Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која е поврзана со циклонска активност со центар над Џеновскиот залив, утре (сабота 30 август) како и во текот на ноќта кон недела (31 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде променливо и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално ќе има услови и за појава на невреме, проследено со силен ветер и со услови за појава на град. И во Скопје и ...

Сите вработени во компанијата и оваа година добија парични награди за нивниот придонес во успехот на компанијата, а на 24 најдобри вработени им беа доделени бонуси како признание за нивниот труд и посветеност. Со свеченост во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, соработници и претставници на локалната заедница, рудниците Бучим и Боров Дол го одбележаа Денот на македонските рудари – 28 август, празник кој е симбол на трудот, ...

Независниот театар „Златен Елец“ од Скопје во сабота(30.08) ќе гостува во Народниот театар во Тузла на фестивалот „Позориште без граница“ во организација на Драфт театар, со дуодрамата „Добри луѓе“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска. Со оваа изведба ќе заврши и летната турнеја со оваа претстава, која претходно гостуваше во Крушево, Радовиш, Демир Капија, Велес, Скопје и во планинарскиот дом „Вртешка“ на ВИА 2025. „Добри луѓе“е ...

Во месец септември претставите на Народниот театар Битола ќе се одиграат на повеќе фестивали низ Македонија и публиката ќе има можност да ги погледне следните претстави: „Фетишист“, на 9.септември ќе гостува на Фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица, а на истиот фестивал на 12.септември ќе биде прикажана претставата „Ричард III“. „Снежана и седумте џуџиња“на 13.септември ќе биде изведена на Театарскиот фестивал за деца „Малиот принц“во Штип, а на ...

„One Battle After Another“ е насловот на најновото остварување на брилијантниот Пол Томас Андерсон — криминален трилер со темни комични елементи, инспириран од романот Vineland од Томас Финчон (1990). Премиерниот датум на филмот е официјално поместен од 8 август на 26 септември 2025 година, со цел поинтензивна техничка подготовка, особено за користење на IMAX и VistaVision формат — стил што го карактеризира визуелниот екстравагантно-екстремен ...

Преподобниот Јоаким Осоговски е еден од најпочитуваните македонски светители и подвижници од XI–XII век. Роден е во местото Осоговија, кај денешниот Крива Паланка, и уште од младоста го посветил животот на Бога. Се повлекол во пустина, во пештерите на Осоговските планини, каде живеел како исихаст, во молитва, пост и тишина. Многумина луѓе го посетувале барајќи духовен совет и благослов. По неговата смрт, верниците забележале многу чуда на ...

На денешен ден во 1994 година, британскиот рок-бенд Oasis го објави својот деби-албум „Definitely Maybe“, проект што веднаш ја разбуди британската музичка сцена и го постави бендот како водечка сила во брит-поп движењето. При самото излегување, Definitely Maybe постави рекорд како најбрзо продаван деби-албум на сите времиња во Велика Британија. Со својата мешавина од рок енергија, бунтовни текстови и химни за секојдневниот живот, албумот веднаш ...

Холивудскиот заводник и легенда на големото платно Џорџ Клуни (64) ги шокирал обожавателите и новинарите во Венеција кога ненадејно му се слошило на самиот почеток на престижниот филмски фестивал. Актерот морал да ја откаже закажаната промотивна програма за новиот филм „Џеј Кели“, а набргу потоа морал да откаже и гламурозна вечера со колегите и раководителите на Нетфликс. Сè се случило во средата, првиот ден од фестивалот, кога многумина ...

Рами Хојбергер починал доцна во среда навечер по битка со ракот. Рами Хојбергер имал 61 година. Тој глумеше и во продукциите на „Шиндлеровата листа“ и „Голда“. Хојбергер почина во болница во Тел Авив, соопшти неговото семејство. Тој зад себе остави две деца од првиот брак и уште две од подоцнежната врска со уметницата Дана Јахаломи. Роден во Тел Авив во 1963 година, Хојбергер студирал на актерската академија „Нисан Натив“ откако дипломирал во ...

Ѓорѓе ја напишал и ја посветил песната на својата сопруга, го натерал Здравко да ја сними, а сега Чолиќ открил дека ова е најдобрата песна во неговата повеќе децениска кариера. Познато е дека Ѓорѓе Балашевиќ имал многу успешна соработка со легендарниот Здравко Чолиќ низ годините, а еден од плодовите на таа соработка е песната што многумина ја нарекуваат најубавата балада во кариерата на Чола. Станува збор за песната „Сочувај ме Боже од нејзината ...

Кремастиот сос и аромата на пржени пиперки го прават ова јадење еден од омилените летни класици, лесен за подготовка и секогаш полн со вкус. Состојки: 500 г зелени пиперки масло за пржење За сосот 4 лажици маслиново масло 1 лажичка брашно 4 чешниња лук 1 чаша јогурт или млеко (300 мл) 4 лажици сирење сол, малку лута пиперка (по желба) Подготовка: Исчистете ги пиперките и пржете ги додека не поруменат. Во меѓувреме, во истото или друго тавче, ...

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… Меркур, планетата на комуникацијата, го менува знакот на 2 септември и влегува во Девица, каде што позитивно ќе влијае на Девиците, Јарците и Биковите. Меркур во Девица е во своето место, па затоа тука ја манифестира својата природа на најјасен и најприроден начин. Оваа позиција носи остар ум, склоност кон детална ...

Марјана Станојковска ќе биде водителка на Интернационалната вечер на фестивалот Охрид фест- Охридски трубадури, а Ирена Спировска ќе ја води фолк вечерта. Фестивалот започнува со фолк вечерта на 29 август, на сцената на „Долни Сарај“ од 20.30 часот, а Интернационалната вечер е на 30 август од 20.30. ТВ „Алфа“ ќе врши директен пренос од фестивалот. „Драго ми е што повеќе од десет години го водам овој фестивал и верувам дека и годинава ќе понудиме ...

Победникот на „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, одржа концерт во паркот во Автокоманда, Скопје, а гости му беа дел од финалистите. Победата на Никола кај сите следбеници на „Ѕвездите на Гранд“ разбуди посебни емоции па во голем број го исполнија просторот наменет за публиката. Настапите на Никола како и победата придонесоа тој да биде нова музичка ѕвезда во нашата земја. Тој пак за да им возврати за сите симпатии им приреди неповторлив ...

По повеќе од шест години тишина во однос на студиски албуми, американската пејачка Ciara се враќа со енергичен, емотивен и жанровски разнолик проект – „CiCi“, нејзиниот осми студиски албум, објавен преку независната издавачка куќа Beauty Marks Entertainment на 22 август 2025 година. Албумот претставува продолжение и проширување на нејзиниот истоимен EP (CiCi) од 2023 година, вклучувајќи ги сите песни од тоа издание, но и нови траки, како и веќе ...

На 28 август 1989 година, американската хеви-метал група Mötley Crüe го објави својот петти студиски албум, „Dr. Feelgood“ – проект што не само што го постави бендот на врвот на топ-листите, туку и претставуваше пресвртна точка во нивната кариера и животен стил. „Dr. Feelgood“ беше првиот албум на бендот снимен по нивното колективно откажување од алкохол и дроги – клучна одлука донесена во 1989 година, по години на разорен хедонизам. Овој албум ...

Тодор Гечевски е роден на 28 август 1977 во Кавадарци. Тој е македонски поранешен кошаркар, член на Македонската кошаркарска репрезентација и поранешен директор на Кошаркарската федерација на Македонија. Тој бил прогласен за најдобар македонски интернационалец од 2005 до 2009 година, како и најдобар домашен играч за 2012 година. Гечевски играл на позицијата центар. Тодор Гечевски бил откриен од страна на Димитар Пецов, популарниот „професор“ од ...

Православните верници денеска го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат како Голема Богородица. Овој празник, кој се слави на 28 август, е посветен на заспивањето и вознесението на Мајката Божја. Според црковното предание, Пресвета Богородица по завршувањето на својот земен живот не останала во гробот, туку со тело и душа била вознесена на небото. Затоа верниците со голема почит и радост го празнуваат овој ден, ...

Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски на први септември во 20 часот на големата сцена се отвора новата сезона на Македонскиот народен театар (МНТ). Сместена во Њујорк, во 1980-те, во време на конзервативната политика на Роланд Реган и јавна незаинтересираност за епидемијата на сина „Ангели во Америка“ ја следи судбината на четири геј ликови и новните најблиски, чии приказни зборуваат за љубов ...

Денес, 27 август, со почеток во 19:00 часот во Офицерски дом, Битола ќе се орджи промоција на монографијата за Кире Костов. Во градот каде што ги направи првите музички чекори, ќе се одржи промоцијата на монографијата посветена на маестро Кире Костов – трубач, композитор, аранжер и диригент чијшто звук остана дел од колективното паметење на Македонија. Монографијата претставува сведоштво за неговиот творечки опус – од првите композиции, преку ...

Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев стана петтиот Македонец што го преплива каналот Ла Манш. „Огромни честитки до Евгениј Поп Ацев од Македонија, кој го заврши своето пливање во Каналот за неверојатно време од 9 часа и 43 минути. Евгениј е 3-кратен светски шампион и е примен во Меѓународната сала на славните за маратонско пливање. Има учествувано на 107 натпревари од светска класа во кариерата што траеше од 2007 до 2021 година. Неверојатно ...

Македонски Телеком ја продолжува комуникациска платформа #НаправиМесто којашто поттикнува отвореност и меѓусебно разбирање и прифаќање. Оваа година, фокусот е ставен на надминувањето на предрасудите коишто градат бариери и создаваат ѕидови меѓу луѓето. Новиот спот, во кој се појавува популарниот македонски актер и шоумен Игор Џамбазов, раскажува приказна за тоа дека не се раѓаме со предрасуди, туку дека нив ги учиме од светот и од општеството ...

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… На 1 септември 2025 година, Сатурн го менува знакот и го продолжува својот ретрограден тек во Риби Откако ја тестираше нашата независност, храброст и почетоците што ги направивме во текот на летото во Овен, сега нè воведува во многу посуптилна, но и потешка фаза – интроспекција преку емоции, верувања и внатрешни ...

Важно е навремено да се следат и забележуваат многу промени во градите, што е важно за здравјето на секоја жена. Според лекарите, промените во градите можат да бидат знак за рак на дојка, па затоа ако ги забележите, важно е да не одложувате со одење на лекар. Лекарите исто така истакнуваат дека меката маса што се движи под вашата кожа најверојатно е циста исполнета со течност. Ако грутката е цврста, можно е да станува збор за бенигна промена, но ...

Знаците дека му се допаѓате и можеби дури и се заљубува не се секогаш очигледни или дури особено поволни за успехот на врската. Понекогаш мажот испраќа јасни сигнали. Може да ви испрати порака, да ви се јави или да ви испрати букет рози без никаква причина. Според YourTangо, мажот може да биде директен и отворено да каже дека му се допаѓате. Кога тоа ќе се случи, лесно е да се чувствувате сигурно во вашата врска, но најчесто, знаците дека мажот ...

Познатиот руски онколог и имунолог Данил Шепељаев во интервју за рускиот портал „Вести“ го објаснил просечниот профил на луѓе кои најчесто заболуваат од рак. Тој се осврнал на профилот на онколошките пациенти во самата Русија, но лесно е да се најдат сличности и со мнозинството пациенти водругите земји. Шепељаев нагласил дека тоа се претежно луѓе над 50 години кои се под постојан стрес. Според овој доктор, луѓето кои се постојано уморни, ...

Откријте ја тајната на совршениот посен бурек со компири, подготвен со љубов според рецептот на баба. Овој крцкав бурек, исполнет со сочни компири и подготвен само со неколку состојки, е идеален избор за лесен и вкусен оброк. Набраните кори му даваат посебна текстура, а мешавината од кисела вода и масло го прави неверојатно сочен. Состојки: потенки готови кори масло 2 компири кромид или праз сол или зачин бибер кисела вода Подготовка: Пржете ги ...

По одличното отворање минатиот викенд, годинешното Културно лето 2025 во општина Ѓорче Петров продолжува и за време на празничниот „продолжен“ викенд. Така, на 28 август во четврток, на денот на големиот православен празник Голема Богородица со почеток во 20.00 часот во Централниот парк во Ѓорче во рамките на нивната турнеја низ регионот, свој целовечерен концерт ќе одржат гостите од Хрватска, групата „Адонаи“ и пријателите, чии членови ...

Во поткровјето на Јавна соба (Public room), на 28 август со почеток во 18 часот ќе се одржи промоција на книгата „Тело без душа“, прво авторско дело на Елена Цветковска. Промоција ќе биде збогатена со настап на џез музичари, проекција на 15 минутен филм во контекст на содржината на книгата, разговор со гости од странство, духовни ментори Цветковска, и презентација на самата авторка на ова несекојдневно интимно четиво. Нејзината прва книга „Тело ...

Страстен љубител на мачки, фан на култната серија The Office и сопственик на еден од најоригиналните музички псевдоними на денешницата – Baby Lasagna доаѓа на Get EXITed журката во Струмица! По неговиот сензационален настап со кој речиси ја освои Евровизија и стана апсолутен победник во очите на европската публика, како и енергичното отворање на нултиот ден од EXIT фестивалот минатата година, тој зачекори на најголемите светски сцени и ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
89%
1028
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1027
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
93%
1030
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.96
80%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.15
93%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.24
88%
1029
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1029
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1030
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
82%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
96%
1029
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Бакар

10.93

Цинк

3.04

Сребро

2105.58

Злато

139298.91

Платина

62683.26

Алуминиум

2.92

Рутениум

29192.88

Родиум

258813.51

Калај

43.15

Паладиум

53788.20