
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



„Битола виа Дебар“ е насловот на изложбата на стари фотографии на битолскиот фотограф Зафир Ошавков (Дебар, 1905 – Битола, 1996) која беше отворена вчера, 12 декември, во 19:00 часот во НУ Завод и музеј – Битола. Автор на изложбата, која ќе биде достапна за посетители до 31 декември, е Роберт Јанкулоски, универзитетски професор и директор на Македонскиот центар за фотографија. Во рамките на изложбата ќе бидат прикажани 30 фотографии снимени ...
Декемвриската програма на Кинотеката ја збогатуваат легендарни македонски филмови кои ја обележаа историјата на нашата кинематографија. Со овие проекции публиката има можност повторно да се потсети на овие маестрални дела, кои преку различни наративи и жанрови ја прикажуваат македонската култура, историја и живот. По повод 20-годишнината од премиерата на „Бубачки” по сценарио и режија на Игор Иванов Изи, филмот ќе биде прикажан во Кинотеката на ...
Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:30 часот, во месецот на јубилејни проекции, ќе биде прикажан играниот филм „До Балчак“. Проекцијата е по повод 10 годишнината од неговото премиерно прикажување. Во 20:30 часот ќе се одржи Q & A со режисерот на филмот Столе Попов. ДО БАЛЧАК е последното остварување на доаенот на македонскиот филм Столе Попов. Филмот е сурова, но романтична љубовна приказна во која македонската кауза за ...
На 16 и 17 декември на големата сцена на Македонскиот народен театар, со почеток од 20:00 часот ќе се одиграат две премиерни изведби на претставата „Замисли нов свет“, работена според мотиви од делата на Горан Стефановски. Ова беше соопштено на прес-конференцијата која се одржа денеска во Македонскиот народен театар, на која присуствуваа членови на актерската екипа заедно со режисерката Нела Витошевиќ, претставникот од продукциската куќа „Сектор ...
Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, за време на овој викенд во Македонија ќе имаме нови врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни утре (сабота) попладне и тоа во западните предели (локално од 15 до 20 литри воден талог на метар квадратен). На планините ќе има врнежи од снег, каде постојаната снежна покривка ќе се зголеми. Поради понатамошното заладување на времето, во недела попладне и навечер повремен снег ќе има и на повисоките ...
Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин“, на седницата одржана на 15.11.2024 година, донесе Одлука за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2024 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Северна Македонија. За остварување во областа на публицистиката, државната награда ја делат: Иван Антоновски, публицист и Делвина Крлуку, публицист. Државната ...
Јон Исаја е роден во Тетово на 5 јануари 1915 година. Тој беше македонски филмски, театарски и телевизиски глумец. Тој потекнува од печалбарско семејство, па годините на детството и младоста ги поминал во Романија каде ја завршил и Театарска академија во Букурешт во 1942 година. Станува член на Драмата на МНТ од 1951 па до 1964 година. Кариерата ја продолжува во Драмскиот театар во Скопје. Настапувал на филм и телевизија. Го негувал сценскиот ...
Светиот апостол Андреј Првоповиканиот Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање. Најпрво му беше ученик на Св. Јован Крстител, но кога Св. Јован покажа со прст на Господ Исус велејќи: „Еве го Јагнето Божјо!“ (Јован 1, 36), тогаш Св. Андреј го остави својот прв учител и тргна по Исуса. Потоа го приведе кон Господа и својот брат Петар. По слегувањето на Светиот Дух на овој прв апостол Христов му падна во дел да го проповеда ...
Дали вашето срце е здраво? Во една студија од 2015 година објавена во JAMA, осум од 10 мажи и жени со лузни на срцевиот мускул – доказ за претходен срцев удар – немале поим дека нивното срце е загрозено. Името за овој тип на срцеви проблеми е тивок миокарден инфаркт (SMI). Една од причините зошто на луѓето воопшто не им недостасува SMI е затоа што не слушаат што им кажува срцето. Еве како да го разберете јазикот на вашето срце и да откриете дали ...
Мувлата може да стане постојана непријатност во бањата бидејќи може да се смести на плочките, завесите за туширање, па дури и на силиконот околу кадата. Иако силиконот има водоотпорни својства, на него лесно може да се формира мувла и чистењето е многу тешко. Сепак, постои лесен начин да се ослободите од мувлата, а тоа е да користите бел оцет. Наместо груби хемикалии, белиот оцет е природна опција за уништување на мувлата и спречување на ...
Името Искра стана многу популарно и носи моќна симболика… Една теорија за потеклото на името сугерира дека потекнува од зборот „искра“, што значи искра, која долго време се поврзува со ненадејни и позитивни промени. Исто како што искри скокаат од оган и најавуваат добри вести и потенцијално богатство, се верува дека девојчињата по име Искра носат промени на подобро и носат радост и позитивни вибрации во нивната околина. Постои и теорија дека ...
Русинката Кристина Пименова на 9-годишно девојче е прогласена за најубаво девојче на светот, а денес ја продолжила кариерата во манекенството и актерството. Кристина е од Москва (Русија), а по модните писти чекорила од својата тригодишна возраст. За да напредува во кариерата, родната Русија ја заменила со САД. View this post on Instagram A post shared by Kristina Pimenova (@kristinapimenova) На седумгодишна возраст ја красеше насловната ...
Туристка ги снимала стјуардесите како им делат бели свеќи на сите патници за време на летот, а потоа почнале турбуленции. Јула Вадини, која пред неколку дена отпатувала со авион од Богота до Сан Хозе дел Гуавијара, доживеала вистински шок. Кога екипажот почнал да им дели свеќи на патниците, тие не знаеле што се случува. Освен тоа, пораките во авионот биле само на шпански, па таа ништо не разбирала. Згора на тоа, момент подоцна, авионот влегол во ...
*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… Секој знак ќе се соочи со различни кармички последици Кармата неизбежно го наоѓа својот пат во сите наши животи, носејќи ги резултатите од нашите минати постапки – без разлика дали сме биле подготвени за нив или не. Како што наближува 2025 година, ова е совршено време да запрете, да размислите за изборите и ...
Во Прилеп, од 12-ти до 14-ти декември ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Winter Apricots“. Тридневниот фестивал по 9-ти пат ќе го оживее Прилеп низ филмови, музика, специјални гости, работилници, разговори и дружби. Фестивалот е совршена можност да се искусат ретки и возбудливи кратки филмови во три натпреварувачки категории – национална, балканска и интернационална – но и да се загрееме со звуците на возбудливата музичка понуда. Се ...
Со пристигнувањето на празничната сезона, полека но сигурно се надзира и големата дилема – како да го пронајдеме идеалниот подарок за оние кои заземаат посебно место во нашите животи? Новогодишните и божиќните празници се вистинско време, со мали гестови да им покажеме на нашите најблиски колку сме им благодарни што внесуваат радост во нашето секојдневие. А, кога станува збор за совршениот подарок, ние имаме една идеја, што сигурни сме дека ќе ...
Сите деца до 14 години во предновогодишниот период ќе имаат можност да ја искористат својата фантазија и својата креативност и да учествуваат во наградната игра што ја организира најголемата приватна пошта Еко Логистик Сервис (ЕЛС). Ликовниот конкурс е на тема „Како ја замислувате најголемата приватна пошта ЕЛС“, а најмладите преку цртежи ќе можат да се изразат како замислуваат дека нивните пратки стигнуваат во нивни раце. Наградната игра ...
Македонскиот пејач, композитор и продуцент Димитар Андоновски го претставува спотот за својата песна „Бура“, која за прв пат беше изведена на овогодинешниот Макфест. Денес, песната ја доживува својата долгоочекувана видео премиера, која ќе биде објавена на неговиот официјален YouTube канал: Dimitarofficial. „Бура“ е песна што го отсликува внатрешниот свет на емоции, борби и турбуленции, инспирирани од лични искуства. Комплетното авторство – ...
„Музеј во училиште, училиште во музеј“ е едукативен проект на Националната галерија кој е дел од годишната програма за оваа година. Во рамките на проектот, вработени во Галеријата држеа предавање пред ученици за животот и творештвото на некој од големите претставници на македонската модерна уметност чии дела се дел од колекцијата на Националната галерија. Пред група ученици во средното училиште „Коле Неделковски“ во Велес, благодарејќи на ...
Вечерва во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена театарската претстава „Бели ноќи“. Автор: Ф. М. Достоевски Режија и адаптација: Звездана Ангеловска Сценограф: Мартин Манев Костимограф: Роза Трајческа-Ристовска Композитор: Марјан Неќак Играат: Ана Јовановска Дамјан Цветановски Во освртот кон претставата режисерката Звездана Ангеловска вели: Идејата за создавањето на претставата „Бели ноќи“ е поттикната од ...
Вечерва во Македонската Филхармонија, со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност да уживате во концертот на ансамблот „Театро ала мода“. Ансамблот го сочинуваат: Цветанка Созовска (чембало), Лилија Славни (барокна виолина) и Џошуа Читам (виола да гамба). Преземајќи го името од сатиричниот памфлет на венецијанскиот композитор Бенедето Марчело (напишан во 1720 година), „Театро ала мода“ се посветува на изведување барокна музика, но во нејзиниот ...
Вечерва, во Cafe Literatura во Дајмонд мол, со почеток во 21:30 часот, ќе имате можност да го проследите концертот на ,,Симеон Ангеловски квартет”. Симеон Ангеловски Квартет е музички проект основан во 2023 година, составен од четворица врвни музичари: Симеон Ангеловски – бас гитара и основач на квартетот Андреј Петровски – гитара Давид Горгиев – тапани Иван Иванов – саксофон Репертоарот на квартетот се состои од шест оригинални композиции чиј ...
Вечерва, со почеток во 20:30 часот, во киното „Фросина“ во Младинскиот Културен Центар во Скопје, ќе се одржи читачката промоција на стихозбирката „Рајсфершлус“ од Јулијана Величковска. Стиховите ќе ги читаат: Наташа Петровиќ и авторката. Изданието е поддржано од Министерството за култура и туризам. Санде Стојчевски: ‒ Уште од самото појавување во современата македонска поезија Јулијана Величковска видливо се издвои со нагласеното љубопитство за ...
Вечерва, во Националната галерија на Македонија во Мултимедијалниот центар Мала станица, со почеток во 20:00 часот, ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на Ликовната Академија во Загреб, Данко Фришчиќ од Република Хрватска. Воедно, оваа изложба е своевидно продлабочување на соработката помеѓу двете држави на културно поле, а е прво претставување на уметникот кај нас. Хрватскиот ликовен уметник и професор ...
Преку Јавен повик објавен на веб страната на НУ Драмски театар Скопје и на социјалните медиуми, театарот ги повикува уметниците да аплицираат за термин за изведба на претстава во продукција на независната сцена. Јавниот повик е отворен до 30 декември 2024 година. Неделата на претстави од независната продукција ќе се одржи од 14 до 18 јануари 2025 година. По направената селекција на апликациите за претставите пристигнати на Јавниот повик, Драмски ...
Денес, во Кинотека на Македонија, со почеток во 19:30 часот, Региноналната феминистичка антифашистичка мрежа (ФАМа) и Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) организираат настан по повод одбележување на 80 години од основањето на Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ). На овој настан, предвидено е учество на експертки и активистки од регионот за заеднички да го одбележиме наследството и влијанието на АФЖ, да се осврнеме на заедничката историја и на ...
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, денеска ги посетија обновениот „Споменик на слободата“ во Кочани и скопскиот „Аквадукт“, споменик на културата од особено значење и значаен белег на градот Скопје. Со тоа и официјално беше одбележана финализацијата на еден и започнувањето на друг проект со средства обезбедени од Амбасадорскиот фонд за културно наследство на САД. ...
Дарко Дамески е роден во Прилеп на 12 мај 1932 година. Тој беше еден од најистакнатите македонски театарски, филмски и телевизиски актери. Во 1952 година ја заврши Државната средна театарска школа во Скопје. Беше член на Драмскиот ансамбл на Македонскиот народен театар во Скопје. Во 1964 година, Дамески стана член на Драмскиот театар на чија сцена оствари четириесетина ликови во кои дојде од израз приврзаноста кон театарската уметност. Во ...
Лили Бошевска е родена во Битола на 12 декември 1966 година. Таа е македонска поетеса и писателка како и општествен работник во областа на образованието и културата. Основно и средно образование завршила во Битола. 1992 Дипломирала во областа на техничките науки на Технички факултет- Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.1998 Дипломирала во областа на општествените науки како Професор на Педагошки факултет Чачак-Универзитет Крагуевац, 2004 ...
Светиот маченик Парамон и другите триста и седумдесетмина со него Во Витинија Азиска некој кнез Аквилин ужасно ги прогонуваше христијаните. Еднаш тој фати триста и седумдесет христијани и ги поведе со себе врзани на некое место каде што беше храмот на идолскиот Бог Посејдон. Овде изопачениот кнез ги принудуваше да му се поклонат на идолот и да му принесат жртва. Иако кнезот му се закануваше со смрт на оној којшто нема да се покори на неговата ...