Артим Положани дебитираше со голема победа на клупата на Шкендија која триумфираше со убедливи 0-5 против Европа ФК во Гибралтар, во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Серијата голови започна во 28. минута со Нзенге, додека во второто полувреме Тамба постигна два гола (52’, 75’). Алмир Криезиу го постигна својот деби гол за тетовци во 83. минута, пред Бесарт Ибраими да ја запечати победата пет минути подоцна. ...
Екипата на Шкендија со убедлива победа од 5:0 на гостински терен против Европа од Гибралтар ја стартуваше новата европска сезона. Тетовчани со триумфот ја потврдија и фаворитската улога. – Кога ќе победите 5:0 мора да им честитате на фудбалерите за одличниот резултат. Сепак ќе треба да направиме корекции бидејќи имавме одредени слабости. Победата е важна за самодовербата и сакаме да стигнеме што подалеку во европските натпревари. Мора да се ...

