И по една недела од усвојувањето на новиот предлог-закон за игрите на среќа и забавните игри, Владата сè уште не испраќа никакви сигнали дека планира да ги вклучи засегнатите страни во натамошниот процес, реагира Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ). „Владата упорно избегнува да се соочи со фактите кои се неизбежни. Прво, 10.000 вработени во овој легален бизнис ќе останат на улица. И второ, затворањето на целата легална ...

Претседателот Володимир Зеленски на 24 јули објави дека го одобрил текстот на новиот нацрт-закон со цел зајакнување на владеењето на правото и независноста на антикорупциските институции во Украина, ветувајќи дека истиот ден ќе го достави до Врховната Рада, украинскиот парламент, пренесува Кијив Индипендент. „Тукушто го одобрив текстот на нацрт-законот што гарантира вистинско зајакнување на системот за спроведување на законот во Украина, ...

Владата им подготвува историска имама на пензионерите, со последната одлука за линеарно згоелмување на пензиите за 1.000 денари, се наведува во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува во интегрална форма, соопштуваат од СДСМ. Оттаму велат дека, пензионерите ќе бидат два пати оштетени со оваа одлука, со овој грабеж, еднаш во септември и еднаш во март следната година. Денес ќе ја изложиме целосната пресметка и фактите за македонските пензионери ...

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.П. (68) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против М.Д. (60) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Од Секорот за односи со јавност на СВР Битола информираа дека првопријавената, како директорка на Специјализираната болница Отешево, во текот на 2022 и 2023 ...

Во изминатите дваесет и четири часа се регистрирани вкупно 33 пожари на отворено во цела Македонија, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од 33 пожари, се уште се активни седум, додека пак други седум се под контрола, а деветнаесет се целосно изгаснати. Активни пожари има во Општините Василево, Радовиш и Берово каде на Малешевските планини гори нискостеблеста шума, смрека и ниска вегетација, во Општина Прилеп кај селото Бешиште, ...

Тајланд и Камбоџа разменија оган по нивната спорна граница втор ден во петокот, соопштија официјални лица од двете земји, при што повеќе од десетина лица се убиени, а повеќе од 100.000 цивили се евакуирани, пренесува Си-ен-ен. Тензиите меѓу соседите од Југоисточна Азија вријат со месеци поради спорните делови од нивната копнена граница од 500 милји (800 километри), делумно демаркирана од поранешниот колонијален владетел на Камбоџа, Франција, и ...

Под влијание на топлотниот бран што ја зафати земјава, дневните температури до сабота ќе бидат над јулскиот просек и ќе се движат од 34 до 38 степени во југозападниот, источниот и североисточниот регион, од 32 до 38 во Полошкиот регион, од 38 до 40 во Пелагонија и од 38 до 43 степени во Скопскиот, Вардарскиот и југоисточниот регион. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) веќе го вклучи црвениот метео аларм, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ...

Новата месечина е првата фаза од лунарниот циклус. Таа изгледа невидлива од површината на Земјата поради нејзината позиција помеѓу Земјата и Сонцето, при што нејзината осветлена страна е скриена од нашиот поглед. Но, астронаутите што орбитираат околу Земјата имаат поинаква перспектива. Оваа фотографија е направена од Меѓународната вселенска станица додека орбиталната лабораторија лебдеше 417 километри над Атлантскиот Океан во близина на Кабо ...

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без струја во одредени временски периоди ќе бидат неколку улици во општините Гази Баба и Кисела Вода, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по ЕВН Македонија АД. Во периодот од 06:30 до 12:00 часот, струја нема да имаат дел од ул. Перо Наков фирмите, Јогомеркур, Осоговски, Макохемија, Стокомак, објектите до Стокомак на ул.Перо Наков, Златно Жито и ...

Франција ќе ја признае Палестина како држава, објави синоќа претседателот Емануел Макрон на X. – Во согласност со нејзината историска посветеност на праведен и траен мир на Блискиот Исток, одлучив дека Франција ќе ја признае државата Палестина, напиша Макрон. – Ова свечено ќе го објавам на Генералното собрание на Обединетите нации во септември оваа година … Мирот е можен“, напиша тој. Макрон рече дека е на Французите да го покажат тоа заедно со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека „радикални левичарски демократи“ прават сè што е во нивна моќ за да го одвлечат вниманието и да ги „замаглат најдобрите шест месеци служба на Америка“. Трамп на платформата Трут Соушл наведе дека многумина сметаат дека тие први месеци од неговата администрација се „најдобрите шест месеци во историјата на претседателството“. – Радикално левичарските демократи прават сè што е во нивна моќ ...

Соединетите Американски Држави остро го критикуваа соопштението на францускиот претседател Емануел Макрон дека ќе ја признае палестинската држава, нарекувајќи го овој потег невнимателен и штетен за мировните напори, пренесе ДПА. – Оваа невнимателна одлука служи само за пропагандата на Хамас и го кочи мирот, напиша американскиот државен секретар Марко Рубио на X. – Овој потег е шлаканица во лице за жртвите на масакрот од 7 октомври, додаде тој. ...

Крајбрежната служба на Грција утрово спроведе две акции за спасување на вкупно 152 мигранти, кои се пренесувале со четири чамци во морскиот дел јужно од островите Крит и Гавдос, јави дописничката на МИА од Атина. Во првиот случај, биле откриени и спасени 113 лица со три чамци јужно од Гавдос, а во акцијата учествуваа патролен брод на Крајбрежната служба, спасувачки брод, брод на Фронтекс, како и товарен брод што плови во близина под знаме на ...

Иран и земјите од групата Е3 – Германија, Франција и Велика Британија денеска во Истанбул треба да ги продолжат нуклеарните разговори, соопштија ирански функционери. Средбата, закажана за утрово во иранскиот конзулат, треба да се одржи на ниво на заменици министри за надворешни работи. Ова ги означува првите преговори по прекинот на огнот по неодамнешната војна на Израел со Иран. Европските дипломати имаат за цел да го зголемат притисокот врз ...

Рајан Рут (59), обвинет за обид за убиство на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска повторно се појави пред федерален суд, со цел да го образложи барањето самиот да ја води својата одбрана, откако побара да бидат повлечени неговите назначени адвокати. Рочиштето се одржува пред судијката Ајлин Кенон, која претходно овој месец го разгледуваше истото барање, но најави дека ќе донесе писмено решение, пренесе Еј-Би-Си Њуз. Во меѓувреме, и ...

Ози Озборн, фронтменот на бендот Black Sabbath, почина на 77-годишна возраст, објави Гардијан. „Со поголема тага отколку што можат да се пренесат зборови, принудени сме да објавиме дека нашиот сакан Ози Озборн почина утрово. Тој беше со своето семејство и опкружен со љубов. Ве молиме сите да ја почитуваат приватноста на нашето семејство во овој момент“, објави неговото семејство. Не е наведена причина за смртта, иако Озборн имаше разни ...

Европската Унија остро го осудува насилството што минатата недела резултираше со стотици жртви во јужна Сирија, а особено нападите врз цивили за кои се тврди дека ги извршиле неколку вооружени групи, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. – Повикуваме на транспарентна, веродостојна и непристрасна истрага и за повикување на одговорност на сторителите на тешките прекршувања на ...

Собранието денеска во рамки на 63. седница на натамошно читање ги проследи измените и дополнувањата на Законот за пензинско и инвладиско осигурување, со што ќе се овозможи линеарно покачување на пензиите. Измените се носат по скратена постапка, така што Собранието ја задолжи Комисијата за социјална политика демографија и млади како матично работно тело и Законодавно-правната комисија да расправаат по овој закон. На дневен ред на оваа седница беа ...

Претседателот Володимир Зеленски тврдеше дека целта на законот за демонтирање на антикорупциската инфраструктура на Украина е да се ограничи руското влијание. Сепак, законот усвоен и потпишан на 22 јули нема никаква врска со руското влијание. Неговите клаузули ги лишуваат антикорупциските агенции од нивната независност и нема ништо во законот што ги таргетира руските агенти во или надвор од агенциите, пишува новинарот на Кијив Индипендент, Олег ...

Земјите членки на Европската Унија ја одобрија предлог-мерката на Европската комисија за можна примена на царини на американски производи во вкупна вредност од 93 милијарди евра (околу 109,4 милијарди долари), доколку не успеат трговските преговори со САД, соопштија дипломатски извори за ДПА. Мерките вклучуваат веќе усвоен список на производи вредни 21 милијарда евра, како и нова листа со дополнителни стоки вредни 72 милијарди евра. ...

Процесот на проширување треба да остане заштитен од билатерални блокади и ревизионистички наративи и е неопходно воспоставување ефективни европски механизми за воведување и мониторинг на европските стандарди и експертиза, особено во доменот на историските и билатерални прашања, со цел да се обезбеди правичност и предвидливост на патот кон членството, истакнал министерот за европски прашања Орхан Муртезани на средбата во Берлин со неговиот ...

Авион на „Ангара ерлајнс“ Ан-24 со најмалку 40 патници се урна во рускиот регион Амур на крајниот исток од земјата. Руските медиуми објавија дека остатоците од авионот се пронајдени и дека веројатно нема преживеани. Остатоци од патничкиот авион се пронајдени на 15 километри од Тинда, планираната дестинација. Хеликоптерот за пребарување не можел да слета во близина на местото на несреќата, па затоа спасувачите ќе мора да стигнат таму пеш. ...

Талибанците мачеле и им се заканувале на Авганистанци кои биле насилно вратени од Иран и Пакистан, според извештајот на Обединетите нации објавен денеска. Пакистан и Иран протеруваат милиони Авганистанци за кои велат дека живеат нелегално во нивните земји. Авганистанските власти ги повикаа граѓаните да се вратат, ветувајќи амнестија за секој што заминал откако Талибанците ја презедоа власта во 2021 година. Но, групите за човекови права и ...

Володимир Зеленски вети нов закон за зајакнување на владеењето на правото во Украина во очигледен обид да го смири народниот гнев поради неговата одлука да ги ослаби овластувањата на две независни антикорупциски агенции. Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Кијв втор ден по ред, додека европските лидери изразија загриженост поради спорната одлука на украинскиот претседател. Демонстрантите се собраа пред претседателската канцеларија, ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан предупреди дека поради сериозната водна криза, 15-милионската популација на Техеран може да биде принудена да го напушти градот, јави иранскиот портал Аср-Иран, пренесува ДПА. – Ситуацијата е критична – Техеран речиси и да нема вода, изјави Пезешкијан, додавајќи дека не е исклучена можноста да се донесе итна одлука за преместување на главниот град. Според податоците, Иран се соочува со водна криза во над 20 ...

Во вечерните часови на вториот натпреварувачки ден на Европскиот Младински Олимписки Фестивал – Скопје 2025, македонските кошаркарки ја забележаа првата победа на фестивалот, совладувајќи ја Литванија во Баскет 3х3 со 14:11. Останатите македонски репрезентации продолжија со борбени настапи во вториот ден, но повторно не успеаја да стигнат до победа. Женската ракометна репрезентација го запиша и вториот пораз, овојпат од селекцијата на Швајцарија ...

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организацијата за човекови права изразува најдлабока осуда на масовното изгладнување во Газа, каде што населението веќе се наоѓа во петтата и најтешка фаза на акутна неухранетост (IPC Фаза 5 – „катастрофа“) според меѓународните проценки. Гладот повеќе не е закана – туку сурова реалност, со бројни регистрирани смртни случаи од глад, вклучително и деца. Геноцидот доби ново лице – МАСОВНО ИЗГЛАДНУВАЊЕ. Според ...

ВРЕДИ ќе има кандидат за градоначалник на Град Скопје, како и за Општина Чаир, во Струга ќе го поддржи независниот кандидат Менди Ќира, додека за другите општини при крај се анализите и разговорите, и се очекува наредната недела да бидат објавени имињата на кандидатите, изјави денеска вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. На новинарско прашање дали наредната недела ќе биде официјализирана неговата ...

Генералниот урбанистички план (ГУП) за Град Скопје ќе се носи низ крајно транспарентна постапка и исклучиво во корист на граѓаните, рече денеска Орце Ѓорѓиевски, кандидат за скопски градоначалник, актуелен претседател на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода. Ѓорѓиевски е дециден дека не може граѓаните во одредено населено место последни да дознаваат што се планира во нивната населба. -Тоа е апсурд од невидени размери и јас нема да ...

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово, информираа денеска надлежните од ЈП „Чистота и Зеленило“. Пожарот избувнал утрово, и според првичните проценки станува збор за самозапалување. – Пожарот избувнал во горниот дел од депонијата, веројатно од самозапалување. За два и пол часа, пожарот го санираа наши екипи со цистерна, со затрупување на земја. Помогнаа и општествено-одговорни компании, на кои им изразуваме благодарност, изјави ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.54
29%
1008
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
4.63
37%
1008
weather icon

Загреб

27ᴼ / 26ᴼ
5.66
47%
1008
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
44%
1009
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
2.68
23%
1009
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
88%
1009
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
6.17
51%
1010
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
29%
1011
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
33%
1010
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
5.14
44%
1009
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
6.17
33%
1006
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
6.69
47%
1010
Currency

61.54

Currency

52.6579

Currency

71.1948

Currency

33.9825

Currency

37.97

Currency

65.1877

Currency

7.33152

Currency

0.65194

Currency

0.35669

Currency

0.52341

Currency

1.28778

Currency

0.60484