Калиопи го промовираше долгоочекуваниот албум и ги израдува своите фанови. Македонската музичка дива ги објави новите песни заедно со спотови, а зад нив стои нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил, со кого таа негува пријателство и соработка. „Албум“ содржи 10 песни, меѓу кои и дуетот со српскиот пејач Жељко Самарџиќ, насловен „Знам“. За песната „Казна“, Калиопи соработуваше со Марко Маринковиќ-Слаткар. Погледнете го нивниот заеднички спот: ...

Бред Пит и Џорџ Клуни повторно се обединија за нов филмски проект. Холивудските шармери ја снимија новата акциона комедија „Wolfs“, а сега беше објавен официјалниот трејлер. Филмот следи двајца професионалци (Бред и Џорџ) кои се ангажирани да расчистат и сокријат големо криминално дело. Иако не се соработници, тие се принудени да работат заедно. Погледнете каде ќе ги одведе лудата ноќ во завршувањето на работата: Пит и Клуни заедно имаат ...

Никола Перевски – Пере ужива во драгоцените моменти поминати со семејството. Пејачот од бендот Нокаут моментално е на одмор во Грција со двете најмали ќеркички и сопругата Јована. Тој споделува фотографии од прекрасните моменти со саканите. „Секој момент поминат со нив е бесценет и ме потсетува колку е убав животот. Тие и јас пред магичното зајдисонце“ – напиша Пере на една од фотографиите. Парот и минатиот месец беше на краток одмор со ...

Кој не сака да изгледа добро на плажа? Летото е пред нас, па многу фитнес инструктори постојано нè охрабруваат и мотивираат да тренираме за да изгледаме фит и привлечно во костим за капење. Меѓу нив е и Каролин Гирван, YouTube ѕвезда и мајка на две деца, која постојано креира фитнес видеа за да им помогне на своите следбеници потполно бесплатно да го обликуваат своето тело и да го достигнат посакуваниот изглед. Каналот на 39-годишната фитнес ...

Фотографии од новороденче станаа вистински хит. Малиот Трент насмеа многумина со своите „намуртени“ гримаси на лицето. Бебенцето имало само седум дена кога се одвивала фотосесијата и фотографката Лорен Карсон вели дека досега ниту едно бебе не го имало погледот и гримасите на Трент. „Фотографирам новороденчиња веќе една деценија и досега имам работено со стотици бебиња кои имаат многу различни изгледи на лицето. Но, ниедно, мислам НИКОЈ не се ...

Ламбе Алабаковски со семејството присуствуваше на церемонија во црквата Света Софија во Охрид. Македонскиот пејач сподели фотографија со своите најмили на социјалните мрежи. На неа, тој позира со сопругата Магдалена и двете синчиња Михаил и Димитриј. „Моите најмили!“ – напиша Ламбе. Ламбе и Магдалена се во брак 11 години. Тие го добија синот Михаил во 2014 година, додека нивното синче Димитриј се роди во 2020 година. Нема слични статии. Види ...

Понекогаш, најмалите меѓу нас водат најголеми битки за својот живот. Џими Кимел сподели дека изминатиот викенд на неговото синче Вилијам му била направена третата операција на отворено срце и дека се надеваат дека ќе биде и последна. Славниот водител објави фотографија од 7-годишното момче, а во описот напиша дека операцијата била успешна и дека неговото синче сега е „здраво и среќно“. „Викендов, нашето момче Били ја имаше неговата трета ...

Немања Гудељ и Анастасија Ражнатовиќ официјално се сопруг и сопруга. Српскиот пар стапи во брак на интимна прослава во вилата на Цеца Ражнатовиќ. 26-годишната пејачка и 32-годишниот фудбалер минатата година направија црковна венчавка, а сега склучија и граѓански брак. View this post on Instagram A post shared by Telegraf.rs (@telegraf.rs) Ќерката на Цеца и славниот фудбалер се верија во јули минатата година, два месеци по загубата на нивното ...

Што е коронарна артериска болест и како се манифестира? Коронарната артериска болест е предизвикана од атеросклерозата која ги зафаќа коронарните артерии и доведува до стеснување на нивниот лумен или во потешки случаи доведува до нивно комплетно запушување. Во почетниот стадиум на болеста таа се манифестира со градни болки, стегање во градите, гушење, а при напредни фази на болеста, запушувањето доведува до инфаркт на срцето, кој се манифестира ...

Меѓународниот ден на акција за здравјето на жените, кој се слави на 28 мај, а кој воедно е и светски ден на менструалната хигиена ќе го означи почетокот на широката иницијатива на компанијата dm дрогерие маркт: Во дванаесет земји каде dm е присутен на пазарот фокусот ќе биде ставен на физичкото, менталното, менструалното и социјалното здравје на жените, а посебно внимание ќе се посвети на менструалниот циклус и менструалната правда, вклучувајќи ...

Александра Јанева со вереникот Иван Ангелов уживаа на роденденско патување во Хрватска. Македонскиот пар го посети Дубровник и сподели фотографии и видео од своето патување. Јанева таму го прослави својот 29-ти роденден и на Instagram напиша: „Шо би кажала баба: Напуни 29, флезе у 30-та и 31-вата га закара“. View this post on Instagram A post shared by Ivan Angelov (@angelov11) „Хрватска во мај“ – стои во описот на видеото на Александра. View ...

Кристин Вилсон слободно може да се нарече себеси среќничка. Жителката на Масачусетс освои 1 милион долари од игри на среќа, не еднаш, туку двапати во период од 10 недели и покрај тоа што веројатноста за добивка е еден на 283 милиони. Првата премија, Вилсон ја доби на државна лотарија, освојувајќи џекпот, додека втората добивка е од грепка која чинела 10 долари. Парите од првата награда, Кристин ги вложила во купување џип, а вториот милион ...

Вработените во продавницата Jumbo се соочуваат со необичен проблем – неколку дена не можат да натераат еден од купувачите да си замине од продавницата. Како што објаснуваат вработените, тој дошол во Jumbo за да се подготви за претстојниот одмор, но оттогаш не сака да си оди. Ситуацијата е невообичаена и за другите купувачи кои се вчудовидени од глетката на човек кој буквално живее во продавницата. По добивањето на оваа информација и ние отидовме ...

Ханде Ерчел како магнет ги привлекуваше сите погледи кон себе на amfAR галата во Кан. На хуманитарната свеченост, 30-годишната турска актерка изгледаше атрактивно во прекрасна креација од Nicolas Jebran која одлично ја истакна нејзината витка фигура. На црвениот тепих, таа беше придружувана од својот партнер Хакан Сабанчи. Убавата актерка е позната по улогите во повеќе турски серии, меѓу кои и „Немирно лето“ и „Чукни ми на врата“. Нема слични ...

Иднината е неизвесна и непредвидлива и сите добро го знаеме тоа. Сепак, честопати си мислиме дека го имаме целото време на светот и забораваме да ги цениме луѓето кои ги имаме покрај себе. Кејси Хаф нè потсетува ДЕНЕС да го земеме телефонот во раце и да им се јавиме на родителите, да ги посетиме бабите и дедовците, да се сретнеме со пријателките кои одамна не сме ги виделе и да ги бакнеме нашите деца. Нејзиниот текст несомнено ќе ве натера да го ...

Ирина Шајк речиси секојдневно е следена од папараците и фотографирана додека ја зема својата ќеркичка од училиште. Атрактивната Русинка беше „уловена“ со слатката Леа и нивното кученце во Њујорк. На фотографиите, 38-годишната манекенка изгледа шик во зелен костум и патики. Седумгодишното девојче го водеше црното кученце со поводник. Ирина и Леа беa на краток заеднички одмор. Таа сподели фотографии на Instagram на кои позираат на плажа. Нема ...

Даниел Кајмакоски и неговата избраничка Марина прославија за нивното стапување во брак. Македонскиот пејач и неговата сопруга организираа мала свадбена прослава во Белград. Тие официјално се венчаа во јануари минатата година, а сега се веселеа со роднините и пријателите. Првите фотографии од прославата ги објави неговиот добар пријател Маид Хечимовиќ. На нив, Даниел е облечен во сив костум, додека среќната невеста носи кратка венчаница и патики. ...

Берк Октај и Јилдиз Чагри Атиксој ја добија најважната улога во нивните животи. Турските актери станаа родители и среќната вест ја споделија објавувајќи неодоливи фотографии со бебенцето. 41-годишниот актер, кој го глумеше Фират во „Малите сонца“, позираше со 38-годишната актерка и новородената ќеркичка која го доби името Мира Милена. „21 мај 2024 година започна како најстрашниот ден во мојот живот и се претвори во најчудесниот ден. Животот нè ...

Крис Хемсворт доби своја ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд. На настанот, 40-годишниот актер ја доби поддршката од сопругата Елза и нивните близначиња Саша и Тристан. Среќното семејство заедно позираше покрај ѕвездата. Крис беше облечен во елегантен костум од BRIONI. Во својот говор, тој ѝ се заблагодари на својата сакана за поддршката која му ја пружала низ целата кариера. „Ѝ благодарам на мојата убава сопруга, која беше покрај мене низ ...

Моето искуство како тинејџер кој во својот средношколски период се соочил со предизвикот акни значеше барање на решение што побрзо и што поефикасно, вели Ненад, 19-годишен студент од Скопје. Наоѓањето на вистинскиот производ за нега на кожата, тогаш ми се чинеше како да барам игла во сено. Искрено пробав сѐ и сешто за да стигнам до производот смирувачки крем за кожа на Еуцерин DermoPure, за мене значеше крај на ова истоштувачко патување. Акните ...

Прочистувањето на дебелото црево со вода било познато уште во Стариот Египет, кога фараоните го практикувале како метода за долготраен живот и благосостојба на телото. Во денешно време, хидротерапијата на дебелото црево е најсовршениот и најефикасен начин за чистење на дебелото црево од насобраниот остаток од храна, гасови, слуз и токсини. Може да се употребува за клинички состојби, во профилактички цели и како подготовка за дијагностички ...

Гоца Тржан не пропушти да го одбележи 17-тиот роденден на ќерка ѝ Лена. 49-годишната српска пејачка сподели две заеднички фотографии и напиша слатка порака за убавата девојка. „Велат дека кога ќе родиш ќерка, добиваш најдобра другарка за цел живот. Има таа доволно другарки, а имам и јас. Родив ќерка. Таа има мајка. До крајот на времето сум нејзина поддршка, нејзин чувар, нејзино безбедно засолниште, нејзина напорна мајка која секогаш има нешто ...

Без разлика дали барате стилска инспирација за деловни или секојдневни стајлинзи, блогерката Лили ќе ви помогне успешно да ги комбинирате парчињата облека кои ги имате. Модната зависничка која стои зад Instagram профилот „Style by Lyly“ постојано мами нови и нови обожаватели со своите стилски приказни. Лили често комбинира едни исти панталони на различен начин за да покаже дека не мора да купувате нова облека за секоја пригода. Погледнете дел од ...

Винсент Касел имаше специјална придружба на овогодишното издание на Канскиот филмски фестивал. На црвениот тепих на премиерата на „Parthenope“, 57-годишниот актер се појави со 27-годишната девојка Нара Баптиста, со која е во врска неколку месеци. За оваа пригода, Нара избра свечена црна креација со шлиц во задниот дел. Пред да ја започне врската со Нара, Винсент беше во брак со Тина Кунаки. Тој се венча со Тина во 2018 година, а добија ќерка во ...

Видео од мало девојче со церебрална парализа ќе ви го згрее срцето. Во него, слатката Марија Луиза чекори со помош на помагало кон олтарот на свадбата на своите родители. 7-годишното девојче изгледа неодоливо во мини венчаница. Емотивниот свадбен момент инстантно разнежува. Погледнете: Maria Luiza moved everyone with her entrance at her parents' wedding! Congratulations family for all your dedication and for always believing it would be possibl ...

По долги 1.060 километри пешачење и повеќе од 30 дена исполнети со патешествија, но и огромна радост, хуманост и поддршка, Никола Роквиќ пристигна до својата цел. 38-годишниот српски пејач синоќа пристигна на островот Егина, каде се поклони на моштите на Свети Нектариј Егински и се обедини со сопругата и трите деца. Тој го носеше српското знаме на грбот и со боси нозе влезе во манастирот. View this post on Instagram A post shared by Telegraf.rs ...

Претставништвото на водечката светска компанија за искуство со клиенти (CX), решенија и технологии на Балканот, Concentrix Balkans, го прослави светскиот ден на книгата со донирање на книги на локалните библиотеки во регионот. На десет локации, во четири земји, вработените се здружија и собраа книги за да придонесат за подигнување на свеста за важноста на културата на читање книги. Оливер Дерлер, управен директор на Concentrix Balkans, истакнува ...

Нема да останете рамнодушни на ова видео од идни родители кои конечно го земаат во прегратка бебето кое го посвојуваат. Во него, мајката и таткото за првпат го гледаат синчето кое долго време го посакувале. „Не знам како да го објаснам она што го чувствував. Толку долго време го чекавме овој ден, што понекогаш ми се чинеше дека телефонот никогаш нема да заѕвони. Но, конечно заѕвони и нашето време дојде. Тоа беше нашиот син. Оттогаш, љубовта само ...

Денес, Новак Ѓоковиќ го слави својот 37-ми роденден. Овој специјален ден, неговата сопруга Јелена го одбележа со објавување на слатко видео и романтична порака за саканиот. „Среќен роденден блесав, шашав, неуморен татко со срце големо колку универзум. Не е дека си наш, туку навистина си најдобар. ТЕ САКАМЕ“ – напиша Јелена во описот на видеото споделено на Instagram. View this post on Instagram A post shared by Jelena Djokovic ...

„Најубавото девојче на светот“ порасна во прекрасна млада девојка. Тилан Блондо на само 4-годишна возраст за првпат зачекори на модна писта, а две години подоцна беше прогласена за „најубаво девојче на светот“. Денес, таа успешно се пробива во модната индустрија. Шармантната девојка беше дел од најновото издание на Канскиот филмски фестивал и ја проследи премиерата на филмот „The Apprentice“. 23-годишната модна ѕвезда зачекори на црвениот тепих ...

Првата

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
76%
1029
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
63%
1030
weather icon

Софија

3ᴼ / 0ᴼ
0.51
91%
1028
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.83
81%
1026
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
1.79
82%
1026
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
93%
1027
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
100%
1028
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
97%
1025
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.12
71%
1030
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
93%
1026
Currency

61.535

Currency

59.1338

Currency

73.6285

Currency

36.7398

Currency

41.0887

Currency

65.1326

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.62

Кобалт

30.86

Никел

15226.00

Рутениум

15850.32

Калај

29.90

Сребро

1011.48

Злато

89636.05

Бакар

8.64

Паладиум

31314.83

Платина

32150.32

Родиум

149500.97

Цинк

2.73