Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Славен Билиќ и официјално се враќа на клупата на хрватската репрезентација, откако Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) го потврди неговото назначување за нов селектор. Искусниот стратег ќе потпише двегодишен договор, преземајќи ја функцијата од досегашниот предводник Златко Далиќ. Според информациите од хрватските медиуми, Билиќ се согласил на двојно помала плата од онаа на неговиот претходник. Во неговиот стручен штаб се очекува да соработува ...
Литванскиот центар Јонас Валанчиунас се враќа во европската кошарка по 14 години! Според информациите на литванските медиуми, еден од најдобрите литвански кошаркари потпишал двегодишен договор со Жалгирис Каунас, а преостанува само клубот официјално да го објави тоа. „На 7 јули, Денвер Нагетс се откажаа од правата врз литванскиот центар и го пуштија на пазарот, а бидејќи во следните два дена ниту еден тим не сакаше да го преземе неговиот ...
Ракометната репрезентација на Македонија до 20 години го забележа и четвртиот пораз на Европското првенство кое што се игра во Романија, откако денеска во групата за разигрување од 13. до 24. место беше поразена од Австрија со 28-24. Нашите избраници одиграа едно израмнето прво полувреме против соодветната селекција на Австрија, по кое имаа негатива од само еден гол 15-14. Сепак, Австријците одиграа далеку посконцентрирано во одбраната во ...
Манчестер Јунајтед ја отвори касата и плати 41 милион евра со што ја активираше откупната клаузула за Јури Тилеманс, кој „Вила Парк“ ќе го замени со „Олд Трафорд“. Еден од клучните играчи на белгиската репрезентација, кој одигра одлични натпревари на Светското првенство, се препорача кај „црвените ѓаволи“. Со неговото доаѓање, тие треба да го добијат токму она што им е потребно, искусен играч за врска кој знае како да го диктира темпото на ...
Актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје го назначи Саша Димитријевиќ за нов координатор на својата младинска школа. Димитријевиќ се враќа во клубот каде претходно работеше како дел од стручниот штаб. Тој зад себе има богато искуство, предводејќи ги речиси сите младински селекции на Македонија. Низ неговата долгогодишна кариера поминаа голем број кошаркари кои подоцна станаа столбови на националниот тим. Главна задача на новиот координатор ...
Славен Билиќ се враќа на клупата на хрватската репрезентација. По речиси девет години на позицијата селектор, Златко Далиќ се пензионираше и направи повторно место за Билиќ, кој ќе го започне својот втор мандат. Од заминувањето на Далиќ, па дури и пред тоа, Билиќ се наметна како главен кандидат за селекторската функција, и покрај тоа што е надвор од теренот две години, откако беше отпуштен од саудискиот Ал Фатех. Билиќ треба да има помала ...
Освојувачот на ЕХФ купот ГРК Охрид ја информира јавноста дека Ориол Реј Моралес повеќе не е член на клубот. Иако клубот апсолутно не беше за разделба со еден од своите клучни дефанзивци пред истекот на неговиот договор, на барање на играчот беше активирана излезната клаузула, а полскиот шампион Висла Плоцк го откупи неговиот договор. „Му благодариме на Ориол за посветеноста и придонесот во дресот на ГРК Охрид и му посакуваме успех и во ...
Ракометната репрезентација на Македонија до 20 години го забележа и четвртиот пораз на Европското првенство кое што се игра во Романија, откако денеска во групата за разигрување од 13. до 24. место беше поразена од Австрија со 28-24. Нашите избраници одиграа едно израмнето прво полувреме против соодветната селекција на Австрија, по кое имаа негатива од само еден гол 15-14. Сепак, Австријците одиграа далеку посконцентрирано во одбраната во ...
Големо изненадување во Италијанската фудбалска асоцијација – Леонардо ќе биде специјален советник на новиот технички директор на репрезентацијата, Паоло Малдини. По неколку недели преговори, Малдини ја прифати позицијата технички директор во италијанската репрезентација, а улогата практично беше создадена за него, со цел да се донесе поголема структура, континуитет и долгорочна визија за „аѕурите“. Сепак, неочекуваниот дел од целиот проект е ...
Светското првенство би можело дополнително да се прошири во иднина, иако актуелниот турнир оваа година за првпат се игра во формат со 48 национални селекции. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека по Светското првенство 2026 ќе се дискутира за можноста за проширување на натпреварувањето на дури 64 селекции. „Сите овие се прашања што ќе ги разгледаме по Светското првенство“, изјави Инфантино. Првиот човек на ФИФА верува дека ...
Поранешниот англиски репрезентативец Џо Кол ги „зовре страстите“ пред големиот полуфинален натпревар на Светското првенство 2026 меѓу Англија и Аргентина. Поранешниот играч од средниот ред на Челси и Ливерпул е убеден дека „Гордиот Албион“ ќе најде начин да го запре Лионел Меси и да се квалификува во големото финале. Кол верува дека Англија нема да има проблем што ќе игра против Меси за првпат на ова Светско првенство. „Меси за првпат против ...
Долгогодишниот македонски суперлига, РК Пролет денеска официјално ја информираше јавноста дека се повлекува од учество во македонската Суперлига во следната сезона. Причина за оваа одлука на скопскиот клуб е завршувањето на договорот со долгогодишниот генерален спонзор на клубот. СООПШТЕНИЕТО ОД РК ПРОЛЕТ ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ: Ракометниот клуб Пролет 62 ја известува јавноста дека, поради завршувањето на договорот со нашиот долгогодишен ...
Александар Серлот ја објасни ситуацијата која го одбележа болниот пораз на Норвешка од Англија во четвртфиналето на Светското првенство. Напаѓачот на Атлетико Мадрид објасни зошто не го проиграл осамениот Ерлинг Халанд во моментот кога неговиот тим имаше одлична можност да поведе со 2-0. Норвешка водеше со 1-0 против Англија кога, во 44. минута, Мартин Едегор направи брилијантен пас за да го испрати Серлот во 100% шанса. Серлот и Халанд беа ...
Извонреден трансфер на еден од најголемите македонски кошаркарски таленти Александар Сотир кој на свои 17 години потпиша со еден од најдобрите клубови од Шпанија, Уникаха Малага! По извонредните сезони во младинските шпански конкуренции со досегашниот свој клуб Елче, Сотир сега со трансфер во дефинитивно еден од најпрепознатливите кошаркарски брендови на Шпанија, Уникаха Малага, член на АЦБ лигата. Сотир престојнава сезона, ќе се приклучи на ...
Нови детали поврзани со одлуката на ФИФА за укинување на автоматската забрана на американскиот напаѓач Фоларин Балогун привлекоа големо внимание од фудбалската јавност, а начинот на кој наводно се спроведувал целиот процес би можел да отвори бројни прашања за процедурите во рамките на светскиот фудбалски чадор. Според информациите што се појавија во јавноста, одлуката не ја донел целиот одбор, туку само неговиот претседател Мохамед Ал Камали ...
Младинскиот репрезентативец Димитар Данев, една од најголемите надежи на македонскиот фудбал, е селектиран од најпрестижната агенција за фудбалски таленти во Европа, шпанската „ПХ Спорт“. Одличните настапи за Вардар, но и за младата репрезентација на Македонија изминатава година, на 20-годишниот Данев, не останаа незабележани од Шпанците кои го вклучија македонскиот крилен офанзивец во сопствената програма за фудбалски развој. Сето тоа без ...
Поранешниот премиер на Шпанија, Маријано Рахој, предизвика остри коментари, благо кажано, со контроверзна изјава против француската репрезентација. Рахој изјави дека „Франција е одличен тим само уште да имаше и Французи во неа“. Работите стануваат појасни ако се знае дека Рахој е поранешен лидер на крајно десничарска партија во Шпанија. И тој не е првиот што ги „таргетира“ црнокожите француски фудбалери за време на Светското првенство. Пред ...
Иранскиот фудбалски стручњак Амир Галаноеи го продолжи договорот со Иранската фудбалска федерација до Азискиот куп во јануари. Галаноеи ја предводи репрезентацијата од 2023 година, а под негово водство Иранците остварија три нерешени резултати на Светското првенство, но тоа не беше доволно за пласман во следната фаза. Тие одиграа 2-2 против Нов Зеланд, 0-0 против Белгија и 1-1 против Египет. „Галаноеи останува селектор на репрезентацијата. ...
Белгискиот репрезентативец Леандро Тросар е пред трансфер во Бешикташ. Кога се зборува за хероите кои придонесоа титулата по 22 години повторно да заврши во витрините на Арсенал, мора да се спомене и Леандро Тросар. Од вкупно шесте гола во Премиерлигата, Белгиецот го постигна и оној што веројатно беше клучен за титулата, бидејќи беше единствениот стрелец на натпреварот против Вест Хем, одигран три кола пред крајот на првенството. Сепак, ...
Франција добива огромно засилување за полуфиналниот супер-дерби натпревар против Шпанија на Светското првенство. Аурелиен Чуамени е целосно закрепнат од повредата и ќе се врати во стартниот состав на „триколорите“ за клучниот дуел во вторник. Францускиот играч од средниот ред ја санираше повредата поради која го пропушти претходниот натпревар и е 100 проценти подготвен за игра. Со неговото враќање на теренот, Ману Коне повторно ќе се пресели ...
Македонскиот фудбалски прволигаш, Арсими денеска го официјализираше договорот со Матео Софијаноски. Софијаноски, во Арсими доаѓа од редовите на Македонија Ѓорче Петров, со кого на 31 натпревар постигна два гола и четири асистенции оваа година, а во минатото играше и за Брегалница, Воска и Тетекс, а како дете ја помина академијата на Вардари и Њу Старс. Фудбалерот од средниот ред, е репрезентативец на репрезентацијата на Македонија до 21 ...
Можеби зад Реал не е успешна сезона, но нивните играчи испишаа историја на Светското првенство. И покрај тоа што ниту еден шпански играч од „кралскиот клуб“ не настапува на Светското првенство, странските фудбалери на Реал доминираат. Белингем во саботата ја предводеше Англија до полуфиналето, а Мбапе веќе е таму со Франција. Двајцата заедно постигнаа 14 гола на овој турнир, а кога на тоа ќе се додадат четирите гола на Винисиус за Бразил и ...
Една од најталентираните македонски кошаркарки, Ања Начевска, ја продолжува својата кариера во Соединетите Американски Држави, каде што ќе настапува во престижната женска НЦАА лига за тимот на Универзитетот Хемптон. Начевска, која важи за огромен потенцијал на нашата кошарка, ги помина младинските категории во Вардар, каде што брзо стигна и до сениорскиот тим. Минатата сезона ја помина во српскиот клуб Мега Баскет, каде што дополнително го ...
Контроверзниот гол на Џуд Белингем против Норвешка во четвртфиналето на Светското првенство е главна тема на светската фудбалска јавност. Спорната ситуација се случи во втората минута од судиското продолжение во првото полувреме кога норвешкиот голман Орјан Ниланд ја дегажираше топката што стигна до англискиот играч од средниот ред Елиот Андерсон на средината од теренот, кој ја започна акцијата што резултираше со голот на Џуд Белингем за 1-1. ...
Раководството на Реал Мадрид му постави јасен ултиматум на Винициус Жуниор или наскоро ќе стави потпис на нов договор, или ќе биде продаден уште ова лето. Клубот бара експресна одлука од бразилскиот репрезентативец со цел да се дефинира неговата иднина пред почетокот на новата сезона. Сепак, шпанските медиуми откриваат дека клучната улога во разрешувањето на оваа драма ја одиграл тренерот Жозе Мурињо. Португалскиот стратег лично му се јавил ...
Експедицијата на ФК Црвена Звезда се соочи со вистинска драма во воздухот за време на летот кон Санкт Петербург, каде црвено-белите треба да одиграат пријателски натпревар против екипата на Зенит. Патувањето на српскиот шампион кон Русија го одбележаа силни и непријатни турбуленции кои предизвикаа немир меѓу патниците. Дополнителна паника и загриженост кај навивачите предизвика моментот кога авионот накратко исчезна од системите за следење на ...
Поранешниот португалски фудбалер Мануел де Хесус Ортиз, во јавноста познат како Ману, трагично го загуби животот во саботата наутро во тешка сообраќајна несреќа на 43-годишна возраст. Несреќата се случила околу 6.30 часот наутро. Според првичните информации, поранешниот фудбалер патувал сам во своето возило кога изгубил контрола над управувачот, по што автомобилот излетал од патот и се превртел на покрив. Надлежните служби веднаш пристигнале ...
Женската јуниорска репрезентација на Македонија загуби и на вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Бугарија, одигран денеска во Ботевград. Домаќинот беше подобар и славеше со 77-56. Ослабена поради неиграњето на неколку важни кошаркарки Ива Колева, Глорија Груевска, Ана-Марија Димитровски, а на овој натпревар и Вања Милосаљевиќ македонската репрезентација тешко успеа да му парира на противникот, кој уште во првата ...
Машката репрезентација на Македонија за кошаркари „Под 18“ години го претрпе и вториот пораз на контролните натпревари против соодветната селекција на Бугарија, одиграни викендов во Ботевград. За разлика од првиот меч, во кој домашната селекција славеше со 87:77, и вториот дуел заврши во корист на Бугарија, овојпат со резултат 85-75. Македонските јуниори одиграа квалитетно прво полувреме и на одмор заминаа со минимална предност од 42-41. ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека проширувањето на Светското првенство на 48 репрезентации ги исполни сите очекувања, но наговести дека бројот на учесници би можел да биде уште поголем во иднина. Првиот човек на светскиот фудбал оцени дека сегашното Светско првенство покажа како поголем број репрезентации придонесуваат за квалитетот и неизвесноста на натпреварувањето. Инфантино се осврна и на соработката со претседателот на ...