
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Професорот и поранешен амбасадор во НАТО, Нано Ружин, во изјава за Фронтлајн ја опиша предлогот на Владата за резолуција со Бугарија за македонскиот јазик и идентитет како политички театар за домашна публика, а не како сериозен обид за решавање на спорот. „Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ е повеќе за внатрешна употреба… тешко е дека таа ќе биде прифатена од страна на Софија,“ вели Ружин, додавајќи дека дипломатските процеси не се „бинг-бинг“ игри каде ...
Капацитетот на граничниот премин Прешево кон С. Македонија, еден од најпрометните гранични премини во Србија, наскоро би можел значително да се прошири, што ќе ги намали и метежот и времето на чекање. Тоа е предвидено во Просторниот план на Зоната за посебна намена на граничниот премин Прешево, даден на јавен увид. Проширувањето вклучува реконструкција и изградба на патнички-царински и стоковно-царински терминал, како и сообраќајни решенија што ...
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски достави писмен одговор на интерпелацијата поднесена од пратениците Димитар Апасиев, Борислав Крмов, Реџеп Исмаил, Јована Мојсоска, Амар Мециновиќ и Сашко Јанчев. Во неа, тој наведува дека функцијата ја врши чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, дека интерпелацијата е законски недозволена и дека институцијата е предмет на неосновани напади и тие се причина ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 60-годишник осомничен за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Кражбата, соопшти денеска Јавното обвинителство, ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде искористил невнимание на еден пациент од велешко, ја протнал раката во неговиот џеб и одзел 300 евра и 28 000 денари. Пациентот малку подоцна забележал дека му се украдени ...
Со трансферот во Сантос, многумина помислија дека дојде крај на кариерата на Нејмар. Но, 33-годошниот Бразилец се подготвува за враќање во европскиот фудбал. Според француските медиуми Нејмар сериозно размислува за враќање во Европа и тоа повторно во францускиот фудбал (претходно играше за ПСЖ) во редовите на големиот ривал на неговиот претходен клуб – Олимпик Марсеј. Францускиот клуб подготвува понуда за Нејмар, кому договорот му истекува на ...
Израел ќе им дозволи на странските земји да испраќаат помош со падобрани во Појасот Газа од денеска, објави израелското воено радио. Здравствените власти во Газа соопштија дека повеќе од 100 луѓе, од кои 81 деца, починале од глад, повеќето од нив во последните недели. Групите за човекови права соопштија дека масовно гладување се шири низ Газа, а тони храна и други залихи стојат недопрени веднаш надвор од енклавата. Хуманитарните невладини ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата ги испорачува ветувањата кон граѓаните, посочувајќи дека вчера се донесени два важни закона за пензионерите и за студентите. Потенцираше дека барањето од пензионерите за линерано зголемување на пензиите е реализирано од страна на Владата. -Тие бараа фер, правично, линеарно зголемување и со овие нови 2.000 денари линеарно зголемување, ако се додадат и оние 5.000 денари, претходните, тогаш за 18 ...
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, денеска изјави дека Техеран одржал серија „сериозни, искрени и детални“ разговори со делегација на земјите од Е3 (Франција, Германија и Велика Британија) за ублажување на санкциите врз Иран и неговата нуклеарна програма, и дека двете страни презентирале конкретни предлози. Тој нагласи дека Иран ги повторил своите принципиелни ставови, вклучително и механизам за одговор на ...
На неколку дена пред почетокот на подготовките и објавувањето на списокот на кошаркарската репрезентација на Србија информациите се дека Никола Јокиќ ќе биде во составот. Според сцецијализираните медиуми за кошарка најавите се дека Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо ќе настапат за своите репрезентации на претстојниот Евробаскет. Првата ѕвезда на српскиот тим Јокиќ, настапи за својата репрезентација на Оилимписките Игри во Париз 2024 и ...
Целиот цивилен живот во Газа е под егзистенцијална закана. Со системско ограничување на пристапот до храна, вода и лекови, цивилното население, особено децата – е оставено без основни средства за преживување. Ова е масовно кршење на меѓународното хуманитарно право и Женевските конвенции. Според последните извештаи на Обединетите нации и локалните здравствени власти: ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организацијата за човекови права изразува ...
Власта спроведува историска измама на пензионерите. Со последната одлука за зголемување од само за 1.000 денари, пензионерите се оштетени не еднаш, туку двапати – во септември 2025, и уште еднаш во март 2026. Зошто?, се посочува во соопштението од СДСМ од прес-конференцијата на пратеничката Јована Тренчевска што МИА го пренесува интегрално, истакна пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска. Затоа што со ваково линеарно зголемување од 1.000 денари, ...
Германија не планиран на краток рок признавање на независна палестинска држава и наместо тоа ќе продолжи да ја поддржува стратегијата за решение со две држави, соопшти денеска портпаролот на германската Влада. „Безбедноста на Израел е од врвно значење за германската Влада. Затоа и сега немаме планови да ја признаеме Палестина“, беше нагласено во официјалното соопштение. – Признавањето на Палестина се смета за завршна фаза во процесот за ...
Илјадници млади лекари што работат во болниците во Англија денеска започнаа петдневен штрајк поради неуспехот на преговорите за зголемување на платите со новата лабуристичка влада на премиерот Кир Стармер. Штрајкот, кој започна утрово во 7 часот по локално време, ќе доведе до откажување на бројни претходно закажани лекарски прегледи во јавниот здравствен систем НХС, кој веќе е во сериозна криза со огромни листи на чекање и масовно заминување на ...
Оставката на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска до Собранието, треба да биде констатирана на една од наредните седници, по што треба да се состане Комисијата за прашања на изборите и именувања и да донесе одлука за распишување на јавен оглас за нов член на Антикорупциска комисија. Постапката за избор на нов член на ДКСК треба да започне најмногу десет дена откако Собранието ќе ја констатира оставката на Димитровска. Пратеници од ...
Основниот кривичен суд Скопје им изрече условна затворска казна на лицата А. Н. и М. К. , кои на 9 јули, годинава, нападнаа новинарската екипа на телевизијата Алсат. Инцидентот се случи за време на големиот пожар на дивата депонија во скопско Визбегово, додека новинарите беа на терен и известуваа за сериозното загадување на воздухот. Двајцата обвинети признале вина пред Судот и се согласиле со сите обвинувања за кои ги товари Јавното ...
Израелскиот министер за културно наследство, Амихаи Елијаху, предизвика контроверзии со изјава дека целата Газа треба да стане еврејска и дека Израел не треба да обезбедува хуманитарна помош на „непријателите“. – Нека светот се грижи за нив. Ниту една нација не ги храни своите непријатели… Дали сме изгубиле разум? рече Елијаху. Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху веднаш се огради од изјавите, нагласувајќи дека Елијаху не е член на ...
Поранешниот врховен командант на Украина и сегашен амбасадор во Велика Британија, Валериј Залужни, предупреди дека војната на Русија против Украина може да трае до 2034 година, пренесува Кијив Индипендент. „Ако се обидеме да воспоставиме прекин на огнот без да ја изградиме нашата идна одбрана, војната ќе се влече уште многу години. Започна во 2014 година – ако даде Бог, ќе заврши во 2034 година“, рече Залужни во ексклузивно интервју за LB.ua ...
Собранието вечерва во рамки на 63. седница со 79 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“ ги усвои измените на Законот за пензинско и инвладиско осигурување, со што ќе се овозможи линеарно покачување на пензиите за 2000 денари. Како што се посочува во Законот, сите видови пензии, кои се исплаќаат во земјава, на 1 септември 2025 година и на 1 март 2026 година се усогласуваат на начин што вкупниот месечен износ добиен од процентот за ...
Во период кога Македонија се обидува да ги надмине последните бариери кон Европската Унија, новата власт предводена од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се чини дека свесно отвора стари рани и го поткопува патот кон Брисел. Последниот потег – предлогот за резолуција со Бугарија за македонскиот јазик и идентитет – наместо да ја зацврсти позицијата на државата, според експертите и политичките аналитичари, води кон самосаботажа на европскиот курс. ...
Бројот на новинари кои загинале во Појасот Газа од почетокот на војната во 2023 година достигна 232, соопшти денеска Канцеларијата за медиуми на владата на Газа. Најновата жртва е фоторепортерот Адам Абу Харбид, соопшти Канцеларијата, додавајќи дека „најостро го осудува систематското убиство и целното насочување кон палестинските новинари од страна на израелските окупаторски сили“. Во објавата на платформата Телеграм, Канцеларијата апелира до ...
Припадници на МВР и на специјалната единица на Армијата „Волци“, од разно изутрината ја продолжија потрагата по 16-годишното девојче кое вчера исчезна во реката Вардар во близина на село Уланци, општина Градско, соопшти Центарот за управување со кризи. Потрагата, како што посочуваат од ЦУК, се одвива во координација и со зголемено присуство на терен. Случајот вчера попладне го пријави сестрата на девојчето на бројот за итни повици. Таа пријавила ...
Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва го нуди целовечерниот концерт на Даниел Милер-Шот, е еден од најбараните виолончелисти на денешницата. Милер-Шот и е присутен на сите големи концертни подиуми. Веќе неколку децении ја одушевува публиката како голем амбасадор на современата музика преку неговите идеи за обединување на музиката, литературата и визуелната уметност. Оваа концертна сезона меѓу другото вклучува турнеја низ Германија со ...
Програмата на годинешното издание на „Охридско лето“ повторно се враќа на музиката, овојпат со италијанската вечер и концертот на Филхаромонискиот оркестар на театарот во Болоња. Филхармонискиот оркестар на театарот во Болоња е основан во 2008 година од дел од музичарите на оперскиот оркестар. Нивната мисија е да ја промовираат класичната музика во Болоња, притоа гарантирајќи неприкосновен уметнички квалитет. Филхармонискиот оркестар на театарот ...
Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“ оваа вечер ја има резервирано за солистичкиот концерт на германската пијанистка со грчко потекло Данае Доркен. Доркен е една од најбараните уметници на нејзината генерација, позната по нејзината неверојатна техника, фантастична сценичност и длабочина на музичката мисла. На само седумгодишна возраст, Данае Доркен веќе била поддржувана од познатиот Јехуди Мењухин и уште тогаш ги освојува симпатиите ...
Старлинк, сателитската интернет услуга управувана од СпејсИкс на технолошкиот милијардер Илон Маск, вчера се соочи со прекин што ги погоди корисниците ширум светот. Мрежата сега е претежно обновена, а прекинот траеше приближно два и пол часа, изјави Мајкл Николс, потпретседател на Старлинк Инженеринг во СпејсИкс, во објава што подоцна Старлинк ја преобјави на X. – Прекинот беше предизвикан од дефект на клучните внатрешни софтверски услуги кои ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, потпиша нова извршна наредба со која им се олеснува на државите и градовите да ги отстранат бездомниците од јавните површини и да ги преместат во установи за лекување ментални болести и зависности. Според соопштението на Белата куќа, наредбата ѝ наложува на државната обвинителка Пем Бонди да „ја промени судската пракса и да ги укине декретите за согласност“ кои, како што се наведува, ја ограничуваат ...
Реформската агенда не е само документ. Секоја точка во таа агенда значи нешто конкретно – фер судење, независен судија, заштита на жртви, поголема доверба. Тоа е агендата што сите претходно ја игнорираа, а ние интензивно и посветено работиме на неа, вели министерот за правда Игор Филков. До денес, како што посочува Филков во интервју за Курир, во од осумте закони со рок до јуни 2025 година – седум се веќе испратени во владина процедура: Закон за ...
Преговарачите на Израел и САД вчера ги напуштија разговорите, при што Вашингтон го нарече Хамас „себичен“ и ја обвини групата дека „не дејствува со добра намера“, пренесува Би-би-си. Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, во соопштението вели дека САД „одлучиле да го доведат нашиот тим дома од Доха на консултации по последниот одговор од Хамас, кој јасно покажува недостаток на желба за постигнување прекин на огнот во Газа“. Во меѓувреме, ...
За интерпелацијата за работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, поднесена на 26 јуни од пратеничката група на Левица, ќе се расправа во рамки на 64. собраниска седница закажана на 29 јули, наведено е на собраниската веб-страница. Левица во интерпелацијата доставена до претседателот на Собранието, Африм Гаши, посочуваат дека ја поднесуваат поради непочитување на уставните и законските обврски. Интерпелацијата ја засноваме на следниве индиции, ...
Нашата амбиција е не подоцна од 2029 година на Коридорот 8 да имаме поврзување со автопат и експресен пат граница со граница или од граничниот премин Ќафасан до граничниот премин Деве Баир со Бугарија, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој во синоќешното гостување на „Јади бурек” детално го елаборираше планот на Владата и Министерството за транспорт во однос на транспортните коридори. Како што рече, Охрид – Кичево ...