Викторија и Дејвид Бекам уживаат со децата на нивната јахта од 16 милиони фунти. 51-годишната дизајнерка и 50-годишниот поранешен фудбалер споделија фотографии од летната авантура во Сен Тропе и добија бројни комплименти дека имаат „прекрасно семејство“. Дејвид позираше без маица и ги истакна стомачните мускули, а покажа и дека јадеше тартуфи во Лорг. Парот беше придружуван од ќерката Харпер, синот Ромео и синот Круз со девојката Џеки Апостел. ...

Рафаел Надал и Марија Франциска Перељо има за што да се радуваат. 39-годишниот поранешен тенисер и неговата сопруга го добија второто дете. Момчето се родило во болницата „Quirónsalud Palmaplanas“ во Палма де Мајорка и го добило името Микел. Ова име има специјално значење за парот, бидејќи така се викаше таткото на Марија кој почина во април 2023 година. Веста дека Марија е бремена се рашири во април оваа година. Рафаел и Марија се заедно 20 ...

Антониа Гиговска вметнува нов хит во македонските летни плејлисти. Познатата пејачка ја објави новата песна „Специјалиста“ заедно со спот. Во видеозаписот, Антониа е сексапилна заводничка со долги плетенки. „’Специјалиста’ е и за тие што скршиле срце и за оние на кои им било скршено срцето. И да се скршат и да боли, вреди... Љубовта секогаш победува, нели?“ – пишува таа. Музиката и аранжманот се на Лазар Цветкоски, кој заедно со Магдалена Ена го ...

Во екот на летото, Каролина Гочева избега од топлотните бранови низ урбаните џунгли, а и од гужвите на популарните плажи и пронајде спокојство со патување на величествените Доломити каде секое вдишување носи мир и свежина. Македонското девојче сподели фото-албум од нејзината авантура и напиша: „Јули на планина“. 45-годишната музичка ѕвезда уживаше во базени во кои топлата вода создава контраст со свежиот планински воздух, вежбаше со поглед кон ...

Јелена Томашевиќ ја крена на нозе публиката во Античкиот театар во Охрид. Српската пејачка беше воодушевена од атмосферата на нејзиниот концерт, на кој бескрајно му се радуваше и со нетрпение го очекуваше. Во описот на албумот со фотографии, кои ги сподели на Instagram, Јелена напиша: „Охрид. Благодарам. Македонци драги! Ве сакам до небото“. Јелена изгледаше како божица во креација од Chiccode. ФОТО: Instagram / Jelena Tomasevic, Pragma Music ...

Шпанското кралско семејство го започна летниот одмор на Балеарските острови. Кралот Фелипе и кралицата Летиција со ќерките и неговата мајка Софија одржаа прием за околу 500 лица во нивната летна резиденција во Палма де Мајорка. Летиција пленеше со летен шик во бел макси фустан во бохо стил и едноставни еспадрили. Посебно внимание привлече принцезата Леонор, бидејќи верните фанови препознаа дека таа носи фустан од плакарот на мајка си. ...

Едина Муса вчера го прослави својот 34-ти роденден. Поранешната кошаркарка доби бројни роденденски честитки од своите пријатели, а на Instagram Story им се заблагодари на сите што одвоија време за да ѝ посакаат „Среќен роденден“. Муса сподели фотографија на која го бакнува 5-месечното синче Максим покрај тортата со кошаркарски топки и бројот 10, кој стоеше на нејзиниот дрес додека се натпреваруваше. „Ви благодарам на сите што одвоивте време да ...

Поради високите температури, топлотниот удар станува вистинска опасност, особено за децата, постарите лица и оние кои се занимаваат со физичка активност на отворено. Раното препознавање на знаци на топлотниот удар може да направи голема разлика. Што е топлотен удар? Топлинскиот удар се јавува кога телото се прегрева и не може правилно да се олади, обично поради продолжено изложување на сонце или интензивен физички напор во топли средини. Може да ...

Годините не ѝ можат ништо на Мел Си. 51-годишната пејачка, која во минатото беше дел од женската група Spice Girls, беше фотографирана со саканиот и пријателите на Ибица. Мелани, која доби бројни комплименти за својот фит изглед, си разменуваше бакнежи и нежности со својот дечко Крис Дингвал пред да им се придружи на пријателите во лудориите на вода. Мел Си им беше позната на милионите фанови на Spice Girls како „Sporty Spice“ и отсекогаш ...

Перо Антиќ и Сања Ристиќ не кријат колку се заљубени еден во друг. Македонскиот пар ја прослави 2-годишнината од почетокот на врската и сподели фотографии на Instagram. 43-годишниот поранешен кошаркар и специјалистката за маркетинг се прегрнуваат и се смеат додека позираат пред објективот. „Две години и сè уште не знаеме кој е + а кој - ама важно љубовта си го одржува балансот“ – напишаа тие. Перо и Сања потврдија дека се заедно во јануари 2024 ...

Поради промена на локацијата, дрогеријата на dm во Stop'n'Shop во Струмица на ул. „Климент Охридски“ бр. 51ј ќе работи до 9.8.2025 година. По тој повод, dm на своите купувачи им нуди -15 % попуст на апсолутно сè! Овие попусти ќе траат од 7 до 9 август 2025 година. Пред речиси 5 години, со отворањето на dm дрогеријата во Струмица, dm стана синоним за нега и убавина, како и место во кое може да најдете сè што ви треба – органска храна, додатоци во ...

Викторија Лоба максимално ги користи летните денови за да ги наполни батериите и да се подготви за нови работни ангажмани. 36-годишната македонска пејачка сподели фотографии од одморот со мајка ѝ Татјана Луговаја. На една од фотографиите, убавата музичарка позира во бели бикини кои совршено ѝ ја истакнуваат фигурата. „Таму каде што деновите се топли како мајчинско срце“ – напиша Лоба. И претходно Викторија позираше во истите бикини на плажа. ...

Амал и Џорџ Клуни уживаат во убавините на Езерото Комо каде поседуваат свој имот. Славниот пар беше уловен од папараците додека се упатуваше на вечера со пријатели на идиличната италијанска дестинација. 47-годишната адвокатка и активистка не ја криеше насмевката покрај 64-годишниот актер, а фановите повторно ја опсипаа со пофалби за стилот. Амал носеше бела креација со реси од Џамбатиста Вали која ја надополни со златни аксесоари. Амал и Џорџ ...

Модниот избор на бремената Ријана повторно се најде во центарот на вниманието. 37-годишната пејачка беше фотографирана во Лос Анџелес во долг пастелен фустан и удобни патики, по што доби бројни коментари на социјалните мрежи. Додека дел од фановите ја пофалија за опуштениот и удобен изглед, други ѝ упатија критики, нарекувајќи ја „несоодветно облечена“ и потсетувајќи ја дека е стилска икона. „Рири, би требало да бидеш стилска икона“, „Шеќерна ...

Мерил Стрип ја враќа на филмското платно Миранда Присли. Славната Оскаровка започна со снимањето на продолжението на „The Devil Wears Prada“. На фановите најмногу им го привлече вниманието снимањето на сцени инспирирани од МЕТ балот, за кои Стрип носеше гламурозна црвена креација. Многумина се согласија дека Стрип не изгледала подобро во улогата на строгата модна уредничка Миранда. 76-годишната актерка глумеше до Стенли Тучи, кој ќе ја репризира ...

Лорен Санчез и Џеф Безос организираа вечера за Леонардо Дикаприо и неговата девојка Виторија Черети на нивната суперјахта од 485 милиони долари. На Ибица, 55-годишната поранешна новинарка носеше екстра високи потпетици на кои едвај се движеше по камењата покрај основачот на Amazon. Веднаш по нив одеа 50-годишниот актер и неговата двојно помлада девојка, која е модел. И двајцата беа облечени во црно, додека Лорен и Џеф беа тотална спротивност од ...

Ева Заева јавно се прости од поранешниот љубовен партнер Душко Чифлиганец по неговата прерана трагична смрт. На Instagram Story, младата девојка објави црно-бела фотографија на која со Душко се држат за рака, а во позадина тече песната „Always“ од Џон Бон Џови во која се пее: „And I'll love you, always“ (И ќе те сакам засекогаш). Љубовната врска на Душко и Ева неколку години беше во центарот на вниманието на македонските медиуми, иако двајцата ...

Ентони Хопкинс несомнено знае да се забавува. 87-годишниот актер докажа дека не ја изгубил смислата за хумор, исмејувајќи ја новата маска за обликување и подигнување на лицето на Ким Кардашијан. Легендарниот американски глумец пресоздаде сцена со неговиот лик Ханибал Лектор од „The Silence of the Lambs“ од 1991 година. „Здраво Ким. Веќе се чувствувам 10 години помладо. Збогум“ – рече тој. „Ти благодарам Ким. Не се плаши да наминеш на вечера“ – ...

Новак и Јелена Ѓоковиќ се препуштија на уживање и нежности на Миконос. Српскиот пар, кој е на летување на грчкиот остров со децата Стефан и Тара, ги искористи моментите насамо за да си размени бакнежи и прегратки на плажа. Папараците ги уловија 38-годишниот тенисер и неговата избраничка додека се бакнуваа како заљубени тинејџери. Новак и Јелена се еден од омилените српски парови, па јасно е зошто фотографиите од нив привлекоа големо внимание. ...

Мери Акиевска му кажа „Да“ на својот партнер. Македонската бодибилдерка, која е и трикратна светска шампионка, го прифати романтичниот предлог за брак на својот сакан. Запросувањето се случи во Охрид, а Мери сподели фотографии од среќниот момент. На една од нив, Акиевска го покажува свршеничкиот прстен. Мери е најуспешната бодибилдерка кај нас и покрај тешкото детство кое го имала. Нејзиниот татко бил алкохоличар, а таа не крие дека израснала во ...

Љубовта не доаѓа секогаш лесно, а понекогаш се потребни дури 43 запросувања пред да стигне судбоносното „ДА“. Таква е несекојдневната приказна на Лук Винтрип и Сара, која конечно го прифатила предлогот за брак по многубројни неуспешни обиди. Верувале или не, упорниот дечко 43 пати во текот на 7 години ѝ предлагал брак, но и покрај екстравагантните предлози, таа упорно велела „Не“. Првиот предлог бил само шест месеци откако започнале да се ...

Август ќе биде како симфонија, а секој знак ќе ја почувствува музиката на универзумот на свој, посебен начин. Ни претстојат астролошки пресврти што ја менуваат динамиката на срцето, умот и амбицијата. Марс од 7 август ќе нè поттикне да бараме рамнотежа меѓу нашите лични желби и потребите на другите. На 11 август Меркур ќе го прекине ретроградното движење, расчистувајќи комуникациски недоразбирања, технички застои и ментални блокади. Откако ...

Бурак Озчивит ги изненади фановите со нов имиџ. 40-годишниот турски шармер, познат по улогата на Бали-бег од „Величествениот“, си ги избричи препознатливите мустаќи и брадата. На најновите фотографии објавени на Instagram, Бурак изгледа сосема поразлично од претходно. Озчивит е во брак со турската актерка Фахрие Евџен, позната по улогата на Неџла во „Кога лисјата паѓаат“. Парот заедно уживаше во Монако. Фахрие и Бурак се запознаа во 2013 година, ...

На вчерашната премиера по повод втората сезона на „Wednesday“, Кетрин Зета-Џонс и Џена Ортега го претворија пурпурниот тепих во моден театар каде гламурот, готиката и сензуалната елеганција се спојуваат во совршен баланс. На свеченоста во Лондон, 55-годишната актерка, која во серијата ја толкува незаборавната Мортиша Адамс, зачекори во црна креација од францускиот дизајнер Стефан Ролан. Славната сопруга на Мајкл Даглас беше придружувана од ...

Стефан Филиповски ужива во летото и минува квалитетно време со малата внука од брат. Пејачот од Next Time, кој пред неколку дена стапи во брак со својата сакана Тинеа, сподели фотографии со малата Лиана. На нив, неодоливото дуо позира покрај базен. 9-месечното девојче слатко се смее во прегратката на својот чичко. Стефан често споделува фотографии со Лиана. Мартин и Андреа Белеска ја добија Лиана во октомври 2024 година. Нема слични статии. ...

Џесика Алба е пресреќна со Дени Рамирез. Популарните актери беа затекнати од папараците по ручек во ресторан, а на фотографиите изгледаат како неразделни заљубени тинејџери. 44-годишната ѕвезда и 32-годишниот актер се бакнуваа и слатко се кикотеа, уживајќи во новата романса. Алба на почетокот на годината објави дека се разведува од Кеш Ворен по 16 години брачен живот. Ворен не избегнал коментар за новата врска на Алба и пред камерите на TMZ ...

Роберт Спасенцовски – Џокер ја промовира новата песна, насловена „Млада“. Македонскиот музичар објави дел од песната и спотот, кој е компилација од видеа од летување со сопругата Антониа Гиговска. Во видеозаписот, популарниот македонски пар се бакнува, ужива на плажа, се забавува на вода и танцува на вечерно излегување. Антониа изгледа одлично во бикини и по раѓањето на нивното прво дете, синчето Киан. „Мала слатка песничка и уште послатко ...

Илина Арсова има специјален повод за славење. Познатата македонска планинарка и авантуристка денес го слави својот 43. роденден. По тој повод, Илина сподели фотографии на кои го покажа своето фит тело, силната енергија, спортските вештини, достигнувањата и авантурите кои ги има поминато. „Кога ќе пораснам, сакам да бидам јас. Со сите маани и со нескротливиот дух, се прифаќам таква каква што сум. Емотивна, бунтовна, емпатична, а сепак храбра, ...

Доктори од Русија се нарекувани херои откако ни за секунда не се оддалечија од пациентот што го оперираа за време на ужасниот земјотрес кој ја потресе Камчатка. Додека сè околу нив се тресеше од потресот од 8,8 степени по Рихтеровата скала, тие останаа во операционата сала и го држеа пациентот, а видеото го обиколува светот. Видео Министерот за здравство Олег Мелников изјавил: „Им се восхитувам и им благодарам на нашите специјалисти за нивниот ...

Кети Пери и Џастин Трудо разгореа гласини за врска откако беа забележани заедно во Монтреал. Поп-ѕвездата и поранешниот канадски премиер вечераа сами во ресторанот „Le Violon“, па ја поттикнаа љубопитноста на нивните фанови. Пери престојува во Канада во рамките на нејзината музичка турнеја. 40-годишната пејачка пред само еден месец потврди дека се разделува од Орландо Блум со кого беше верена 6 години и со кого ја има ќеркичката Дејзи. ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
87%
1016
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
82%
1017
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1018
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
56%
1017
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
5.18
88%
1019
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
1.03
88%
1018
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
58%
1015
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
77%
1014
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
58%
1014
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 8ᴼ
6.17
93%
1019
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
72%
1019
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
77%
1015
Currency

61.5137

Currency

53.3948

Currency

69.8011

Currency

34.5859

Currency

37.8411

Currency

66.1753

Currency

7.49216

Currency

0.65521

Currency

0.34892

Currency

0.52589

Currency

0.60216

Currency

1.26793