Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Педесет од 315 деца киднапирани од вооружени лица од католичко училиште во нигериската држава Нигер во петокот избегаа, пренесува Би-би-си. Христијанското здружение на Нигерија соопшти дека се повторно обединети со своите семејства. Во тек е голема операција за пребарување и спасување предводена од војската за преостанатите 265 деца и 12 наставници кои беа земени со нив. Властите во неколку нигериски држави наредија училиштата да се затворат по ...
ЏАБИР ДЕРАЛА Денес, кога повторно се навраќам на моето обраќање во Собранието на 24 ноември 2022 година, не мислам само на зборовите што ги изговорив. Мислам на тишината што следеше по нив. На пропуштената шанса на мојата земја – Република Северна Македонија – да застане на вистинската страна на историјата и конечно да го признае Гладоморот како геноцид. Во 2022 година, кога ми беше дадена чест да зборувам во парламентот по повод Денот на ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека проекциите за наредната година се инфлацијата да се движи меѓу два и три проценти. На тоа ниво се очекувањата на Владата и за нивото на базичната инфлација. Мицкоски одговарајќи на прашања на медиумите зборуваше и за одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата да изрече казни против Сојузот на стопански комори и уште четири поголеми трговски синџири поради картелско ...
Еден од најперспективните инди кантавтори од Балканот, Yon Idy, ја објавува својата најнова песна „That Much Is True“, интимна и суптилна песна која го претставува следниот чекор во неговиот уметнички развој под крилото на американската издавачка куќа NVAK Collective, истата издавачка куќа со која Јон во 2024 година стана првиот македонски артист што потпишал договор од ваков ранг. По успешната прва NVAK-објава „Don’t Break It“, која најави ...
Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, може да го смени клубот во зимскиот преоден рок. Според шпанските медиуми 25-годишниот Винисиус не е во можност да се договори за продолжување на соработката со мадридскиот клуб, што доведе до интерес од Манчестер сити, Челзи и неколку клубови од Саудиска Арабија. Винисиус игра за Реал Мадрид од 2018 година. Во сезоната 2025/26, Бразилецот одигра 17 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи пет ...
На сцената на Македонската опера и балет на 28 ноември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, ќе се одржи Гала оперски концерт на кој ќе настапи светски познатата оперска дива Инва Мула, заедно со Дешира Амети-Крлиу (сопран), Исмет Вејсели (тенор) и оркестарот на МОБ, под диригентската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Дејан Прошев. Инва Мула, сопран е едно од најистакнатите имиња на современата оперска сцена. Родена во уметничко семејство ...
Нов научен труд од Универзитетот на Токио посочува дека седата коса може да послужи како вграден одбранбен механизам на телото против меланом – најсмртоносниот облик на рак на кожата, објавува „Далас експрес“ (Dallas Express). Истражувачите, имено, откриле дека матичните клетки одговорни за пигментацијата на косата имаат критична улога по оштетувањето на ДНК – можат или да созреат во клетки што произведуваат пигмент, коешто на крајот го намалува ...
Еден од најпознатите и најавтентични регионални сатиричари, Зоран Кесиќ, доаѓа во Скопје со своето шоу „Приказни и песни“. Во Македонска Филхармонија вечерва со почеток во 20 часот публиката ќе има прилика да биде дел од вечер исполнета со интелигентен хумор, музика и храбра искреност. -„Приказни и песни“ е динамична, духовита и длабоко човечка приредба што ги спојува театарот, музиката, јавниот коментар и интимната исповед на еден современ ...
Во мигот кога Сонцето влегува во Стрелец, воздухот станува полесен, мислите подалечни, а хоризонтот повик што тешко се игнорира. По длабокото, тивко нурнување на Скорпијата, сезоната на Стрелецот доаѓа како светлина што не се задржува на едно место – таа сака да се движи, да истражува, да прашува, да бара. Ова е најфилозофскиот огнен знак, искрата што истовремено согорува и осветлува. Стрелецот не живее во мали приказни – тој е роден за големи ...
Трговските односи на Европската Унија со САД и со Кина ќе бидат главни теми на денешниот Совет за надворешни работи на ЕУ на ниво на министри задолжени за трговија што ќе се одржи во Брисел. Состанокот ќе започне со дебата за актуелната состојба и перспективите на трговските односи меѓу ЕУ и САД, во светлина на билатералниот трговски договор од 21 август 2025 година и чекорите преземени за негово спроведување. Дополнително, трговската соработка ...
Двајца бомбаши самоубијци го нападнаа седиштето на пакистанската паравоена сила, при што загинаа тројца безбедносни службеници и беа ранети најмалку 12 лица, пренесува Би-би-си. Полицијата за BBC Urdu изјави дека напаѓачите биле вооружени додека напаѓале во седиштето на Федералната полиција во Пешавар, во северозападен Пакистан. Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот. Комплексот на полицијата се наоѓа во строго обезбедена област ...
Соединетите Американски Држави и Украина изготвија „ажурирана и подобрена“ мировна рамка за ставање крај на војната во Украина, по вчерашните разговори одржани во Женева, се вели во заедничка изјава од Кијив и Вашингтон. Двете страни се согласија да продолжат со интензивна работа на заедничкиот предлог во наредните денови и да останат во блиска координација со европските партнери, се наведува во заедничката изјава, пренесува ДПА. „Конечните ...
Во организацијата на трите најголеми синдикати во Белгија денеска започнуваат серија штрајкови, кои ќе кулминираат в среда со 24-часовен генерален штрајк. Конфедерацијата на христијанските синдикати (ЦСЦ/АЦВ), Генералната федерација на трудот на Белгија (ФГТБ/АБВВ) и Генералната конфедерација на либералните синдикати на Белгија (ЦГСЛБ/АЦЛВБ) ги организираат штрајковите во знак на протест поради социо-економските реформи на белгиската Федералната ...
Независната сцена не е конфликтна по природа и не се „бори“ против „мејнстрим“ културата, имаме креативен потенцијал што често ги надминува ресурсите со кои располагаме. За жал, сe уште, немаме изградено структура која може да ги однесе авторите подалеку од ентузијазам. Музичарите мора да си дозволат да еволуираат и храбро да навлегуваат во непознат терен без разлика со кој жанр работат, колку и да е потребно време за слушателот да „свари“ нешто ...
– Две недели по мега-скандалот за ИПАРД, наместо да даде одговор на клучните прашања, министерот Трипуновски бега од одговорност, бега од вистината за суспензијата на парите а бега и од одговори, истакна на прес конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Еве што пратил Трипуновски на официјалното писмено барање за информаци со ИПАРД скандалот. Погледнете го овој срам. Нема ниту збор за причините, нема ништо за времетраењето на ...
Реал Мадрид се извини за користењето на фотографија од друг играч во видео посветено на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва. На Генералното собрание на мадридскиот клуб во недела, 23 ноември, наместо фотографија од Андре Тешеира да Силва беше искористена фотографија од португалскиот напаѓач на Елче, Андре Силва. – Направена е грешка при снимањето на видеото. Се извинуваме, тоа беше човечка грешка, рече претседателот на Реал Мадрид, Флорентино ...
Две недели по обелоденувањето на мега-скандалот со ИПАРД средствата, министерот Трипуновски бега од одговорност и од вистината за суспензијата на над 130 милиони евра европски пари. Дополнително, наместо конкретни одговори, тој на официјално барање од собраниско тело испраќа документ без содржина, без причина за суспензијата, без рокови, без план како да се надмине кризата. Едно големо ништо, соопштуваат од СДСМ. Тоа е срам, тоа е навреда за ...
Европскиот план за запирање на конфликтот, до кој дошол Telegraph, драматично се разликува од мировниот план на Доналд Трамп. Американските предлози беа нашироко критикувани како прекумерно поволни за Москва, бидејќи ѝ отстапуваат значителни делови украинска територија, го ограничуваат бројот на украинските вооружени сили и забрануваат присуство на НАТО-трупи на украинска територија, пренесува хрватската агенција Hina. Наспроти тоа, европскиот ...
Аеродромот во Вилнус синоќа беше затворен поради појава на балони со шверцувана стока, соопшти литванскиот Национален центар за управување со кризи. Центарот објави дека навигациските системи забележале балони недалеку од аеродромот, најверојатно влегувајќи од територијата на Белорусија со шверцувана стока, објави новинскиот портал „Делфи“, кој ги покрива вестите во трите балтички републики. „Делфи“ потсетува дека ова е еден од најчестите случаи ...
Соединетите Американски Држави сè уште ги немаат пресметано целосните придобивки од воведувањето на царините, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, напоменувајќи дека противниците на тарифите „им служат на непријателски странски интереси“. „Целосната корист од царините сè уште не е пресметана, со оглед на тоа што многу купувачи на стоки и производи, со цел да избегнат плаќање царини на краток рок, ‘трупаат залихи’ купувајќи далеку ...
Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, постави историски рекорд. Триесет и осумгодишниот Аргентинец стигна до 1.300 поени (896 гола и 404 асистенции), станувајќи првиот играч во историјата на фудбалот со вакво достигнување. Меси синоќа на гостувањето кај Синсинати во четвртфиналниот плејоф натпревар од МЛС (4:0) постигна еден гол и три асистенции. Меси имаше 941 поени за Барселона, 117 за Интер Мајами, 66 за ПСЖ и 176 за репрезентацијата на ...
Четирикратниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул утрово победи на трката во Формула 1 во Лас Вегас за Големата награда на САД. Ландо Норис од Мекларен заврши втор, 20,741 секунди зад Верстапен, додека Џорџ Расел од Мерцедес беше трет, 23,546 секунди зад победникот. Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) ги поништи резултатите на возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри. Дваесет и шестгодишниот Британец заврши втор во ...
Контроверзиите околу изборот за Мис Универзум 2025 продолжуваат и по финалето одржано на 21 ноември во Банкок, каде Мексиканката Фатима Бош беше крунисана со титулата. Само неколку часа по прогласувањето на победничката, една од судијките јавно го спори интегритетот на процесот на гласање, пренесува People. Оставки и обвинувања за „нетранспарентност“ Натали Глебова, поранешна Мис Универзум 2005, беше назначена за судијка во последен момент, ...
Дали треба да се пали автомобилот почесто во зима? Вообичаено – НЕ мора. Современите акумулатори и алтернатори се дизајнирани така што редовното нормално возење е доволно за да останат во добра состојба. Но има едно важно правило: Ако автомобилот стои долго (повеќе од 7–10 дена), особено на студено, акумулаторот почнува да губи капацитет. Во таков случај: Да, корисно е да го запалиш и да го возиш барем 15–20 минути, за да се наполни доволно ...
Денес Месечината престојува во Јарец, носејќи сериозна, фокусирана и структурална енергија. Ова е ден кога емоциите не се бурни – туку смирени, насочени и решителни. Месечината во Јарец те води да поставиш темел, да ги завршиш работите што ги избегнуваше и да се движиш со зрелост кон целта. Ова е космички импулс за вистински, трајни чекори напред. ♈ ОВЕН Денот ти носи фокус кон авторитет, кариера и лична поставеност. Чувствуваш потреба да ...
Предлогот на САД за запирање на војната во Украина може да вклучува делови што се засноваат на украинските перспективи и се од клучно значење за украинските национални интереси, изјави денеска претседателот на земјата, Володимир Зеленски. „Веќе имаме кратка информација од членовите на делегацијата за резултатите од првиот состанок и првите преговори“, напиша Зеленски на „Х“ за разговорите со ЕУ и САД во Женева. -Работата продолжува за ...
Европските земји презентираа ревидирана верзија на американскиот план за Украина со која се зголемува предложената големина на вооружените сили на земјата и разни територијални отстапки, според документ што денеска го виде Ројтерс, пренесуваат агенциите. Контра-предлогот е изготвен од таканаречените европски сили Е3 – Велика Британија, Франција и Германија – изјави извор запознаен со документот. Документот се темели на американскиот предлог, го ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Украина не изразила никаква благодарност за напорите на САД. -„Лидерството“ на Украина изрази нулта благодарност за нашите напори, а Европа продолжува да купува нафта од Русија. САД продолжуваат да продаваат огромни количини оружје на НАТО, за дистрибуција во Украина (измамникот Џо даде сè, бесплатно, вклучително и „големи“ пари), напиша Трамп на платформата „Truth social“. Тој ја даде ...
Шефот на кабинет на украинскиот претседател, Андриј Јермак денеска соопшти дека украинската делегација разговарала со европските безбедносни претставници во Женева. – Украинската делегација, именувана од претседателот (Володимир) Зеленски, почна со работа во Женева. Таа го одржа својот прв состанок со Џонатан Пауел, Емануел Бон и Гинтер Заутер, советници за национална безбедност на лидерите на Велика Британија, Франција и Германија, објави ...
Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Аца Лукас настапувал без дозвола, а во објектот кај што пеел имало околу 700 луѓе односно четири пати повеќе од капацитетот на објектот. Тоа е оценето како безбедносно ризична ситуација и затоа околу полноќ полицијата го прекинала настапот и Ацота го привела во полициска станица да го чека судијата за прекршоци за појадок и сослушување, цела ноќ. Ова е образложението на градоначалникот Јанчев. Со додаток дека ...