Шпанскиот „Ас“ објави анализа според која аргентинската ѕвезда Лионел Меси (39) е статистички најдобриот играч на Светското првенство со рејтинг од 8,7, а воедно и играчот кој вложува најмалку физички напор. Во пет натпревари, тој помина 35,87 километри, што е просек од 6,88 по натпревар, од кои пешачеше 4,41 километри, повеќе од кој било друг играч на турнирот. Неговиот број на спринтови е исто така меѓу најниските, со просек од само 23 по ...

Искусниот Жорге Жесус е нов селектор на фудбалската репрезентација на Португалија, потпишувајќи договор до 2030 година. Португалската фудбалска федерација официјално го назначи 71-годишниот стратег за наследник на Роберто Мартинез, кој доби отказ по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство 2026 од Шпанија. Тренерот роден во Амадора ќе ја има честа да ја предводи земјата на Мундијалот во 2030 година, каде Португалија е ...

Второлигашот Работнички денеска означи старт на подготовките за новата сезона, во која главна цел ќе биде враќњае во прволигашката конкуренција. „Романтичарите“ во новата сезона ќе бидат предводени од Баже Јанакиевски, кој е назначен за нов шеф на струката на тимот. Јанакиевски последно го водеше Башкими, а сега ќе има цел да го врати Работнички на старите прволигашки патеки. Што се однесува до екипата, таа ќе биде целосно реновирана. Во ...

Тројца полицајци се повредени во немирите што избувнаа во Диселдорф откако фудбалската репрезентација на Мароко загуби со 2-0 од Франција во четвртфиналето на Светското првенство, соопшти германската полиција. Според полицијата, околу 1.500 навивачи се собрале во близина на главната железничка станица, каде што атмосферата станала насилна по натпреварот, пренесува „Тагешау“. Маскирани лица фрлаа петарди, стаклени шишиња и ракети, а беа ...

Заминувањето на Златко Далиќ од функцијата селектор на хрватската репрезентација означува крај на најуспешната ера во историјата на нашата репрезентација. По речиси девет години на клупата на репрезентацијата, тој ќе предводи нов тим. Како што веќе пишувавме, Далиќ беше на радарот на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати уште пред почетокот на Светското првенство , каде што би можел да ја продолжи кариерата, а наводно му се нудат ...

Додека чека спасение во форма на нов сопственик, а него го нема никаде на повидок, Монако се соочува со судски постапки поради повеќемилионски долгови. Новокрунисаниот шампион на Франција веќе доби забрана за натпреварување во елитната лига следната сезона, во меѓувреме го изгуби правото да учествува во Евролигата, а проблемите постојано се натрупуваат. Според утврдената ситуација, клубот должи повеќе од 24 милиони евра. За време на рочиштето ...

Панатинаикос заврши голем трансфер , бидејќи го доби Исак Бонга , кој до неодамна играше за Партизан. Интересот за германскиот репрезентативец беше голем на европскиот пазар, но тој претпочиташе да го носи „зелениот“ дрес. Бонга , во своите први изјави на официјалната веб-страница на Панатинаикос, зборуваше за својот нов тим, но и за фактот дека повторно ќе соработува со Жељко Обрадовиќ. „Тоа е она што ме натера да дојдам тука, тоа е ...

Пелистер го комплетираше стручниот штаб, на чело со шефот Борче Христов, кој го назначи пред неколку дена. Во стручниот штаб на Христов ќе биде Трајче Стојковски како прв асистент. Стојковски работеше со Христов и во Тиквеш. Втор асистент ќе му биде Горан Ганчев, екс фудбалер на неколку екипи во Македонија, меѓу кои и на Пелистер. За тренер на голмани е назначен Илче Петровски, поранешен чувар на мрежата на битолскиот клуб. Саше Велјановски ...

Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Само на три од последните 15 натпревари на Шпанија, двата тима постигнале гол. Шпанија имаше предност на 11 од последните 12 победи во регуларното време. Пет од последните седум ...

Еден од најдобрите сенегалски фудбалери на сите времиња, Садио Мане, наводно одлучил да ја заврши својата репрезентативна кариера. Веста ја објави сенегалскиот весник „Ле Квотидиен“. Одлуката доаѓа само неколку дена по елиминацијата на Сенегал во осминафиналето на Светското првенство и драматичниот пресврт на Белгија. Повлекувањето на 34-годишниот напаѓач не е целосно изненадување. Мане претходно најави дека Африканскиот куп на нации во 2025 ...

Колумбискиот репрезенативец Хаминтон Кампаз наводно го одложил враќањето во својата татковина по елиминацијата на својата селекција од Светското првенство, бидејќи станал мета на сериозни закани на социјалните мрежи по киксот во драматичниот дуел со Швајцарија. Во осминафиналето, Колумбија имаше одлична борба со Швајцарија, а одлуката за четвртфиналето беше одлучена дури по продолженијата и изведувањето на пенали. Кампаз имаше шанса да стане ...

Едно од најчесто поставуваните прашања на летото во кошаркарскиот свет е – каде Леброн Џејмс ќе ја продолжи својата кариера. Нема да биде Голден Стејт на Кари , ниту Денвер на Јокиќ , каде што медиумите веќе го „испратија“ ветеранот, туку, како што стојат работите, неговиот Кливленд. Леброн има уште една сезона во кариерата, можеби две, и со оглед на неговата поврзаност со Охајо и Кливленд, сосема е природно што ќе ја заврши таму каде што сè ...

Усман Дембеле откри како инструкциите на Килијан Мбапе, кои му ги даде неколку моменти пред вториот гол на Франција, беа клучни во нивната победа над Мароко во четвртфиналето на Светското првенство. Крилниот напаѓач, исто така, се осврна на својата сè поизразена лидерска улога и рече дека „сините“ се целосно фокусирани на својата цел – освојување на шампионатот, пишува Goal.com. Франција го обезбеди своето место во полуфиналето на Светското ...

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Реал Мадрид и Наполи, Рафаел Бенитез е сериозен кандидат да ја преземе селекцијата на Шкотска. Доколку се договори со федерацијата, ова за него ќе биде прв селекторски предизвик. Самиот Бенитез потврди дека би можел да биде подготвен за таков предизвик. „Шкотска го постигна својот максимум, и не мислам дека можеа нешто повеќе од ова. Би било интересно да станам селектор. Мислам дека е сосема друга работа ...

Новиот македонски репрезентативец Мозес Рајт, се соочи со големи проблеми на клупски план, откако ќе треба да го раскине договорот со Барселона, само што го потпиша. Доскорашниот центар на Жалгирис, потпиша договор со „Каталонците“, но во меѓувреме се сменија некои услови, па го натераа Рајт да се премисли. Американецот со македонски пасош ја информираше управата на Барселона дека сака да го раскине договорот по заминувањето на Чави Пасквал. ...

Селекторот на Јужноафриканската република, Хуго Брос, го потврди своето заминување по две недели неизвесност дали ќе остане на функцијата. Под негово водство, националниот тим се квалификуваше за нокаут фазата на Светското првенство за прв пат. Брос уште пред почетокот на Светското првенство објави дека се повлекува по Мундијалот. Сепак, откако Јужна Африка загуби од ко-домаќинот Канада во осминафиналето на 28 јуни, тој веќе не беше сигурен ...

Екипата на Е. Пелистер 2 продолжува со комплетирањето на ростерот за новата сезона во Суперлигата на Македонија. Најново засилување е голманот Марко Трајков. Трајков во својата кариера има настапувано за тимот на Голден АРТ и тимот на Тинекс Пролет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА Екипата на ...

Седумнаесетгодишно девојче го загуби животот во Оноа-Емери на северот од Франција, откако падна од камион за време на прославата на победата на француската репрезентација на Светското првенство. Според првите информации, девојчето се качило на задниот дел од камионот-трактор, кој се движел без приколка, за да ја прослави победата. Во еден момент, таа ја изгубила рамнотежата, паднала од возилото, а потоа била прегазена од камион. Пожарникарите ...

Неочекуваната средба имаше пред стадионот во Бостон по четвртфиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Франција и Мароко (2-0). Додека Јирген Клоп (59) го анализираше претстојниот натпревар меѓу Норвешка и Англија како стручен коментатор, беше изненаден од Златан Ибрахимовиќ. Ибрахимовиќ (44) се прикраде кон Клоп и го допре, на што идниот селектор на германската репрезентација се вознемири. Кога виде за кого станува збор, Клоп се ...

МЗТ Скопје Аеродром ја продолжи соработката со Дамјан и Војдан Стојановски и за новата сезона. Обновувањето на соработката со легендите на македонската кошарка беше еден од главните приоритети на управата во пресрет на новата сезона. И истата е исполнета. За капитенот Дамјан ова ќе биде 14-та сезона во сино-белиот дрес, во која ќе атакува на својата 12-та шампионска титула – сите освоени со МЗТ Скопје. Пред Војдан, пак, е шестата сезона со ...

Килијан Мбапе е херојот на денот на Светското првенство 2026, со гол и со асистенција носејќи ја победата од 2-0 на Франција против Мароко и пласманот во полуфиналето на шампионатот. И сето тоа без разлика на промашениот пенал во првиот дел од мечот. Мбапе е единствениот играч во последните 60 години кој учествувал во постигнувањето на најмалку 10 гола за време на две едноподруго светски првенство. 2022: 10 директни учества во гол (8 гола, 2 ...

По поразот од Аргентина на Светското првенство 2026, Египет би можел да се соочи со нови проблеми, а во центарот на вниманието е селекторот Хосам Хасан, на кого му се заканува сериозна казна од ФИФА. Хасан е обвинет за навредување на службените лица на натпреварот, правење контроверзни гестови кон судиите и неодржување на дисциплината во својата техничка зона. Дополнително, импресивен е и контроверзниот гест сo прекрстени раце подигнати во ...

Бруно Фернандеш беше критикуван и навредуван на социјалните мрежи по елиминацијата на Португалија од Светското првенство. Многу фанови на Кристијано Роналдо го обвинуваат играчот од средниот ред дека играл лошо намерно и против Роналдо за да го расипе збогувањето на познатиот капитен од сцената на Светското првенство 2026. Португалија го заврши натпреварувањето веќе во осминафиналето, каде што беа поразени од Шпанија, а решавачкиот гол го ...

Големото четвртфинале на Светското првенство меѓу Англија и Норвешка, закажано за сабота на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, е доведено во прашање поради исклучително неповолните временски услови. Американската национална метеоролошка служба издаде предупредување за подрачјето на Јужна Флорида, каде што се очекуваат екстремно високи температури, додека метеоролозите предупредуваат на можност за силни грмотевици. Според најавите, температурата ...

Килијан Мбапе беше во центарот на вниманието на натпреварот меѓу Франција и Мароко (2-0) во четвртфиналето на Светското првенство. Францускиот напаѓач постигна еден гол и намести гол за победа. Сепак, при резултат 0-0, доби пенал и по долго чекање за шут, промаши од белата точка, а потоа побара објаснување од аргентинскиот судија Факундо Тељо. Мбапе беше бесен поради тоа. Откако беше досуден пенал, Мбапе чекаше повеќе од три минути за да го ...

Артим Положани дебитираше со голема победа на клупата на Шкендија која триумфираше со убедливи 0-5 против Европа ФК во Гибралтар, во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Серијата голови започна во 28. минута со Нзенге, додека во второто полувреме Тамба постигна два гола (52’, 75’). Алмир Криезиу го постигна својот деби гол за тетовци во 83. минута, пред Бесарт Ибраими да ја запечати победата пет минути подоцна. ...

Аргентинецот Хулијан Алварез изрази желба да ја засили Барселона, но Атлетико Мадрид одбива да го исполни неговото барање. „Мислам дека Алварез се вклопува во стилот на Барселона, многу добро. Сите знаат дека е добар играч и некој со кого сакате да бидете соиграч. Не знам каква е неговата ситуација, но се надевам дека ќе дојде кај нас. Би бил многу среќен и сигурно би го пречекал“, ги коментираше таквите шпекулации и Ламине Јамал, и се осврна ...

Прв полуфиналист на овогодинешниот Мундијал е селекцијата на Франција, која во четвртфиналниот меч во Бостон, ја совлада селекцијата на Мароко со 2-0, и така стана првата репрезентација која се пласираше меѓу најдобрите четири селекции. Французите доминираа од почетокот до крајот на мечот, а можеа да го решат мечот и по првиот дел, откако имаа промашен пенал и уште најмалку три добри прилики. Мбапе изведе пенал, но Боно одбрани и ги остави ...

Промашен пенал и уште четири зицери во првиот дел имаше Франција, која не успеа да го „отвори“ Мароко. Апсолутен херој беше голманот Јасин Боно кој го одбрани ударот од белата точка, а и шансите на Упамекано, Дуе и Дињ. Но, во вториот дел им немаше спас на Мароканците. Во 60. минута Мбапе со ремек дело успеа да донесе предност за Французите. Играчот на Реал Мадрид од дваесетина метри од место успеа да ја упати топката во десниот агол од голот ...

Шпанскиот првак Барселона е блиску до ангажман на крилниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, објавуваат шпанските медиуми. Брзоногиот играч на „милионерите“ е пред заминување од Дортмунд, откако не се согласи на продолжување на договорот, кој истекува идното лето. „Жолто-црните“ бараат 40 милиони евра за неговите услуги, но „Каталонците“„ сметаат дека може да го имаат за 20, со оглед дека идното лето тој би заминал бесплатно. ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07