
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Со завршување на тригодишната меѓународна иницијатива за следење на движењето на Јадранската микроплоча – AdriaArray, на почетокот на 2026-та државава ќе остане без мрежата од 13 сеизмолошки станици со кои се следи сеизмичката активност односно просторно-временската застапеност на земјотресите. Во рамки на тој проект на организацијата ORFEUS (Observatories and Research Facilities for European Seismology), чија мисија е да ја промовира ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, победи на денешните квалификациите за Големата награда на Белгија. Неговиот клупски колега Оскар Пјастри го освои второто место. Возачот на Ферари, Шарл Леклер, беше трет. Четвртото најбрзо време го покажа четирикратниот и актуелен светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул. Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, седумкратен светски шампион, беше на 16-та позиција на крајот од сесијата. Главната трка од формула 1 ...
Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост. Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122. Израел, кој го ...
Турската Дирекција за управување со вонредни ситуации (АФАД) евакуираше 2.619 лица откако оваа недела Турција се соочи со серија интензивни шумски пожари во повеќе провинции, јави весникот „Дејли сабах“. Пожарите, поттикнати од екстремно високи температури, силен ветер и сушно време, мобилизираа илјадници спасувачи и доброволци кои учествуваат во гаснењето на огнот. Екипите се активни од воздух и копно, а според АФАД, ангажирани се 4.231 лице, ...
Во округот Ширнак, југоисточна Турција, денеска се измерени 50,5 Целзиусови степени, што е највисока температура регистрирана досега на европскиот континент, јави турското издание „Туркије тудеј“, повикувајќи се на податоци од Турската државна метеоролошка служба. Температурата е измерена во областа Силопи и го надминува претходниот рекорд од 48,8 степени, поставен во Сицилија, Италија, во август 2021 година. Светската метеоролошка организација ...
Министерот за здравство, Азир Алиу најави воведување ново софтверско решение кое ќе ја олесни комуникацијата и движењето на пациентот низ здравствениот систем. -Апликацијата ќе овозможи пациентот во секое време да внесе здравствени индикатори, врз основа на кои матичниот лекар или специјалист ќе може веднаш да реагира – со менување на терапијата или давање препораки за натамошно лекување. Ако системот детектира вредности надвор од нормалата, ...
Парламентарците во Собранието на Косово не успеаја да формираат комисија за избор на претседател на Парламентот, со што заврши 53-тиот обид за конституирање на тоа тело, а продолжението на седницата на собранието е закажано за вечерва во 22:00 часот. Претставниците на Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) и Алијансата за иднината на Косово не предложија членови на изборната комисија за тајното гласање. Тие ...
Најмалку осум лица – петмина цивили и тројца напаѓачи – загинаа денеска во терористички напад на судска зграда во југоисточен Иран, соопшти локалното правосудство. „Непознати вооружени лица нападнаа судски центар во Захедан“, наведоа правосудните власти, додавајќи дека во нападот загинале пет лица, а 13 се ранети. Според државната новинска агенција ИРНА, убиени се и тројца од напаѓачите. Градот Захедан е главен град на провинцијата Систан и ...
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 48-годишник осомничен за кривично дело – Посредување при вршење проституција од член 191 став 2 од Кривичниот законик. Како што соопшти ЈОРСМ, осомничениот делото го вршел во неколку наврати во последните два месеци, обезбедувајќи клиенти за 23-годишна косовска државјанка сместена во неговиот мотел. Таа сексуалните услуги ги наплаќала, а поголемиот дел од заработката му го давала на ...
Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа, во време кога мировните преговори се во застој. Според здравствени извори, голем дел од жртвите се убиени додека чекале хуманитарна помош во близина на граничниот премин Зиким со Израел. Меѓу загинатите има и четири лица од иста семејна зграда во градот Газа. Организацијата на Обединетите нации предупреди на ризик од масовна глад во енклавата, и ...
Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва во рамки на Холандската вечер го нуди концертот на гудачкиот квартет на кралскиот „Концертгебау Oркестар“, со уметниците Марк Даниел ван Бимен и Коралине Гроен на виолина, Санта Визине на виола, Борис Недјалков на виолончело и Арно Питерс како солист на кларинет. За вечерашниот концерт резервирана е сцената на Катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот. На програмата се дела за кларинетски ...
Велика Британија ќе се приклучи на меѓународните напори за доставување хуманитарна помош во Појасот Газа по воздушен пат, соопшти премиерот Кир Стармер, откако Израел дозволи ваков начин на испорака во услови на влошена хуманитарна состојба. Стармер рече дека Лондон „итно ги забрзува напорите“ за евакуација на деца со итни медицински потреби, кои би биле третирани во британски болници. Најавата доаѓа во време кога повеќе од 220 пратеници, ...
Кинескиот премиер Ли Ќијанг денеска предложи создавање меѓународна организација за соработка во областа на вештачката интелигенција (ВИ). Говорејќи на отворањето на годишната Меѓународна конференција за ВИ во Шангај, Ли истакна дека технологијата станува нов двигател на економскиот раст, но предупреди дека развојот е разединет и недоволно координиран. – Потребна ни е глобално прифатена рамка за развој и безбедност на вештачката интелигенција, ...
Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и со голема брзина се ширеше кон месноста Софилар и куќите во тој дел на градот е ставен под контрола, објави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ), Стојанче Ангелов. Според него, големиот и црн чад излегува од склад во чиј двор од пожарот се зафатени гуми, а пожарникарите не дозволуваат пожарот да се ...
На маргините на состанокот на Балканската платформа за мир, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Истанбул оствари средба со својот турски колега, министерот за надворешни работи, Хакан Фидан. На средбата се разговараше за унапредување на билатералните политички односи, зајакнување на економската соработка и искористување на инвестициските можности. Соговорниците се осврнаа и на продлабочување на ...
Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Во знак на почит и сеќавање на жртвите во катастрофалниот земјотрес, денеска во 10 часот делегации од Собранието и од Градот Скопје ќе положат цвеќе пред Споменикот на загинатите во земјотресот на градските гробишта Бутел. Во Музејот на град Скопје, вечер во 20 часот, ќе биде ...
Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ „Некои можеби ќе ме прогласат и за конзервативен, некои можеби ќе ме прогласат за човек кој што можеби живее во минатото, но, јас мислам дека потомството, создавањето семејство и дечињата е патриотски чин и денеска така се брани иднината на Македонија и македонскиот народ.“ Не, Миц, ти не си конзервативен, а не си ниту човек кој живее само во минатото, за жал, ти си фактор кој со својата појава, со интензитетот на таа ...
Најмалку 652 деца починале од неухранетост во нигерискиот северен сојузен регион Кацина во првата половина од 2025 година, соопшти организацијата „Лекари без граници“. Организацијата предупредува дека намалувањето на меѓународното финансирање, особено од страна на САД, Велика Британија и Европската Унија, има сериозни последици врз третманот на неухранети деца во регионот. „Сведоци сме на масовни буџетски кратења, што директно влијае на нашата ...
САД означија група поврзана со венецуелскиот претседател Николас Мадуро како поддржувач на странски терористички организации. Станува збор за групата „Картел де лос Солес“, во која, според Вашингтон, членуваат високи венецуелски функционери, меѓу кои и самиот Мадуро. Американската влада ги поврзува овие структури со криминалната банда „Трен де Арагуа“ и мексиканскиот наркокартел „Синалоа“, обете веќе класифицирани како странски терористички ...
Димитар Апасиев, пратеник и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, вчера поднел тужба до Управниот суд против Собранието и претседателот на парламентот, Африм Гаши. Повод за оваа тужба, како што се наведува во информацијата од Левица, е неделовничко и противзаконско поништување на уредно закажаната Надзорна расправа за трагедијата во Кочани, која требаше да се одржи на 8 јули годинава. ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека признавањето на палестинска држава пред нејзиното официјално формирање би било контрапродуктивно. – Јас силно поддржувам палестинска држава, но не верувам дека треба да се признае нешто што сè уште не постои, изјави Мелони во интервју за весникот „Република“. Таа додаде дека таков чекор може да создаде лажна перцепција дека проблемот е решен, иако реалноста е поинаква. Министерот за надворешни ...
Од денеска до 27 јули, на приземјето на Скопје Сити Мол, ќе се одржи тридневен летен базар „Сè за одмор“, на кој ќе учествуваат 20 современи македонски занаетчии. Настанот е дел од сезонската програма посветена за поддршка на локалната креативна сцена и го означува почетокот на вториот дел од летото – период кога повеќето се подготвуваат за одмор и патувања. Во текот на овие три денови, посетителите ќе имаат можност да купат рачно изработени ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да останат ограничувањата за американските и руските стратешки нуклеарни сили утврдени со договорот „Нов СТАРТ“ од 2010 година. – Ова не е договор кој сакаш да го оставиш да истече. Почнуваме да работиме на тоа, изјави Трамп пред новинарите пред Белата куќа, непосредно пред да замине за петдневната посета во Шкотска. Договорот „Нов СТАРТ“, кој го ограничува бројот на распоредени стратешки ...
Со прекинато водоснабдување денеска од 10:15 часот поради дефект ќе бидат корисниците од улиците Исмаил Кадаре, Неџат Аголи и Кумбара, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. -Ве известуваме дека на ден 26.07.2025 г. поради дефект на водоводен затварач (огрлица)Ф80мм.на улица Исмаил Кадаре 41 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците Исмаил Кадаре, Неџат Аголи и Кумбара, се наведува во соопштението. Водоснабдувањето ќе биде ...
Филмот „Заедно“ (Together) се соочува со обвинение за авторски права. Имено, продуцентите на „Подобрата половина“ (Better Half) тврдат дека премисата на новото остварување е украдена од нивната љубовна комедија. Сопружниците од вистинскиот живот, Дејв Франко и Алисон Бри се брачна двојка и во новиот хорор-филм „Заедно“, каде што нивниот одмор добива пресврт кога натприродна сила ги спојува нивните тела. Токму тоа е делот за којшто другата ...
БМВ не се откажува од своите моќни мотори кои љубителите ги обожуваат. И покрај заострените еколошки регулативи во Европа, БМВ вели дека нивните препознатливи шестцилиндарски и V8 мотори нема да исчезнат. На фестивалот на брзината во Гудвуд, шефот на БМВ M, Франк ван Мил, потврди дека брендот останува посветен на овие мотори, дури и со воведувањето на строгите Еуро 7 стандарди. Ван Мил објасни дека иако новите регулативи го отежнуваат ладењето ...
Извршниот директор на Евротинк, Димитар Николовски смета дека предложената резолуција за македонскиот јазик и идентитет е непотребна и може да создаде повеќе проблеми отколку решенија. Според него, прашањето за јазикот веќе е затворено преку постоечките документи на Европската Унија, додека идентитетските прашања не треба да се третираат преку политички декларации. „Резолуцијата пред се не е потребна. Прашањето со јазикот е веќе затворено со ...
Претседателот на „Студиото Марвел” (Marvel Studios), Кевин Фајџи изјави дека новиот филм за американскиот суперхерој Спајдермен ќе биде заснован на приказна за „уличниот живот“ и нема да има апокалиптични настани. Филмаџијата го изјави ова во интервју за американскиот „ЦБР“ (CBR) и изјави дека четвртиот филм со Том Холанд во главната улога – „Спајдермен: Сосем нов ден“ (Spider-Man: Brand New Day) ќе биде посветен на животот на човекот што се ...
Обожавателите со редици чекаа пред првата продавница за куклите „Лабубу“ во Германија, т.е. во Берлин, неколку часа пред отворањето утрово. Брендот „Лабубу“, основан од кинеската трговска компанија „Поп март“, стана светска сензација. Ова утро, стотици луѓе чекаа во германската престолнина, на дожд со чадори и столчиња за кампување, сакајќи да дојдат до својата плишана играчки во облик на суштество со големи очи и остри заби. Имаше и луѓе од ...
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека би можел да разговара со рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп оваа недела за да види дали би можеле да се сретнат во Истанбул за да разговараат за прекинување на војната во Украина. -Со телефонскиот разговор со Путин и Трамп оваа недела, ќе видиме дали можеме да ги собереме овие лидери во Истанбул, ќе се обидеме, изјави Ердоган за новинарите. Претставниците ...