Денот на 29 јануари започнува со Месечината во Близнаци, што носи ментална раздвиженост, потреба за комуникација и чувство дека мислите се побрзи од емоциите. Утринските часови се погодни за разговори, размена на идеи, информации и кратки одлуки, но постои ризик од расеаност или површни заклучоци ако не се задржи фокусот. Зборовите денес имаат тежина, дури и кога се изговорени „во минување“. Во текот на денот, Месечината преминува во Рак, ...

Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти. Спрингстин, кој и претходно јавно ја критикуваше политиката на администрацијата на Доналд Трамп и федералните акции против имигрантите, ги објасни мотивите за песната во изјава објавена на Фејсбук. „Песната ја напишав во саботата, ...

Ким Кардашијан се осврна на крајот на своето долгогодишно пријателство со Ларса Пипен. Со години беа нераздвојни, но јавноста дозна за нивниот раздор во 2020 година, кога Ким и нејзините сестри престанаа да ја следат Ларса на социјалните мрежи, што поттикна шпекулации за сериозен конфликт. Зошто се оддалечиле Гостувајќи во јануари 2026 година во подкастот на својата сестра Клои, „Khloe in Wonder Land“, Ким ја раскажа својата страна од ...

Сојузот на синдикати на Македонија ги повика сите оние кои не се задоволни од платата да се приклучат на денешниот протест организиран против незголемувањето на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов: 200 илјади луѓе живеат со плата под 30.000 денари, не треба на никој да му се плашите, затоа што не му должите на никому ништо Аргументи има многу, изговори нема, 200 илјади ...

Кристофер Нолан повторно успеа да ги остави фановите без зборови. Најновиот тизер за неговиот претстоен историски еп „Одисеја“ открива неочекувано име во актерската екипа – раперот Тревис Скот, во она што изгледа како негово прво значајно актерско појавување во игран филм. За време на неделниот пренос на AFC Championship натпреварот меѓу Њу Ингланд Патриотс и Денвер Бронкос, во рекламна пауза беше прикажан едноминутен клип од адаптацијата на ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија вечерва излезе со реакција на соопштението на бугарското МНР, во која изрази жалење што, како што се наведува „оваа институција сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог“. – Во врска со денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на ...

Двајца агенти на американската Царинска и гранична заштита (CBP) пукале со службено оружје за време на инцидентот во кој минатиот викенд беше убиен Алекс Прети, медицински техничар од одделот за интензивна нега во Минеаполис. Ова се наведува во владиниот извештај доставен до Конгресот, во кој имал увид CBS News, а во кој не се споменува дека Прети посегнал по своето огнено оружје. Извештајот на CBP, испратен до конгресните претставници во ...

Во светот на изгубени кодови и недешифрирани пораки, Војничевиот ракопис зазема посебно место. Не затоа што е најстар, ниту затоа што е најубав, туку затоа што упорно одбива да се вклопи во било која позната рамка на значење. Напишан пред повеќе од шест века, овој ракопис и денес го предизвикува и човечкиот ум и модерната технологија. Ракописот потекнува од почетокот на 15 век – што е потврдено со радио-јаглеродно датирање на пергаментот – и ...

Сексуалната терапевтка Кејли Милер, која работи како таканаречена „заменска партнерка“ (surrogate partner), се појави во британската утринска емисија This Morning, каде отворено зборуваше за својата професија, откривајќи дека, како што тврди, имала интимен однос со повеќе од 400 клиенти. Темата доби дополнително внимание во последните месеци и поради телевизиски содржини како емисијата Virgin Island на Channel 4, која ја запозна пошироката ...

Месечината на 28 јануари во Близнаци ја активира вашата ментална флексибилност и желба да комуницирате. Денот носи енергија на брзина, учење и споделување – но и повик да ја урамнотежите таа ментална возбуда со внатрешна јасност. Оваа позиција на Месечината ги нагласува интелектуалните реакции, но исто така ве поттикнува да ги слушате и чувствата што стојат зад зборовите. Наместо да трчате кон заклучоци, обидете се да слушате со внимание и да ...

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска обвини дека тендерска мрежа на фирми, поврзани со компанијата „Пирамид билдинг солушнс“, води директно до кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски и неговиот шеф на кабинет Владимир Нелоски. На прес-конференција, генералниот секретар на СДСМ и претставник на Антикорупцискиот тим, Александар Саша Димитријевиќ, изјави дека фирмата „Пирамид билдинг солушнс“ станала фаворит за тендери во општините под ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави: „Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека Скопското Кале ќе биде целосно отворено и ставено во активна културна функција, како дел од визијата Скопје да се развива како Европска престолнина на културата. Ѓорѓиевски информира дека денеска, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, професорот д-р Драги Митревски и претставник од Управата за заштита на културното наследство, извршил обиколка и детален увид на ...

Едно лице е критично повредено откако било застрелано во утринските часови по локално време во јужна Аризона, САД, во инцидент во кој учествувале припадници на американската гранична полиција, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Пима, пренесува NBC News. Пукањето се случило околу 7:30 часот наутро, во близина на 15-тата милја на West Arivaca Road, во рурална област јужно од градот Тусон. Лицето, чиј идентитет засега не е објавен, било ...

Корисници на платформата TikTok во САД изминативе денови пријавуваат дека не можеле да објават видеа поврзани со акциите на ICE (Службата за имиграција и царина), што предизвика сомнежи за можна цензура. Компанијата, пак, тврди дека станува збор за технички проблеми, а не за намерно ограничување на содржината. Контроверзијата се појави по смртта на Алекс Прети, кој беше смртно застрелан од федерални агенти во Минеаполис. Комичарката Меган ...

Според најновата анкета на истражувачката куќа Zavecz Research, објавена во текот на јануари, поддршката за опозициската партија Тиса во Унгарија е 49 проценти, што е зголемување од 2 процентни поени во споредба со ноември, додека поддршката за владејачката партија Фидес изнесува 39 проценти, зголемена за 1 процентен поен во истиот период. Овие податоци важат за одлучени гласачи во анкетата спроведена меѓу 19 и 24 јануари. Анкетата, објавена ...

Левичарската Влада на Шпанија започна постапка за легализација на престојот на околу 500.000 имигранти, откако кабинетот донесе одлука за тоа, соопшти денеска владината портпаролка Елма Саиз на телевизиска прес-конференција. – Го зајакнуваме миграцискиот модел заснован на човекови права, изјави Саиз, која воедно е и министерка за социјални прашања и миграција. Шпанија со оваа одлука зазема поинаков пристап од многу други западни земји, ...

Високиот функционер на американската Гранична патрола, Грегори Бовино, заедно со дел од агентите распоредени во Минеаполис, се очекува денеска да го напуштат градот и да се вратат во своите матични сектори, дознаваат извори запознаени со разговорите, пренесува Си-Ен-Ен. Со овој потег, од теренската операција се повлекува еден од клучните луѓе вклучени во засилената имиграциска кампања на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. ...

Со години холивудските кругови шпекулираа што довело до прекинот на соработката меѓу режисерите браќата Џош Сафди и Бени Сафди, автори на некои од највлијателните независни филмови во последната деценија. Сега, според истражување на Page Six Hollywood, коренот на раздорoт води до сериозен инцидент на снимањето на нивниот пробивен филм Good Time. Според повеќе извори запознаени со продукцијата, во 2017 година во филмот била ангажирана ...

Актерката Сидни Свини се најде во центарот на контроверзии откако беше снимена како се искачува на познатиот холивудски знак во Лос Анџелес, каде што закачила градници како дел од промоција на својата нова линија на долна облека. Според видео објавено од TMZ, Свини заедно со продукциски тим се искачила на буквите од знакот и поставила неколку градници, а во еден момент дури била растегната и импровизирана „жичка“ со долна облека низ буквите, ...

На денешното рочиште во затворот „Идризово“ за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, пред судот сведочеа повредени и оштетени лица. Во своите искази тие ја опишаа атмосферата на паника и хаос што настанале во моментот кога пламените јазици и чадот ја зафатиле преполната дискотека, како и последиците што ги трпат до денес, известува МИА. Кристијан Панов, невработен млад човек, кој ...

Партнерот на холивудската ѕвезда Џенифер Анистон, хипнотерапевтот Џим Кертис, за првпат јавно проговори за почетоците на нивната врска, откривајќи дека романтиката не се случила преку ноќ. Кертис се појави во утринската емисија Today, каде што објасни дека двајцата биле запознаени преку заеднички пријатели и дека сè започнало со обично дружење и разговори. „Нè запознаа пријатели. Откривме дека имаме многу заеднички луѓе и почнавме да си ...

Месечината на 27 јануари се движи низ знакот на Бик, носејќи потреба за стабилност, заземјување и внатрешен мир. По период на зголемена динамика и емоционални осцилации, денешната енергија повикува на забавување и свесно присуство. Ова е ден кога телото, навиките и чувството на лична вредност доаѓаат во прв план, барајќи внимание и грижа, а не туркање преку граници. Месечината во Бик не сака брзање ниту драматични пресврти. Наместо тоа, таа ...

Актерката Еванџелин Лили откри детали за процесот на закрепнување по трауматската повреда на мозокот што ја претрпе по несреќа минатата година. Во видео објавено на Инстаграм, 46-годишната актерка изјави дека во моментов работи на „обнова на здравјето на мозокот“, по серија медицински прегледи и стручни консултации. „Потрошив многу пари за детални испитувања и за насочени, експертски совети како да го лекувам мозокот. Свесна сум дека не секој ...

Американската актерка, музичарка и модна икона Тејана Тејлор го привлече целото внимание на Париската модна недела, појавувајќи се во првиот ред на Haute Couture ревијата на Schiaparelli, одржана во Petit Palais. Само неколку дена по своето деби како водителка на Saturday Night Live, Тејлор пристигна во Париз и се појави во целосно провидна црна чипкана комбинација и молив-здолниште од Chantilly чипка, без поставa, надополнети со црн ...

Кога Тејана Тејлор се појави во првиот ред на Haute Couture ревијата на Schiaparelli за време на Paris Fashion Week, вниманието не го привлече само провидната чипкана креација – туку и накитот со необична приказна зад себе. Античката сребрена круна со бисери и кристали, како и впечатливиот лустер-брош што Тејлор ги носеше, се всушност модни реплики инспирирани од накитот украден од Лувр во октомври минатата година, потврди Vanity Fair. ...

Само неколку дена откако со солзи во очите сведочеше пред суд во Лондон за нарушување на неговата приватност, Принц Хари беше забележан во сосема поинаков амбиент – на Sundance Film Festival, во друштво на сопругата Меган Маркл и холивудската елита. Контрастот меѓу двете сцени – судница во Лондон и филмски фестивал во Јута – повторно ја отвори дебатата за тоа дали Хари успеал да се оддалечи од конфликтите со британските медиуми и од сенките ...

Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на седница на Националниот совет за евроинтеграции остро ја критикуваше Владата, обвинувајќи ја дека свесно го запира европскиот пат на Северна Македонија и практикува антиевропски политики. „Дозволете да изразам голема загриженост за ситуацијата во земјата, за немањето никаков прогрес на европскиот пат и за практично антиевропските манири кои ги гледаме во веќе ...

Американската актерка Кристен Стјуарт изјави дека размислува да ја продолжи својата филмска кариера во Европа бидејќи, според неа, во САД веќе „не може слободно да работи“ поради актуелните филмски политики на претседателот Доналд Трамп. Стјуарт, актерка позната по улогата во „Twilight“, истакна дека предложените тарифни мерки кон филмовите произведени надвор од САД се „поразителни“ за индустријата и ја поттикнале да размислува за работа во ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска на граничниот премин Блаце даде поддршка на домашните транспортери кои од денеска започнуваат седумдневен предупредувачки протест, заедно со превозници од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Протестот се организира како револт против новите правила за електронска евиденција во Шенген-зоната, за кои превозниците предупредуваат дека ќе предизвикаат сериозни последици врз ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
5.14
38%
1021
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
2.57
49%
1023
weather icon

Загреб

15ᴼ / 10ᴼ
2.57
39%
1024
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
6.17
30%
1021
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
2.98
64%
1021
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
4.12
49%
1024
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
0.89
51%
1016
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
71%
1018
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
77%
1019
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
6.71
42%
1021
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 7ᴼ
2.06
43%
1024
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
88%
1016
Currency

61.64

Currency

52.5826

Currency

71.0589

Currency

37.4809

Currency

38.4582

Currency

66.8122

Currency

7.69168

Currency

0.6967

Currency

0.33132

Currency

0.52501

Currency

1.16811

Currency

0.5579

Иридиум

253540.09

Бакар

12.11

Злато

151522.95

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.60

Калај

50.49

Паладиум

47711.71

Сребро

2433.77

Родиум

323115.00

Платина

64687.30

Рутениум

53788.20

Цинк

0.00