007 година, кога пристигна од Манреса. Луљ во ноември ќе наполни 39 години и ќе биде убедливо највозрасниот кошаркар во Евролигата. Во својата богата кариера со Реал ...
Струга Трим Лум и во сезоната 2026/27 ќе ја предводи Бледи Шкемби, кој втора година по ред ќе биде на клупата на актуелниот македонски прволигаш. Албанскиот стратег минатата сезона ја водеше екипата на 35 натпревари, а сега верува дека тимот е подготвен за нови предизвици и нов обид за пласман на европската сцена. Шкемби истакна дека и покрај тоа што првиот противник, Шкендија од Арачиново, е дебитант и не е добро познат, неговиот тим се ...
Шкендија сезоната 2026/27 во Првата македонска фудбалска лига ќе ја започне со два домашни натпревари на терените во Комплексот на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје. Иако поради реконструкцијата на стадионот во Тетово, клубот го пријави стадионот во Гостивар како свој домашен терен за новата сезона, првите два меча ќе се играат во главниот град поради дисциплинската казна изречена по финалето на Купот на Македонија од минатата ...
Екипата на Шкендија од Арачиново во сабота, во Струга, ќе ја започне својата дебитантска авантура во Првата македонска фудбалска лига. „Среќен сум што ќе бидам дел од овој историски натпревар за клубот од моето родно место. Ова ќе биде наш прв дуел во Првата лига и, без сомнеж, ќе донесе мешавина од емоции, гордост, но истовремено и голема одговорност“, изјави на почетокот Бесир Демири. Дефанзивецот верува дека тимот од Арачиново имаше ...
Вистинска трансфер-бомба доаѓа од Шпанија, откако Реал Мадрид ги започна преговорите со РБ Лајпциг за ангажман на еден од најталентираните млади фудбалери во Европа, Јан Диоманде. Според информациите од повеќе извори, „кралевите“ сакаат што побрзо да го обезбедат потписот на 19-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, кого го гледаат како долгорочно решение за офанзивната линија. Раководството на Реал веќе воспоставило контакт ...
Баерн Минхен наскоро ќе започне разговори со Хари Кејн околу продолжување на соработката со англискиот напаѓач. Договорот на капитенот на Англија му истекува на крајот на сезоната, но германскиот шампион сака да го задржи еден од своите најважни играчи. Кејн веќе е запознаен со плановите на клубот, а се очекува преговорите да започнат во следните недели. Кејн пристигна во Баерн во 2023 година од Тотенхем и досега одигра 134 натпревари, на кои ...