Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Неочекувано пријателство во Хрватска топли срца низ светот. Гојко Мијалица од Шибеник спаси повреден лебед и сега тие се неразделни пријатели. Лебедот го добил името „Мали“. „Немам никаква намера да го напуштам, а верувам дека ниту тој мене“ – вели Гојко. Пријателството започнало да се раѓа на крајот од мај, кога лебедот отишол пред неговата куќа. Имал скршено крило и рана која била инфицирана, бидејќи со месеци не била третирана. По совет од ...
Измина повеќе од една година откако нè напушти Марија Бунда Калпак, младата докторка која до последен здив се бореше против ракот на дојка. Марија беше личност која многумина ја паметат не само по нејзината стручност, туку и по нејзината насмевка, позитивна енергија и неверојатен дух, кој носеше ведрина, мотивација и инспирација да се пребродат дури и најтешките животни предизвици. И покрај голготата низ која поминуваше, таа секогаш умееше да ...
Протеините се големи, комплексни молекули од 20 аминокиселини и се градежни блокови на човековото тело. Дел од овие аминокиселини телото има способност само да ги произведува, но само 9 телото не може да ги синтетизира и мора да бидат внесени преку храна. Овие 9 аминокиселини се попознати како есенцијални аминокиселини. Протеините се делат на комплетни и некомплетни во зависност од тоа дали ги содржат сите 9 есенцијални аминокиселини. Комплетни ...
Ричард Гир не може без својата голема љубов. 75-годишниот актер не можеше да ги тргне рацете од саканата Алехандра Силва на Филмскиот фестивал во Цирих. Холивудскиот романтичар ја прегрнуваше 41-годишната Силва додека бројните фоторепортери ги овековечуваа овие моменти. На оваа вечер од Фестивалот, беше прикажан филмот „Wisdom of Happiness“, на кој Гир е извршен продуцент. Ричард и Алехандра заедно имаат две деца. Нема слични статии. Види ...
Синоќа, во Националната опера и балет се одржа изборот за Мис Универзум на Македонија. На изборот за убавина, кој за првпат се одржува кај нас, учествуваа 19 девојки, а главната титула ја освои Теа Ѓоргиевска. Убавата кумановка се истакна меѓу сите натпреварувачки и следната година ќе нè претставува на изборот за Мис Универзум. Теа блескаше во гламурозна сина креација. Македонија за првпат ќе има претставничка на изборот на Мис Универзум. Видео ...
Памела Андерсон беше дел од добитничките на наградата „Жени на годината“ на глобално ниво. На настанот организиран од списанието Glamour, 57-годишната актерка пристигна во долга ментол креација со наметка, а на лицето имаше минимална шминка. Поранешниот секс симбол во изминативе години се залага за менување на стандардите за убавина и за поприроден изглед. View this post on Instagram A post shared by E! News (@enews) Памела се најде и на една од ...
Во склоп на активностите за одбележување на Месецот за подигање на свеста за рак на дојка, тим од „Жан Митрев Клиника“ ја поддржа иницијативата #pedal4pink. Имено, истакнатиот кардиоваскуларен хирург д-р Никола Христов ќе биде дел од екипата велосипедисти кои ќе ја возат захтевната тура на покана од Американската амбасада во Скопје. „Им благодариме на сите кои се вклучија за поддршка на значајна кауза – да ја подигнеме свеста и да помогнеме да ...
Коста Кецмановиќ, детето убиец кое минатата година изврши страшен масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, а првпат прозборува за ова негово ужасно дело. Во Специјалниот суд, тој објаснил дека одлучил да ги убие врсниците поради тоа што се чувствувал неценето и отфрлено. Целиот процес вели дека го планирал две или три недели. Еве дел од неговите изјави: „Се чувствував отфрлен од страна на децата и затоа го направив тоа. На 3 ...
КС Групација, како збир на општествено одговорни компании, повеќе пати годишно организира крводарителски акции. Утре, среда, 9 октомври, од 9 до 13 часот ќе се одржи новата крводарителска акција која ќе биде од отворен тип. Менаџментот на КС Групација ги повикува своите вработени, како и сите граѓани кои ги негуваат хуманите вредности и кои сакаат да даруваат крв, да дојдат во канцелариите на Евротип во Битола, кои се наоѓаат на адреса “Булевар ...
Елена Бубало е неуморна фитнес зависничка која не се откажува од вежбањето ниту кога е во блажена состојба. Инспиративната инструкторка од Скопје моментално е бремена со трето дете, но тоа не ја спречува да ги прави тренинзите кои ги сака. Таа сними видено во кое покажува како вежба со тегови и доби многу комплименти: „Моја инспирација и идол“, „Единствена“ и „Најјака мајка“ – ова се дел од коментарите на нејзиното видео. View this post on ...
Нејмар и Бруна Бјанкарди го прославија првиот роденден на ќеркичката Мави. Заедно со нив беше и неговиот син, кој го има од претходна врска. 32-годишниот фудбалер сподели фотографии на кои напиша: „Мави полни една година. Среќен роденден ќерко, тато те сака премногу“. Бруна објави видео со кадри од секој месец со ќеркичката. Таа дува свеќи на мали торти кои ги одбележуваат наполнетите месеци на малата Мави. Во последните месеци на снимките се ...
Велат дека кучето е најдобриот пријател на човекот, а Зара е само доказ за тоа. Кучето од Корчула во моментов е во Јабланица, Босна и Херцеговина, за да учествува во потрагата по исчезнати лица во поплавите заедно со Хрватската горска служба за спасување (ХГСС). Фотографии од Зара споделија на Facebook профилот на ХГСС и напишаа: „Нашата Зара“. Крзненото животно неуморно трага по преживеани, а Анте Дужевиќ од ХГСС неодамна изјави дека Зара може ...
Тони Михајловски и неговата сопруга Александра прославија 13 години брачен живот. За оваа годишнина, македонскиот актер и водител и неговата партнерка објавија семејни фотографии, склопени во компилација за Instagram. Погледнете стари и нови фотографии, на кои се појавува и нивниот син Максим: „Живи, здрави и среќни... среќна годишница Михајловски“ – ваква честитка му испрати Никола Перевски-Пере во коментар, каде продолжија да се редат уште ...
Марија Килибарда го доби првото дете со Бане Вучелиќ. Убавата српска водителка стана мајка на 44 години, а нејзината новородена ќерка го добила името Сења. Марија се породила во приватна болница во Белград, а пораѓањето поминало во најдобар ред. Марија, која беше водителка во шоуто „Твоето лице звучи познато“, е во врска со Бане веќе четири години. „Првпат во животот партнерот ми е најдобар пријател. Порано мислев дека тоа не го сакам, дека имам ...
Ева Лонгорија е верна поддржувачка на хуманитарните гали на „Global Gift Foundation“. На најновиот добротворен настан во Париз, 49-годишната актерка и режисерка ја имаше најслатката придружба. Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ се забавуваше со синчето Сантијаго додека заедно позираа за фотографии. Лонгорија призна дека 6-годишното момче уживало во овој моменти и не сакало да си замине. „Санти не сакаше да го напушти црвениот тепих“ – се пошегува ...
Мајките би го дале и својот живот ако е потребно за да ги спасат своите деца. Лејла Залихиќ го довела својот живот во опасност за да ја извлече 13-годишната ќерка од поројот во катастрофалните поплави кои ја зафатија Босна и Херцеговина и кои одзедоа најмалку 20 животи. Лејла од Бутуровиќ Поље кај Кониќ знаела што треба да направи кога нејзината ќерка Асја била одвлечена од водата. Храбрата мајка пливала три километри низ вода, која носела со ...
Меган Маркл присуствуваше на настан во Лос Анџелес без принцот Хари. 43-годишната поранешна актерка се сретна со млади фанови на галата организирана од Детската болница во Лос Анџелес, чија цел е создавање на поздрава иднина за децата. Меган привлекуваше внимание во црвена креација со длабоко деколте од Каролина Ерера. Истиот фустан таа го има носено и во 2021 година во малку поразлична верзија. Таа позираше со својата пријателка Кели Меки. ...
Весна Петрушевска смело и отворено ја споделува својата битка со ракот на дојка. 54-годишната актерка и водителка ја покажа лузната од направената мастектомија. Овој нејзин потег е за да ја подигне свеста за оваа опака болест и да ги поттикне жените да вршат редовни прегледи. Прочитајте ја нејзината порака: Октомври е месец на борба против ракот на дојка. Се утепав од читање на оваа реченица. Борба… и тоа баш во октомври. Како да одбележуваме ...
Оваа состојба е позната уште под неколку стручни термини како пилонидална циста или сакрококцигеална фистула, но всушност се работи за појавата широко позната како враснато влакно. Пилонидалниот синус претставува хронична инфективна состојба која се карактеризира со формирање на циста или абсцес во предел на глутеалната или интерглутеалната регија. Дознајте повеќе за методата од видеото со д-р Живорад Коцевски, спец. по пластична реконструктивна ...
Македонскиот гениј за комедија одушеви во Битола. Сашко Коцев повеќе од два часа ги смееше присутните во салата на Центарот за култура која беше исполнета до последното место. Шоуто „Широк дијаФазон“ беше инстантно распродадено, а сите кои си обезбедија билети беа наградени со енормна позитивна енергија, смеење до солзи и болка во вилицата и шеги на кои ќе се присетуваат со ентузијазам. Машко-женските односи и ситуации од секојдневието беа ...
Гинекомастијата претставува состојба на абнормално зголемување на дојките кај машките индивидуи. Се јавува како резултат на дисбалансот меѓу машките и женските хормони. При изразена гинекомастија, дијаметарот на дојките е поголем од 4cm и чувствителноста е зголемена. Зголемувањето на жлезденото ткиво треба да се разликува од натрупување на масно ткиво. Гинекомастијата е нормално да се појави кај новороденчињата, во пубертетот и кај постарите ...
Креативна мајка со носталгична торта ја израдува ќерката на 18-тиот роденден. Ешли Депјути ги чувала топерите од сите роденденски торти на ќерката Габи низ годините и кога таа правела 18 години, ја изненади со носталгична слатка креација. Таа ја декорираше нејзината торта со сите зачувани топери низ годините, а резултатот го објави во видео на TikTok кое стана хит и ѝ донесе само пофалби. @shewassweetlikehoney87 #babygirl #ideas ♬ im obsessed - ...
Можете ли да замислите како изгледа кога центарот на главниот град на државата се претвора во една голема роденденска забава? Е па, токму тоа се случуваше деновиве во Скопје! Credissimo, компанијата што многумина од нас ја знаеме како верен финансиски пријател, славеше осум години постоење и верувајте не беше обична прослава како што сме навикнати да гледаме. Прославата се состоеше од млади, насмеани девојки, облечени во весели маички со ...
Можеби нема да ви се верува, но поминаа 20 години од почетокот на снимањето на „Очајни домаќинки“. Ева Лонгорија, која ја имаше улогата на Габриела Солис, сподели фотографии и порака за да ја одбележи годишнината од серијата. „Станувам емотивна само штом ќе помислам колку многу оваа серија промени сè за мене. Толку многу спомени, толку многу епизоди (во тоа време снимавме 24 епизоди за една сезона) и многу иконски аутфити. Сè што знам за ...
Октомври е месец за подигнување на свеста за ракот на дојка и за важноста на редовните самопрегледи и навременото откривање на болеста. Меган Џонс е само една од армијата жени кои ја водат тешката битка со оваа опака болест и го споделуваат своето патување онлајн. Кога дознала дека има рак на дојка, мајката на две девојчиња го создала профилот thepinkjourneywithmeg за да го документира секој чекор од нејзиното лекување. Џонс ја слушнала ...
Еминем ќе стане дедо. 51-годишниот рапер ќе добие внуче од својата ќерка Хејли Џејд. Моментот кога тој ќе ја дознае прекрасната вест е снимен во видео кое стана дел од неговиот најнов спот за песната посветена на неговата ќерка. Целиот спот за „Temporary“ е составен од стари снимки од Еминем и малечката Хејли Џејд, кои потоа се надополнети со видеа од нејзината свадба. На крајот, Хејли Џејд со фотографија од ултразвукот му кажува на Еминем дека ...
„Интерфест“ го започна 33-тото поглавје. Интернационалниот фестивал на класична музика синоќа беше свечено отворен во Битола. Финската виолинистка Линда Хедлунд и италијанскиот пијанист Антонио ди Кристофано настапија заедно со Камерниот оркестар на Битола. На огромно задоволство на публиката, на големата театарска сцена „Благој Стефановски“ беа изведени дела од Бах, Леклер и Шопен. Фестивалот ќе трае до 11 октомври, а претстојат изведби на наши ...
Најдоброто место за шопинг и забава во Скопје слави 12 години постоење! Започнатата приказна пред 12 години секојдневно се развива следејки ги желбите и потребите на сите посетители.Веќе 12 години посетители на молот тука наоѓаат сѐ што сакаат. Со секоја година постоење, Скопје Сити мол прерасна во место кое е синоним за одличен шопинг, врвни брендови, филмски искуства и забава за сите генерации… Место каде што секоја генерација си создава свои ...
Мухамед Максуд беше успешно опериран. 21-годишниот студент доби нов бубрег, а донор беше неговата самохрана мајка. Среќната вест ја споделија од Ecrowd и напишаа: „Кога ќе кажат дека мајката те сака повеќе и од себе, мислат токму на ова! Мухамед го доби бубрегот од неговата мајка, а операцијата поминала одлично!“ Мухамед страда од ретка болест на бубрезите и имаше потреба од трансплантација за да живее нормален живот. Претходно тој беше зависен ...
По успешната ревија во Париз и бројните ангажмани околу неа, Викторија Бекам поминува квалитетно време со семејството. 50-годишната дизајнерка беше фотографирана за рака со сопругот Дејвид додека заедно со децата го напуштаа ресторанот „Dorian“ во Лондон. Славниот пар избра темни стајлинзи за семејното излегување со 25-годишниот Бруклин и неговата сопруга Никола, 22-годишниот Ромео и 13-годишната Харпер. Никола си го криеше лицето со рацете ...