Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Северна Македонија во Глобалниот индекс за 2025 година бележи раст на мафијашки структури, финансиски измами, трговија со луѓе и инфилтрација на државни актери во криминални операции. Институциите остануваат слаби, а корупцијата системска. „Од мафијашки мрежи за трговија со дрога, перење пари, финансиски криминал и инвестициски измами до институционална слабост и висока корупција“, стои во новиот извештај Global Organized Crime Index 2025 – ...
По период на интензивни шпекулации, Google официјално го претстави Gemini 3, својот најнов модел за вештачка интелигенција, прогласувајќи го за „најинтелигентниот и најспособен систем што компанијата некогаш го создала“. Лансирањето, кое доаѓа по тивкото имплементирање забележано од страна на дел од корисниците, има за цел, како што велат од Гугл – да го зацврсти водството на Google во трката со вештачката интелигенција, директно предизвикувајќи ...
Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, го одигра својот прв натпревар во НБА сезоната 2025/26. Тој излезе на теренот утрово на мечот со Јута. Со ова, вкупниот број на настапи во НБА сезоните на 40-годишниот Американец се искачи на 23. Тој е единствениот играч во историјата кој го сторил тоа. Леброн го пропушти почетокот на тековната сезона поради повреда. Без него, тимот победи во 10 од 14 натпревари. Џејмс е четирикратен шампион на ...
Во Камерната сала на Филхармонија вечер ќе се одржи солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова. Публиката ќе има можност ексклузивно да го слушне циклусот „10 Пурпурни Ноктурна за пијано“ од македонскиот композитор Давор Јордановски. Овој концерт претставува прва македонска целосна изведба на циклусот во живо, по неговото студиско издание, и е значаен настан за современата македонска и светска пијанистичка сцена. Програмата ги опфаќа ...
Американскиот Сенат едногласно го усвои законот, кој претходно го поддржа Конгресот, со кој му се налага на Министерството за правда да ги објави сите истражни досиеја за починатиот сексуален предатор Џефри Епштајн. За наредбата да стапи во сила треба да биде потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно најави дека ќе го направи тоа. Претходно, во Конгресот со 427 гласа „за“ и еден „против“ од републиканецот Клеј Хигинс од ...
По одигрување на последното коло во европските квалификации за Светското првенство 2026, познати се сите учесници во плејофот. Помеѓу 16 екипи поделени во четири шешири е и македонската репрезентација. Дванаесетте второпласирани во квалификациите и четирите победници на групите од Лигата на нации кои завршија пониско од второто место во своите квалификациски групи, ќе играат еден елиминациски натпревар во полуфиналето и еден во финалната рунда ...
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро предупреди дека секоја американска воена интервенција врз неговата земја ќе биде политички крај за американскиот претседател Доналд Трамп. Тој во телевизиско гостување на 17 ноември изјави дека круговите околу Трамп провоцираат вооружена акција, која би го довела Трамп до бездна. Според Мадуро „моќен сектор во САД се труди да го уништи Трамп“ преку Венецуела. – Сакаат претседателот Трамп да направи ...
Американски федерален суд ја поништи новата карта на изборни области во Тексас, која беше наметната од републиканците, кои ја контролираат власта во втората најнаселена сојузна држава во земјата. Маневарот, наметнат од партијата на претседателот Доналд Трамп, имаше за цел да обезбеди пет дополнителни места за републиканците во Претставничкиот дом на Конгресот на претстојните меѓуизбори во ноември следната година. Федералниот суд, по жалба од ...
Во Националната опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава во два чина „Госпоѓа Бовари“, инспирирана од романот на Гистав Флобер. Балетот ќе има уште една изведба на сцената на НОБ – на 21 ноември. – Балетот инспириран од истоимениот роман ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. „Госпоѓа Бовари“ ја претставува сложената ...
Во преполната судница во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки денеска започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Покрај обвинетите, присутни се и родни на 63 жртви кои го загубија животот во несреќата што се случи на 16 март, претсваници на обвинителството, на одбраната, новинари. Осум месеци по несреќата, на обвинителна клупа седнаа 38 обвинети од кои 35 физички и три правни лица. Меѓу нив има сопственици на локали, ...
Едно лице загина, а над 170 објекти се оштетени во синоќешниот голем пожар што ја зафати населбата во јапонскиот град Оита. Полицијата потврди дека е пронајдено тело на 76-годишен маж, што се водеше како исчезнат. Огнот зафати 48.900 метри квадратни и се гаснеше 12 часа. Се очекува пожарот набрзо да биде ставен под контрола. Околу 350 домаќинства се без електрична енергија поради пожарот. Премиерката на Јапонија, Санае Такачи на платформата Икс ...
Пет туристи загинаа, а четворица кои се сметаа за исчезнати се пронајдени живи откако снежна бура го погоди чилеанскиот Национален парк Торес дел Пајне, во Патагонија. Двајца Германци, двајца Мексиканци и еден британски државјанин загинаа. Областа беше погодена од силна снежна бура со ветрови од над 193 километри на час, што е еквивалентно на ураган од категорија три. Туристите се изгубиле во близина на кампот Лос Перос, до кој може да се ...
Научници од Универзитетот Оксфорд открија дека најголемиот енергетски трошок во квантното мерење на времето не доаѓа од самиот часовник, туку од неговото читање. Истражувањето, објавено во Physical Review Letters, покажува дека процесот на претворање на квантни сигнали во класични податоци создава ентропија која е до милијарда пати поголема од енергијата што ја троши самиот квантен механизам што ги создава „тик-так“ сигналите. Квантното време е ...
Собранието ги усвои измените на Законот за данок на додадена вредност, со кои од следната недела сите нарачки од странство со вредност над 22 евра ќе бидат обврзани со 18% ДДВ. Законот ќе стапи во сила осум дена по неговото објавување во „Службен весник“, со што популарните платформи како „Тему“, „АлиЕкспрес“ и другите меѓународни онлајн продавници ќе се најдат под истиот даночен третман како и домашните продавачи. Со измените се укинува ...
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандамнската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година. Поднесени беа 203 амандмани, а неколку беа повлечени од предлагачите од ДУИ. Вчера беа одбиени неколку амандани, а прифатен амандман со којшто за пет милиони денари ќе се зголеми буџетот на Оперативно техничката агенција (ОТА) за нејзино доекипирање. Со Предлог-буџетот за 2026, економскиот раст е проектиран на 3,8 ...
Британската национална телевизија Би-Би-Си упати јавно извинување до кралското семејство, откако за време на преносот по повод Денот на сеќавањето ја ослови принцезата од Велс со нејзиното моминско презиме – Кејт Мидлтон. Грешката предизвика бројни реакции на социјалните мрежи и критики од гледачите. Во изјава објавена на 14 ноември, Би-Би-Си призна дека примиле голем број жалби: „За време на нашето известување од комеморациите по повод Денот на ...
Денешната енергија е обоена со силната, магнетична вибрација на Месечината во Скорпија. Ова е ден кога скриеното станува видливо, кога интуицијата зборува појасно од разумот, и кога срцето бара вистина, блискост и искрена намера. Скорпијата поттикнува страст, истрајност и решителност, но и потреба да се исфрли старото и да се создаде простор за нешто ново. Денес нема плитки разговори – сè оди подлабоко. Овен (21.III – 20.IV) Денес ти се ...
Македонската фудбалска репрезентација претрпе пораз на гостувањето во Кардиф од Велс со 7:1 и со тоа е прекината серијата од 14 натпревари без пораз на официјални натпревари (без пријателски). Домаќинот со овој триумф успеа да го освои второто место во групата зад Белгија, додека нашата репрезентација која до овој натпревар беше без пораз заврши на третото место. Македонската репрезентација ќе игра во баражот за Светското првенство, благодарение ...
Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Јована Тренчевска од СДСМ за Извештајот на Европската комисија за напредокот на државата и наводите за реформите во делот на Кривичниот законик, Законот за парнична постапка и АКМИС-от, рече дека Министерството за правда во изминатите 18 месеци има доставено во владина процедура и подготвено повеќе закони кои се дел од Реформската агенда, нешто што во изминатите години не било ...
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска ќе гласа за закон, со кој ќе се обврзе Министерството за правда да ги објави материјалите за осудениот сексуален предатор Џефри Епштајн, јави „Си-би-ес њуз“ (CBS News). Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон го забрза гласањето откако повеќе од половината членови на Претставничкиот дом, вклучувајќи ги сите демократи и четворица републиканци, потпишаа петиција, со која се повикува на ...
Дискусијата за минималната плата и барањето за зголемување беа дел од денешната собраниска седница на која пратениците од опозицијата побараа одговор од министерот за економија. Министерот Бесар Дурмиши рече дека Владата е за зголемување на минималната плата, но дека за тоа треба да се договорат синдикатите и работодавачите. Во одговорот, Дурмиши рече дека доколку се зголеми минималната плата без економска оправданост, малите и средните ...
Македонија не увезува отпад, ниту ќе увезува во иднина, тврди заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска која денеска од собраниската говорница одговори на пратеничко прашање поставено од пратеникот Репеџ Исмаил од „Левица“. Во одговорот, Лашкоска ги отфрли информациите што се пласираат во јавноста, посочувајќи дека не се увезува отпад. – Во однос на маслото за јадење, станува збор за увоз за извоз, односно го ...
Американскиот конгрес денеска ја усвои одлуката за наредбата на Министерството за правда јавно да се објават сите истражни досиеја за починатиот сексуален предатор Џефри Епштајн. Дури 427 пратеници гласаа „за“ усвојување на наредбата, а „против“ беше само републиканецот Клеј Хигинс од Лујзијана. Сега за наредбата ќе се гласа во Сенатот и ако биде изгласана тогаш треба да биде потпишана од претседателот Доналд Трамп, кој претходно најави дека ќе ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска во изјава за медиумите истакна дека тие ќе ги прифаќаат барањата на СДСМ и Левица за надзорна расправа и Анкетна комисија за трагедијата во Кочано, но, како што рече, да биде проширена и со другите трагедии. – Ние соопштивме дека треба прво да почекаме да заврши судењето, па потоа да влеземе во ваква операција. Но, со пглед на тоа дека вчера и СДСМ и Левица укажаа дека ќе поднесат такво барање, ...
Јужноафриканец кој беше виден како присуствува на неонацистички митинг пред австралискиот државен парламент е приведен во имиграциски притвор откако му беше одземена визата, пренесува Би-би-си. Јужноафриканецот Метју Грутер, кој е во Австралија од 2022 година, учествуваше во антиеврејски протест пред парламентот на Нов Јужен Велс организиран од Националната социјалистичка мрежа претходно овој месец и сега чека депортација. Тој беше виден меѓу ...
Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната седница посветена на пратенички прашања побара од министерот за правда, Игор Филков, да даде одговор зошто реформите во правосудниот систем целосно стагнираат и кој ќе понесе одговорност за блокадата на овој клучен сектор. Тренчевска посочи дека Извештајот на Европската комисија јасно потврдува дека нема напредок во судските реформи и дека независноста на судството е нарушена поради политички ...
Американскиот рапер Еминем поднесе правна тужба против австралиската компанија за плажна опрема „Swim Shady“, тврдејќи дека името на брендот е премногу слично на неговиот заштитен псевдоним Slim Shady и создава „лажна поврзаност“ со него, пренесува Гардијан. Во септември раперот, чие вистинско име е Маршал Б. Метерс III, доставил барање до Kанцеларијата за патенти и трговски марки на САД (USPTO) за поништување на трговскиот знак што ѝ бил ...
Сите докази поврзани со експлозијата на железничката линија во Полска, која води кон Украина, укажуваат на Русија, изјави полскиот вицепремиер и министер за национална одбрана Владислав Косињак-Камиш во интервју за Радио ЗЕТ, пренесува Укринформ. Полски министер за одбрана изјави дека откако ќе бидат приведени оние што го подготвиле, поставиле и извршиле нападот, ќе има апсолутна сигурност. Сепак, анализирајќи ги настаните во Полска и низ цела ...
Шерифската служба на округот Лос Анџелес соопшти дека отвора истрага поради нови обвинувања за сексуално злоставување против американскиот рапер и продуцент Шон „Диди“ Комбс. Случајот е проследен од полициската управа во Ларго, Флорида, каде што живее наводната жртва. Портпаролот на полицијата во Ларго за ABC News изјави дека нивната служба му помогнала на шерифовиот оддел во Калифорнија со документација и материјали, но дека не води независна ...
Познатиот француски музеј „Лувр“ вчера ненајавено затвори изложбен простор за посетители поради нестабилен под во јужното крило на парискиот музеј. Засегнатата област е „Галерија Кампана“ на првиот кат од крилото „Сили“, каде што е изложена ќерамика од Древна Хелада. Културната установа, исто така, на свои 65 вработени им наложи да ги евакуираат своите канцеларии во крилото следните три дена. „Лувр“ соопшти дека тој дел неколку години бил ...