Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Македонската кошаркарска репрезентација в четврток ќе го одигра својот прв натпревар од квалификациите за Евробаскетот во 2029 година. На 27 ноември, влезот во СРЦ „Кале“ каде ќе гостува репрезентацијата на Азербејџан, ќе биде слободен. – Македонската федерација ги повикува сите искрени љубители на кошарката, и фанови на нашата најдобра машка репрезентација да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на момците во овој натпревар, за кој влезот ...
Поранешниот светски рекет број еден, Шпанецот Рафаел Надал, му искажа поддршка на тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо. – Реал предводен од Алонсо моментално е прв во Ла Лига и е во добра позиција во Лигата на шампионите. Не мислам дека некој во клубот би одбил да биде во негова кожа во моментов. Ова е нов проект, а тимот има многу да научи. Куќа не се гради за еден ден, изјави Надал за „Мадрид Универзал“. Реал ремизираше двапати во Ла Лига – ...
Словенечката суперѕвезда Лука Дончиќ продолжува да руши рекорди во НБА. По само 12 одиграни натпревари оваа сезона, тој стигна до неверојатни 414 поени и 107 асистенции, што го прави првиот играч во историјата на НБА кој успеал да надмине 400 поени и 100 асистенции во овој ран дел од сезоната. Податокот го потврди и официјалниот профил на НБА, кој нагласи дека ваков старт досега не успеал ниту еден легендарен кошаркар. Фотографијата од ...
Фудбалерот на Евертон, Идриса Геје стана третиот играч од Премиер лигата од 2000 година кој е исклучен поради инцидент со играч од својот тим. Триесет и шестгодишниот сенегалски фудбалер синоќа доби црвен картон во 13. минута од натпреварот против Манчестер јунајтед, откако му удри шлаканица на соиграчот Мајкл Кин. Геје по натпреварот му се извини на соиграчот Мајкл Кин, како и на другите играчи, тренерскиот персонал, навивачите и клубот. Тој ...
Повеќе од 100 куќи се оштетени кога торнадо погоди станбена населба во близина на Хјустон, соопштија властите во Тексас. Повредени нема. Фотографии и снимки направени со дрон, објавени од полицијата, прикажуваат откорнати кровни плочи и остатоци што ги блокираат локалните улици. Според канцеларијата на полицаецот Марк Херман, најголема штета е регистрирана во населбата Меморијал Норвст. Пожарникарската служба на Хјустон испрати тим за ...
Мировниот предлог на САД за завршување на војната во Украина е намален од првичните 28 точки на 19, објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите. Кои наводно не кажаа кои елементи од мировниот план се отстранети. Откако американските и украинските делегации вчера се состанаа во Женева, двете страни објавија напредок во напорите за завршување на војната со Русија, но не дадоа детали за тоа како ќе се решат некои ...
Според проценките на Обединетите нации, минатата година на секои 10 минути била убиена една жена или девојка од партнер или член на семејството. Најновиот извештај за фемициди – убиства на жена или девојка поради нејзиниот пол – беше објавен вчера од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДК) и UN Women. Во извештајот се вели дека околу 83.000 жени и девојки биле намерно убиени во светот во 2024 година. Во околу 60 отсто од ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека предложениот мировен план, кој моментално се разгледува со САД и Европа, содржи „правилни точки“, но дека чувствителните прашања ќе бидат дискутирани директно со американскиот претседател Доналд Трамп. Во своето вечерно видеообраќање Зеленски посочи дека по преговорите во Женева бројот на точки се намалил од 28 и дека во новата рамка се вклучени многу „правилни елементи“. -Во ...
Денот носи искри од оригиналност и мали бунтови против секојдневието. Месечината во Водолија ги отвора вратите кон идеи, интуитивни решенија и разговори кои будат нешто ново во нас. Воздухот вибрира со желба за промена, за мали потези кои нè носат чекор поблиску до верзијата која сакаме да бидеме. Анаис денес го гледа небесниот пејзаж како покана за будење – да ставиме точка на нешто старо и да направиме место за нешто свежо. ♈ Овен Денес ти ...
Били Ајлиш го потврди она што веќе со месеци се шушкаше – нејзиниот нов концертен документарец, снимен во 3D и ко-режиран заедно со легендарниот Џејмс Камерон, пристигнува во кино-салите на 20 март 2026 година, во издание на Paramount, пишува Hollywood Reporter. Проектот, реализиран во партнерство со Darkroom Records, Interscope Films и Lightstorm Entertainment, ја претвора нејзината светска турнеја Hit Me Hard and Soft во големо филмско ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2025/2026 година на 20 најдобри студенти кои своето образование ќе го продолжат на Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк“, со седиште во Солун, Грција. Секоја стипендија поединечно е во висина на уписнината на Сити колеџот и изнесува 14.890 евра при што 50 педесет проценти или 7.445 евра по студент обезбедува Министерството ...
Мирот во Украина не може да биде привремено примирје, туку тој мора да биде трајно решение, изјави денеска во Луанда претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта по неформалниот состанок на лидерите на ЕУ посветен на најновите случувања околу напорите за постигнување мир во Украина, што се одржа во хибриден формат, во живо и онлајн. – Постои нов моментум во мировните преговори. Вчерашниот состанок во Женева меѓу САД, Украина, институциите на ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со делегација од Кралството Шпанија составена од Наталиа Усеро Перез, Хан Помес Лопез и Лукас Кастило Родригес, членови на Комисијата за надворешна политика на Сенатот. Како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши на средбата им посакал добродојде на гостите, изразувајќи убедување дека ова посета ќе биде почеток на една плодна соработка помеѓу ...
Последната сезона на Stranger Things пристигнува со спектакуларен распоред, кино-премиера и осум епизоди што ќе ја заокружат најголемата телевизиска приказна на деценијата. Финалната борба со Векна се приближува, а Нетфликс ќе ја затвори сагата на начин што досега не го направил со ниту една своја серија. Кога излегува „Stranger Things“ сезона 5? Петтата, воедно и последна сезона е поделена во три дела, преку празничен распоред: Колку епизоди ...
Легендарниот германски актер Удо Кир почина на 81-годишна возраст, оставајќи зад себе импресивно наследство од над 275 улоги во европската и холивудската кинематографија. Веста ја потврди неговиот партнер Делберт Мекбрајд за Variety, а ја објави и неговиот долгогодишен пријател, фотографот Мајкл Чилдерс. Кир починал во неделата наутро во болница во Палм Спрингс, Калифорнија. Причината за смртта сè уште не е позната, пренесува The Guardian, ...
Во СВР Скопје денеска околу 9 часот било пријавено дека на електронски адреси во две приватни училишта во Скопје и Музеј пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи. -Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави, наведуваат од МВР. Како што информираат од МВР, од страна на Секторот за компјутерски криминал во содејство со секторот за тероризам, а ...
Во буџетот за 2026 година, Владата на ДПМНЕ ги намалува парите за студентскиот стандард за огромни 7,3 милиони евра! Ова значи помалку пари за стипендии, помалку пари за студентски оброци, за студентските домови. Уште поголем удар врз секој млад човек кој се обидува да се образува и развива во својата земја. Во најголемиот буџет во историјата власта нема пари за студентите! Наместо да вложуваат во младите, Владата на Мицкоски им ги крати парите, ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска информираше дека на редовната средба со координаторите на пратеничките групи е констатирано дека Предлог одлуката за основање на анкетна комисија за трагичниот настан во Кочани поднесена од Левица и СДСМ не е уредна поради тоа што тие бараат да имаат мнозинство во Комисијата, а имаат и претседател. Гаши на брифингот со новинарите објасни дека опозициските партии бараат мнозинство што не е во ...
Полскиот министер за правда вети брза акција против крајнодесничарски европратеник кој изнесе антисемитска тирада пред поранешниот нацистичко-германски логор на смртта Аушвиц, каде што над 1 милион Евреи беа убиени за време на Втората светска војна, пренесува TVP World. Во саботата, пред новинарите пред поранешниот логор во градот Освјенќим во јужна Полска, крајнодесничарски европратеник Гжегож Браун започна низа напади против Евреите, ...
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и опозициските СДСМ и ДУИ остро реагираат на упорно ниската минимална плата. – Синдикатите со право укажуваат дека владата ја држи минималната плата меѓу најниските во регионот. 390 евра не се доволни за живот. Тие се доволни само за преживување. Затоа минималната плата мора да биде 600 евра за лицата со средно образование, а 800 за лицата со високо образование, изјави Блерим Беџети од ДУИ. Анкетата на ...
Австралиската сенаторка Полин Хансон денеска се појави во Парламентот носејќи бурка, во рамки на нејзината кампања за забрана на муслиманската женска облека што го покрива целото тело и лице на јавни места. Хансон ја стави бурката откако беше одбиен нејзиниот предлог да поднесе закон со кој би се забраниле бурките и другите покривала за цело лице во јавниот простор во Австралија. Ова е вторпат Хансон да користи бурка во Парламентот како протест ...
Пред една недела, претседателот Володимир Зеленски слушаше преку звучник како советниците на Доналд Трамп – Стив Виткоф и Џеред Кушнер – му го читаат, точка по точка, новиот американски предлог за завршување на војната во Украина. Само два дена подоцна, Axios го објави постоењето на документот. До петокот, Зеленски веќе ги предупредуваше Украинците дека огромниот притисок да го потпише планот ја турка државата во „еден од најтешките моменти“ од ...
Туристи во Лондон се собираат на „божиќен базар“ пред Бакингемската палата, но на самото место се покажува дека воопшто нема никаков собир. Слики создадени со вештачка интелигенција од наводен блескав празничен базар пред британската кралска резиденција кружат на социјалните мрежи, заведувајќи ги посетителите да се упатат кон, всушност – непостоечката „зимска бајка“. Меѓу страниците што ја шират фотографијата на „Тик-ток“, „Фејсбук“ и ...
Законите и правилата се јасни и секој мора да ги почитува, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за апсењето на српскиот пејач Аца Лукас во петокот на настап во Кавадарци. Тој посочи дека не знаел за случајот и оти пред неколку дена бил информиран од соработниците во кабинетот, по завршувањето на настанот, нагласувајќи дека внимателно ќе ги следат, како што рече, однесувањата на таквите естрадни уметници и ...
Пред доделувањето на американските филмски награди „Златен глобус“ што ќе се одржи на 11 јануари во Лос Анџелес, се појави информација дека списанието „Роб репорт“ продава ВИП-влезници за 70.000 долари (60.700 евра). Неочекуваниот потег, којшто вклучува луксузни привилегии и ексклузивен пристап до настан што вообичаено се смета за затворен за јавноста, предизвика реакција во индустријата. Многумина сметаат дека станува збор за „бесрамна ...
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а за исто толку поскапува дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е ...
Во затворен простор, во Археолошкиот музеј во античка Олимпија наместо во храмот на божицата Хера, поради лошите временски услови ќе се одржи в среда церемонијата за палење на олимпискиот оган за ЗОИ „Милано Кортина 2026“, јави дописничката на МИА од Атина. Олимпискиот оган, традиционално се пали од зраците на сонцето во храмот на божицата Хера во античка Олимпија на грчкиот полуостров Пелопонез, онаму каде што пред 2.800 години беа одржани ...
Албумот на групата FLO „Access All Areas“ на кој работеше македонскиот музички продуцент Матеј Џајковски, познат како BigSlav, е номиниран за престижната музичка награда „Греми”. Џајковски беше дел од авторите и продуцентите на песната „On & On” од споменатиот албум. Албумот „Access All Areas“ е номиниран за најдобар во категоријата „Best Progressive R&B Album” на 68-то издание на Греми награди кои ќе се одржуваат на 1ви февруари ...
Палестинската претставничка Надиен Ајуб – која годинава ја испиша историјата како прва учесничка од својата земја на Мис Универзум 2025 – јавно излезе со тврдења за можни манипулации во дел од гласањето преку официјалната апликација. Во видео објавено на социјалните мрежи, Ајуб посочи „сомнителен“ пораст од над 20.000 гласови за само две минути во категоријата „Most Beautiful People“, што, според неа, е „неизводливо без внатрешна интервенција“. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ниту една телевизиска мрежа што тој ја смета за левичарска новинска куќа не треба да има можност за проширување, предупредувајќи на потенцијалниот раст на таквите медиуми во САД. „Ако ова им овозможи на мрежите на радикалната левица да се ‘зголемат’, нема да бидам задоволен. Еј-Би-Си (ABC) и Ен-Би-Си (NBC), посебно, се катастрофа – речиси продолжена рака на Демократската партија. Треба да се ...