Франческа Чезарини победи на „Italia’s Got Talent“. 16-годишната девојка не дозволи нејзиниот хендикеп да ја спречи да застане на првото место на натпреварот за таленти во нејзината земја. Инспиративната Италијанка, која е родена со нецелосно развиени горни екстремитети и без една нога, ја освои публиката танцувајќи на шипка и одушеви со својата упорност и верба во себе. „За мене, оваа победа не значи само победа на ‘Italia's Got Talent’, туку ...

Тејлор Свифт шармираше на премиерата на нејзиниот филм за концертната турнеја „Eras“. 33-годишната пејачка избра 2.200 свои фанови први да го проследат филмот на големото платно. Во шопинг центарот „The Grove“ во Лос Анџелес, таа позираше во сина бајковита креација од Оскар де ла Рента која чини 12 илјади долари, а потоа се појави во една од 14-те распродадени сали за проекција. Бијонсе ја поддржа успешната музичарка и позираше заедно со неа на ...

Принцезата Кетрин измами комплименти во стајлинг кој е вистинско модно освежување. За посетата на универзитетот Нотингем Трент, сопругата на принцот Вилијам избра бежова комбинација од брендот Sezane и доби бројни пофалби од модните критичари. Во својот стајлинг, таа додаде обувки од Russell and Bromley. Во својот говор пред студентите, 41-годишната принцеза на Велс се присети на своите факултетски денови и изјави дека посакува да може повторно ...

Општина Прилеп ја возобнови прекрасната традиција на формирање на македонско знаме во центарот на градот. Во чест на празникот 11 Октомври, Денот на востанието на Македонија, 1.200 ученици од основни и средни училишта од градот под Марковите Кули направија „златно сонце“ на црвена површина. „Овој чин нас нè прави горди и говори за љубовта кон татковината и почитта кон нејзините историски вредности, кои се втемелени во сите сегменти од нашиот ...

Казухиро Котецу ја освои македонската публика од далечната Јапонија со изведби на наши песни. Неговите видеа наидуваа на бурни аплаузи, а вчера имавме можност да ги чуеме во живо забавните интерпретации. Јапонскиот оперски солист запеа во рамките на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ во Битола. Неговиот глас одекна во преполната сала во Центарот за култура и присутните со полни срца го наградуваа за ентузијазамот и ...

Менталното здравје е исто толку важно колку и физичкото и секој од нас треба да ја става својата благосостојба на врвот на приоритетите. Денес се одбележува Светскиот ден на менталното здравје и нè потсетува секојдневно да се грижиме за себе и за луѓето околу нас. Социјалните мрежи, брзиот начин на живот, преплавеноста со информации, немањето време за најблиските... сето тоа доведува денес секој осми човек во одреден дел од животот да се соочи ...

Раде Врчаковски-Врчак и Ламбе Алабаковски повторно запеаја заедно. 42-годишниот македонски музичар, кој во изминативе години беше отсутен од македонската музичка сцена, му се придружи на Ламбе на сцената за време на свадба. Тие ја изведоа нивната песна „Спасете ме другари“, која во 2006 година беше дел од вториот студиски албум на Врчак, насловен „Во твоето срце“. „Моите молитви се остварија фала Ти Боже вчера тоа ми се потврди! Верувам дека ...

Анџелина Џоли се трансформираше во легендарната оперска пејачка Марија Калас за биографскиот филм „Maria“. На првите фотографии, 48-годишната оскаровка изгледа неверојатно облечена во облека како онаа која ја носеше Марија. Дел од костимите носени во филмот ќе бидат оригинални парчиња кои навистина биле дел од плакарот на покојната оперска пејачка. Снимен според вистински настани, филмот „Maria“ ќе ја раскаже бурната, прекрасна и трагична ...

Глобалните трендови покажуваат дека сè повеќе луѓе купуваат онлајн, додека одењето во трговски центри и супермаркети опаѓа. Купувањето на интернет стана тренд и во Македонија, а статистиката покажува дека порастот на онлајн трансакциите е значително зголемен по пандемијата. Доколку сте од оние што преферираат онлајн шопинг, прочитајте ги нашите совети за тоа како најлесно да дојдете до најдобрите понуди кога купувате онлајн. Одредете го вашиот ...

Некои луѓе сонуваат да живеат во палати, а некои едноставно сакаат поскромен живот. Бритни и Џеј Ди живеат во 20 m2 заедно со седумте деца, а во моментов го очекуват осмото. Парот од Америка реновираше автобус и го прилагоди на семејните потреби. Минималистичкиот дом денес е нивна семејна идила. Бритни и Џеј Ди одлучиле дека не сакаат да бидат „робови“ на големата куќа и материјалните работи, па ја продадоа и комплетно си го променија начинот на ...

Катерина Скорсоне не пропушта прилика за да ја подигне свеста за Дауновиот синдром, кој го има нејзината ќерка Пипа. Бидејќи октомври е месец за подигнување на свеста за ова нарушување, 41-годишната ѕвезда од хит-серијата „Grey’s Anatomy“ сподели фотографии од слаткото 6-годишно девојче заедно со важна порака. Октомври е месец за подигнување на свеста за Дауновиот синдром. Имам сè помалку и помалку нешта за кажување за сакањето на некој со ...

Естетската корекција на ушните школки претставува една од најчесто изведуваните естетски операции во детската возраст. Корекцијата на ушните школки најчесто се прави поради следните причини: Најчеста индикација за отопластика е еднострана или обострана проминентност на ушните школки или во јавноста позната како клемпави уши. Клемпави уши – отапостаза Клемпавите уши (отапостаза) се состојба при која ушната школка е многу оддалечена од површината ...

Често, при средбите и контактите со родителите, кога во пракса се реализираат запишувањата на децата во градинката „ЛИТЛ МИ“, родителите ги поставуваат следните прашања: Праксата покажува дека колку порано дечињата почнуваат да одат во градинка, толку можностите за нивен добар и правилен развој се поголеми и навремени од аспект дека се намалува можноста детето развојно да почне да отстапува, навреме да не се детектира некоја состојба или пак да ...

Зухаир Мурад секоја сезона креира нешто ново и свежо за своите клиентки. При создавањето на колекцијата пролет/лето 2024, либанскиот дизајнер се инспирираше од раздвижениот начин на живот во Мајами. Модерните дизајни со украсни брошеви со палми и деликатна тантела се направени во нијанси кои асоцираат на прекрасни пејзажи и зајдисонца покрај морето. „Одвеана на гламурозните брегови на Мајами, колекцијата на Зухаир Мурад нè носи на волшебно ...

По романтичната роденденска вечера со Ријана, Ејсап Роки направи и голема забава на која го прослави својот специјален ден со пријателите. 35-годишниот рапер и 35-годишната пејачка беа фотографирани кога излегуваа од хотелот „Four Seasons“ и се упатуваа на прославата во Њу Џерси. На фотографиите, Ријана носи тексас комбинација и раскопчана бела кошула. @ririnavybih Rihanna & A$AP Rocky Dancing Together And Having A Fun Time Celebrating Rocky ...

Дороти Хофнер е доказ дека годините не се ништо друго освен обична бројка и дека не треба да дозволуваме тие да нè ограничуваат. Инспиративната „бабичка“ на 104 години скокна со падобран и стана најстарата личност на светот која го има направено тоа. Летечката авантура на Дороти се случи на 1 октомври во Илиноис. Дороти скокна во тандем со Дерек Бекстер, безбедно се спушти на земјата и беше дочекана со аплауз. Запрашана како се чувствува што е ...

Хајди Клум со ќерката Лени присуствуваа на вечера во Германија организирана по повод нивната заедничка кампања за Intimissimi. 50-годишниот супермодел и 19-годишната тинејџерка носеа проѕирни креации под кои се гледаа моделите на познатиот бренд за долна облека. Фустанот на Хајди е дело на модната куќа Том Форд. Дуото мајка-ќерка позираше пред големи плакати на кои беа прикажани фотографии од нивната кампања. Настанот се одржа во музејот „Боде“ ...

На 5.10.2023, по повеќе од 6 години во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, господинот Алвин Аличевиќ одлучи да прифати нови предизвици и да ја продолжи својата кариера надвор од Шпаркасе Групацијата. За време на неговиот ангажман, настојуваше позитивното долгогодишно искуство стекнато во другите земји членки на Ерсте Групацијата, да го пренесе и да го примени во секојдневното работење во Шпаркасе Банка АД Скопје. „Мојaта досегашна ...

Алек и Хиларија Болдвин го претворија Меѓународниот филмски фестивал во Хемптонс во семеен настан. 65-годишниот актер и 39-годишната јога инструкторка ги поведоа со себе нивните седум деца. Големото семејство заедно позираше пред насобраните фоторепортери на приемот. Хиларија во рацете ја држеше ќеркичката Иларија, која минатиот месец наполни една година. Покрај насмеаните родители позираа и 10-годишната Кармен, 8-годишниот Рафаел, 7-годишниот ...

Адријана Лима имаше две специјални покани за да отпатува во француската метропола. Една од нив беше лансирањето на новата колекција „La Parisienne“ на брендот за бебешка опрема Cybex. На настанот во хотелот Ritz во Париз, атрактивната манекенка беше облечена во модерна креација со металик здолниште кое ги истакна нејзините облини. @gala.fr #adrianalima #CYBEX #CYBEXlaparisienne #CYBEXfamily #tiktokfashion @cybex_global ♬ Hold My Hand - Lady Gaga ...

Филмската магија која ја носи „Браќа Манаки“ од прва рака ја почувствува и Миланка Рашиќ, дамата која секогаш ја асоцираме со најголемиот светски филмски настан – Оскарите. Македонската убавица влезе во улога на водителка и пренесуваше дел од приказните на гостите на интернационалниот фестивал, а во секоја прилика изгледаше елегантно. Сите нејзини комбинации доаѓаат од бутикот „Ермитаж“ со кој таа има блиска соработка. Коментирајќи го стилскиот ...

Жаклин Бракамонтес беше дел од водителите на овогодишните Billboard Latin Music Awards. 43-годишната мексиканска актерка, која кај нас се прослави со улогата на Марибел во теленовелата „Руби“, блесна во неколку креации на настанот во Корал Гејблс, Флорида. На црвениот тепих, Жаклин шармираше во креација од модната куќа Virgilio Madinah. Таа беше придружувана од сопругот и три од нивните пет ќеркички, кои беа облечени во складни фустанчиња. View ...

Сара Џесика Паркер честопати знае да изненади со интересни модни комбинации. Најновиот стајлинг на ѕвездата од „Сексот и градот“ вклучуваше сандали во различна боја. 58-годишната актерка носеше црна креација инспирирана од балерина додека позираше на црвениот тепих на есенската гала на балетот во Њујорк. Фустанот доаѓа од модната куќа Каролина Ерера. Во Линколн центарот, Паркер беше со својот сопруг Метју Бродерик. Сара Џесика носеше голема црна ...

Марк Антони и Надја Фереира присуствуваа на најновото издание на Latin Billboard Music Awards, каде тој настапи на сцената и беше номиниран, а неговата сопруга беше поканета да додели награда. 55-годишниот пејач и 24-годишната поранешна Мис Универзум позираа пред насобраните фоторепортери и си разменија бакнеж. На свеченоста, атрактивниот модел од Парагвај носеше креација со шлиц од Тони Вард. Надја се породи пред три месеци и на свет го донесе ...

Деталите од катастрофалното влијание на хипертензијата и начините како тоа да се запре, за прв пат излегоа годинава во официјален извештај направен од СЗО, кој беше објавен на 19 септември. Во него се истакнува разорното глобално влијание на високиот крвен притисок, заедно со препораките во однос на начините како да се победи во трката против овој тивок убиец. Извештајот покажува дека приближно 4 од 5 лица со хипертензија не се соодветно ...

На Томислав Ивановски од Битола му е потребна помош за повторно да се исправи на нозе, а јавноста се обединува за собирање на средства за неговиот третман со матични клетки во Истанбул, Турција. За таа цел, организирана е забава во КЦ Магаза во Битола со Виктор Апостоловски, Сара Петровска и Дејан Трајкоски. Настанот е закажан за сабота (7 октомври) во 19 часот и се покануваат сите добродушни лица кои сакаат да помогнат за подобрување на ...

Венко Андоновски со романот „Папокот на светлината“ е добитник на меѓународната Толстоева награда „Јасна Полјана“ за 2023 година. Романот е објавен во руски превод на еминентната македонистка, преведувачка на над 70 книги од македонски автори и афирматор на македонската култура, Олга Панкина. Олга Панкина ја доби годинешнава награда „Јасна Полјана“ за најдобар превод на руски јазик, за романот на Андоновски. Ова, на вчерашната церемонија на ...

Доктор поставува пример кој сака другите луѓе да го следат. Али Алсамара не се двоумел дали да донира коскена срцевина кога добил повик дека е компатибилен дарител за болно детенце. Добродушниот кардиолог брзо одговорил на повикот и ја поминал процедурата за трансплантација. Сега го споделува своето искуство за да ја зголеми свеста кај луѓето за важноста од запишување во регистерот со потенцијални дарители. Али бил инспириран и самиот да се ...

Карла Бруни за првпат се отвори за својата животна борба. Поранешната прва дама на Франција откри дека пред 4 години се бореше со рак на дојка и дека успеа да ја победи болеста. Во објава на Instagram, таа споделува дека мина низ операција, зрачење и сè останато низ што минуваат лицата со оваа дијагноза. 55-годишниот поранешен супермодел призна дека редовните мамографии ја спасиле од мастектомија, па апелира до сите жени да прават редовни ...

Емотивно обединување на двајца браќа на свадба растопува срца на социјалните мрежи. Во видеото е снимен моментот кога младоженецот требало за првпат да ја види својата сакана во венчаница. Но, наместо да се случи тоа, му претстоело големо изненадување – зад него стоел брат му, кој е војник и не се очекувало да биде дома за свадбата. This groom was expecting to see the bride in her wedding gown for the 1st time. Instead, it was his brother who ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
4.12
23%
1006
weather icon

Белград

34ᴼ / 33ᴼ
2.06
27%
1003
weather icon

Загреб

23ᴼ / 22ᴼ
0.0
77%
1005
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
3.09
35%
1009
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
3.71
18%
1005
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 21ᴼ
3.6
80%
1005
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
5.14
46%
1011
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.63
40%
1011
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
5.66
31%
1009
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 33ᴼ
3.09
26%
1008
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.03
85%
1006
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 29ᴼ
2.57
100%
1011
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641