Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса од утре (среда 12 ноември) па се до крајот на оваа недела во нашата Република Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко а наутро ќе биде и значително поладно поради разведрувањето со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до околу или за неколку степени под нулата па така ...

Црноморскиот брег на Туркије неодамна беше вклучен на престижната листа „BEST OF THE WORLD 2026“ на глобално познатиот и реномиран медиумски бренд за патувања, природа и култура National Geographic. Ваквото признание има големо значење за овој регион во Северна Туркије, претставувајќи го како алтернатива за патници што бараат авантура и сакаат да ја доживеат автентичната турска култура, далеку од метежот на познатите туристички места. BEST OF ...

„Електронче“ е нова иновативна платформа и бренд што ја буди љубопитноста и креативноста кај децата и младите преку учење со практика. Создадени со љубов и стручност, едукативните сетови за електроника се внимателно прилагодени за различни возрасни групи – од најмладите истражувачи на 2 години, до средношколците на 18 години. Целта на платформата е да поттикне практично учење, развој на технички вештини и критичко размислување преку комбинација ...

На 15.11.2025 сабота, во 19:00 ч. – Алтернативен галериски простор – КИЦ Битола, Офицерски дом ќе биде отворена изложбата „Точка на спојување“ на мадите ликовни уметнции, Јоана Арсовска и Јана Николовска. Изложбата ќе претстави нови дела од нивното творештво, создадени во периодот после дипломирањето. Авторките се дипломирани сликари со конзервација и реставрација, и двете во класата на проф. Антони Мазневски. Јоана Арсовска истражува теми од ...

Синоќа во преполна сала на Културниот центар на Белград, во срцето на градот, на Кнез Михајлова улица, блеснаа со својата интерпретација нашите две реномирани пијанистки Ана Гацева и Татјана Џорлева. Во едночасовната програма за четирирачно пијано, професорките Гацева и Џорлева одржаа вистински час за висока професионалност и исклучително сугестивна интерпретација на дела од Ерик Сати, Едвард Григ и Антонин Дворжак, а долги аплаузи измамија со ...

Нашиот млад музичар и мултиинструменталист Филип Јездиќ го претстави своето најново музичко остварување песната „An Echo of a Dark Melody“, придружена со впечатлив видеоспот во кој вокалите ги изведува Серафим. Видеото беше објавено вчера, а новата композиција веднаш го привлече вниманието на љубителите на современиот алтернативен звук. Песната ја потпишува самиот Јездиќ – музика, текст, аранжман и изведба на сите инструменти: гитари, бас, ...

На денешен ден, во 1996 година, скопската група Рок Агресори го издава својот прв студиски албум „***на Антикултура“ – издание што го одбележа македонскиот алтернативен рок во бурните деведесетти. Албумот претставуваше социјален и музички коментар на транзицијата – периодот на премин од социјализам кон новиот повеќепартиски систем, или како што самите членови го нарекоа, „демократија во наводници“. Песните беа полни со иронија, хумор и критика ...

Вчера се одржа втората проба за концертот „Летај галебе“ во чест на маестро Кире Костов…Беше многу емотивно да се видат повеќе генерации од македонските изведувачи кои дојдоа да ги испеат своите песни со оркестарот… Возбуденоста беше присутна и меѓу членовите на оркестарот но и изведувачите. Како ќе биде, дали ќе бидам добар, ќе испеам ли како што треба….беа прашањата кои лебдеа во воздухот а одговорот беше еден – ќе видиме кога ќе застанеме зад ...

На денешен ден, 11 ноември 1957 година, легендарниот Џери Ли Луис (Jerry Lee Lewis) преку издавачката куќа Sun Records ја објавува песната „Great Balls of Fire“, една од најиконските рокенрол композиции во историјата на популарната музика. Песната, напишана од Отис Блеквел (Otis Blackwell) и Џек Хамер (Jack Hammer), се појавува и во филмот Jamboree од истата година, каде Луис ја изведува во живо, потврдувајќи го својот статус како „лудото дете“ ...

Светата преподобна маченичка Анастасија Римјанка живеела во древниот Рим во време на силни прогони против христијаните. Била родена во побожно и благородно семејство, и уште од детството ја засака чистотата, молитвата и делата на милосрдие. Таа целосно му го посветила животот на Христос, одбивајќи брак и богатство, и се замонашила, живеејќи во пост, воздржание и постојана молитва. Во тоа време, кога римските власти жестоко ги гонеле ...

Јошка Миленковски е роден на 11 ноември 1960 година во Крушево. Тој е познат македонски одбојкар, тренер и универзитетски професор. Миленковски е најтрофејниот македонски спортски тренер во сите категории, со вкупно 28 трофеи во Македонија, од кои 15 во првенствата на Македонија со Работнички Фершпед, 13 купа, од кои 12 со Работнички и еден со Борец Универзал промет. Учесник со четири екипи на четири фајналфор-турнири во Купот на ЦЕВ со ...

Погледнете што, според Фројд, е најголемата грешка што ја прават жените во бракот. Понекогаш една реченица погодува подлабоко од сто книги за семејна психологија. Реченица што не само што ја читате – туку ја чувствувате, некаде во тишината на себе. Ја слушате еднаш и одеднаш сликите се редат пред вашите очи: вашето детство, гласот на вашата мајка, нечиј поглед на масата, шепот зад затворена врата, полуизедена вечера и двајца луѓе што лежат еден ...

Железото е суштинска компонента на здравата исхрана, неопходно е за транспорт на кислород низ телото и производство на хемоглобин во крвта. Нашата прва асоцијација со железото е претежно месото, но може да се најде и во храна од неживотинско потекло – познато е како нехем железо. Овој вид железо не се произведува во крвните протеини (како железото од месо) и може да биде потешко за човечкото тело да го апсорбира. Сепак, постојат неколку трикови ...

Калинката е веројатно омилениот есенски деликатес за оние кои го сакаат овошјето Позната е по својот добар вкус, но нејзините плодови можат да понудат многу повеќе. Калинката е нискокалорична и има малку масти, но е богата со растителни влакна, витамини и минерали. Богата со антиоксиданси Антиоксидансите се соединенија кои помагаат да се заштитат клетките на вашето тело од оштетувања предизвикани од слободните радикали. Големите количини на ...

Холандија е прогласена за најбезбедно место за посета во светот за 2026 година. Ништо нема да го уништи патувањето побрзо од тоа да ви го украдат телефонот или генерално да се чувствувате напнато каде и да одите. Ако сакате вашиот следен одмор да биде без стрес, можеби вреди да одите некаде познато по својата безбедност. Но, освен ако не се проучат неодамнешните статистики за криминалот, не е лесно да се знае каде посетителите се чувствуваат ...

ОД ПОМОШ при пишување деловни е-пораки и барање совети за брачна терапија до забавни задачи како претворање фотографии од кучиња во луѓе, ChatGPT стана неопходна алатка во секојдневниот живот на многумина. Сепак, со доверување на лични информации на платформи за вештачка интелигенција, се изложуваме на ризици. Откако ќе напишете нешто во четбот, „ја губите контролата врз него“, предупредува Џенифер Кинг, соработник на Институтот за вештачка ...

Дру Баримор пораснала во познато холивудско актерско семејство и го имала своето филмско деби како дете, но не била поштедена од неуспеси во текот на кариерата. Еден од нив бил обид за аудиција за филм од легендарниот режисер Мартин Скорцезе, кој подоцна актерката го опишала како „најголемата катастрофа“ во нејзиниот живот, пишува Far Out Magazine. Ѕвезден почеток и ран подем Баримор станала светски позната како седумгодишно девојче во филмот ...

В черврток на 13 ноември, од 19.30 часот во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи шестото издание на поетско-музичкиот перформанс „Љубење со стихови“ на поетот Филип Димкоски и поетесата Лина Димоска. Како и во претходните изданија, поетите ќе рецитираат дел од песните кои го претставуваат нивното творештво, но и нивни омилени песни од домашни и странски автори. Овојпат покрај на македонски, ќе бидат ...

На 18 ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетот „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. Диригент на изведбата е Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата ја потпишува ...

Утре е 11.11. и според нумерологијата тоа е многу посебен ден. Што се крие зад бројот 11, особено кога се повторува двапати? Нумеролозите веруваат дека ова е најмоќниот ден во годината. Нумерологијата вели дека бројот 11 е исклучително моќен број, затоа комбинацијата на броевите 11 и 11 се оценува како неверојатно моќна комбинација на духовно будење и моќни почетоци – 11 е сам по себе број на почеток, интуиција, пресврт. Утре, 11 ноември, со ...

На 07.11.2025 година, во концертната сала „Фердинанд Деда“ при Националната телевизија на Албанија- РТШ, во организација на Македонскиот културен центар во Тирана и во соработка со фестивалот „Магична флејта“, се одржа концерт на македонското трио Анимато. Триото го сочинуваат двете флејтистки Даниела Неделковска и Симона Марочковска Манојловска и пијанистката Светлана Димитриевска. Во вториот дел од концертот следуваше изведба на оркестарот на ...

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… За Јарците започнува златно доба, носејќи позитивни промени во животот. Ги очекуваат деловни можности, финансиски напредок и љубовни можности. Постојат моменти во животот кога сè одеднаш се склопува. Без посебна причина и без многу напор, околностите едноставно почнуваат да работат во наша корист. Токму таков период ...

Со слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките”, од 14 до 16 ноември, на приземјето во Скопје Сити Мол ќе се одржи годишниот „Фестивал на чај”, кој нуди ретко искуство за сите љубители на природата, чаевите и здравиот начин на живот. Настанот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „Експедиција ПРИРОДА”/МРК Дијалог и Скопје Сити Мол. Во текот на трите фестивалски денови, над 30 учесници ќе ги претстават ...

Една од најголемите хрватски поп ѕвезди Весна Писаровиќ конечно доаѓа во Македонија! На 28 март 2026 година, сцената на Филхармонија во Скопје ќе биде местото каде што препознатливиот глас што ги одбележа 2000-тите години ќе одекне со својата полна сила, во вечер исполнета со емоции, носталгија и врвна музика. Во организација на Евентум продукција, македонската публика конечно ќе има можност да ја види и слушне во живо хрватската пејачка која со ...

Компири со зеленчук и риба, предлог за деновите на постот во текот на неделата, многу вкусни и здрави Ви го претставуваме совршениот предлог за деновите на постот во неделата – компири со зеленчук и риба! Ова јадење е исклучително вкусно, здраво и лесно за подготовка, а носи богатство од вкус и арома. Идеално за секој што бара лесен, но хранлив оброк што ќе го воодушеви целото семејство. Уживајте во секој залак од оваа фантастична комбинација! ...

Од 5 ноември 2025 година, на Netflix е достапна новата полска историска мини-серија „Heweliusz“, импресивна продукција која ја реконструира една од најтрагичните морски катастрофи во поновата европска историја потонувањето на фериботот MS Jan Heweliusz во Балтичкото Море во 1993 година. Серијата, која беше најавена како „најголемата и најкомплексна полска телевизиска продукција во последните години“, обединува повеќе од 120 именувани ликови и ...

На 10 ноември 1975 година, американската уметница Пети Смит го издаде својот деби-албум Horses, едно од највлијателните изданија во историјата на рокенролот. Објавен преку издавачката куќа Arista Records, албумот претставуваше смел спој на поезија, панк и авангардна уметност – звук што го отвори патот за новата генерација музичари. Смит, која пред тоа била позната како поетеса и уметничка од њујоршката андерграунд сцена, го сними Horses во ...

Во тек се пробите за концертот „ЛЕТАЈ ГАЛЕБЕ“ на маестро Кира Костов. Членовите на оркестарот свират со многу емпатија и желба да ги пренесат емоциите што Костов ги внесуваше во музиката… А диригентот Сашо Татарчев со многу љубов и посветеност со музичарите внимава се да биде како што своевремено замислил маестро Кире Костов. Концертот „Летај галебе“, што ќе се одржи во вторник, е продолжување на низата настани со кои ќе се одбележи делото на ...

Македонскиот КИЦ во Белград, неделава ќе биде домаќин на врвни македонски музички изведувачи, кои со светски позната музичка програма, но и со програма од македонски композитори, ќе се претстават пред белградската публика. Во понеделник (10 ноември) во 20 часот, во Културниот Центар на Белград (Кнез Михајлова 6) КИЦ Белград во соработка со една од најпознатите културни институции во главниот град на Србија, ќе организира концерт на две наши ...

Познатата македонска фолк пејачка Анета Љумаковска повторно ја разнежи јавноста. Овој пат, таа замина во прекрасниот Рим, каде што го сними видеоспотот за својата нова песна „Жена” – емотивна балада посветена на секоја силна, нежна и чувствителна жена. „Со огромна благодарност и полни емоции, го најавувам видеоспотот за мојата нова песна „Жена” снимен во прекрасниот Рим. Ова е песна која ја носам длабоко во себе”, вели Анета, додавајќи дека ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
92%
1019
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
94%
1019
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.42
68%
1020
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.08
96%
1020
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
1019
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
3.6
81%
1015
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1016
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
2.57
93%
1016
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
92%
1019
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1020
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
93%
1017
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.3067

Currency

34.805

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65133

Currency

0.33317

Currency

0.52447

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Родиум

258813.51

Злато

139515.92

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Калај

43.93

Сребро

2159.30

Паладиум

54591.97

Бакар

11.02

Цинк

3.04

Кобалт

58.42

Платина

64478.87

Алуминиум

2.95