Првенецот на македонската анимација „Јон Вардар против Галаксијата” ја освои наградата за Најдобар долгометражен анимиран филм на 6. издание на Galactic Imaginarium Film Festival во Романија – иновативен фестивал кој ги спојува филмот, литературата и новите технологии во областа на фантастиката. Ова признание е трето по ред за филмот, по наградите за најдобар долгометражен анимиран филм на Portoviejo International Film Festival во Еквадор и ...

На 23.09.2025 (вторник) со почеток од 20:00 часот во Национална установа Центар за култура “Трајко Прокопиев” Куманово, во изложбениот салон ќе биде отворена Ретроспективна изложба на слики “55 – години ликовно творештво” на реномираниот уметник Боро Арсовски – Бабата Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин, Р Македонија. Основно и Средно образование завршил во Куманово. Со сликарство се занимава од 1969 година како сликар ...

Драги Иванов, за прв пат годинава споделува видео запис за уште една од песните на неговиот прв албум “Небо”. Овој пат за песната “Навидум” со кој продолжува и визуелно да го отсликува неговиот албум. Песната „Навидум” е напишана, изведена и продуцирана од Драги, како и остатокот од неговиот албум “Небо”. Исто така, видео записот е реализаран од негова страна со помош од Мирослав Илиќ, кој е одговорен колорот на овој и дел од неговите претходни ...

Легендарната британска група Massive Attack стана првиот изведувач од голема дискографска куќа што целосно го повлекол својот музички каталог од Spotify. Причината зад ваквиот потег е отворен протест против инвестициите на основачот и директор на Spotify, Даниел Ек, во европски стартап за одбранбена технологија. „Не можеме да бидеме дел од платформа што индиректно ја финансира воената индустрија преку музиката што ние ја создававме за мир и ...

На 22 септември 1994 година, телевизиската серија Friends го започна своето емитување на американската мрежа NBC, оставајќи неизбришлив белег во поп-културата и станувајќи една од најпопуларните комедии во историјата на телевизијата. Создадена од Дејвид Кран и Мартa Кауфман, серијата го следи секојдневниот живот на шестмина пријатели во Њујорк, прикажувајќи ги нивните љубовни, пријателски и професионални предизвици со многу хумор и топлина. ...

Лино Червар eе роден на 22 септември 1950 во Врсар. Тој е светски познат хрватски ракометен тренер. Во текот на својата кариера бил долгогодишен селектор на Хрватска, тренер на РК Металург од Скопје. Хрватската ракометна репрезентација во 2002 година го освоила последното место на Европското првенство а потоа со доаѓањето на Лино Червар за две години станала светски првак и олимписки победник. Во 1971 година Лино Червар дипломирал на Педагошката ...

Свети Јоаким беше син на Варпафир, од Јудиното колено, и потомок на царот Давид. Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од коленото Левиево, како и првосвештеникот Арон. Тој Матан имаше три ќерки: Марија, Совија и Ана. Марија се омажи во Витлеем и ја роди Саломија; Совија се омажи исто така во Витлеем и ја роди Елисавета, мајката на Свети Јован Предвесник; а Ана се омажи во Назарет за Јоаким и во својата старост Ја роди Пресвета Богородица. Јоаким ...

Есента започнува во понеделник, 22 септември во 20:19 часот, објавило денес Астрономското друштво „Руѓер Бошковиќ“. Како што е наведено, во исто време ќе започне пролетта за жителите на јужната хемисфера на Земјата. На денот на почетокот на есента, сонцето во Скопје изгрева во 6:25 часот наутро и заоѓа во 18:35 часот, што значи дека рамноденицата ќе трае до 12:10 часот, а ноќта ќе трае до 11:50 часови. На денот на есенската рамноденица, денот и ...

Откако се пресели во Англија со Рајан Гослинг и нивните ќерки, поранешната актерка успеала долго време да се крие од папараците, но пред неколку дена ја забележале во феноменално есенско издание за секој ден. Со години, Ева Мендез (51) важеше за една од најубавите жени на планетата и беше една од најпопуларните холивудски актерки, но пред некое време одлучи да се повлече од глумата и да се посвети на своето семејство. Актерката се појавува во ...

Кога ќе помислите на Елизабет Тејлор, ќе помислите на гламурот на златното доба на Холивуд, раскошните љубовни врски и безбројните насловни страници што ја следеа на секој чекор. Од друга страна, Колин Фарел влезе во филмскиот свет како „лошо момче“ на новиот бран, актер со бурен темперамент и неограничена енергија. На прв поглед, малку можеше да се сугерира дека двајцата ќе се поврзат – но токму тоа се случило. Средбата на Елизабет Тејлор и ...

Постојат предмети за кои се верува дека носат длабока симболика и верувања што ја следат човечката цивилизација со векови. Една од нив е фигурата на слон. Слонот во вашиот дом не е само декоративен детаљ – тој е потсетник дека моќта не е во наметнувањето, туку во мудроста и трпението. Затоа многумина веруваат дека оваа фигура не само што привлекува пари и среќа, туку помага и да се внесе мир, доверба и внатрешна безбедност во куќата. Ако сакате ...

Синоќа во Штип се одржа традиционалната Штипска пастрмајлијада. А, каква прослава би била тоа без музички гости. Како главна ѕвезда се споменуваше Дино Мерлин, а настапија и Елена Ристеска и Владо Јаневски. Во Штип имаше луѓе од сите делови на нашата земја, но приодот до објектот каде се „одржуваше главното“ беше многу тежок. Стотици возила беа паркирани со километри подалеку од стадионот, а до таму се знае – пешки. Сообраќајот околу објектот ...

Многумина имаат мислење дека куглофот е тежок за подготовка, но ако следите неколку едноставни чекори, брзо ќе го добиете овој фин десерт. Потребно е: 3 јајца 100 г шеќер 200 г брашно 150 мл млеко 1 прашок за пециво 100 мл масло 50 г сечкани ореви 100 г суво грозје 2 кесички ванилин шеќери кора од лимон 2 мока капучино 1 рамна лажица какао Подготовка: Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете ги просеаното брашно и прашокот за пециво. Додадете ...

Постои еден навистина лош знак за љубовна врска, на кој ретко кој обрнува внимание. Станува збор за шпионирање на партнер. Неверството е честа појава во романтичните врски. Во студија на повеќе од 22.000 луѓе, 16,48 проценти признале дека биле физички интимни со некој друг, освен сопружник, додека биле во брак. Но, тоа не е целата приказна и не е единствениот проблем. Психологот Кортни Ворен вели дека ова се само луѓе кои биле подготвени да ...

По скоро една деценија пауза, легендарната хард-рок/метал група System of a Down ја најави својата голема европска стадионска турнеја за летото 2026 година! Турнејата ќе вклучи настапи во седум главни европски градови, со специјалните гости Queens of the Stone Age и Acid Bath, кои се враќаат на сцената по долга пауза. Дел од потврдените дати: 29.06 – Стокхолм, Шведска 02.07 – Париз, Франција 06.07 – Милано, Италија 08.07 – Берлин, Германија ...

На 18 септември 2025 година, Мајли Сајрус ја објави својата најлична песна досега – „Secrets“, како дел од делукс изданието на нејзиниот деветти албум Something Beautiful. Песната, чија емоционална тежина е видлива од првата нота, е посветена на нејзиниот татко, кантри пејачот Били Реј Сајрус, и претставува уникатен момент на музичко и лично помирување. Што ја прави „Secrets“ уште поспецијална? Сајрус на оваа балада соработува со две икони од ...

На 21 септември 2004 година, американската рок група Green Day го објави својот седми студиски албум American Idiot преку Reprise Records. Албумот е создаден во соработка со Rob Cavallo, а снимањето се одвивало во студијата 880 во Оукленд и Ocean Way Recording во Холивуд, Калифорнија, во периодот 2003–2004 година. American Idiot е концептуален албум, наречен „панк рок опера“ од самите членови на бендот со текстови кои ги отсликуваат ...

Игор Стојчевски е роден на 21 септември 1978 година во Скопје. Тој е познат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности (Скопје, 2002). Работи како асистент по предметот сценски движења и танци на Факултетот за драмски уметности (2004-2008). Вработен во Драмски театар Скопје од 2009 година. Стојчевски ги остварил следниве театарски улоги: „Франкенштајн“, Драмски театар – Скопје ...

Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко и беше од племето Давидово, а мајка ? од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се молеа на Бога со плач, да ги ...

ПЕЈАЧОТ Халид Бешлиќ се опоравува откако беше хоспитализиран поради здравствени проблеми. Веста за неговата болест ги загрижи многу обожаватели и поп-личности, меѓу кои Халид е почитуван и сакан, а сега се огласил претставникот на НСРС и директорот на Универзитетско-клиничкиот центар на РС, Владо Ѓајиќ. Тој му испратил на Бешлиќ слика направена од корисниците на центарот за Даунов синдром во Бања Лука. Ѓајиќ објавил фотографија од преписката со ...

Кијану Ривс тајно се оженил со избраничката Александра Грант, објавија странските медиуми. Еден од омилените холивудски актери, Кијану Ривс (61), наводно го кажал судбоносното „да“ на Александра Грант (52) ова лето во Европа, објавија американските медиуми. „Кијану Ривс се ожени во тајност, таа стана столб на поддршка за него“, изјавиле извори за RadarOnline. Сè се одржало на тајна церемонија, а со оглед на тоа колку е скромен Кијану Ривс и не ...

Зимското сметање на времето започнува ноќта помеѓу саботата и неделата, на 25 и 26 октомври, кога во 3 часот наутро ќе ги вратиме стрелките на часовникот за еден час назад, односно на 2. Специфичноста е што ова поместување во споредба со претходните години е најрано, а на 26 октомври, часовникот последен пат беше поместен пред 11 години. Иако времето е сè уште топло, летото завршува. Ноќите веќе стануваат постудени, а деновите очигледно се ...

Славица Варга со право е горда на овој куглоф во кој главната улога ја игра пиперката. Секако, и таа е и од Руски Крстур, главниот град на престолнината на пиперката во Бачка Состојки: 200 г меко брашно 200 г пченкарен гриз 1 кесичка прашок за пециво 1 јајце 100 мл масло 200 мл млеко 100 мл јогурт 2 лажици мелен црвен пипер 200 г мексикански мешан зеленчук 3 печени пиперки Подготовка: Измешајте ги сувите состојки, потоа додадете ги јајцето, ...

Деменцијата претставува еден од најголемите здравствени предизвици денес, а бројот на пациенти низ целиот свет постојано се зголемува. Иако појавата на оваа болест е под влијание на многу фактори, исхраната игра клучна улога во превенцијата и зачувувањето на здравјето на мозокот. Одредени видови храна можат значително да го зголемат ризикот од развој на деменција. Преработеното месо, како што се саламата и колбасите, содржи големи количини на ...

Ако се заљубувате брзо и интензивно и забележите шема во која брзо влегувате во романтични врски кои секогаш се распаднуваат, можеби покажувате знаци на емофилија. Оваа тенденција може директно да ве доведе во нездрави и токсични врски. Емофилијата е дефинирана како тенденција за брзо и често заљубување, а луѓето со изразена емофилија развиваат страст за романтичен интерес за кратко време. Тоа не е минливо чувство, туку силна желба со фокус на ...

Ако сте расположени за нешто инспиративно, носталгично и музички полно со душа – тогаш овој викенд одвојте 69 минути за документарниот филм „The Dreamers“ на српскиот режисер Владимир Петровиќ. Прикажан на годинашниот Палиќ филм фестивал, филмот не е само патување во времето, туку и вистинска почит кон оние кои ги пробија првите бариери во машкиот свет на рокенролот – трите девојки што го формираа бендот Сањалице. Додека светот во 1964-та го ...

На 19 септември 2025 година, Карди Би официјално го објави својот долгоочекуван втор студиски албум – Am I the Drama?, преку Atlantic Records. Овој албум доаѓа цели седум години по нејзиниот дебитантски проект Invasion of Privacy (2018), кој ѝ донесе Греми и глобално признание. Со нови звуци, гласни теми и силни гостувања, Карди докажува дека сè уште знае како да го држи вниманието – и тоа со стил. Албумот вклучува 23 песни, меѓу кои и веќе ...

На 20 септември 1969 година, за време на состанок на бендот во Лондон, Џон Ленон соопшти нешто што засекогаш ќе ја промени историјата на модерната музика — дека ја напушта групата Битлси. На состанокот присуствуваа Пол Макартни и Ринго Стар, а веста, иако прво беше задржана во тајност, наскоро протече во јавноста. Причината за тајноста околу одлуката беше тоа што групата се наоѓаше на прагот на потпишување нов договор со издавачка куќа. Секој ...

Родум од Ликаонија. Беше овчар, а во се го држеше Божјиот зкаон и ги поучуваше своите врсници и другари во благочестието. Според некое видение дозна дека ќе треба маченички да пострада за Христа. Во тоа време имаше големо гонење на христијаните во блискиот град Помпеопол од страна на некој Максимијан, хегемон киликиски. А во градот имаше некој златен идол на кого незнабожците му се поклонуваа. Созонт ги остави своите овци, отиде во градот, влезе ...

На 20 септември 2025 година, една од најголемите филмски легенди на 20. век, Софија Лорен, полни 91 година. Родена како Sofia Costanza Brigida Villani Scicolone во Рим, 1934 година, Лорен е жива легенда чие име е синоним за гламур, талент, борба и автентична женственост која ја обележа златната ера на Холивуд и европската кинематографија. По потекло од скромно семејство од градчето Поцоли, Софија Лорен го минува своето детство во воената и ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
76%
1028
weather icon

Загреб

9ᴼ / 5ᴼ
0.51
77%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
6.17
87%
1024
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
7.74
71%
1023
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
99%
1030
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
1.79
84%
1018
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
100%
1020
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
47%
1022
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
3.09
79%
1021
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
68%
1027
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
82%
1020
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225