Љупка Арсова-Џундева е родена на 11 јули 1934 година во Скопје. Таа беше истакната македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Во ансамблот на Драмата при Македонскиот народен театар, Џундева се вработува во 1951 година. Припаѓа на генерацијата глумци кои ја завршиле Државната театарска школа во Скопје. Во овој театар работи до пензионирањето во 1990 година, иако и по пензионирањето продолжува да биде активна во театарот. Деството го ...
Снежана Конеска – Руси e родена на 8 декември 1952 година во Ниш, Србија. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на ВМШ (Факултетот за драмски уметности, Скопје), на отсекот за актерска игра, во класата на професорите Владимир Милчин и Љубиша Георгиевски, во 1975 г. Од 1978 г. работи во Македонски народен театар – Скопје. Од 1999 до 2001 г. е специјализант на режија на НАТФИЗ, во Софија, на пантомима и кореодрама, во класата на ...

